Author Archives: opstinaadmin

Општина Василево објави повик за изградба на две улици

DSC_0435

Локалната самоуправа Василево објави отворен повик за прибирање понуди за реализација на два проекти: Изградба на локална улица во н.м Нова Маала и Реконструкција на улица во н.м Пиперево.  Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури   за национално јавно наддавање како што е специфицирано во упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA кредити, јануари 2011. Заинтересираните понудувачи комплатната тендерска документација во електронска форма на македонски јазик може да ја добијат по уплатата на неповратна такса од 3000  ден.  Уплатата се врши на образец ПП 50 на следнава сметка: Банка: Народна Банка на Р.Македонија, Број на сметка: 1 00000000063095, Буџетска корисничка сметка: 709014080063014, Приходно конто: 724125 00.

Тендерската документација ќе биде доставена по електронска пошта или може да биде подигната директно од архивата на општина Василево.

Дополнителни информации може да се добијат во општина Василево, адреса: с. Василево, бб, тел: 034 354 444  секој работен ден од 08,00 до 16,00 часот и на e-mail: opstina_vasilevo@yahoo.co.uk

Краен рок за доставување напонудите е 07.04.2017 година до 12,00 часот.

DSC_0434

DSC_0402

DSC_0410

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево и „Жикол“ потпишаа договор за четири проекти

DSC_0429

Денес,  градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов и градежната компанија „Жикол“ потпишаа договор за реализација на градежни активности во износ од околу 2 200 000 денари. Договорот опфаќа асфалтирање на една улица во населеното место  Ангелци чија должина изнесува 240 метри, асфалтрање на две улици во населеното место Висока Маала со должина од 170 и 85 метри, како и порамнување на 450 м2  јавна површина во Висока Маала каде со средства од Агенцијата за млади и спорт ќе биде изградено Street basket односно игралише за улича кошарка.  Според информацијата од претставникот на Жикол, градежните активности на терен ќе започнат во текот на наредната недела.

„Средствата за реализација на овие четири активности изнесуваат околу 2 200 000 денари и истите се обезбедени од Буџетот на општина Василево“, информираше градоначалникот Стојанов, кој очекува работите на терен да се одвиваат согласно денес потпишаниот договор, и истите комплетно да бидат завршени во текот на оваа градежна сезона.

„Вложувањата во патната инфраструктура и оваа како и во изминатите години  се на агендата на општина Василево“, нагласи градоначалникот Стојанов, потсетувајќи дека во периодот 2013 – 2017 година асфалтирани или реконструирани се повеќе улици во населените места Сушево, Радичево, Нова Маала, Градашорци, Пиперево, Добрашинци, Дукатино, Седларци, Василево, Владевци и  Ангелци, во вкупна должина од околу 6 200 метри, и буџет од околу 800 000 евра обезбедени од повеќе извори.

DSC_0427

DSC_0430

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Привршува изградбата на улиците во Владевци и Василево

DSC_0385

До крајот на месец април општина Василево комплетно ќе ја заврши изградбата  на улиците во с.Владевци и с.Василево за кои средствата во висина од 11 305 114 ден. се грант средства обезбедени од Европската унија преку ИПА претпристапните фондови а се администрирани според правилата на Светска банка. Улицата во с. Владевци чија должина изнесува околу 240 метри е асфалтирана. Заради конфигурацијата на теренот и премостување на атмосферскиот канал изграден е и еден армирано бетонски пропуст. Деновиве се изведуваат активности на каналот за атмосферско одводнување. Оваа улица е лоцирана во стариот дел од селото.

Паралелно се работи и на улицата во Василево која води од центарот на селото кон индустриската зона.  Улицата е дел од сообраќајната мрежа на с. Василево и служи за задоволување на потребите на локалното население и поврзување на населеното место со индустриска зона. Оваа улица е со должина од околу 640 метри, со тротоари и атмосферско одводнување.

Изведувач на градежните работи е градежната компанија Гранит од Скопје.  Крајниот рок за комплетно завршување на сите планирани активности е 24 април оваа година.

DSC_0381

DSC_0382

DSC_0377

DSC_0387

DSC_0391

DSC_0392

DSC_0395

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево распиша тендери за проекти вредни 10 500 000 денари

DSC_0335

Општина Василево деновиве распиша неколку тендери за проекти вредни 10 500 000 денари.  Со средства обезбедени од општинскиот буџет ќе се реализираат следниве проекти: реконструкција на поранешниот Дом на културата во Нова Маала и негова адаптација во спортска сала, асфалтирање на две улици во населеното место Висока Маала како и рамнење и подготовка на терен за изградба на игралиште за улична кошарка во ова населено место  изградба на улица во с. Ангелци и изградба на  повеќенаменско игралиште во с. Добрашинци.

„Пред неколку дена најавивме неколку проекти кои треба да бидат реализирани на територијата на општина Василево.  Денес сме во Нова Маала за да им кажеме на граѓаните дека она што го ветивме и ќе го реализираме. Со сопствени средства во износ од 10,5 милиони денари ќе реализираме неколку проекти. Овде, во населеното место Нова маала, руинираниот Дом на културата ќе биде реконструиран и адаптиран во спортска сала за потребите на учениците и рекреативците од овој крај. Распишана е и набавка за две улици во Висока Маала и една улица во населено место Ангелци, како и набавка за избор на изведувач за порамнување на школксиот двор во н.м Висока Маала каде Агенцијата за млади и спорт ќе гради street bask игралиште за потребите на учениците и граѓаните од ова населено место“, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов при неговата денешна посета на населеното место Нова Маала. Стојанов исто така информираше дека во тек е и јавната набавка за улица во с. Ангелци и јавна набавка за избор на изведувач за изградба на повеќенаменско игралиште во училишниот двор во с. Доброшинци.

За сите овие активности средствата во висина од 10,5 милиони денари се обезбедени  од општинскиот буџет.

Истовремено, градоначалникот Стојанов за првата половина од 2017 год.  најави и изградбата на улица во Нова Маала како и изградба на дел од локалниот пат Чанаклија -Нова Маала кој воедно ќе биде и улица во Чанаклија, а за кој како што изјави градоначалникот  општината има издвоено 10 000 000 денари.

DSC_0336

DSC_0332

DSC_0340

DSC_0344

DSC_0352

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Претставници од МЦМС и Сокотаб во посета на училиштето во Василево

DSC_0311

Со донација од Сокотаб и во партнерство со МЦМС, општина Василево го реконструираше санитарниот јазол во ООУ „Гоце Делчев“ во Василево. По тој повод, денес, главниот менаџер на Сокотаб Битола, г-дин Џовано Бети и г-дин Димче Митрески од МЦМС беа во посета на училиштето за на лице место да ги видат резултатите од заеднички реализираниот проект.

„Иако започнавме во подоцнежна фаза од годината, во рок од еден месец целосно беше реновиран овој санитарен јазол.  Вкупната вредност на донацијата изнесуваше 1 070 000 денари. Она што сакам да го споменам е кога споредивме како изгледа денес и како изгледаше санитарниот јазол порано, можам да кажам дека овие средства беа употребени на право место. Со полна посветеност на нашите партнери, донатори успешно го комплетиравме овој проект“, изјави г-дин Димче Митрески од МЦМС.

Задоволство од соработката и крајниот резултат изрази и претставникот од донаторот, главниот менаџер во Сокотаб, г-дин Џовано Беги.

„Чувството е многу добро, прво бидејќи е убаво да се биде во области кои не доближуваат блиску до нашите тутунопроизводители и сме во можност да помогнеме во училишта каде што има вакви потреби. Среќни сме дека резултатите се извонредни, изјави г-дин Бети, нагласувајќи ја посебно добрата соработка со градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов..

Благодарност за донацијата од Сокотаб и соработката со МЦМС, изрази градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, за како што рече решавањето на еден децениски проблем. „Општина Василево, традиционално, долги години има соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка и Сокотаб. Денес морам да изразам голема благодарност и до Сокотаб и до МЦМС за ангажираноста и средствата кои беа доделени, бидејќи денес решивме еден децениски проблем. Се надевам дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина и дека ќе имаме реализација на уште проекти кои ќе бидат во полза на образованието на територијата на општина Василево“.

Во изминатиот период општина Василево во соработка со МЦМС и донација од Сокотаб има реализирано повеќе проекти кои се во функција на подобрување на условите во кои се одвива образовниот процес.

DSC_0313

DSC_0315

DSC_0317

DSC_0320

DSC_0322

DSC_0325

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Прес на градоначалникот на општина Василево

DSC_0300

Денес, градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, одржа прес конференција на која информираше за реализираното во 2016 година и за плановите за тековната 2017 година.

Стојанов потенцира дека за разлика од 2016 година кога најголемите инвестиции биле во патната инфраструктура, во тековната 2017 –та фокусот ќе биде ставен на изградбата на системот за фекални канализации заради трајно и квалитетно решавање на проблемите со отпадните води од домаќинствата.

Во продолжение е целиот текст од прес конференцијата на градоначалникот Стојанов.

DSC_0296

Почитувани сограѓани,

Транспарентното и отчетно работење се заштитен знак на општина Василево. За се што е сработено сметка Ви полагаме Вам граѓаните на мојата општина, бидејќи Вие ни ја дадовте довербата, Вашите потреби да ги претвориме во реалност, да ги решиме нерешените прашања од сите области кои се во надлежност на локалната самоуправа, и се разбира заедно да го креираме ликот на сите наши населени места.

Бројките ги потврдуваат моите зборови, а изградените објекти се неми сведоци кои со своето постоење се потврда дека во општина Василево, во измината 2016 година се работело, се инвестирало, и се  реализирале низа на проекти.

Над 30 000 000 денари или половина милион евра се реализирани само преку Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици.

Во населеното место Сушево, чија инфраструктура беше уништено од невремето во 2013 година, изграден е Сушевскиот порој со капацитет доволен да ги акумулира водите и од невреме далеку поголемо од она од 2013 –та. На поројот изградени се два нови моста, а паралело со поројот и во иста должина од 1200 метри изградена е и улица со атмосферска канализација, пешачка патека и осветлување.

Со грант обезбеден од Европската унија преку ИПА претпристапните фондови, асфалтирана е улица во стариот дел од с. Владевци чија должина е околу 400 м. Во ова населено место изградена е и канализација и тоа во должина од околу 600 м.

Согласно потребите, приоритетите и можностите реализирани се проекти и во другите населени места. Населеното место Дукатино доби повеќенаменско игралиште со кое  на сите љубители на спортот им се нуди можност да спортуваат и рекреираат. Опременоста со рефлектори овозможува спортување и во ноќните часови. Населеното место Висока Маала доби нова  комплетно уредена и опремена училишна зграда, додека  училиштето во Радичево се придружи на големото семејство училишта од општината чии простории се загреваат со парно греење. Во ова населено место партерно е уреден и просторот пред  училиштето.

Во тековната 2017-та континуирано продолжуваме со реализација на активностите започнати во претходната година.  Градежните работи на улицата во Василево од центарот до Мис Стон се одвиваат сопланираната динамика, така што оваа година оваа улица ќе биде комплетно завршена.  Во областа на патната инфраструктура ќе биде реализиран односно асфалтиран дел од локалниот пат Чанаклија – Нова Маала, која истовремено ќе претставува и улица во ова населено место. По една новоасфалтирана улица набргу ќе добијат и населените места Пиперево и Нова Маала. За две улици во населеното место Висока Маала и една во Ангелци деновиве општината распиша тендер на кој ќе биде избрана најповолната понуда по што и во овие населени места ќе се започне со асфалтирање.

Во фаза на јавна набавка е и проектот за Реконструкција на  подрачното училиште „Гоце Делчев“ во Седларци. Со реконструкцијата ќе се изврши замена на столаријата (врати и прозорци) и кровната конструкција и вградување на систем за топловодно парно греење во училиштето. На тој начин, ќе се подобрат условите за следење на наставата, ќе се постигне заштеда на енергија истовремено постигнувајќи енергетска ефикасност преку поставување на  фотоволтаични системи со што училиштето ќе биде и енергетски независно и ќе биде прво училиште од таков тип во нашиот регион. Училиштето ќе произведува самостојно електрична енергија за сопствените потреби.

Средствата ќе се обезбедат од прекугранична соработка со Општина Струмјани од европски фондови.

Училиштата во населените места Добрашинци и Владевци ќе добијат игралишта:  повеќенаменско, опремено со реквизити за повеќе спортови ќе биде изградено во училишниот двор во Добрашинци, додека Училишниот двор во Владевци ќе биде збогатен со игралиште за кошарка.

Уште едно училиште ќе ја подобри својата инфраструктура. За поотребите на ООУ „Атанас Нивичански“ во Нова маала, постојниот Дом на културата ќе биде реконструиран и адаптиран во спортска сала, каде учениците во современи услови ќе ја изведуваат наставата по спорт и физичка култура.

Урбанизацијата и урбанистичките планови како основа на идниот развој на општината и во 2017 година ќе бидат во фокусот на активностите на локалната самоуправа.  Во моментот во фаза на изработка се урбанистички планови за пет населени места: Пиперево, Василево, Ангелци, Градашорци и Владевци. Продолжуваме со активностите од Владиниот проект „Купи куќа за млади“, каде општина Василево во рамки на Р.Македонија е во најнапредна фаза.  Работиме на обезбедување на 120 парцели за домување, кои ќе им ги понудиме на младите брачни парови за решавање на нивното станбено прашање.

Нема да изостане и урбанизацијата која е во функција на индустрискиот развој на општина Василево.   Изготвени ќе бидат  УП за нова индустриска зона меѓу Чанаклија и Нова Маала на вкупна површина од 12 ха односно 5 парцели од по два хектари со намена за фотоволтаични панели и една парцела од два хектари за изградба на винарска визба.

За разлика од 2016 година каде најголемите инвестиции беа во патната инфраструктура во оваа 2017 година фокусот ќе биде ставен на изградбата на системот за фекални канализации заради трајно и квалитетно решавање на проблемите со отпадните води од домаќинствата. Деновиве во фаза на подготовка е техничката документација за изградба на системи за фекална канализација за населените места Едрениково и Седларци.

Заради важноста на проблематиката,  ова прашање бара сериозен пристап но истовремено и огромни средства. Општина Василево ги ангажира сите свои капацитети во изнаоѓањето средства и ресурси за решавање на овој проблем. За таа намена во својот Буџет обезбеди  25 000 000 денари, наменети за решавање на овој проблем во населените места Василево и Градошорци.

Почитувани сограѓани!

Сите заедно, како и досега ќе ги реализираме зацртаните планови и програми и заедно ќе ја градиме општина Василево како наш заеднички дом.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Одржана 51-та Седница на Советот на општина Василево

DSC_0282

Одлуката за комунален ред и мерките за нејзино спроведување беше една од точките на дневен ред на денешната 51-ва седница на Советот на општина Василево која беше едногласно донесена. Со истото мнозинство и без забелешки и дискусии беа усвоени и  Извештајот за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Василево за 2016 година, Предлог-програмата за измена и доплнување на Програмата за уредување на просторот на градежното земјиште во руралните подрачја на општина Василево за 2017 година, и барањето за финансиски средства поднесено од ЛД „Фазан“, Василево, на кои Советот им одобри 35 000 денари за организирање на традиционалната ловечка вечер. Советниците од советничката група на СДСМ и НСДП гласаа воздржано по Предлог-одлука за изменување и дополнување на Буџетот на општина Василево за 2017 година и Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево за 2017 год. На оваа седница со мнозинство од девет гласови „за“ и 4 „против“ Советот ја усвои и Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови за 2017 година. Станува збор за изработка на ЛУПД за дел од КП бр. 1732 и дел од КП бр. 1733 КО Добрашинци, и дел од КП бр. 1569/1 КО нова Маала и за изработка на ЛУПД за КП бр. 1015/1 КО Доброшинци, вон градежен опфат. Средствата за овие активности немаат финансиски импликации врз буџетот на општина Василево бидејќи истите ќе се обезбедат од физички лица.

DSC_0266

DSC_0268

DSC_0272

DSC_0277

DSC_0278

DSC_0281

DSC_0285

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 51-та седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

Во среда, 15.02.2017 година со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 51-седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-одлука за комунален ред и мерки за нејзино спроведување.
  2. Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Василево за 2016 година.
  3. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови за 2017 година.
  4. Предлог-програма за измена и доплнување на Програмата за уредување на просторот на градежното земјиште во руралните подрачја на општина Василево за 2017 година.
  5. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Буџетот на општина Василево за 2017 година.
  6. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево за 2017 год.
  7. Донесување на одлука по барањето за добивање на финансиски средства поднесено од ЛД „Фазан“, Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Едрениково ќе добие систем за фекална канализација

gradonacalnik

„Населеното место Едрениково, до крајот на годината ќе добие систем за фекална канализација“ , информираше градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов по вчерашната работна средба на надлежните од општина Василево и претставниците на проектниот тим задолжен за изработка на техничката документација за прочистителната станица и канализационата мрежа. По средбата во општината на која се разговараше за состојбата и условите на терен каде ќе биде изграден системот и лоцирана прочистителната станица, активностите продолжија на терен заради увид во фактичката состојба и утврдување на локацијата на лице место.

„Во периодот што следува ќе биде изготвена комплетната техничка документација по  што ќе се започне со негова практична изведба на терен“.– дополни градоначалникот Стојанов.

Овој систем за фекална канализација ќе биде комплетен со можност за приклучување на сите домаќинства.

Инвестицијата е на Швајцарската агенција за развој и соработка обезбедена во рамки на УНДП проектот „Управување со сливот на реката Струмица“ кој го имплементира   Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  и општините од Струмичкиот слив“

Во рамките на истиот проект, проектна документација за пречистителна станица и канализација ќе биде изготвена и за населеното место Седларци.

DSC_0257

DSC_0260

image1

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево – дел од манифестацијата „Македонија во ритамот на Европа“

DSC_0232

Денес, градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов и г-дин Игор Карадајевиќ од Друштвото за уметничка продукција Еуропијан Капитал Адвајзорс менаџмент ДООЕЛ, Скоје, потпишаа договор со кој се регулираат меѓусебните права и обврски при реализација на активностите за манифестацијата „Македонија во ритамот на Европа“ – манифестација во која учество ќе земат и деца од општина Василево.

Целта на манифестацијата е поттикнување, развивање, препознавање и зачувување на младите таленти во Македонија, промоција на интеркултурноста, толеранцијата, рамноправноста на половите, почитување на човековите права , различностите, соработката и доживотното учење. Манифестацијата „Македонија во ритамот на Европа“ е осмислена во согласност со Европската повелба за учество на младите во животот на општинско и регионално ниво, како и со белата книга на ЕУ за младите.

Општина Василево е една од дваесетте општини од Македонија кои годинава ќе учествуваат во оваа манифестација. Преку песна и модерен танц, децата кои ќе ја претставуваат својата општина ќе се претстават и на јазикот на државата која ќе им биде доделена од страна на организацијата „Македонија во ритамот на Европа“.

Манифестацијата има натпреварувачки карактер и во наредните месеци  согласно денес потпишаниот договор, ќе се изврши аудиција и избор на 20 најталентирани деца кои ќе учествуваат во обуката и завршната манифестација која ќе оди со директен телевизиски пренос.

DSC_0225 DSC_0229 DSC_0232

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail