Author Archives: opstinaadmin

Советот на општина Василево ги донесе Програмите за наредната година

naslov

Советот на општина Василево денес ја одржа третата редовна седница на која беа усвоени сите предлози од обемниот дневен ред од кој најголем дел беа Предлог-програмите за работа на општината во наредната 2018 година кои советниците ги донесоа едногласно.  Најмногу дискусии предизвикаа Предлог-програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици и Предлог-програма за изградба и реконструкција на водоводната мрежа во општина Василево за 2018 година.

Дел од предлозите дадени од советниците на самата седница а кои се опднесуваат на асфалтирање на одредени улици, беа прифатени и инкорпорирани во Програмата за наредната година.

Во фокусот на советниците беше и Предлог-програмата за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води во општина Василево за 2018 година. Во образложението дадено од  предлагачот- градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев беше речено дека во текот на 2018 година  општината ќе работи на изградба на систем за одведување и прочистување на отпадни води во населените места Ангелци и Градошорци, а ќе биде изграден и дел од систем за фекална канализација во населеното место Василево. На прашањето околу ургентноста од изградба на канализација која ќе го покрива целото населено место Василево, градоначалникот Јанев нагласи дека Програмата е во согласност со реалните финансиски можности на општината и дека се што би влегло во Програмите а ги надминува реалниот финансиски капацитет на општината ќе биде само билдање на Буџетот без реални можности за негова реализација, поради што канализацијата во Василево ќе се гради етапно.

Едногласно беа донесени и останатите Предлог-програми  за чија реализација  средства ќе се обезбедат со Буџетот за наредната 2018 година.

На дневен ред на денешната 3-та Седница на Советот на општина Василево  беа и Измените и дополнување на Годишната програма за работа на ООУ„Гоце Делчев“, Василево, Извештаите за работата на ОИК Василево за неодамна одржаните локални избори, како и неколку барања за финансиска поддршка поднесени од физички и правни субјекти.

DSC_1370 (Medium)

DSC_1376 (Medium)

DSC_1378 (Medium)

DSC_1382 (Medium)

DSC_1386 (Medium)

DSC_1400 (Medium)

DSC_1401 (Medium)

DSC_1406 (Medium)

DSC_1409 (Medium)

DSC_1410 (Medium)

posledna

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започна пријавувањето за Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал, Василево 2017-2018

SAM_0610

Започна пријавувањето за Новогодишно-божиќниот турнир во мал фудбал, што по повод Новогодишно-Божиќните празници ќе се одржи во Василево.

Пријавувањето ќе трае до 16.12.2017 година до 16,00 часот. Ждребувањето ќе се одржи истиот ден во 17,00 часот во просториите на спортската сала во Василево.

Котизацијата за учество е 5000 денари за сениори и 3000 денари за кадети.

Според правилата за учество, екипите треба да бројат од шест до максимум десет играчи од кои најмногу двајца професионалци.

Турнирот ќе започне на 17.12. 2017 година.

Натпреварите ќе се играат во спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“, Василево со почеток од 18,00 часот.

Вкупниот награден фонд е 200 000 денари.

Заинтересираните екипи своето учество може да го пријават на телефонскиот број 077 531 592.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ја закажа 3-та седница

DSCN5467

На 05.12.2017 година, вторник, со почеток во 12,30 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 3-та седница.

За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Измени и дополнување на Годишната програма за работа на ООУ„Гоце Делчев“, Василево.
  2. Извештај за работата на ОИК Василево за рализација на локалните избори 2017 година за период од 23.08.2017 до 15.10.2017 година.
  3. Финансиски извештај за реализирани приходи и трошоци за локални изборите 2017 година.
  4. Финансиски извештај за надоместок на ОИК Василево и ИО Василево.
  5. Предлог-програма за социјална заштита во општина Василево за 2018 година.
  6. Предлог-програма за заедничка потрошувачка во општина Василево за 2018 година.
  7. Предлог-програма за поставување на вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација на локалните патишта и улици во општина Василево за 2018 година.
  8. Предлог-програма за одржување и проширување на јавното осветлување на подрачјето на општина Василево за 2018 година.
  9. Предлог-програма за спорт и рекреација и манифестации на подрачјето на општина Василево за 2018 година.
  10. Предлог-програма за изградба и реконструкција на водоводната мрежа во општина Василево за 2018 година.
  11. Предлог-програма за локален економски развој на подрачјето на општина Василево за 2018 година.
  12. Предлог-програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици на општина Василево за 2018 година.
  13. Предлог-програма за начинот на пресметување на трошоците за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Василево за 2018 година.
  14. Предлог-програма за урбанистички планови во општина Василево за 2018 година.
  15. Предлог-програма за уредување на градежното земјиште во индустриската зона на општина Василево за 2018 година.
  16. Предлог-програма за уредување на просторот на градежното земјиште во руралните подрачја на општина Василево за 2018 година.
  17. Предлог-програма за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води во општина Василево за 2018 година.
  18. Предлог-програма за комунални дејности на подрачјето на општина Василево за 2018 година.
  19. Предлог-одлука за утврдување на висината на пазарната вредност на недвижниот имот на територијата на општина Василево.
  20. Предлог-програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Р. Македонија на подрачјето на општина Василево за 2018 година.
  21. Предлог-програма за активностите на општина Василево во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справување со кризи во 2018 година.
  22. Предлог-програма за работа на Советот на општина Василево за 2018 година.
  23. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект станбена куќа на К.П бр. 1694/1 во КО Градошорци, вон г.р.
  24. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од ЗЗП „Агросојуз“, Василево.
  25. Донесување на одлука по барање за парични награди на наставници поднесено од ООУ„Гоце Делчев“, Василево.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

 

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево го чисти каналот во Градошорци

naslov

Општина Василево од  денес започна со чистење на отворениот  канал  за прибирање на атмосферските води во с. Градошорци. За таа активност ангажирано е Јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“ од Василево, кое со сопствена механизација врши ископ и отстранување на наталожениот материјал од каналот.

Чистењето ќе продолжи и во наредните денови се додека не биде исчистен целиот канал чија вкупна должина изнесува околу 1500 метри.  Според информацијата добиена од ЈПКД „Турија“ Василево, во текот на денешниот ден исчистени се околу 200 метри. Материјалот кој е изваден  од каналот во текот на овие денови ќе биде целосно отстранет  и дислоциран до депонијата.

Како што информира градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев,  чистењето на овој и на  каналите во другите населени места е планирано со Програмата за комунални дејности на општина Василево и истото се реализира согласно потребите на населените места и состојбата на каналите.

DSC_1336 (Medium)

DSC_1340 (Medium)

DSC_1348 (Medium)

DSC_1349 (Medium)

DSC_1352 (Medium)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во Василево се одржа крводарителска акција

naslov

Денес во просторите на локалната самоуправа Василево, во организација на Црвениот крст и Заводот за трансфузициона медицина,  со поддршка на општина Василево се одржа акција на доброволно дарување на крв. Во акцијата се вклучија вработените во општинската администрација, Јавното комунално претпријатие „Турија“ од Василево како и повеќекратни крводарители од општината кои се редовни учесници во крводарителските акции.

Вакви крводарителски акции во соработка со општината, во последните десетина години редовно се одржуваат на секои шест месеци со што им се дава можност и шанса на сите граѓани кои се во можност, да даруваат крв, да се придружат на големото семејство на доброволни крводарители и да помогнат во спасувањето на нечиј човечки живот.

DSC_1290 (Medium)

DSC_1293 (Medium)

DSC_1296 (Medium)

DSC_1285 (Medium)

DSC_1308 (Medium)

DSC_1334 (Medium)

DSC_1312 (Medium)

DSC_1313 (Medium)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Крводарителска акција во Василево

naslov

Во среда на 29.11.2017 година, во Василево, Црвениот крст на Македонија во соработка со Заводот за трансфузициона медицина  и општина Василево организира акција на доброволно дарување на крв.

Акцијата ќе се спроведе во периодот од 09,00 до 14,00 часот во просториите на општина Василево.

Организаторите ги покануваат жителите на општина Василево да се вклучат во акцијата,  да ја покажат својата хуманост на дело и со својат крв да помогнат во спасувањето на нечиј живот.

DSC_1282 (Medium)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Формирани комисиите за работа на Советот на општина Василево

naslov

Денес, Советот на општина Василево ја одржа втората седница, на која беа формирани постојаните Комисии за работа на Советот. Со 14 гласови „за“ и еден „воздржан“ формирани беа: Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина, Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој, Комисијата за статут и прописи, Комисијата за општествени дејности, Комисијата за земјоделие и заштита на животните и растенијата, Комисијата за јавна безбедност, безбедност во сообраќајот и противпожарна заштита, Комисијата за еднакви можности, како и привремената Комисија за изработка на Предлог-годишна Програма за работа на Советот на општина Василево за 2018 година.

На денешната седница разрешени се старите и именувани нови членови на Управните одбори на двете основни општински училишта „Атанас Нивичански“ Нова Маала и „Гоце Делчев“ , Василево како и членовите на УО на ЈОУГД „Прва радост, Василево. Со образложение дека разрешувањето на членовите на управните одбори е од политички причини, советниците од редовите на ВМРО ДПНМЕ и коалицијата, за време на расправата по овие три точки ја напуштија седницата и не учествуваа во гласањето за нив.

Советниците беа едногласни во донесувањето на Програмата за одржување на локалните патишта и улици во општина Василево за 2017/2018 година во зимски услови.

На оваа седница усвоени беа и два предлози за финансиска поддршка како и две предлог-одлуки за утврдување на потребата од донесување на урбанистичлко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправни објекти.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Известување за консултации со јавноста за ЛУПД, КО Градошорци

DSC_1214 (Medium)

 Општина Всилево ги известува правните и физичките лица дека се организира консултација со јавноста по Нацрт –извештајот за стратегиска оцена завлијанието врз животната средина за ЛУПД за дел од КП 71/2 и други, КО Градошорци, општина Василево.

img355 (1)

SEA – G2 NACRT

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ја закажа втората седница

DSCN5467

 

Во понеделник,  20.11.2017 година, со почеток во 12,30 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи втората седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина.
  2. Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој.
  3. Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за статут и прописи.
  4. Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за општествени дејности.
  5. Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за земјоделие и заштита на животните и растенијата.
  6. Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за јавна безбедност, безбедност во сообраќајот и противпожарна заштита.
  7. Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за еднакви можности.
  8. Предлог-решение за формирање на привремена Комисија за Предлог-годишна Програма за работа на Советот на општина Василево за 2018 година.
  9. Предлог-решение за разрешување и именување на членови на Училишниот одбор на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала.
  10. Предлог-решение за разрешување и именување на членови на Училишниот одбор на ООУ „Гоце Делчев“, Василево.
  11. Предлог-решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево.
  12. Донесување на одлука за финансиски средства по барањето поднесено од ЛД „Фазан“, од Василево.
  13. Донесување на одлука за финансиски средства по барањето поднесено од Кик бокс клуб „Тим Зоран“ од Струмица.
  14. Предлог-програма за одржување на локалните патишта и улици во општина Василево за 2017/2018 година во зимски услови.
  15. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичлко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти – викендица на к.п. бр. 555 во КО Нова Маала.
  16. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичлко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти – покмошни објекти на к.п. бр. 1758 во КО Дукатино.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот Марјан Јанев оствари средба со претставници од ЦУГ

DSC_1206 (Medium)

Денес, во просториите на општина Василево градоначалникот на општината Марјан Јанев и претседателот на општинскиот совет Крсте Панев одржаа работна средба со претставници на Регионалниот центар за управување со кризи – Струмица. Според информацијата од  претставниците од РЦУГ Милан Русев и Димитар Стојовски, целта на состанокот била  запознавање на ново избраниот градоначалник и претседателот на Советот со функцијата и улогата на Регионалниот центар за управување со кризи, неговата структурна поставеност, општините кои ги покрива, системот за управување со кризи како и унапредување на досегашната соработка, комуникација, координација согласно Законот за управување со кризи, како и обврските кои општината ги има во системот за управување со кризи.

Ставот на градоначалникот Марјан Јанев  во врска со оваа проблематика е јасен: општина Василево согласно своите законски овластувања, со сите свои ресурси и потенцијали секогаш ќе биде на располагање и во функција на заштитата и спасувањето во евентуални кризни ситуации. Општина Василево останува отворена за сите обврски кои како единица на локална самоуправа ги има во системот со управување со кризи, прецизираше градоначалникот Јанев на денешниот работен состанок со претставниците од РЦУГ- Струмица.

На средбата посебно беше истакната потребата од рано предупредување, превенцијата и справувањето со кризи и кризни состојби, функционирањето на бесплатниот телефонски број за итни повици 195, изработката на вонредни и редовни информации за состојбите како и информирање на населението преку локалните медиуми. Претставниците на Центарот за кризи на градоначалникот му ја презентираа и Процената на загрозеност на подрачјето на општина Василево како и обврската за нејзино постојано ажурирање.

DSC_1213 (Medium)

DSC_1211 (Medium)

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail