Инфраструктурно уредување на каналот во Градошорци

naslov

Викендов, градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев изврши увид во градежните активности на изградбата  на речното корито односно каналот во населеното место Градашорци.

Според градоначалникот Јанев, градежните активности  се одвиваат со предвидената динамика и истите комплетно треба да бидат завршени во наредните два месеци, што значи долгогодишниот проблем на жителите од Градашорци со поплавувањето на домаќинствата, објектите и оштетувањето на патната инфраструктура, кои се случуваат во услови на поројни врнежи, ќе го добие својот епилог во месец ноември.

Должината на поројот што се уредува изнесува 680 метри и истиот е во опфатот на населеното место. Се гради со камен а за премостување предвидена е изградба на бетонски мостови.

Вкупниот буџет, согласно Договорот со фирмата  изведувач изнесува околу 7 800 000 денари од кои околу 6 500 000 денари се обезбедени  од Министерство за животна средина и просторно планирање преку Програмата за управување со водите за 2020 година а остатокот се средства од општинскиот Буџет.

 7

5

2

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail