Владата и одобри околу 26 000 000 денари на општина Василево

5

Владата на Република Северна Македонија, на општина Василево и одобри средства во висина од 25 719 300  денари   за реализација на проектот Изградба на систем за водоснабдување на село Дукатино и село Требичино, за која општината имаше доставено комплетна проектна документација.

Овие средства се доделени во рамки на Владината Одлука со која се врши промена на намената на дел од средствата од Договорот за концесија склучен помеѓу Република Северна Македонија  и ТАВ Македонија, а кои биле наменети за изградба на карго аеродром во Штип.

Проектот,  Изградба на системот за  водоснабдување на село Дукатино и село Требичино, како дел од Програмата за изградба и реконструкција на водоводната мрежа во општина Василево за 2021 година, беше усвоен на денешната 39-та седница на Советот на општина Василево и истиот ќе се реализира во текот на наредната година.

1

 

 

.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail