Потпишан Договорот за реконструкција на Домот на културата во Василево

наслов

Општина Василево  и градежната компанија Портланд потпишаа Договор за реконструкција, санација и адаптација на Домот на културата во Василево.

По спроведената јавна набавка за избор на најповолен понудувач односно градежна компанија, денес е потпишан Договор за реконструкција на Домот на културата во Василево со Портланд-Опц ДООЕЛ, која во понеделник на 16.08.2021 година ќе биде воведена во работа и ќе има обврска за 120 дена комплетно да го реконструира објектот.

Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува околу 13.700.000 денари, од кои околу 10.000.000 денари се обезбедени од БРР и Влада на РСМ, а остатокот од Буџетот на општина Василево со одлука на Советот.

„Конечно граѓаните во општина Василево од сите населени места ќе добијат простории, сала за одржување на свечености и културни манифестации од секаков вид. На овој начин ги подобруваме условите за живот во општина Василево“, напиша на општинската ФБ страна градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев по повод денешното потпишување на Договорот со кој ќе се изврши комплетна реконструкција на Домот на културата во Василево во кој покрај големата сала на приземјето овде се наоѓа и салата во која членовите на општинскиот Совет ги одржуваат своите седници, а кои на една од Своите седници дадоа поддршка за реализација токму на овој проект.

10

4

7

9

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail