Известување до граѓаните на О.Василево за доставување предлози за Програмите за 2021 г.

za sajt

Почитувани сограѓани!

Поради актуелната состојба  со пандемијата предизвикана од Коронавирусот, COVID -19, и почитување на препораките од надлежните институции за заштита на јавното здравје, Ве информираме дека годинава нема да се одржат Јавните средби со граѓаните во населените места, на кои Вие граѓаните дававте предлози за проекти кои би се реализирале во наредната година.

Со цел, како и досега,  заеднички  да ги испланираме Програмите кои ќе ги инкорпорираме во Буџетот за наредната 2021 година, Ве покануваме Вашите предлози за проекти  што би се реализирале во  Вашите населени места, да ги доставите до општина Василево.

Предлозите можете да ги доставите  најдоцна до 15.11.2020.

Во писмена форма преку архивата на општина Василево до ПЕТОК.

Електронски до НЕДЕЛА на следните е-маил адреси: gradonacalnik@opstinavasilevo.gov.mk и  opstina_vasilevo@yahoo.co.uk.

На facebook страната: Општина Василево

На facebook страната: Марјан Јанев – Градоначалник на Општина Василево

Дополнителни информации можете да добиете на следниве телефонски броеви: 034 354 444 и 070 310 110.

Ги очекуваме Вашите предлози за да можеме заеднички, како и досега да планираме и да ја развиваме нашата општина Василево.

                                                                                                 Со  почит,

општина Василево
 Градоначалник
Марјан Јанев
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail