Дневен ред за 43-та седница на Советот на О.Василево

Sala na Sovet

На 29.03.2021 година (понеделник) со почеток во 12,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 43-та седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Давање согласност на Извештајот на ЈПКД „Турија“ и Годишната сметка на ЈПКД„Турија“, Василево за 2020 год.
  2. Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“, за распоредување на добивката остварена по годишната сметка и Финансискиот извештај за 2020 година бр. 02-153/1 од 25.02.2021 година
  3. Предлог-завршна сметка на Буџетот на општина Василево за 2020 година.
  4. Годишен извештај на општина Василево за 2020 година.
  5. Завршна сметка на ЈОУГД „Прва радост“, Василево за 2020 година.
  6. Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈОУГД „Прва радост“, Василево за преименување на јаслена група во комбинирана група.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail