Author Archives: opstinaadmin

Владо Мисајловски во посета на општина Василево

20031581_1693005941006435_4316640307604462065_n

Поранешниот министер за транспорт и врски г-дин Владо Мисајловски денес беше во посета на општина Василево каде заедно со градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов ги посетија населените места Нова Маала и Пиперево каде општината тековно изведува градежни работи на две селски улици.

„Денес сме во посета на градежни активности во општина Василево. Кај нас го имаме претходниот министер за транспорт и врски со кој имавме одлична соработка, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов по посетата на улиците во изградба во Нова Маала и Пиперево.  Стојанов изјави задоволство од динамиката со која се одвиваат градежните активности: „Динамиката на извршување на градежните активности во моментот тече добро и ние се надеваме дека до почетокот на месец август сите овие градежни активности ќе бидат завршени и улицата ќе биде пуштена во употреба во корист на сите граѓани кои што живеат во ова населено место, односно ја користат оваа улица“.

Средствата за изградба на овие две улици изнесуваат  12 000 000 денари од кои 10 000 000 денари се кредит обезбеден преку  Проект за подобрување на општинските услуги (МСИП). Улицата во Пиперево е во должина од околу 250 метри а во Нова Маала околу 400 м.

Стојанов нагласи дека во изминатите четири години, општина Василево само во изградба на локални патишта и улици има вложено  средства во висина од 143 000 000 денари или тоа е некаде околу 2,5 милиони евра.

Задоволство од тоа што и колку се работи во општина Василево изрази и поранешниот министер за транспорт и врски г-дин Владо Мисајловски. „ Денес има една огромна можност тим на ВМРО ДПМНЕ да биде заедно тука со градоначалникот на општина Василево, да видиме колку се гради, што се е направено и кои се нивните идни чекори и од друга страна да се видиме со многу граѓани, да продискутираме, да видиме што може да се подобри како и да размениме идеи. Како што можам денеска да видам се работи доста во општината Василево, се градат улици, се градат фекални канализации, атмосферски и т.н што секако е за поздрав“, рече Мисајловски притоа нагласувајќи дека ВМРО ДПМНЕ постојано ќе биде на терен, во контакт со функционерите на ВМРО ДПМНЕ и градоначалниците и секако со граѓаните од кои како што рече  додека ВМРО ДПМНЕ беше на власт имаше многу проекти кои доаѓаа токму од нив.

19961095_1693006164339746_1281603075963436840_n

20031581_1693005941006435_4316640307604462065_n

novamala

novmalaa

viber imagen

viber imagett

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Успешно спроведена крводарителска акција во Василево

DSC_0023

Денес, во просториите на општина Василево, Црвениот крст во соработка со  Заводот за трансфузиона медицина и со поддршка на општина Василево, успешно реализираше акција на доброволно дарување на крв.  Традиционално, вработените во општинската администрација, во ЈПКД „Турија“, основните училишта и детската градинка уште еднаш како и многупати досега во изминатиот период ја покажаа својата хуманост на дело и даруваа крв.

Крв даруваше и првиот човек на општината, градоначалникот г-дин Ванчо Стојанов.

„Општина Василево, традиционално, во изминатиот период два до три пати годишно организира вакви акции на доброволно дарување крв. Целта е да ја покажеме хуманоста на општината, на институциите при општина Василево, на нашата администрација и секако да поттикнеме нови,  млади крводарители кои ќе даруваат крв во понатамошниот период“ изјави градоначалникот на општина Василево, и самиот крводарител кој повеќе од триесет пати ја подал својата рака и доброволно дарувал крв, односно како што тој вели „драгоцена течност која во одредени ситуации може да му биде потребна секому“.

Во периодот од 9,00 до 14,00 часот, колку што траеше акцијата, собрани беа околу треиесетина крвни единици, бројка што сама по себе зборува за големиот одзив на граѓаните на општина Василево  и успешноста на акцијата.

DSC_0020

DSC_0022

DSC_0024

DSC_0026

DSC_0028

DSC_0033

DSC_0036

DSC_0039

DSC_0043

DSC_0045

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Косење на јавните површини покрај патиштата

DSC_0017

Од вчера, ЈПКД „Турија“ од Василево започна со уредување на јавните површини покрај локалните патишта и селските улици. Според информацијата од комуналното претпријатие во текот на вчерашниот ден изврешено е косење на јавните површини покрај патиштата во Пиперево и Василево, а во текот на денешниот ден се работело на потегот с. Ангелци – с. Седларци.   Оваа активност ќе продолжи и во наредните денови односно како што информираат од ЈПКД „Турија“ планирано е да бидат уредени јавните површини покрај локалните патишта во сите населени места на општина Василево.

DSC_0002

DSC_0004

DSC_0009

DSC_0014

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Крводарителска акција во Василево

DSC_0257

На 12.07.2017 година, (среда) Црвениот крст на Македонија во соработка зо Заводот за трансфузиона медицина и општина Василево, организираат крводарителска акција. Акцијата ќе се спроведе во периодот од 09,00 до 14,00 часот, во просториите на општинската зграда.

Организаторите ги покануваат граѓаните на општина Василево да се вклучат во акцијата, да ја покажат својата хуманост на дело и со својата драгоцена течност да помогнат во спасувањето на нечиј живот.

 DSC_0256

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Интензивна изградба на улиците во Пиперево и Нова Маала

DSC_0195

Реконструкција на локална улица во населеното место Пиперево и изградба на нова улица во населеното место Нова Маала се дел од тековните градежни активности кои се одвиваат на територијата на општина Василево. Денес увид на лице место направи градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов кој е задоволен од текот и динамиката со која се одвиваат градежните работи.

Во Пиперево се реконструира улицата која од центарот на селото води кон  црквата. Истата е со должина од околу 250 метри и ширина од   6 метри. Улицата е со атмосферска и фекална канализација која веќе е поставена. Она што ќе следува во наредниот период е поставување на ивичњаци, на подземна електрична инсталација за потребите на уличното осветлување, изградба на бекатонски патеки од двете страни на улицата и асфалтирање како финална активност.

Паралелно со ова се одвиваат и градежните активности на улицата во населеното место Нова Маала. Оваа улица започнува од спојот со постојната асфалтирана улица и истата е во должина од 398 метри.  Улицата е со ширина од 4метри,  бекатонски патеки од по половина метар од двете страни и канал за прифаќање на атмосферските води по целата должина на улицата.

Во моментот се изведуваат градежните  активности на каналот.

Според информацијата од градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов,  комплетнитте активности на овие две улици треба да завфршат до крајот на оваа градежна сезона.

Вкупната инвестиција за двете улици  изнесува околу 12 000 000 денари од кои 10 000 000 ден.  се кредит односно подзаем обезбеден преку Министерството за финасии од Проектот за подобрување на општинските услуги и околу 2 000 000 денари средства од општинскиот Буџет.

Рок на отплата на кредитот е  5,5 години и грејс период од 1 година.

Активностите на терен ги изведува градежната компанија  „Универзал градба“.

DSC_0182

DSC_0185

DSC_0190

DSC_0192

DSC_0198

DSC_0202

DSC_0205

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Турнир во мал фудбал во с. Радичево

105_3818

По повод празникот Илинден, општина Василево го организира традиционалниот ноќен турнир во мал фудбал „Илинден“  , што се одржува во с. Радичево.

Пријавувањето на екипите е во тек и истото ќе трае до 10.07.2017 година до 20,00 часот, по што по пат на ждребување ќе бидат одредени паровите за игра. За пријавување заинтересираните да го контактираат организаторот на следните телефонски броеви: 077 529 716 и 078 707 080.

Според правилата за учество, екипите треба да бројат од пет до максимум десет играчи. Котизацијата е 3000 денари.

Турнирот ќе започне после 12.07. 2017 година. Натпреварите ќе се играат на училишното игралиште во с. Радичево. За најдобрите обезбедени се награди.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Одржана 55-та седница на Советот на општина Василево

DSC_0071

Советот на општина Василево ја одржа 55-та редовна седница на чиј дневен ред беа предлог-одлуки за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на плански опфат и вклопување на бесправно изградени објекти на неколку различни КП броеви во повеќе населени места.  Конкретно се работеше за објекти на: КП бр. 981 во КО Добрашинци,  КП бр. 396 во КО Василево, КП бр. 151 во КО Василево, КП бр. 459 во КО  Градошорци, КП бр. 109 КО Градошорци и КП 432 во КО Градошорци. Сите предлог –одлуки беа едногласно усвоени.

Дневниот ред беше дополнет со Барање за финансиска помош од физичко лице заради  учество во  натпревар  на Меѓународна олимпијада по хемија во Банког, Тајланд. Во врска со ова барање Советот се произнесе негативно.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 55-та седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

На 28.06.2017 година, среда, со почеток во 14,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи 55-та седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти – викендица на К.П бр. 981 во КО Добрашинци вон гр.
  2. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти – викендица на К.П бр. 396 во КО Василево вон гр.
  3. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти –фарма и помошен објект на К.П бр. 151 во КО Василево.
  4. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти – помошен објект на К.П бр. 459 во КО Градошорци.
  5. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти – помошен објект на К.П бр. 109 во КО Градошорци.
  6. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти – помошен објект на К.П бр. 432 во КО Градошорци.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Завршна приредба на дечињата од „Малото славејче“

DSC_0127

Дечињата од големата група од градинката „Малото славејче“ во с. Моноспитово која е клон на градинката „Прва радост“ од Василево ја одржаа својата завршна приредба. Пред своите родители, воспитувачките, директорката и градоначалникот на општина Васисилево, пеејќи ги најубавите песнички се збогуваа од градинката. Во знак на престој во градинката, сеќавање на деновите поминати таму и секако своевидна сатисфакција за успешното завршување на една фаза од нивниот развој, дечињата ги добија своите први дипломи, „Мојата градинка“ кои предизвикаа искрена радост кај сите нив. Сите овие дечиња од септември ќе седнат во училишните клупи каде заедно со своите наставници ќе започнат едно ново поглавје во своите животи и  ќе освојуваат нови хоризонти . Многу успех на тој нов пат, им посакаа нивните воспитувачки и директорката г-ѓа Даниела Трајковска.

DSC_0171

DSC_0118

DSC_0127

DSC_0139

DSC_0146

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Објавен тендерот за изградба на патот Чанаклија – Нова Маала

logo-horz

Деновиве, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион објави јавен оглас (тендер) за за избор на компанија за изградба на дел од патот Чанаклија Нова Маала.  Понудите треба да се достават најдоцна до 28.06.2017 во 10:00 часот.  Заинтертесираните оператори,  огласот можат да го видат веб страната на Бирото за јавни набавки, на следниот линк:
https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/b50fae24-c3d9-44da-8f25-b0b7236b6c97/1, како и на веб страната на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, на следниот линг:
http://rdc.mk/southeastregion/index.php/mk/2013-10-18-19-32-16/tenderi/658-09-06-2017

DSC_0004

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail