Author Archives: opstinaadmin

Василево ги санира оштетените патишта

DSCN5679

Во населените места на општина Василево во тек е санација на локалните патишта  кои беа оштетени од невремето што изминатите денови го зафати регионот и општината.
Денес се работи  во Василево, на санација  на  улицата што од селската црква води кон фудбалското иралиште „Цар Самоул“.  Улицата се рамни и се насипува со чакал и песок.

DSCN5681Активноста  започна вчера односно со престанокот на врнежите и стварањето услови за интервенција на терен. Според информација од градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, планирано е утре да се насипува во с. Ангелци по што, во наредните денови ќе се продолжи и во останатаите населени места на општина Василево. Насипувањето го врши Јавното комунално претпријатие „Турија“ од Василево.

DSCN5687

DSCN5690

DSCN5697

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот Стојанов и Ванчо Костадиновски направија увид на браната Турија

wpid-wp-1423098635150-1024x579

Заменик министерот за земјоделие Ванчо Костадиновси заедно со градоначлникот на општина Василево, Ване Стојанов извршија увид на состојбата на браната Турија.
Нивото на браната Турија е критично, но со постепено испуштање на водата браната ќе се нормализира.
wpid-wp-1423098650862-1024x579

,,Се создадени предуслови да се зголеми испустот на вода за да можеме да ја отпразниме браната и да ја елиминираме евентуалната закана по земјоделските површини и да не се доведат во ситуација земјоделците или сите тие што обработуваат земјоделски површини да бидат поплавени” – изјави Костадиновски

wpid-wp-1423098595580-1024x579

wpid-wp-1423098667352-1024x579

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Состојбата со акумулациите Турија и Водоча е критична

DSCN5672

„Денес сме во посета на општините во Струмичкиот регион со цел на терен, на лице место да ја видиме состојбата. Центрите за социјална работа и службите прават интензивна посета на населението од овие региони со цел да видиме колку домаќинства се оштетени со поројните врнежи, со поплавите кои се случија изминатиот период, со цел да ги детектираме нивните потреби и да им  помогнеме во најбрзо време со соодветни материјали, облека, храна, покуќнина и сето она што ќе  им биде потребно.“- изјави министерот за предизвикана од невремето што го зафати регионот деновиве.

 „Состојбата со двете акумулации Турија и Водоча е критична. Одредена количина на вода веќе се испушта од акумулацијата Турија. “ изјави заменик министерот за економија Христијан Делев,  кој конкретизираше дека во активноста со справувањето со ситуацијата вклучена е и армијата. Делев информираше и дека ќе се прават заштитни бариери околу селата Добрашинци и Пиперево, а кај с. Просениково каде има излевање на реката и насипот е пробиен  уште од сабајлето огромна механизација и машини работат на санирање на овој дел. Дополнителни бариери за заштита ќе бидат ставени и околу селото Муртино – изјави Делев, кој изрази надеж дека до утре сабајле ќе може да бидат испуштени поголеми количини вода од двете акумулации, така што, подготвени ќе го дочекаме новиот бран врнежи што се очекува веќе од средата.

Делев информираше и дека  од акумулацијата  Туријасе испуштаат 15 метри кубни вода во секунда што е контролирана количина што може да ја прима реката Турија

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Состанок на Кризниот штаб на општина Василево

DSCN5657

Вчера, во просториите на општина Василево, на иницијатива на градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов членовите на Кризниот штаб на општина Василево засилени со пратениците  Васил Пишев и Ромео Тренов како  заменик министерот за економија Христијан Делевски и Ѓорѓи Костуранов – претставник од Водостопанство на РМ – подрачна единица Струмица, одржаа состанок  во врска со состојбата предизвикана од невремето кое деновиве го зафати поширокиот регион. Состојбата со промените на речното корито, настаната како последица од обилните врнежи ја презентира градоначалоникот на општина Василево, посебно задржувајќи се на критичните места  каде што река Струмица се излева, ги поплавува земјоделските површини и постои опасност од поплаување на  некои населени места. Како критични точки градоначалникот ги посочи:  течението на реката Струмица кај населените места Сушево и Владиевци, оштетениот речен насип под Добрашински мост и мостот кај с. Пиперево. Претставникот од подрачната единица на Водостопанство ја презентира состојбата со брана Турија која од нивна страна постојано се следи. На состанокот е заклучено, поради тоа што општина Василево нема капацитет самата да се справи со последиците од невремето, помош да побара од Дирекијата за заштита и спасување,  кое нешто веднаш е направено.

DSCN5656

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ја одржа 22-та Седница

DSCN0361

Советот на општина Василево, денес, ја одржа редовната 22-ра Седница, која започна со едноминутно молчење во знак на почит кон ненадејно починатиот колега – претседателот на советот г-дин Илчо Колев. Согласно законската регулатива, како што образложи претставникот од општинската администрација, г-дин Славе Андонов, заради настанатата ситуација односно смртта на претседателот Колев, со седницата претседаваше најстариот член во Советот, господинот Душко Атанасов.

DSCN0347

DSCN0350Со осум гласови „за“ и четири воздржани, без дискусиии и забелешки советниците ги усвоија: Предлог-програма за комунални дејности на подрачјето на општина Василево за 2015 година, Кварталниот  извештај за извршувањето на Буџетот за 2014 година за периодот од 01.01.2014 до 31.12.2014 год. (К-1), Кварталниот  извештај за доспеани а неизмирени обврски  на општина Василево за периодот од 01.01.2014 до 31.12.2014 год. (К-2), и Кварталниот  извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2014 до 31.12.2014 год. (К-3), како и Предлог-одлуката за измена и дополнување на одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево, кој беше прифатен како дополнителен предлог на денешниот дневен ред.

DSCN0361

DSCN0364

DSCN0365Советниците од двете советнички групи беа со усогласени ставови и едногласно ги усвоија следниве предлози: Одлука по барање за финансиска помош поднесено од граѓанин од с. Ангелци, Извештајот за реализацијата на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Василево за 2014 година, Годишната програма за обука на државните службеници и Предлог-одлуката за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време во ЈОУГД „Прва радост“, општина Василево, за што е утврдено почетокот да биде во 06,00 часот наутро а завршетокот во 17,00 часот.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Формирање координативно тело за следење на најавеното невреме

DSCN5485

ЗАПИСНИК ЗА ФОРМИРАЊЕ КООРДИНАТИВНО ТЕЛО ЗАРАДИ СЛЕДЕЊЕ НА СОСОЈБАТА ЗА НАЈАВЕНОТО НЕВРЕМЕ

На координативниот состанок беше договорено да се ангажираат пет лица вработени во општина Василево кои ќе ја следат состојбата на терен и ќе го известуваат градоначалникот за секоја настаната промена.

Лицата се:
– Митко Јанев бр.тел. 071/874-769
– Боби Величковски бр.тел.071/261-707
– Ацо Митев бр.тел 071/261-502
– Тони Ристов бр.тел. 071-575-481
– Бранко Андонов бр.тел. 071/205-117
Секоe од лицата ќе добие одредена локација која ќе ја надгледува и следи и тоа :
– На потегот од Радичево до мостот Доброшинци – Митко Јанев,
– Боби Величковски ќе ја надгледува состојбата на брана Турија и течението на река Турија,
– Тони Ристов ќе ја надгледува сосотојбата од мостот кон Доброшинци до Василево,
– Ацо Митев и Бранко Андонов од Василево до Просенички пат.
За сите настанати промеnи и критични ситуации истите се должни да го известуваат градоначалникот и заеднички да се донесе донесе решение за преземање интервенција.
Се задолжува директорот на ЈПКД Турија Василево целокупната механизација да ја стави на располагање и да биде во приправност.
Се задолжуваат сите приватни локални компании кои располагаат со соодветна механизација, истите да бидат ставени на располагање на општина Василево.
Се замолуват граѓаните на сите населени места од општина Василево во случај на загрозеност да контактираат со лицата назначени од општина Василево.

Општина Василево
30.01.2015
Градоначалник Ванчо Стојанов _______________
Митко Јанев______________________________
Боби Величковски________________________
Ацо Митев_______________________________
Тони Ристов______________________________
Бранко Андонов_________________________

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 22-та Седница на Советот на општина Василево

IMG_4837

Во петок, 30.01.2015 година, со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 22-та Седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
1. Предлог-програма за комунални дејности ма подрачјето на општина Василево за 2015 година.
2. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот за 2014 година за периодот од 01.01.2014 до 31.12.2014 год. (К-1).
3. Квартален извештај за доспеани а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2014 до 31.12.2014 год. (К-2).
4. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2014 до 31.12.2014 год. (К-3).
5. Донесување на Одлука по барањето за финансиска помош поднесено од Сашко Димитриев од с. Ангелци.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Почина Илчо Колев, претседателот на Совет на општина Василево

kolev (1)

На 24.01.2015 ненадејно почина Илчо Колев, претседател на Совет на општина Василево. Колев е роден 1963, татко на две деца. Работеше во Министерството за Земјоделие. Во 2013 година беше избран за советник во Советот на Општина Василево, а иста година е изгласан и за претседател на Советот.

Комеморативната седница ќе се одржи во недела, 25 јануари 2015 година, со почеток во 11.30 часот во салата на Советот. Погребот ќе биде во 14.00 часот на гробиштата во Пиперево.

10472096_10152992032983957_54653736857367556_n

ИЛЧО КОЛЕВ (1963-2015)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Се чистат каналите во општина Василево

DSCN5449

Во текот на денешниот ден, механизација ангажирана од Струмички слив ги привршува активностите на чистење на каналот што ги поврзува населените места Едрениково и Градошорци. Според информацијата добиена од градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, оваа активност се спроведува во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р.Македонија кое, активноста на чистење на каналите во општина Василево им ја има доверено на Струмички слив. Предлогот за тоа кои канали ќе бидат исчистени на барање на Министерството е даден од локалната самоуправа Василево.

Во текот на минатата недела во рамки на истата активност исчистен е и каналот во населеното место Чанаклија, односно Азмакот како што е познат меѓу народот, во должина од околу 4 км.
Градоначалникот Стојанов информира дека чистењето на каналите е една од приоритетните активности на општината, која во соработка министерствата, општинското јавно комунално претпријатие и другите институции кои имаат надлежност од оваа област, продолжува и понатаму да ја спроведува во сите населени места согласно потребите.

DSCN5445DSCN5459DSCN5447

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail