Author Archives: opstinaadmin

Градоначалници од пријателски општини од Италија на средба со Стојанов

9

На покана на градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, денес негови гости беа г-дин Доменико Корте градоначалник на општина Корено Аусонио и г-дин Николај Ермано градоначалник на општина Тесано. На средбата во кабинетот на Стојанов, меѓудругото се разговараше и за можностите за продлабочување на меѓусебната соработка.

Градоначалниците на двете општини изразија задоволство на поканата на првиот човек на Василево, и се надеваат дека Македонија во најскоро време ќе биде дел од Европската унија, при што ќе имаат можност за поголема и поуспешна соработка.

,,Општина Василево и во изминатиот период имаше соработка со овие две општини и денес се по повод поканата од наша страна, да ја видат нашата култура нашата традиција, нашите обичии, а секако денешната средба ќе ја искористиме за размена на искуства и се она што значи функционирање на локалната самоуправа како и она што е позитивно да го преземеме од нивна страна а секако и општините од Италија да преземат нешто и од нашите искуства, па можеби нешто ќе применат од нашато работење во нивните општини,,- истакна градоначалникот на општина Василево-Ванчо Стојанов.

Градоначалниците од овие пријателски општини  ќе бидат гости и на манифестацијата Ден на празот, што  во недела, ќе се одржи во с. Градошорци.

9

8

4

1

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Отворена покана до граѓаните за манифестацијата „Ден на празот – 2016“

logo-den-na-prazot

Општина Василево ги поканува сите граѓани, во недела на 06.11.2016 година да дојдат во с. Градошорци и да бидат гости на традиционалната манифестација „Ден на празот“, која се одржува по девети пат. Манифестацијата ќе се одржи во дворот на црквата Св. Никола во с. Градошорци со почеток во 11,00 часот.

За забавниот дел на манифестацијата ќе се погрижат  Благица Калева со групата Модус.

pokana

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Патиштата во О.Василево приоритет и во наредната 2017 година

dsc_0407

„Изградбата на улици и патишта во општина Василево останува приоритет и во наредната 2017 година. Добрата патна инфраструктура е крвотокот  на општината, онаа прва и основна потреба која овозможува нормално функционирање и непречено поврзување на жителите во населените места“ – е ставот на градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов како прв човек на општината и предлагач на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улица за 2017 година. Според Стојанов наредната година акцент ќе биде ставен на локалната патна инфраструктура каде општината планира да инвестира  13 000 000 денари. Ќе биде реконструиран локалниот пат Мал одмор –с.Сушево во должина од 2 000 метри и локалниот пат Мал одмор – Старо Владевци, исто така во должина од 2 000 метри. Планирана е и изградба на 1 000 метри од локалниот пат Нова Маала – Чанаклија., чија  вкупна должина изнесува 3,9 км. од кои општината има асфалтирано 1,1 км. и изградено еден мост.

dscn0503

И годинава нема да изостане асфалтирање на улици во населените места, за што во Програмата се планирани средства во износ од 10 000 000 денари. Планирано е да бидат асфалтирани по една улица од 200 метри во населените места Ангелци, Едрениково, Висока Мала, Радичево и Василево и една улица од 250 метри во населеното место Пиперево.

Во текот на 2017 година општината ќе ја финализира изградбата и на улиците започнати оваа година.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советниците ги донесоа Програмите за наредната 2017 година

dscn0497

На вчерашната редовна 46-та седница, Советот на општина Василево ги донесе Програмите за работа на општина Василево за нареднате 2017 година.  Едногласно беа усвоени сите 16 предлог-програми   кои  ќе треба да се реализираат во текот на 2017 година. Дискусиите воглавно беа во врска со предлог – програмите за изградба и реконструкција на водоводната мрежа,  за изградба, реконструкцијација, одржување и заштита на локалните патишта и улици и предлог-програмата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води во општина Василево.  По прашањата од советниците образложенија даде градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.

Советниците беа едногласни и при усвојувањето Предлог-одлуката за утврдување на висината на пазарната вредност на недвижниот имот на теритријата на општина Василево и при усвојувањето на предлозите од УО на ЈПКД „Туриоја“ Василево односно давањето согласност на новиот Правилник за внатрешна организација и новиот Правилник за систематизација на работни места на ЈПКД „Турија“ Василево донесени од  од Управниот одбор на претпријатието.

На оваа седница беа усвоени и кварталните извештаи за извршување на Буџетот за 2016 (К-1), за доспеани а неизмирени обврски (К-2), и за промените на состојбата на задолжување на општина Василево (К-3), сите за периодот 01.01.2016 до 30.09.2016 година. За овие три предлози, советниците од советничката група на СДСМ и НСДП гласаа воздржано. Составен дел на овој дневен ред беше и предлог-одлуката за утврдување места на кои е дозволено да се лепат изборни плакати за изборите во 2016 година како и предлог-одлука за одтуѓување на движни ствари во сопственост на општина Василево и нивно давање во  сопственост на ФК „Василево“ од Василево. За овие два предлози сите советници гласаа „за“.

dscn0479

dscn0481

dscn0482

dscn0483

dscn0492

dscn0493

dscn0494

dscn0499

dscn0500

dscn0503

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево се подготвува за „Ден на празот“

dsc_0197

На 06.11.2016 година, во организација на општина Василево ќе се одржи традиционалната манифестација Ден на празот.  Локалната самоуправа забрзано работи на реализирање на последните активности околу подготовката за успешна реализација на манифестацијата. Во недела, 06.11.2016 година Градошорци –  најпразарското село во Македонија, по девети пат ќе им укажа гостопримство на сите пријатели, посетители, добронамерници и гости и ќе ги почести со најубавите специјалитети  од праз. По тој повод општина Василево упатува отворена покана до сите граѓани, во недела да го посетат Градошорци и да бидат гости на манифестацијата „Ден на празот“.

pokana-prazijafda-1

dsc_0343

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во Варварица одбележан историски настан

dscn0445

Вчера, околу двеста граѓани се приклучија на „Маршот до Варварица“ – настан организиран од општина  Василево и Сојузот на борците од Струмица, со кој се одбележува формирањето на Првиот Околиски народноослободителен одбор за Струмица и Струмичко. Пред 72 години, на 27 октомври 1944 година, во Варварица, формиран е Првиот околски народно-ослободителен одбор за Струмица и Струмичко. По тој повод општината од своето формирање во 1996 година, секоја година, во соработка со Сојузот на борците од Струмица, организирано ја посетува Варварица и со полагање свежо цвеќе пред спомен плочата која сведочи за историскиот настан го одбележува истиот и им оддава почит на неговите учесници.

По интонирањето на државната химна, читањето на реферат за настанот и полагање цвеќе пред спомен плочата, одбележувањето традиционално продолжува со заедничко дружење на кое годинава во прилог му одеше и убавото есенско време, кое дополнително придонесе барем за еден ден да се врати животот во одамна раселената Варварица.

dscn0423

dscn0429

dscn0431

dscn0443

dscn0446

dscn0452

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општината Василево асфалтираше улица во с. Владевци

1

Општина Василево денес асфалтираше улица во населеното место Владевци. Улицата чија должина изнесува околу 400 метри се наоѓа во горниот дел од селото познат како старо Владевци. Ширината на улицата е околу 4 метри, со банкини од по половина метар и канали за прифаќање на атмосферските води. Заради конфигурацијата на теренот и потребата од премостување на атмосферскиот канал изграден е и армирано бетонски пропуст. Со асфалтирањетто на оваа улица жителите кои живет во овој дел од Владевци а кои поради лошото инфраструктурно поврзување беа речиси отсечени од останатиот дел на селото, сега  ќе добијат квалитетно поврзување со центарот и со ново Владевци.

Вкупната инвестиција изнесува околу 2 400 000 денари. Средствата се грант   обезбеден од Европската унија преку ИПА претпристапните фондови, а истите се администрираат според правилата на Светска банка.

Изведувач на работите е градежната компанија „Гранит“.

10

2

3

5

7

9

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во недела „Марш до Варварица“

dscn8302

Во недела, 30.10.2016 година, општина Василево во соработка со Општинската организација на Сојузот на борците од Струмица,  по повод 72-та годишнина од формирањето на Првиот Околиски народноослободителен одбор за Струмица и Струмичко го организира традиционалниот „Марш до Варварица“.

Превозот е организиран со автобуси на „Струмица експрес“  и истиот е бесплатен

Поаѓањето е во 08,00 часот, од пред трговскиот центар „Глобал“ во Струмица и од пред општинската зграда во Василево во истиот термин.

Организаторот ги поканува заинтересираните граѓани да се придружат на маршот.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 46-та Седница на Советот на општина Василево

dscn5467

Во понеделник, на 31.10.2016 година, со почеток во 15,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 46-та седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-одлука за одтуѓување на движни ствари во сопственост на општина Василево.
  2. Предлог–одлука за утврдување на места на кои е дозволено да се истакнат изборни плакати за изборите во 2016 година со обезбедени еднакви услови за сите организатори на изборната кампања во општина Василево.
  3. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2016 година за периодот 01.01.2016 до 30.09.2016 година (К-1).
  4. Квартален извештај за доспеани а неизмирени обврски на општина Василево за периодот 01.01.2016 до 30.09.2016 година (К-2).
  5. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжување на општина Василево за периодот 01.01.2016 до 30.09.2016 година (К-3).
  6. Давање согласност на новиот Правилник за внатрешна организација на ЈПКД „Турија“ Василево донесен од Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“ Василево.
  7. Давање согласност на новиот Правилник за систематизација на работни места на организација на ЈПКД „Турија“ Василево донесен од Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“ Василево.
  8. Предлог-решение за формирање на привремена Комисија за изработка на Предлог-годишна програма за работа на советот на општина Василево за 2017 година.
  9. Предлог-програма за социјална заштита на општина Василево за 2017 година.
  10. Предлог-програма за заедничка потрошувачка во општина Василево за 2017 година.
  11. Предлог-програма за поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација на локалните патишта и улици во општина Василево за 2017 година.
  12. Предлог-програма за одржување и проширување на јавното осветлување на подрачјето на општина Василево за 2017 година.
  13. Предлог-програма за спорт рекреација и манифестации на подрачјето на општина Василево за 2017 година.
  14. Предлог-програма за изградба и реконструкција на водоводната мрежа во општина Василево за 2017 година.
  15. Предлог-програма за локален екононски развој на подрачјето на општина Василево за 2017 година.
  16. Предлог-програма за изградба, реконструкцијација, одржување и заштита на локалните патишта и улици на општина Василево за 2017 година.
  17. Предлог-програма за начин на пресметување на трошоците за уредување на грдаежното земјиште на подрачјето на општина Василево за 2017 година.
  18. Предлог-програма за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2017 година.
  19. Предлог-програма за уредување на градежно земјиште во индустриската зона на општина Василево за 2017 година.
  20. Предлог-програма за уредување на просторот на градежно земјиште во руралните подрачја на општина Василево за 2017 година.
  21. Предлог-програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води во општина Василево за 2017 година.
  22. Предлог-програма за комунални дејности на подрачјето на општина Василево за 2017 година.
  23. Предлог-одлука за утврдување на висината на пазарната вредност на недвижниот имот на теритријата на општина Василево.
  24. Предлог-програма за одржување на локалните патишта и улици во општина Василево за 2016/2017 година во зимски услови.
  25. Предлог-програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на РМ на подрачјето на општина Василево за 2017 година.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Оглас за Изработка на проектна документација за пречистителни станици и канализации во сливот на река Струмица

undp-rbec-strumica-logo

Во рамките на проектот за Управување на сливот на река Струмица на 20.10.2016 година, од страна на УНДП објавен е јавен оглас бр. 83/2016 за „Изработка на проектна документација за пречистителни станици и канализации во сливот на река Струмица (ДЕЛ 1-6)“.

Информираме дека Огласот е достапен на веб страната на УНДП на следниот линк: http://procurement-notices.undp.org/view_notice.cfm?notice_id=33702, како и на веб страната на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на следниот линк: http://www.rdc.mk/southeastregion/index.php/mk/novosti/593-21-10-2016

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail