Дневен ред за четириесет и четвртата седница на Советот на општина Василево

Sala na Sovet

На 29.04.2021 година, (четврток), со почеток во 12,00 часот,  Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 44-та седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Завршна сметка на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала за 2020 година;
  2. Завршна сметка на ООУ „ Гоце Делчев“, Василево за 2020 година;
  3. Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Мустафов Демирјаша од с. Градашорци;
  4. Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Културно хуманитарна организација НОБЕТТЕЈИЗ Василево;
  5. Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2020 година;
  6. Годишен извештај за спроведување на Програмата за работа на Југоисточниот плански регион за 2020 година;
  7. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот за 2021 година за периодот од 01.01.2021 до 31.03.2021 година (К-1);
  8. Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2021 до 31.03.2021 година (К-2);
  9. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжување на општина Василево за периодот од 01.01.2021 до 31.03.2021 година (К-3);
  10. Финансиски извештај на ЈП „Турија“, Василево за првото тромесечие за 2021 година од 01.01.2021 до 31.03.2021 година;
  11. Давање согласност на Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“, Василево за задолжително вклучување на домаќинствата во организирано собирање на отпад во населените места Дукатино и Радичево бр. 03-310/1 од 21.04.2021 година;
  12. Предлог-одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња;
  13. Предлог-одлука за утврдување на надоместок на надворешен член во Комисијата за урбанизам на општина Василево;
  14. Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Илиов Ацо од. с. Добрашинци.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево со почеток во 12,00 часот.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail