Author Archives: opstinaadmin

Нормализирано снабдувањето со вода во општина Василево

images

Од ЈПКД „Турија“,  Василево информираат дека е нормализирано снабдувањето со вода на жителите кои  користат вода  од Регионалниот водовод, Василево, Ангелци, Градашорци.

Дефектот на главниот цевковод од  Брана Турија, кој беше причина за прекинот  во водоснабдувањето е саниран.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Известување од ЈПКД „Турија“, Василево за дефект на главниот цевковод од Брана „Турија“

images

Од ЈПКД „Турија, Василево, ги известуваат жителите на општина Василево, кои со вода се снабдуваат од Регионалниот водовод Василево, Ангелци, Градашорци,   дека поради дефект на главниот цевковод од Брана Турија, во текот на денот ќе дојде до прекин на водоснабдувањето.

Снабдувањето со вода ќе се нормализира по санирањето на дефектот, на  што интензивно се работи.

Известување од ЈПКД „Турија'“

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Известување за прскање против комарци во Југоисточниот регион

prskawe-komarci-1

Општина Василево, како една од општините во Југоисточниот плански регион, каде прскањето против комарци се врши во организација на Центарот за развој на Југоисточниот регион, информира дека согласно информацијата објавена на веб страната на ЦРЈИПР, https://southeast.mk/, прскањето против комарци ќе започне на 14.06.2022 година.

Во продолжение е линкот од Известувањето за прскање против комарци во Југоисточниот плански регион,

https://southeast.mk/2022/06/04/%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%b2-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%b0%d1%80%d1%86/

 

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот на општина Василево во Дукатино, по повод Спасовден

44

„Нашиот македонски народ со право може да се гордее со една богата култура и традиција, која е создавана со векови и постојано се надградува и се пренесува. Заедно со граѓаните во Дукатино по повод празникот Вознесение Христово – Спасовден!“ Нека е за многу години!,  напиша на својот ФБ профил https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево,  Славе Андонов, кој синоќа, во пресрет на празникот беше во насленото место Дукатино.

Празникот Спасовден – Вознесение Христово е селска слава во ова населено место чие празнување традиционално започнува во предвечерјето на празникот, со општонароден собир во дворот на црквата Св.Спас.

1 3

8

7 6

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Донација од таблети и проектори за општинските основни училишта

naslov_432x768

Двете основни општински училишта ООУ „Гоце Делчев“, Василево и ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала, за потребите на наставата добија донација, таблети и  проектори.

Таблетите, вкупно 63 од кои 23 за ООУ „Гоце Делчев“ и 40 за ООУ „Атанас Нивичански“ се обезбедени од Министерството за образование и наука и истите се наменети за учениците од социјално ранливи семејства, за нивно полесно вклопување во редовниот наставен процес.

„Проекторите се донација од дијаспората, за што училиштата и општината изразуваат посебна благодарност. Донацијата е добредојдена и секако ќе најде своја примена во  реализирањето на наставните програми и содржини и ќе придонесе за нивно полесно совладување“, изјави градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во врска со донациите на  училиштата.

IMG-8b3fe3bacf16297c465f7eda5fdc0cc0-V_432x768 IMG-62630d76524db716ad8d207811a2e93b-V_389x768 IMG-ca28a41361a56a088aba859feb58ac81-V_278x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево потпиша Меморандум за соработка за изградба на парк во Чанаклија

DSC_0431_1024x681

Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во рамките на проектот Програма за развој на заедницата кој е финансиран од УСАИД, а се имплементира на територијата на ЛАГ Беласица – Огражден (Локална акциона група – Беласица-Огражден),  во партнерство со Мрежата за рурален развој на Северна Македонија  (Rural Development Network of Nort Macedonia) потпиша Меморандум за соработка помеѓу имлементаторите и општествено одговорни организации од општина Василево со чија помош во материјални средства и услуги ќе се реализира проектната иницијатива „Изградба на парк во с. Чанаклија“.  Меморандумот има за цел да формализаира соработката помеѓу Мрежата за рурален развој на Северна Македонија со партнерот Лаг Беласица Огражден, општина Василево, ЈПКД „Турија“, Василево и Гарден центар Ристови, за реализација на проектната иницијатива.

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, по потпишувањето на Меморандумот, изрази благодарност до партнерите за соработката, чија крајна цел е изградба на нов парк во с. Чанаклија а со тоа и унапредување на квалитетот на животот на локалното население.

DSC_0432_1024x681 DSC_0433_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

По 11-ти пат се одржа планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“

6

Во организација на ЗПСК „Маратон“, Струмица и под покровителство на општина Василево, во недела (29.05.2022 г.) се одржа планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“.

11 Години по ред, планинарите, придружувани од љубителите на природата од регионот и пошироко, пешачат по патеката по која во далечната 1902 година, американската мисионерка Мис Стон заедно со нејзината придружничка  Катерина Цилка, придружувани од локалниот војвода Атанас Нивичански-Брадата, се движеле од Малешевијата до с. Градашорци и Струмица, каде биле разменети за одредена сума пари наменета за купување оружје за целите на Револуцијата.

Учесниците во маршот, се движеа по следнава маршута: брана Турија – Јурукова колиба – Павлова ливада – Железен дол.

Пристигнувањето на целта, традиционално е проследено со заеднички ручек, подготвен од организаторот и доделување на Благодарници заучесниците и  помагателите на настанот.

„Планинарскиот марш По патеките на Мис Стон е традиционален и општина Василево и понатаму ќе го поддржува“, напиша на својот https://www.facebook.com/vasilevo24

 и на   ФБ профилот на општина Василево https://www.facebook.com/o.vasilevo, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој даде поддрка за годинешното одржување на  настанот.

1 3

 5 7

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Листа со добитници на субвенции за инвертер клима уреди во општина Василево

2

Комисија за спроведување на постапката по Јавниот повик за субвенционирање на домаќинствата во општина Василево за набавка и монтажа на високоефикасни клима уреди, http://opstinavasilevo.gov.mk/?p=11231 ,  по разгледувањето на поднесената документација од страна на подносителите (баратели), изготви Записник и Листа со  прифатени Барања за субвенционирање на домаќинства на општина Василево за набавка и монтажа на високоефикасни климам уреди.

Согласно одредбите на Јавниот повик, во продолжение ги објавуваме интегрално следниве документи:

Записник,  Листа со прифатени Барања

Листа со прифатени Барања

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Завршна приредба на градинката „Прва радост“, Василево

DSC_0401_1024x681

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес беше гостин во градинката „Прва радост“, Василево, каде дечињата од големата група на свечен начин се збогуваа од своите помали другарчиња и  воспитувачките и добрите тетки кои секојдневно се грижат за нив.

Присутните ги поздрави директорката на градинката Василија Христова, која на дечињата им посака, здравје, среќа и многу знање и успеси од септември, кога како првачиња ќе седнат во училишните клупи.

„Збогум, збогум градинке, немој да си тажна, ќе мислам на тебе, од септември ќе сум прваче…..“ идните првачиња пееја и рецитираа песнички и стихови специјално подготвени за свечениот чин, кој заврши со доделување на дипломи со кои на симболичен начин е означен крајот на нивниот престој во градинката и подготвеноста за следните предизвици кои како ученици, ги очекуваат од септември.

DSC_0417_1024x681

DSC_0395_1024x681

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Василево, Пиперево и Владевци добија специјални контејнери за стакло

2

„Пакомак“ во соработка со општина Василево и ЈПКД „Турија“, вчера,  во населените места Василево, Пиперево и Владевци поставија контејнери во кои исклучиво треба да се депонира стакло, односно стаклена амбалажа.  Контејнерите се со зафатнина од 1,5 м3 .

„Со цел подобрување на комуналната инфрастуктура и овозможување селективно одложување на отпадот општина Василево во соработка со „Пакомак” постави специјални 1,5 m3 игло контејнери за стакло во Василево, Пиперево и Владевци.

Местото на отпадот е во специјално назначените контејнери, а не во реките, на улиците, во парковите. Чистата животна средина треба да биде наш постојан предизвик, и сите ние да придонесуваме кон тоа“, по тој повод, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24 , градоначалникот на општина Василево Славе Андонов кој присуствуваше на поставувањето на контејнерите во населените места.

3 4 5

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail