Новости

Манифестација ден на празот по девети пат

dsc_0693

Градашорци, денеска, по девети пат беше домаќин на манифестацијата Ден на празот, промовирајќи го празот  како култура, а Градашорци и  општина Василево како поднебје и регион во кој се произведува најквалитетниот праз. Гости од општината, регионот, државата и странство имаа можност на лице место да вкусат од специјалитетите од праз, подготвени за денешниот настан и…

Continue reading

Градоначалници од пријателски општини од Италија на средба со Стојанов

9

На покана на градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, денес негови гости беа г-дин Доменико Корте градоначалник на општина Корено Аусонио и г-дин Николај Ермано градоначалник на општина Тесано. На средбата во кабинетот на Стојанов, меѓудругото се разговараше и за можностите за продлабочување на меѓусебната соработка. Градоначалниците на двете општини изразија задоволство на поканата…

Continue reading

Отворена покана до граѓаните за манифестацијата „Ден на празот – 2016“

logo-den-na-prazot

Општина Василево ги поканува сите граѓани, во недела на 06.11.2016 година да дојдат во с. Градошорци и да бидат гости на традиционалната манифестација „Ден на празот“, која се одржува по девети пат. Манифестацијата ќе се одржи во дворот на црквата Св. Никола во с. Градошорци со почеток во 11,00 часот. За забавниот дел на манифестацијата…

Continue reading

Патиштата во О.Василево приоритет и во наредната 2017 година

dsc_0407

„Изградбата на улици и патишта во општина Василево останува приоритет и во наредната 2017 година. Добрата патна инфраструктура е крвотокот  на општината, онаа прва и основна потреба која овозможува нормално функционирање и непречено поврзување на жителите во населените места“ – е ставот на градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов како прв човек на општината…

Continue reading

Советниците ги донесоа Програмите за наредната 2017 година

dscn0497

На вчерашната редовна 46-та седница, Советот на општина Василево ги донесе Програмите за работа на општина Василево за нареднате 2017 година.  Едногласно беа усвоени сите 16 предлог-програми   кои  ќе треба да се реализираат во текот на 2017 година. Дискусиите воглавно беа во врска со предлог – програмите за изградба и реконструкција на водоводната мрежа,  за…

Continue reading

Општина Василево се подготвува за „Ден на празот“

dsc_0197

На 06.11.2016 година, во организација на општина Василево ќе се одржи традиционалната манифестација Ден на празот.  Локалната самоуправа забрзано работи на реализирање на последните активности околу подготовката за успешна реализација на манифестацијата. Во недела, 06.11.2016 година Градошорци –  најпразарското село во Македонија, по девети пат ќе им укажа гостопримство на сите пријатели, посетители, добронамерници и…

Continue reading

Во Варварица одбележан историски настан

dscn0445

Вчера, околу двеста граѓани се приклучија на „Маршот до Варварица“ – настан организиран од општина  Василево и Сојузот на борците од Струмица, со кој се одбележува формирањето на Првиот Околиски народноослободителен одбор за Струмица и Струмичко. Пред 72 години, на 27 октомври 1944 година, во Варварица, формиран е Првиот околски народно-ослободителен одбор за Струмица и Струмичко.…

Continue reading

Општината Василево асфалтираше улица во с. Владевци

1

Општина Василево денес асфалтираше улица во населеното место Владевци. Улицата чија должина изнесува околу 400 метри се наоѓа во горниот дел од селото познат како старо Владевци. Ширината на улицата е околу 4 метри, со банкини од по половина метар и канали за прифаќање на атмосферските води. Заради конфигурацијата на теренот и потребата од премостување…

Continue reading

Во недела „Марш до Варварица“

dscn8302

Во недела, 30.10.2016 година, општина Василево во соработка со Општинската организација на Сојузот на борците од Струмица,  по повод 72-та годишнина од формирањето на Првиот Околиски народноослободителен одбор за Струмица и Струмичко го организира традиционалниот „Марш до Варварица“. Превозот е организиран со автобуси на „Струмица експрес“  и истиот е бесплатен Поаѓањето е во 08,00 часот,…

Continue reading

Дневен ред за 46-та Седница на Советот на општина Василево

dscn5467

Во понеделник, на 31.10.2016 година, со почеток во 15,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 46-та седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред: Предлог-одлука за одтуѓување на движни ствари во сопственост на општина Василево. Предлог–одлука за утврдување на места на кои е дозволено да се истакнат изборни плакати за…

Continue reading