Заврши Новогодишно-Божиќнуит турнир во мал фудбал

1

Заврши Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал, што традиционално и  оваа година се одржа по повод Новогодишно-Божиќните празници, а под покровителство на општина Василево.

Првото место и наградата од 100 000 денари го освои екипата на „Арена Фитнес“ од Струмица. Тие во  финалето  го совладаа тимот на „Канал Вис Космополит“ со резултат од 7:5. Третото место го освои екипата на „Агроцвет АГБМ“ од Пиперево кои во дуелот со ФК „Василево“, беа поуспешни и го совладаа со резултат 6:1.

За најдобар играч беше прогласен Јосиф Јованов, за најдобар голман Томе Колев, а најуспешен стрелец беше Миле Костовски.

На турнирот учествуваа дваесетина екипи од Југоистокот.

1

2-horz_1280x569

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail