Турнир во мал фудбал за Митровден во с. Седларци

турнир

По повод престојниот христијански празник Митровден во населеното место Седларци,  општина Василево, ќе се одржи турнир во мал фудбал со награден фонд од 60 000 денари. Организатори се младите од ова населено место кои објавија дека секоја екипа што ќе земе учество на турнирот треба да брои минимум пет а максимум десет играчи а котизацијата за учество изнесува 3 000 денари.

Турнирот според најавите ќе започне на 21 октомври и ќе се игра на ограденото спортско игралиште. Пријавувањето е до 19 октомври. Наградта за победникот на турнирот е 35 000 денари, за  второпласираните е  15 000 денари додека третопласирабите ќе добијат  10 000  денари.

Турнирот е под покровителство на општина Василево и градоначалникот Марјан Јанев.

За пријавување и дополнителни информации заинтересираните може да се обратат на телефонскиот број  071/911/826

турнир

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail