СООПШТЕНИЕ за прекин на водоснабдувањето во Василево, Ангелци и Градашорци

вода

ЈПКД „Турија“, Василево ги известува корисниците на вода од регионалниот водоснабдителен систем Ташли Баир , дека   во деновите   09 и 10.07.2021 година (петок и сабота), во периодот од 13,00 часот до 17,00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето.  Прекинот се однесува за населените места Ангелци и Градашорци кај кои прекинот ќе биде делумен и за населеното место Василево кај кое во наведениот период водоснабдувањето ќе биде целосно прекинато.

Од ЈПКД „Турија“  информираат дека причина за прекинот е енормната потрошувачка на вода која може да доведе до колабирање на водоснабдителниот систем, поради што повикуваат на  разбирање за состојбата и најрационално користење на водата.

За секоја новонастаната состојба  граѓаните ќе бидат благовремено информирани.

 

Со почит
ЈПКД „Турија“
Василево
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail