Магистралниот пат М-6 во делот на општина Василево, односно делницата клучка Василево – клучка Градошорци – клучка Добрашинци набрзо ќе добие комплетно улично осветлување. Градежната оператива ангажирана од Јавното претпријатие за државни патишта деновиве врши градежни активности кои се состојат во ископ на ров покрај дел од магистралниот пат М-6 во делот на општина Василево…
Новости
Турското маало во Градошорци доби две асфалтирани улици
Две улички во т.н Турско маало во Градошорци денес беа асфалтирани. „ Асфалтирањето на овие две улички е планирано со Програмата за изградба, реконструкција, уредување и заштита на локални патишта и улици и кон нив гравитираат околу шеесетина домаќинства, што значи на сите нив од денес им е решено едно големо прашање, “ рече градоначалникот…
Советот на општина Василево ги усвои кварталните извештаи на општината
Кварталниот извештај за извршување на Буџетот (К-1), Кварталниот извештај за доспеаните а неизмирени обврски (К-2) и Кварталниот извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево (K-3) сите за периодот од 01.01.2015 до 30.09.2015 година, беа усвоени на деншната редовна 32-ра Седница на Советот на општина Василево. Советниците ги усвоија и предложените измени и…
Дневен ред за 32-та Седница на Советот на општина Василево
Во среда, 28.10.2015 година, со почеток во 13,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 32-ра Седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред: 1. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2015 година за периодот од 01.01.2015 до 30.09.2015 година (К-1). 2. Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на…
Општина Василево ја одржа Втората сесија од Буџетскиот форум
Синоќа, во големата сала на мотелот Мис стон во Василево, општина Василево во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Единицата за координација на форумите (ЕКФ), ја одржа Втората форумска сесија од Буџетскиот форум, на која како што рече градоначалникотна општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, во изјавата дадена за медиумите, главна тема…
ПОКАНА за 2-ра Форумска сесија
На 26.10.2015 година (понеделник) со почеток во 18,00 часот, во големата сала на мотелот Мис Стон во Василево, општина Василево во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) при Амбасадата на Швајцарија во Р.Македонија и Единицата за координација на форумите (ЕКФ), ќе ја одржи Втората форумска сесија од Буџетскиот форум. Општина Василево упатува…
С О О П Ш Т Е Н И Е
Во недела на 25 октомври 2015 год. во организација на општина Василево и Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Струмица, по повод одбележувањето на 71-та годишнина од формирањето на Првиот Околиски народноослободителен одбор за Струмица и Струмичко ќе се одржи традиционалниот марш до с.Варварица. Поаѓањето е во 08 часот од пред градскиот трговски центар…
Општина Василево ќе ја одржи Втората форумска сесија
На 26.10.2015 година (понеделник) со почеток во 18,00 часот, во големата сала на мотелот Мис Стон во Василево, општина Василево во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) при Амбасадата на Швајцарија во Р.Македонија и Единицата за координација на форумите (ЕКФ), ќе ја одржи Втората форумска сесија од Буџетскиот форум. На седницата ќе…
Благица Калева и групата „Модус“ на Празијадата во Василево
Посетителите на манифестација „Ден на празот“ која годинава ќе се одржи на 01.11.2015 год. со почеток во 11,00 часот во населеното место Градошорци, освен во вкусните специјалитети од праз ќе можат да уживаат и во богатата културно уметничка програма, чиј специјален гостин ќе биде пејачката Благица Калева со групата „Модус“. Подготовките за годинешната, осма по…
Подготовки за асфалтирање во Нова Маала
Локалната самоуправа Василево денес во населеното место Нова Маала, започна со подготвителни активности на терен каде набрзо треба да започне со асфалтирање на улица. Имено, екипа на ЈПКД „Турија“, Василево во чија надлежност е одржувањето на водоводната мрежа денес вршеше промена на цевка од водоводната линија како дел од подготовките за наредната активност – асфалтирање…