Од денес полицискиот час е укинат

5

Владата на Република Северна Македонија донесе одлуки со кои:

- Од денеска, 27 мај, целосно престанува забраната за движење на територијата на Република Северна Македонија

- Од 28 мај отпочнуваат со работа угостителските објекти со тераса.

- Од 1 јуни ќе престанат да важат заклучоците со кои вработени лица се ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на работните активности

Одлуката ќе биде придружена со соодветен протокол за работа, додека отстапка од оваа одлука се хронично болните и родителите кои имаат деца на возраст до 10 години или деца на претшколска возраст.

Вирусот е уште тука, да бидеме внимателни и да ги почитуваме мерките кои што се на сила.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail