Author Archives: opstinaadmin

Средба на проектните тимови на општините Василево и Струмјани

4

Проектните тимови на општините Василево и  Струмјани (Р.Бугарија) одржаа работна средба за проектот „Инсталирање на обновливи енергетски извори и подобрување на енергетската ефикасност“, што заеднички го имплементираат во рамки на ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за Прекугранична соработка меѓу Р.Бугарија и Р. Македонија, 2014-2020. Според информацијата од проектните тимови тема на состанокот биле активностите кои во мометот се одвиваат како и план за реализација на преостанатите активности со што целосно би бил имплементиран проектот од двете страни на границата односно  во општина Василево и во општина Струмјани.

Со овој проект во општина Василево опфатено е училиштето во с. Седларци на кое со низа активности  како што се замена на  прозорците и вратите со нови,  поставување на термичка  фасада, фотоволтаични панели, централно  топловодно греење на пелети и соларен систем за санитарна топла вода,  подобрена му е енергетската ефикасност. Во општина Струмјани, во населеното место Микрево поставени се енергетски ефикасни светилки за  улично осветлување.

Буџетот на овој проект изнесува околу 60 000 евра.

На состанокот на проектните тимова учествуваа и првите луѓе на двете партнерски општини, градоначалникот на општина Василево,  Марјан Јанев и градоначалникот на општин Струмјани, Емил Илиев.

 4

1

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Новогодишна честитка од градоначалникот на општина Василево

O.Vasilevo

Градоначалникот  на општина Василево Марјан Јанев по повод Новогодишно – Божиќните празници од свое име и од име на општина Василево им се обрати на своите сограѓани честитајќи им ги престојните празници и посакувајќи им здравје,  среќа  и успех во Новата 2018 година.

„Во деновите кога ја испраќаме Старата и се подготвуваме за предизвиците што со себе ги носи  Новата година, сакам да Ви се обратам и да Ви ги пренесам моите најискрени желби, пораки, надежи и честитки по повод престојните празници.
Да бидеме сите здрави и среќни.  Со добра мисла да ја започнеме годината што иде. На сите бериќетна да ни биде. Успеси на сите полиња да бележиме, да се развиваме, да напредуваме“, се вели во честитката што градоначалникот Јанев им ја упати на своите сограѓани.
„Пред нас е година во која ќе имаме прилика на дело да ги спроведеме нашите заложби, да ги реализираме нашите идеи и планови. Година во која сите заедно ќе направиме се што е во наша можност да ни биде животот поубав, посреден и посреќен.
2018-та  да ја дочекаме подготвени за новото, со идеи за подобар живот, со позитивна енергија и подадена рака кон секој и за секој. Само така ќе ги отвориме портите кон  подобра иднина и благосостојба за сите граѓани на оваа наша,  мала, скромна но со огромни потенцијали општина Василево.
Нека ни биде среќна и бериќетна Новата 2018 година“,  стои во честитката што градоначалникот Марјан Јанев ја упати до граѓаните на општина Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Донесен Буџетот на општина Василево за 2018 година

DSC_0125 (Medium)

Буџетот на општина Василево за наредната 2018 година, тежок вкупно 194 880 000 денари, беше донесен на денешната редовна седница на Советот на општина Василево.

Образложение даде предлагачот, градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев. „Буџетот за оваа година е проектиран на околу 194 000 000 денари што е за околу 30 000 000 денари помалку од ланскиот буџет со цел да биде реален и остварлив. Тое е вкупниот Буџет, додека основниот Буџет е проектиран на  околу 112 000 000 денари. Овде спаѓаат средствата наменети за потребите на општинската админстрација, на Советот, на Градоначалникот и програмите кои треба да ги реализираме во текот на 2018 година а беа донесени на претходната седница.Блок дотациите за училиштата и градинките изнесуваат околу 65 000 000 денари. Во Буџетот имаме предвидено средства за враќање на рати за кредити и позајмици земени од претходната локална самоуправа“, рече во своето образложение градоначалникот Јанев, кој посебно потенцираше дека овој Буџет е развоен, реален и остварлив бидејќи е направен врз основа на потребите на граѓаните на општина Василево произлезени од разговорите со нив водени при посетите на населените места. „Особено внимание е обратено на инфраструктурните проекти бидејќи тие се приоритетни за општина Василево за 2018 година, нагласи градоначалникот притоа прецизирајќи дека во фокусот на наредната година ќе бидат реконструкциите на водоводните системи во сите населени места, реконструкција на улиците и патиштата како и  изградба на фекална канализациона мрежа во поголемите населени места со приоритет на населените места Градашорци, Ангелци и Василево.

Буџетот како и останатите предлози од дневниот ред беа донесени со мнозинството гласови на советниците од позицијата. Советниците од советничката група на ВМРО ДПМНЕ  ја напуштија седницата и не учествуваа во нејзината работа  со образложение дека тоа е во знак на протест за како што рекоа бесправно притворените пратеници и останати граѓани кои си ја сакаат татковината и најмалку од се се терористи.

На седницата, која е последна во оваа година беа усвоени и Предлог-одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево за 2018 година како и Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2018 година,  Финансиските планови за 2018 година на двете основни општински училишта „Гоце Делчев“, Василево и „Атанас Нивичански“, Нова Маала; Финансискиот план на детската градинка „Прва радост“, Василево, Програмата за работа на ЈПКД„Турија“, Василево, како и неколку барања за финансиска поддршка на правни и физички лица.

DSC_0100 (Medium)

DSC_0108 (Medium)

DSC_0116 (Medium)

DSC_0118 (Medium)

DSC_0125 (Medium)

DSC_0128 (Medium)

DSC_0129 (Medium)

DSC_0130 (Medium)

DSC_0137 (Medium)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Првачињата добија новогодишни пакетчиња

DSC_0098 (Medium)

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, заедно со претседателот на општинскиот Совет,  Крста Панев, денес на првачињата од општина Василево им посакаа среќна Нова година подарувајќи им Новогодишни пакетчиња. „Бидете здрави, среќни и весели во Новата 2018 година. Учете вредно, почитувајте ги родителите и наставниците, дружете се и уживајте во детските игри“ им посака градоначалникот Јанев на првачињата, кои  го поздравија со неколку новогодишни песнички и подарок хартиена новогодишна круна.

Општина Василево и годинава  со новогодишни пакетчиња ќе им ги разубави престојните поразници и на учениците во ПОУ „Климент Охридски“ од Ново Село.

DSC_0074 (Medium)

DSC_0088 (Medium)

DSC_0090 (Medium)

DSC_0091 (Medium)

DSC_0096 (Medium)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за четвртата седница на Советот на О.Василево

DSCN5467

На 28.12.2017 година (четврток) со почеток во 12,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи четвртата седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Информација за функционирањето на Системот за управување со кризи (СЦУК), Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК)– Струмица.
  2. Предлог-одлука за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на општина Василево.
  3. Измени и дополнување на Годишната Програма за работа наООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала.
  4. Давање согласност на Финансиски план на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за 2018 година.
  5. Давање согласност на Финансиски план на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала за 2018 година донесен од Училишниот одбор на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала.
  6. Давање согласност на Финансиски план на ООУ „Гоце Делчев“, Василево за 2018 година донесен од Училишниот одбор на ООУ „Гоце Делчев“, Василево.
  7. Давање согласност на Програмата за работа на ЈПКД „Турија“ за 2018 година донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“, Василево.
  8. Предлог-одлука за исплата на надоместок за изборните трошоци направени во кампањата на локалните избори одржани во 2017 година.
  9. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за одржување и проширување на уличното осветлување во општина Василево за 2018 година.
  10. Предлог-Буџет на општина Василево за 2018 година.
  11. Предлог-одлука за извршување на Буџетот на општина Василево за 2018 година.
  12. Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2018 година.
  13. Донесување на одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Хуманитарното здружение за деца без родители „Хуманост“ од Струмица.
  14. Донесување на одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од здружение на ловци и риболовци „Елен“ од Ново Село.
  15. Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Здрушение пинг-понгарски клуб за лица со инвалидитет „Астраион плус“.

Седницата ќе се одржи во просториите наДомот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Посета на градоначалник од Р.Турција на општина Василево

3

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, вчера во својот кабинет  оствари пријателска средба со својот турски колега, Недрет Ѓулен (Nedret Gülen), градоначалник на  општина Јалови од Република Турција.  Според информацијата од кабинетот на градоначалникот Јанев, на средата биле презентирани карактерестиките на секоја од општините, достигнувањата и условите за развој во одредени области.   Исто така се разговарало и за можностите за евентуална соработка меѓу двете општини . Градоначалникот Јанев добил покана за посета на  општина Јалови наредната година.

Посетата беше остварена со посредство и препорака на градоначалниците од општините Конче и Радовиш, чии претставници присуствуваа на средбата во општина Василево.

3

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Реконструкција на одводен канал во с. Сушево

naslov

Општина Василево во соработка со ЈПКД„Турија“, Василево изврши санација и реконструкција на одводниот канал за атмосферски води во с. Сушево. Во должина од 40 метри поставени се пластични цеви во кои ќе се слеваат атмосферските води од планината и истите ќе се влеваат во неодамна изградениот канал на Сушевкиот порој кој се протега по должината на целото село. Со овој зафат се спречувааат сите евентуални оштетувања на главниот канал до кои би дошло во услови на поројни и обилни врнежи.

„Општна Василево заедно со Комуналното претпријатие „Турија“, секогаш е подготвена на лице место да ги решава настанатите проблеми и се разбира доколку жителите на Сушево идентификуваат и други вакви или слични состојби, веднаш ќе се излезе на терен и ќе бидат преземени сите неопходни мерки“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, кој на лице место ги следеше активностите.

2 12

3 4

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започна Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал 2017/2018

14

Со натпревар меѓу екипите на Градошорци од Градошорци и Концепт од Струмица, синоќа во спортската сала во Василево започна Новогодишно-Божиќниот турнир Василево 2017/2018 година, кој традиционално, години наназад се одржува по повод Новогодишно-Божиќните празници. Главен покровител на турнирот е општина Василево.

Турнирот за отворен официјално го прогласи градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев кој на учесниците им посака фер и успешно натпреварување.

„Општина Василево ја продолжува повеќегодишната традиција крајот на старата и почетокот на  Новата година да ја одбележи со една ваков  фудбалски настан притоа овозможувајќи им на спортистите да ги одмерат силите а на љубителиете на спортот особено на љубителите на фудбалот да навиваат, да ги бодрат своите фаворити и да уживаат во нивната игра.

Од мое лично име и од име на општина Василево како главен покровител, на сите екипи им посакувам успешно и фер натпреварување“, рече градоначалникот Јанев на отварањето на годинешниот Новогодишно – Божиќен турнир Василево 2017/2018.

За вкупен награден фонд од 200 000 денари ќе се натпреваруваат 24 екипи од целата држава.

Натпреварите започнуваат во 19,00 часот и се играат во спортската сала во Василево.

Организаторите упатуваат отворена покана до сите љубители на спортот, да повелат во спортската сала во Василево и да поминат неколку часови уживајќи во фудбалските мајстории на  натпреварувачите.

Најновите информации поврзани со Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал Василево 2017/2018 заинтересираните можат да ги најдат на ФБ страницата Новогодишно Божикен турнир во мал фудбал О.Василево.

6-horz

14

7

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево го одбележа својот празник

DSC_0060

Со свечена седница на Советот, општина Василево го одбележа 16-ти Декември – денот на своето основање и 21 година постоење и развој.

Свои обраќања имаа претседателот на општинскиот Совет, Крсте Панев и градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

„Советот заедно со Градоначалникот на општината се органите кои се одговорни за нејзиниот развој. Во изминатите 21 година таа одговорност и обврска ја имаа нашите претходници и поранешни градоначалници. Во овој четиригодишен мандат одговорноста и обврската ја имаме ние, актуелните советници и градоначалникот Марјан Јанев. Ќе направиме се што е во наша можност и се разбира во рамките на Законите, да ги подобриме условите за живот на сите категории на граѓани за нашата општина Василево да ја однесеме чекор напред“, рече во своето обраќање претседателот на Советот на општина Василево Крсте Панев, кој во овој, како што рече свечен ден посебно им се обрати на колегите советници и им порача во носењето на одлуките да ги занемарат партиските интереси и единствено да се водат од интересот на граѓаните и општото добро на сите граѓани наопштина Василево.

Градоначалникот Марјан Јанев изрази целосна подготвеност да се соочи со сите предизвици што ги носи градоначалничката функција и покрај долгот од 70 000 000 денари што го наследи од својот претходник . „Свесен за тежината на патот што треба да го изодам како актуелен градоначалник на општина Василево, за проблемите и предизвиците со кои веќе се соочувам,   целосно сум подготвен да продолжам напред. Она што можам да го ветам за годините што ни следуваат е дека домаќинското работење кое подразбира дека квалитетот ќе биде императив за секоја преземена активност, а реализираните проекти ќе им користат на граѓаните многу подолго од нашите мандати. Заедно со граѓаните, ќе реализираме многу проекти, многу планови, многи идеи.   Со поддршка на Советот и ангажманот на вработените, секогаш ќе  наоѓаме решенија бидејќи сите ние имаме иста цел: дома, во нашите населени места, во нашата општина да ни биде најубаво. Имаме потенцијал, знаење, капацитет и воља. Знаеме,  можеме и ќе успееме“, порача градоначалникот Јанев во своето обраќање на денешната свечена седница.

Гости на свечената седница беа и градоначалниците на соседните општини Струмица, Босилово и Ново Село како и поранешниот градоначалник на општина Василево Славе Христов.

DSC_0059

DSC_0001

DSC_0006

DSC_0007

DSC_0009

DSC_0011

DSC_0017

DSC_0019

DSC_0029

DSC_0033

DSC_0034

DSC_0035

DSC_0036

DSC_0039

DSC_0051

DSC_0052

DSC_0055

DSC_0056

DSC_0063

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Свечена седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

По повод одбележувањето на 21 година од постоењето на општина Василево, во петок, 15.12.2017 година Советот на општина Василево ќе одржи Свечена седница.

Свои обраќања ќе имаат претседателот на советот, Крсте Панев и градоначалникот на општината,  Марјан Јанев.

Свечената седница ќе се одржи во малата сала на хотелот Мис Стон со почеток во 13,00 часот.

DSC_1414 (Medium)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail