Author Archives: opstinaadmin

Живко Атанасов – заменик градоначалник на општина Василево

DSC_0528_1024x681

Живко Атанасов, чен на Советот на општина Василево, со Решение од Градоначалникот на општина Василево, определен е за негов заменик. Атанасов е член на Советот на општина Василево од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

Решение е донесено врз основа на  Законот за локална самоуправа и согласно истото заменик градоначалникот го заменува градоначалникот во случај на негово отсуство или спреченост. Во случаите кога заменикот го заменува градоначалникот, функцијата член на Советот му се става во мирување.

DSC_0530_1024x681 DSC_0531_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Исчистен отворениот канал во с. Пиперево

наслов

ЈПКД „Турија“, Василево и општина Васлево продолжуваат со активности во сферата на комуналната инфраструктура и  заштитата на животната средина, преку чистењето на отворената каналска мрежа.

Во тие рамки исчистен е отворениот канал во населеното место Пиперево со што целосно е подготвен за прифаќање на атмосферските води кои природно, во периодот кој следува ќе бидат во пораст. Оваа активност е реализирана на иницијатива на градоначалникот  на општина Василево, Славе Андонов, кој со своето постојано присуство на терен, лично ја следи динамиката на реализација на сите активности.

 1 2 4

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Успешно реализирана крводарителска акција

naslov

Денес, во организација на ОО Црвен крстС трумица, вос оработка со Службата за трансфузиона медицина и локалната самоуправа Василево, во просториите на ООУ„Гоце Делчев“, Василево, успешно се реализираше крводарителскаакцијa.

Вработените во општината како и вработените во институциите под нејзина надлежност, вклучувајќи се во акцијата  ја покажаа својата хуманост на дело, овозможувајќи со нивната драгоцена течност да се спаси нечиј живот.

Акцијата доби поддршка од градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и пратеникот во Републичкиот Парламент, Дејанчо Ефтимов – и двајцата повеќекратни дарители.

Иако спроведена во услови на пандемија од Ковиод -19, заинтересираноста на граѓаните беше на високо ниво, потврдено со 31 собрана крвна единица.

DSC_0501_1024x681

DSC_0525_1024x681

DSC_0522_1024x681 DSC_0523_1024x681

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во Радичево се прави базен за верскиот обред Богојавление-Водици

DSC_0483_1024x681

Со поддршка на општина Василево и ЈПКД „Турија“, во населеното место Радичево се изведуваат активности за изградба на базен во кој ќе се изведува верскиот обичај, осветување на крстот, по повод празникот Богојавление – Водици.

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, со чија поддршка се изведува оваа активност,  беше на лице место каде изврши увид во активностите кои се во почетна фаза, односно со механизација и рачно се врши ископ на теренот. Според информацијата добиена од ангажираните лица базенот ќе биде со димензии 4х5 метри и во него на празникот Богојавление – Водици, наместо во реката како што беше досега, ќе се осветува водата и ќе се фрла светиот крст.

DSC_0487_1024x681

DSC_0483_1024x681

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Исчистена дивата депонија на влезот од с. Сушево

naslov

На иницијатива на градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, ЈПКД„Турија“, ја исчисти дивата депонија на влезот во населеното место Сушево. Купишта градежен шут и секаков вид друг отпад во огромни количини, деновиве  се отстранети од површината покрај локалниот пат за с. Сушево, на која  подолго време жителите од ова населено место, бесправно го исфрлаа отпадот од своите домаќинства.

Градоначалникот Андонов најавува почести контроли од страна на редарските комунални служби од општината, посебно на местата од кои се отстранети дивите депонии. Целта е да  се спречи повторното депонирање отпад на овие површини, на кои во никој случај тоа не смее да се прави.  Андонов апелира до сограѓаните за одговорно однесување, бидејќи  грижата за  животната средина и околината е обврска  на секој граѓанин.

DSC_0494_1024x681

naslov

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Ќе се асфалтира пристапната улица во Нова Маала

DSC_0468_1024x681

Градежната компанија Бони интерградба ангажирана од општина Василево, во населеното место Нова Маала, започна со изведување на подготовителни активности за изградба, асфалтирање на пристапната улица односно улицата која води од влезот на населеното место до училишната зграда. Должината на оваа улица е 250 метри  а планираната ширина 5,00 метри и истата е планирана со Програмата за изградба на патишта и улици во општина Василево за 2021 година. Оваа инвестиција е вредна  1 818 530 денари, а средствата ќе се исплатат од општинската каса.  

На терен беше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој информираше дека доколку дозволат временските услови, во план е активностите да продолжат во континуитет и улицата да биде комплетно завршена во наредните денови.

DSC_0465_1024x681

DSC_0470_1024x681

DSC_0475_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Да го креираме Буџетот на општина Василево за 2022 година, заедно

LOGO, Opstina Vasilevo

Почитувани граѓани,

„Буџетот на општина Василево за 2022 година ќе го напишеме заедно со вас . Учеството на граѓаните во буџетскиот процес е најважен дел во креирањето на политиките и развојот на општината“, со оваа порака, градоначалникот на општина Василево , Славе Андонов упатува покана до сите граѓани на општина Василево кои сакаат да учествуваат во процесот на креирање на предлог-буџетот на општина Василево за 2022 година, своите предлози и идеи за реализирање на проекти да ги достават во просториите на општина Василево, заклучно до вторник, 07.12.2021 година.
Предлозите може да се достават и по електронски пат, на официјалната е-маил адреса на општина Василево: opstina_vasilevo@yahoo.co.uk, како и лично до градоначалникот и раководителите на одделенија во општината.
Општина Василево е отворена и транспарентна локална самоуправа кон сите свои граѓани подеднакво. Со цел за поголема директна вклученост на што поголем број граѓани, во понеделник, на 06.12. 2021 година во периодот од 12,00 до 18,00 часот, во просториите на општината организираме отворен ден со граѓаните.
Почитувани сограѓани,
Со учеството во креирањето на Буџетот на општина Василево за 2022 година, учествувате во креирањето на иднината на Вашето населено место и општина Василево.

Слика-градоначалник

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во среда, во Василево ќе се одржи крводарителска акција

FB_IMG_1638003266595

Ве известуваме дека во среда на 01.12.2021 година ОО Црвен крст Струмица во соработка со Службата за трансфузиона медицина организира крводарителска акцијa со граѓаните и вработените во Општина Василево.

Акцијата ќе се одржи во просториите на ООУ „Гоце Делчев” , Василево, од 09,00 часот до 14,00 часот.

Да напоменеме дека крводарувањето не е поврзано со Ковид-19 и е сосема безбедно. Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно.

Факти за крводарувањето:

– Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.

– Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18 – 65 години.

– Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.

– Дарувањето на крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот .

– На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен Крст им доделува признанија.

– Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослободен од плаќање на сите видови болничка партиципација.

Ги замолуваме крводарителите кои ќе даруваат крв да ги почитуваат препораките за самозаштита на Министерството за здравство.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Се чисти дивата депонија во Василево

DSC_0445_1024x681

ЈПКД„Турија“, ја чисти дивата депонија во населеното место  Василево, која се наоѓа на излезот од селото, после големото фудбалско игралиште, во насока на реката.

И покрај  поставената табла со недвосмислено известување, дека фрлањето отпад е забрането, местото е претворено во вистинска, огромна депонија со ридови од секаков вид на отпад..

Акцијата на расчистување на отпадот од оваа дива депонија ја следеше градоначалникјот на општина Василево Славе Андонов.

Прашањата од комуналната сфера, се врвни  приоритети во секојдневното работење  на општина Василево, кои на терен ги  реализра во соработка и координација со ЈПКД „Турија“, чии вработени, секојдневно, рачно и со механизација ги решааваат сите ургентни проблеми со цел комплетно да се подобрат условите за живот во општината.

DSC_0457_1024x681

DSC_0447_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево не го усвои Кварталниот извештај за работата на општината

DSC_0407_1024x681

На вчерашната, втора, седница,  Советот на општина Василево расправаше по обемниот дневниот ред од вкупно 21 предлози, меѓу кои беа и Извештаите за работа на општина Василево  за тртетото тромесечие, кои не беа  усвоени.

Согласно образложението дадено од претставникот од општинската администрација и работните материјали подготвени од Одделението за финансии, во периодот од 01.01.2021 до 31.09.2021 г.  извршувањето на Буџетот на општина Василево, во кој се вклучени и Буџетите на единките корисници, односно двете основни општинсли училишта „Гоце Делчев“ и „Атанас Нивичански“, како и детската градинка Прва радост, е 58,67% или во номинална вредност од планирани 182 819 921 денари реализирани се 107 245 106 денари. Кај основниот Буџет на општината, (Буџет во кој не се вклучени Буџетите на единките корисници) извршувањето е 49,76% или  во бројки од планирани 99 875 000  денари, реализирани се  49 692 319 денари.

Во делот на кредитното задолжување кредитите  не се враќаат со предвидената динамика и во дадениот период општина Василево по тој основ има неплатени обврски во износ од 7 665 236 денари, како и 46 720 денари по основ на камата за истите.

Што се однесува пак до доспеани а ненадмирени обврски, долгот на општина Василево изнесува 83 360 777 денари.

Извештајот предизвика обемни дискусии во кои главно се расправаше за  работењето на претходниот градоначалник на општината,  Марјан Јанев.

Свое обраќање со образложение за Кварталниот извештај и состојбата во која се наоѓа општина Василево  имаше  и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

„Многу добро ја знам состојбата во општина Василево. Фактите и бројките кои беа кажани се точни. Јас како градоначалник и Вие како советници, сме изберени од народот, да работиме во негов интерес. Мојата обврска да ги исполнувам програмските обврски ја сфаќам сериозно и на тој начин ќе одговорам. Општината е во катастрофална финансиска состојба, една од позадолжените на ниво на Македонија според бројот на жители. Општината е преку 80 000 000 денари задолжена. Повеќе од шест месеци сметката е блокирана. (Сметка блокирана не паметиме ние многу, во нашата историја како општина да имавме; се случувало неколку денови или еден месец најмног). Следуваат тешки моменти за општината, тоа е факт, тоа го кажуваат и кварталните извештаи и ситуацијата  во која се наоѓа општината. Јас можам да кажам дека пред неколку денови ЕВН дојде со намера да ја исклучи струјата на општинската зграда и уличното во сите населени места. Ако е тоа во ред, нека кажат советниците. Јас мислам дека не е.  И службените телефони се исклучени. Мислам дека без струја, без телефони тешко ќе функционираме. Знаеме дека влегуваме во енергетска криза, тоа е државен став, и имајќи предвид дека цената на струјата ќе расте, трошоците на општина Василево ќе бидат уште поголеми, а ние немаме платени сметки од страна на досегашната власт кон ЕВН.   Ова не е во смисла да се жалам. Едно сакам да порачам: Василево повторно ќе биде финансиски стабилно во наредните години. Ќе се бориме заедно со сите Вас и ќе успееме. Како било, покажува она што е напишано на хартијата.  Ова се политички факти кои мора да ги прифатиме и тие се проверливи. 50 000 000 долг е оставен, 26 000 000 се вратени од Владата. Ова е за осум години. Сега се работи за четири години и 80 000 000 долг.  Мислам дека добивме мандат да се бориме заедно. Мојата мисија и мојата задача  како градоначалник и Вашата како советници е заеднички да работиме, да носиме праведни одлуки, да ја извадиме општината од таа финансиска криза во која се наоѓа. Свесен сум дека имам ветено Програма, врз основа на која ја имам добиено довербата од граѓаните. Знам дека ќе биде тешко, но ќе дадам се од себе да реализирам поголем дел од Програмата, иако ќе имаме проблеми околу реализација на капитални проекти, а се гледа дека и досега сме имале проблеми во овој дел. Реализацијата на Буџетот не е добра, 50% е малку. Заеднички сите да постигнеме одредено ниво на согласност за ситуацијата во која се наоѓаме, да донесуваме правилни Одлуки, за да функционира општината односно да ја доведеме до ниво на нормално одвивање на сите тековни работи. Да немаме струја, телефони, да не можеме да си ги плаќаме обврските спрема доверителите, не е во ред. Си поставувам цел до крајот на мандатот тоа да се оствари, колку што можам поголем дел од Програмата да реализирам. Се надевам дека ќе го прифатите моето укажување, заеднички да работиме понатаму за доброто на општина Василево“ рече градоначалникот Андонов.

Согласно дневниот ред, на Седницата беа разгледани и останатите точки. Формирани беа Комисиите на Советот, донесена беше Одлука со која се овластуваат членовите на Советот и Градоначалникот да учествуваат во постапката за склучување на бракови, разрешени и именувани беа членови во Училишните одбори на двете основни училишта „Гоце Делчев“ и „Атанас Нивичански“ , како и на Управниот одбор на детската градинка „Прва радост“, Василево.

На седницата беше разгледан и Извештајот за работата на ЈПКД „Турија“, Василево за периодот од 01.01.2021 до 30.09.2021 година  и истиот не беше усвоен.

Мнозинство доби Измената на годишниот план за вработување за 2021 година на ООУ„Гоце Делчев“, Василево  и Предлог-одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2021 година а која се однесува на средства од програмите Основно образование и детски градинки.

DSC_0385_1024x681

DSC_0395_1024x681

DSC_0428_1024x681

DSC_0437_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail