Author Archives: opstinaadmin

Атанас Ристов – нов член во Советот на општина Василево

DSC_0312 (Medium)

Атанас Ристов од Коалицијата на СДСМ од денес е новиот член во Советот на општина Василево и доаѓа на испразнетото место  по оставката поднесена од неговата колешка, советничката Сандра Илиева.

Советниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ не учествуваа во работата по оваа точка. На денешното продолжение на шестата седница, исто како и минатата недела кога седницата беше прекината, излегоа со став дека не се согласуваат со начинот на дополнување на дневниот ред со точката за разрешување и верификување на мандатот на новиот член на Советот на општина Всилево, по што ја напуштија седницата.

На дневен ред беа вкупно петнаесетина предлози и  истите го добија потребното мнозинство.

Едногласно и без забелешки беше усвоен Извештајот за реализација на Програмата за изградба,  реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Василево за 2017 година, кој како што рече градоначалникот на општина Василево е основа за доделување средства на општина Василево за истата намена за тековната 2018 година од страна на Агенцијата за државни патишта на Р. Македонија. „Овој извештај треба да помине на Советот по што го доставуваме до Агенцијата за државни патишта на РМ со цел Агенцијата да ни одобри средства за реализација на Програмата за 2018 година“, рече градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев.  Позитивно мислење доби и Полугодишниот извештај за работа на ООУ„Атанас Нивичански“ , Нова Маала за учебната 2017/2018 како и предлог одлуката за утврдување на бодот на платите на вработените во ЈПКД „Турија“, На ЈПКД „Турија“ му беше пренесено и правото на користење на патничко моторно возило Цитроен Берлинго, сопственост на општина Василево. Донесени беа и одлуки од областа на урбанистичкото планирање кои се однесуваат на вклопуање на бесправно изградени објекти во планскиот опфат како и  неколку одлуки за доделување на финансиска помош на правни и физички лица.

DSC_0249 (Medium)

DSC_0256 (Medium)

DSC_0261 (Medium)

DSC_0273 (Medium)

DSC_0278 (Medium)

DSC_0282 (Medium)

DSC_0283 (Medium)

DSC_0293 (Medium)

DSC_0298 (Medium)

DSC_0312 (Medium)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Закажано продолжението на 6-та Седница на Советот на О.Василево

DSCN5467

Продолжението на шестата седница на Советот на општина Василево е закажана за в среда 28.02.2018 година, со почеток во 12 00 часот, во просториите на Домот на Културата во Василево.

Седницата започна и  требаше да се одржи на 19.02.2018 година, кога поради спротивставените  ставовите на Советничките групи на Коалициите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ околу дополнувањето на дневниот ред, Советниците од Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија Седницата по што, поради немање кворум за работа, претседателот на Советот, Крсте Панев ја прекина.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Заеднички активности на О.Василево и ЈПКД „Турија“ во комуналната и патната инфраструктура

4

Деновиве ЈПКД „Турија“ Василево по налог на општина Василево извршува работи на терен во повеќе населени места кои главно се однесуваат на уредување на селските земјени патишта.

Во населеното место Василево извршено е порамнување и тампонирање на селски патишта и улички во различни делови од селото во вкупна должина од околу 1 500 метри.

Во населеното место Висока Маала пробиен е нов земјен пат во должина од околу 300 метри кој води кон селските трла и сушниците за тутун. Заради спречување на опасноста од негово уништување во услови на врнежи, направен е воден пропуст за прибирање и канализирање на  водите. Со оваа активност се овозможува нормално движење кон досега тешко пристапниот терен така што жителите на Висока Маала полесно ќе можат да ги извршуваат своите секојдневни обврски поврзани со земјоделските и сточарските работи.

Општина Василево интервенираше и во населеното место Нова Маала. Поставени се бетонски прстени на делот од патот што води кон селските гробишта заради негова заштита од врнежи, а во делот од селото каде  заради неконтролирано испуштање на вода истата се излева по улицата направена е атмосферска канализација, со што е решен еден повеќегодишен проблем.

Во текот на  денешниот ден, механизацијата на ЈПКД „Турија“ е ангажирана на филтер станицата во с. Доброшинци каде врши интервенции за прифаќање, насочување и канализирање  на вишокот на филтрирана вода. Со денешните интервенции ќе се спречи излевањето на вишокот вода по патот со што патот ќе се заштити од ерозија и уништување.

„Овие навидум мали зафати имаат големо значење за жителите од населените места каде што се одвиваат активностите,  бидејќи го подобруваат нивното секојдневие и се директен одговор на барањата и потребите на граѓаните од тие населени места, “ изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, кој нагласи дека општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“ и во иднина ќе продолжи со реализација на вакви и слични активности низ сите населени места на општината.

Средствата за сите овие зафати се обезбедени од Буџетот на општина Василево.

1

2

3

4

5

6

7

8

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Соопштение за јавна презентација и јавна анкета по ЛУПД за Винарија

слика

Општина Василево организира јавна презентација и јавна анкета по Локална урбанистичко планска документиција за објекти со намена Г-2 лесна и незагадувачка индустрија – Винарија на дел од КП бр. 405 во КО Нова Маала, општина Василево. Јавната анкета ќе трае 10 дена почнувајќи од денес, а јавната презентација ќе се одржи на 06.03.2018 година со почеток во 12,00 часот, во просториите на општинската зграда на општина Василево.  Локалната урбанистичко планска документација ќе биде изложена во просториите на општина Василево. Заинтересираните граѓани и правните лица своите забелешки и предлози ќе можат да ги достават преку информацискиот систем Е-Урбанизам или во писмена форма во општина Василево.

слика

Во продолжение е интегралниот текст на Соопштението.

Соопштение

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Прекината шестата седница на Советот на општина Василево

naslov

Шестата седница на Советот на општина Василево закажана за денес во 12,00 часот беше прекината уште на самиот почеток пред усвојувањето на дневниот ред.  Причина беше неусогласувањето на ставовите на советничките групи околу дополнувањето на дневниот ред со нова точка со која  се предлага престанок на мандат на член на Советот и верификување на мандат на член на Советот од редовите на Коалицијата на СДСМ. Ставот на Советничката група од Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ беше дека тоа треба да бидат две посебни точки на дневниот ред  а не една како што беше предложено. По ова Советниците од Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седницата.

Поради немање кворум за работа Седницата беше прекината со образложение дека продолжението ќе биде дополнително закажано.

DSC_0237 (Medium)

DSC_0228 (Medium)

DSC_0231 (Medium)

DSC_0232 (Medium)

DSC_0233 (Medium)

DSC_0240 (Medium)

DSC_0242 (Medium)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Можна соработка на општина Василево со општина Кајтардере од Р.Турција

8

Градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев во текот на претходната недела беше во тридневна посета на Р.Турција, каде оствари средби со свои колеги од неколку општини, меѓу  кои и со градоначалникот на општина Кајтардере со која е можна идна соработка и збратимување со општина Василево.

„Тоа беше едно ново и огромно искуство за мене како нов градоначалник и почеток на ново пријателство со општини од оваа држава. Целта на оваа посета беше размена на искуства со тамошните градоначалници, односно запознавање со начинот на функционирање на нивните општини, запознавање со нивната култура, како и презентирање на нашите особености заради нивно запознавање со се она што ја одликува општина Василево“, изјави градоначалникот Јанев по враќањето од Турција.

Остварени биле повеќе средби со градоначалниците на  општините Јалова, Чинарџик,  Ташќупри и општина Кајтардере со цел овозможување на меѓусебна соработка  со општина со слични карактеристики како општина Василево. Градоначалникот Јанев  најави продолжување на соработката со општина Кајтардере, за која како што рече е општина со слични карактеристики и со која  би можеле меѓусебно да соработуваме па дури и да искористуваме одредени средства од Европската Унија, преку заеднички проекти од кои бенефит ќе имаат општина Кајтардере и општина Василево.

Посетата на Р.Турција градоначалникот Јанев ја реализираше заедно со своите колеги, градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов и градоначалникот на општина Конче,  Благој Илиев.

7

8

1

129

10

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за шестата седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

На 19.02.2018 година (понеделник) со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 6-та редовна седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Василево за 2017 година.
  2. Давање согласност на Одлуката за определување на бодот за плати на вработените во ЈПКД „Турија“.
  3. Полугодишен извештај за работата на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за учебната 2017/2018 година.
  4. Одлука за утврдување на Комисијата за прием на повеќе деца од проектираниот капацитет на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево и утврдување на поблиските критериуми за прием на деца.
  5. Предлог-одлука за утврдување на потребата од вклопување на бесправните објекти – магацин К.П бр. 2462 во КО Пиперево.
  6. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на К.П бр. 87 во КО Ангелци.
  7. Предлог-одлука за пренесување на правото на користење на патничко моторно возило Цитроен Берлинго на ЈПКД „Турија“, Василево.
  8. Предлог-одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотација за основното образование за 2018 година.
  9. Предлог-одлука за учество на општина Василево во Предлог-проектот до Бирото за регионален развој.
  10. Донесување на одлука по Барање за финансиски средства поднесено од МЗ Владевци.
  11. Донесување на одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Ерсан Мустафов од с. Градошорци.
  12. Донесување на одлука по Барање за финансиски средства поднесено од ЛД „Гоце Делчев“, Босилово.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот Марјан Јанев во посета на општина Јалова, Р.Турција

O.Vasilevo

Градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев од денес  па до 16-ти февруари,  е во официјална посета на општина Јалова (Yalova), Република Турција. Како што стои во поканата од турскиот колега,  градоначалникот Недрет Ѓулен (Nedret Gülen),  целта на средбата е размена на идеи од делокругот на општинското живеење и разгледување на можностите за соработка меѓу двете општини.

Ова е втора средба на двајцата градоначалници, по средбата што ја имаа во општина Василево, во декември минатата година.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Одржана петата седница на Советот на општина Василево

DSC_0199 (Medium)

Денес Советот на општина Василево ја одржа петата седница на која беа донесени Кварталните извештаи за Буџетот на општина Василево за 2017 година, за периодот од  01.01.2017 до 31.12.2017 година: Кварталниот извештај за извршувањето на Буџетот (К-1), Кварталниот извештај за доспеаните а неизмирени обврски (К-2) и Кварталниот извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево (К-3).

Образложение даде градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, кој реализацијата на минатогодишниот Буџет ја окарактеризира како просечна. Кај вкупниот Буџет од планираните 224 730 000 денари, извршувањето на Буџетот за 2017 година изнесува околу 145 000 000 денари или околу 64%.

Кај Основниот,  Буџетот на општина Василево без единките корисници,  од планираните  130 900 000 денари реализирани се околу 66 000 000 денари или во проценти, 50%. Единствено целосна реализација има кај Блок дотациите, односно  платите во училиштата. Кај самофинансирачките активности има реализација од 75%. Ова се однесува на одредени приходи на училиштата и градинките. Кај донациите, одноно средствата кои се обезбедуваат од министерствата, бироата и агенциите реализација е 57%. Во делот на кредити, каде се планирани 10 000 000 денари реализирани се 4 288 000 денари или приближно 42%. „Ова е некоја просечна реализација на вкупниот Буџет на општина Василево  која е резултат пред се на раководењето на претходната локална власт“, рече градоначалникот Јанев во образложението дадено на денешната седница.

„Во делот на доспеаните а ненамирени обврски, во периодот од 01.01.2017 година до 31.12.2017 година, општина Василево има направено долг од 1 016 000 денари, додека вкупниот долг на општина Василево заклучно со 2017 година  изнесува околу 67 до 70 милиони денари од кои околу 40 000 000 денари е долг кон приватни фирми а остатокот е кредитно задолжување: кредит за водоводната мрежа Чанаклија и кредит за улиците во Нова Маала и Пиперево. Што се однесува до отплатата на кредити сега засега го враќаме само кредитот за водоводот во Чанаклија, враќањето се спроведува по предвидената динамика односно плаќаме двапати годишно по една рата и истиот би требало да се исплати до 2022 година“, образложи градоначалникот Јанев.

На денешната седница донесена беше и одлука за задолжување на општина Василево со заем од  Македонска банка за поддршка на развојот. Се работи за ознос од 2 300 000 денари и истиот е заради дореализација на проектот за реконструкција на училиштето во населеното место Седларци. Во врска со заемот градоначалникот Марјан Јанев го даде следново образложение:

„Заради лошата финансиска состојба на општина Василево и потребата од дозавршување на проектот од ИПА компонентата за прекугранична соработка за реконструкција на училиштето во Седларци, општина Василево мора да земе кредит од Македонска банка за поддршка на развојот. Кредитот се зема за да се дореализира проектот во населеното место Седларци односно да се   дозаврши реконструкцијата на училиштето. Во делот на исплатата на средствата од Европската унија неопходно е најпрво општина Василево да ја исплати реализацијата на проектот на фирмата изведувач, по што фирмата изведувач доставува  документ до општината кој потоа  општината го доставува до    Министерството за регионален развој и јавни набавки во Р.Бугарија. По кратко време тие средства се трансферираат на Буџетот на општина Василево, по што  општината го враќа кредитот на Македонска банка. Градоначалникот смета  дека целата постапка со враќање на кредитот и дореализација на самиот проект би требало да заврши во периодот на месеците јуни или јули.

На денешната седница усвоена беше и предлог-одлуката за сопствено учество на општина Василево во Предлог-проектот поднесен до Бирото за регионален развој, а кој се однесува на изградба на две прифатилишта за бездомни животни во Југоисточниот плански регион.

Позитивно беше одговорено и на неколку барања за финансиска помош поднесени до Советот на општина Василево.

DSC_0187 (Medium)

DSC_0188 (Medium)

DSC_0193 (Medium)

DSC_0198 (Medium)

DSC_0204 (Medium)

DSC_0208 (Medium)

DSC_0209 (Medium)

DSC_0210 (Medium)

DSC_0211 (Medium)

DSC_0212 (Medium)

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Помош за семејството Ристови од Дукатино од општина Василево

27496274_10214905842257909_1694689214_n

Денес, локалната самоуправа од Василево достави помош на семејството Ристови од с. Дукатино, чија куќа целосно беше уништена  во пожарот што ја зафати во саботата вечер.

Како што вети градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, кој непосредно по несреќата го посети семејството Ристови, општината денес им достави пакети со прехранбени продукти и хигиенски средства неопходни за семејството во овие тешки моменти.

Дополнително,   општина Василево на семејството Ристови ќе му помогне и финансиски. „На наредната седница заедно со Советот на општина Василево ќе донесеме одлука со која ќе му доделиме финансиска помош на ова семејство и на тој начин ќе им помогнеме во овие исклучително тешки моменти“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

 27496274_10214905842257909_1694689214_n

27591658_10214905842137906_1118439881_n

 

26994388_162837677827374_3967207743237112433_n

27072920_162837854494023_3728061364304175975_n

27336389_162837794494029_7042862102885101817_n

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail