Известување за маркетите за работа за време на забраната на движење овој викенд

LOGO, Opstina Vasilevo

Согласно мерките на Владата на Република Северна Македонија за дополнителните ограничувања на движењето, Кризниот штаб на општина Василево ги информира економските оператори (маркети и здравствени аптеки) на територијата на општина Василево, кои сакаат и имаат услови да работат за време на полицискиот час, да достават БАРАЊЕ до Кризниот штаб на општина Василево.

Барањето кое е составен дел на ова известување, пополнето, со потпис од одговорното лице и печат од фирмата треба да се достави до Oпштинскиот кризен штаб кој ќе врши прием во просториите на Општина Василево, на ден 23.05.2020 година (Сабота) од 11часот до 14 часот.

Економските оператори кои не се во можност барањето да го преземат од веб страната на општина Василево, истото може да го подигнат во просториите на општина Василево, на лице место да го пополнат и веднаш да го достават.

Дозволите за работа се издаваат веднаш по внесувањето на Барањето.

Работата на овие субјекти ќе биде исклучиво преку нарачки по телефон или интернет комуникација и достава на производите/продуктите до домот на граѓаните

Телефонските броеви и контактите на економските оператори кои ќе побарат и добијат дозвола за работа за време на полицискиот час ќе бидат објавени на официјалниот веб сајт на општина Василево и на општинската ФБ страна.

За сите дополнителни информации граѓаните може да се обратат на следните телефонски броеви:
070 598 748
071 874 769

Барање за дозвола за работа

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail