Author Archives: opstinaadmin

Продолжува изградбата на улиците во Градашорци и Василево

1

„Изградбата на улиците во населените места Василево и Градашорци, напредува“, информира градоначалникот на општина Василево Славе Андонов  по денешната обиколка на улиците во изградба.

Тековно се гради на две локации во населеното  место Василево и тоа улицата која води покрај каналот, чија должина е 420 метри и истата започнува од спојот  со постоечка улица во центарот на Василево, и завршува јужно од Василево, кај  индустриската зона кон Добрејци и Струмица. Другата улица во изградба во Василево е улицата од црквата  Пресвета Богородица  до  ООУ „Гоце Делчев“ односно спојот со главната улица кај училиштето црквата во должина од 720 метри.

Во населеното место Градашорци, пак се гради улицата која води од Домот на културата кон индустриската зона во должина од 432 метри.

Срредствата за овие капитални проекти, односно за улицата во Градашорци и улицата покрај каналот во Василево,  во вкупен износ од околу 5 800 000 денари, општината ги има обезбедено преку Проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, додека за улицата во Василево од црквата до училиштето, 2 000 000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, Министерство за локална самоуправа и околу 6,5 милиони се сопствени средства на општина Василево.

2 3 4

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот на општина Василево оствари средба со градоначалникот на општина Кресна, Р.Бугарија

3

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, на покана на својот бугарски колега Николај Георгиев, беше во работна посета на општина Кресна, Р.Бугарија. Според информацијата од градоначалникот Андонов на средбата било разговарано за актуелни теми и за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете општини. Разговарана било и за размена на искуства во областа на образованието.

Ова беше прва посета на градоначалникот Андонов на свој колега надвор од границите на РСМакедонија.

4 1 2

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Жителите на Висока Маала добија новоизградена улица

1

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, денес беше во населеното место Висока Маала, каде изврши увид на штотуку изградената улица. „Изградбата на оваа улица е доказ и пример за успешна соработка меѓу месното население и локалната самоуправа“, изјави градоначалникот на општина Василево по денешната посета на населеното место Висока Маала, каде заедно со граѓаните прошета по новоизградената улица.

Жителите на населеното место Висока Маала, до Советот на општина Василево, на последната седница,  имаа поднесено барање за материјал, односно цемент за изградба една од селските улици. Барањето беше одобрено и експресно реализирано од страна на општината.

„Со бетонирањето на оваа улица, решен е проблем од суштинско значење за жителите на Висока Маала. Соработката е клучна за успешно решавање на сите проблеми, а општина Василево и во иднина,  секогаш кога за тоа ќе има услови,  ќе продолжи да го практикува ваквиот начин на работа, изјави  градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.

3 4 5 6 7 8 11 13 14

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Кик боксерот Пепи Велков во посета на градоначалникот Андонов

DSC_0459_1024x681

Денес, кик боксерот Пепи Велков го посети градоначалникот на општина Василево Славе Андонов за, како што рече, да му се заблагодари за поддршката што неодамна ја доби од него и да  ја сподели радоста од победата во Хам Германија, каде го освои појасот „Hammer Figt Night“. Ова е резултат на напорните тренинзи, континуитетот и посветеноста кон овој спорт. Кога се има цел, и упорно се работи,  резултатите се постигнуваат“, изјави Велков.

„Се радувам на успехот на Пепи. Поддршка ќе има и во иднина. Како градоначалник и општина секогаш ќе бидеме на страната на спортот. Спортистите се нашите најдобри промотори“, рече градоначалникот  Андонов.

Појасот „Hammer Figt Night“, Велков го освои на неодамна одржаниот интернационален натпревар што се одржа во Хам, Германија, каде во дисциплината ЛОУ-КИК, во категоријата до 68 кг. победи на поени со 2:1.

DSC_0454_1024x681

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов оствари средба со координаторот на ТИКА Халим Омер Согут

DSC_0445_1024x681

Денес, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов и координаторот на ТИКА (Турска агенција за соработка и координација) Халим Омер Согут, заеднички направија посета на населените места Висока Маала и Новаа Маала, по што имаа работен состанок во кабинетот на градоначалникот Андонов.

Во фокусот на посетата на населеното место Висока Маала, беше новото училиште во ова населено место, изградено пред околу шест години со средства од ТИКА, а во кое наставата почна да се одвива оваа година како резултат на напорите на градоначалникот Андонов, кој успеа да ги убеди родителите, да им дозволат на своите деца настава да посетуваат во овој објект.

Во населеното место Нова Маала, цел на посетата беше просторот во близина на џамијата, за кој постои заедничка идеја за негово уредување во мултифункционално катче во функција на граѓаните од ова населено место.

Средбата продолжи во кабинетиот на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, каде е разговарано за идната соработка, од која треба да произлезат конкретни проекти кои во основа ќе значат подобрување на условиоте за живот во населените места во општина Василево во кои живее турско население.

Општина Васиево и ТИКА имаат долгогодишна плодна соработка, која во интерес на  граѓаните ќе продолжи и во иднина.

DSC_0391_1024x681 DSC_0396_1024x681 DSC_0405_1024x681 DSC_0413_1024x681 DSC_0416_1024x681 DSC_0425_1024x681 DSC_0427_1024x681 DSC_0432_1024x681 DSC_0434_1024x681 DSC_0448_1024x681

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ја одржа шестата седница

Sala na Sovet

Вчера, Советот на општина Василево ја одржа шестата редовна седница на чиј дневен ред беа  и Завршната сметка на општината за 2021 година   и Годишниот извештај за 2021 година.

Според завршната сметка, доставена од одделението за финансии, вкупниот износ на планирани и остварени приходи и расходи  во 2021 година е 78,7 % или од планирани 182 819 921 денари, реализирани се 143 981 812 денари. Салдото на сите сметки на Буџетот на општина Василево  на 31.12.2021 год.изнесува 670 386 ден.

На седницата беа разгледани и усвоени уште три предлози од областа на финансии и буџет и тоа Предлог-одлуката за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево за 2022 година, Предлог-одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Василево за 2022 година и Предлог-одлука за измена на распоредот  на средствата на Буџетот на општина Василево за 2022 година. Советниците ја усвоија и предлог-програмата за животна средина на општина Василево за 2022 година, како и предлог-програмата  за измена и дополнување на програмата за спорт, рекреација и манифистации на подрачјето на општина Василево за 2022 годин и измена и дополнување на Програмата за изработка на УП за 2022 година. Советот ја усвои и предлог одлуката за вклопување на бесправните објекти – Магацин на к.п бр 190/1 и 194/3 во КО Радичево.

На дневен ред на денешната седница беа и неколку предлог-одлуки донесени од УО на ЈПКД „Турија“ Василево:  Финансискиот извештај за четвртото тромесечие за 2021 година од 01.01.2021 до 31.12.2021 усвоен од Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“, Василево, бр. 02-50/1 од 24.01.2022 година; Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“, Василево  за утврдување на тарифата за водата за пиење или водоснабдување на физичките лица бр.02-51/1 од 24.01.2022 година;  Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“, Василево  за утврдување на тарифата за водата за пиење или водоснабдување на правните лица бр.02-52/1 од 24.01.2022 година; Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“, Василево  за утврдување на тарифата за водата за собирање и одведување на урбани отпадни води на правните лица  бр.02-54/1 од 24.01.2022 година и  Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“, Василево  за утврдување на тарифата за водата за собирање и одведување на урбани отпадни води на физички лица  бр.02-53/1 од 24.01.2022 година.

На дневен ред на Седницата беа и два предлози од УО на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за именување членови во УО на градинката, и тоа Гонца  Гоџирова како предлог на Министерството за труд и социјална политика и Љубинка Делева, предлог од Советот на родители.

Советниците дадоа согласност и за поднесените барања за финансиска поддршка поднесени од неколку физички и правни лица.

Усвоени беа и двете точки кои како дополнителни беа ставени на дневен ред на самата седница: Предлог-одлуката за утврдување на висината на комуналните такси и Барањето за градежни матееријали за улица во с. Висока Маала, поднесено од група граѓани од ова населено место.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Отчет на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов за првите 100 дена од мандатот

1_1024x683

Градоначалникот на општина Василево, Славе  Андонов во присуство на голем број свои сограѓани, даде отчет за сработеното во првите сто дена од својот мандат. Како што рече на почетокот на своето обраќање отчетот го дава „достоинствено, отворено, со крената глава, свесен за постигнатото, притоа….максимално почитувајќи ги барањата на граѓаните бидејќи оправданоста на сите активности има смисла единствено доколку ги исполни нивните очекувања. Најави, сериозен, обмислен и плански развој нан општина Василево.

Во продолжение е интегралниот текст од отчетот за реализираното во 100-те дена на чело на општина Василево.

Почитувани сограѓани

 Достоинствено, отворено, со крената глава, свесен за постигнатото во првите 100 дена од мојот мандат како градоначалник на општина Василево, еве ме  пред Вас подготвен да дадам отчет за сработеното.

Ако денот по утрото се познава, овие сто дена се показател за насоката во која општина Василево почна да се движи. Сериозно, обмислено, плански .

Чекор по чекор во склад со можностите и ставање приоретит на најнеопходното.

И од првиот ден заедно со граѓаните, максимално почитувајќи ги нивните барања и сугестии, бидејќи оправданаста на сите мои активности   единствено има смисла доколку ги исполни очекувањата и барањата на  граѓаните на  општина Василево.

Нивните барања  се и ќе останат најголем предизвик и темел на сите идни планови и програми преку кои ќе го подобруваме секојдневното живеење.

100 дена исполнети со предизвици и обременети од енормно големиот затекнат долг, поради кој е отежнато дури и секојдневното функционирање на локалната самоуправа.

Најголем предизвик со кој се соочив во почетокот на мојот мандат е катастрофалната финансиска состојба, чии последици ќе се чуствуваат подолг период .

Неколку недели по изборите следуваше сериозна можност за исклучување на струјата.

Но како што сите знаете до тоа не дојде како резултат на максималната ангажираност на вработените во општината, кои беа на висина на задачата.

Затекнав долг од преку 80 милиони денари, блокирана сметка од преку 10 милиони денари, што верувам сите ќе се согласите е сериозна сума за општина како нашата.

Опомени и тужби пред извршни наплати за милионски суми станаа секојдневие во нашата општина.

Но за сето тоа постојат институции кои треба да постапат во рамки на своите надлежности, бидејќи тоа народот го очекува.

Кога се има воља и желба за промена на подобро, кога се има енергија и визија резултатите се неминовни.

Почнавме да ги враќаме долговите, повеќето фирми кои ја блокираа сметката на општината, ги исплативме и ветувам овде и денес дека општина Василево во мојот мандат ќе биде општина без блокирана сметка како и што доликува.

И моја желба и определба е овој начин на работа никогаш повеќе да не се повтори.

Граѓаните заслужуваат многу повеќе и многу подобро.

Од првиот ден,  на терен, меѓу граѓаните,  во населените места, со ентузијазам, работно, решавајќи прашања кои се во надлежност на локалната самоуправа.

Проблемите од комуналната сфера, за жал  никогаш не ја губат својата актуелност.

Во соработка со ЈПКД „Турија“ уште од првиот ден ја започнавме битката со депониите, кои беа буквално насекаде околу нас.

Го исчистивме просторот околу детската градинка во Василево, ги исчистивме дивите  депонии  на влезовите од населените места  Сушево и  Нова Маала, како и дивата депонија и гробиштата во с. Василево.

Ја ангажиравме механизацијата на ЈПКД Турија и за чистење на каналите во населените места Седларци, Ангелци и Градашорци од каде се отстранети околу 60 м3 наносен материјал, главно кал, тиња и вегетација, со што им ја вративме првобитната намена.

Првобитната намена им ја вративме и на отворениот канал во с. Пиперево и каналот покрај главниот пат во с. Радичево, кои беа уредени со помош на механизацијата и вработените во нашето јавно комунално претпријатие. Заедно со ЈПКД „Турија“, извршивме и проширување на мрежата на атмосферската канализација  во с. Василево, а со својата механизација беа помош и поддршка во ископот и подготовката на базенот во с. Радичево  и расчистувањето и уредувањето на локациите во сите населени места каде по повод верскиот празник Богојавление се вршеше верскиот обред- осветување на водите.

Во населените места  Чанаклија и Дукатино спроведовме активности на порамнување и уредување на улици и земјени површини, а во општинскиот центар Василево една од улиците ја тампониравме.

И сето тоа  користејќи ги  исклучиво сопствените односно капацитетите на ЈПКД „Турија“; Василево.

Локалната патна инфраструктура како еден од најбитните сегменти за нормалното секојдневно функционирање на секој поединец,  периодов,  постојано беше во фокусот на моите активности.

Населеното место Добрашинци доби две новоасфалтирани улици, едната во должина од 100 а другата од 165 метри.  Нов асфалт во должина од 250 метри   поставивме и на пристапниот пат што води до населеното место Нова Маала.  Со скромен буџет, но не помалку важно за граѓаните од овој подогражденски крај беше и крпењето на дупките на патот што води кон Добрашинци.

Во делот на локалната патна инфраструктура тековно работиме на три големи проекти: целосна реконструкција на локалниот пат Ново Владевци-Старо Владевци во должина од околу 2 км.и буџет  од речиси 20 000 000 денари денари, како и  две улици во Василево, едната која беше во несоодветно време почната со изградба поради популистички цели пред изборите од црквата до училиштето Гоце Делчев, во должина од 720 метри и улицата покрај каналот чија должина е 420 метри .

Тековно се одвиваат активностите и на целосната реконструкција на Домот на културата во с. Василево.

Во овој краток период успевме да инвестираме и во образованието. Со бехатон го уредивме дворот на подрачното училиште во населеното место Дукатино, а во централното училиште во Василево каде наставата се одвива во две смени го осветливме училишниот двор. За поквалитетна настава двете основни општински училишта во Василево и Нова Маала добија кабинети по биологија и хемија.

Како посебно важно достигнување во првите сто дена,  во делот на образованието го сметам  моментот на  прифаќањето на жителите од Висока Маала, нивните деца, да посетуваат настава во новоизградениот училишен објект, кој беше изграден и опремен пред околу  шест години, а во кој тие одбиваа да учат.

Како градоначалник и во иднина,  останувам посветено да работам на подобрување на условите во кои се одвива образованието, бидејќи вложувањата во оваа област се инвестиција во иднината на нашите деца и иднината на општина Василево.

Со блокирана сметка, да се одговори на многубројните барањата на граѓаните и да се менаџираат тековните потреби без притоа да се занемари некоја од обврските во рамки на законските надлежности,  за мене е предизвик пред кој сум исправен буквално секој ден.

Средбите со граѓаните, независно дали се средби со поединци или разни облици на здруженија на граѓани, за мене се особено важни.

На мојата работна агенда во изминатите сто дена беа средби со КУД Сушевски бисери, ЛД Фазан од Василево, со претставници на ОО на Црвен крст од Струмица, со викарниот епископ Јаков Стобиски, со претставниците на ЛАГ Беласица -Огражден и Програмата на УСАИД Nort Macedonia за развој на заедницата, со претставници на ЦУК, со координаторот на ТИКА во нашата земја, со тутунопроизводителите на откупните пунктови, со кик боксерот Пепи Велков, со претставник од Независниот синдикат на полициски службеници – Струмица и со сите оние граѓани кои имаа потреба од средба со Градоначалникот.

Мојата врата е секогаш отворена а  позитивните импулси од сите тие средби и разговори со сигурност ќе се рефлектираат во понатамошното успешно работење на општина Василево, како општина на сите нејзини граѓани.

Стоте дена се само почеток и вовед во она што во континуитет ќе се случува во општина Василево, а тоа е работа во функција на доброто на сите граѓани на општина Василево, работа која ќе продуцира развој на населените места и  подобри услови за живот на нашите граѓани.

Во таа насока е и изработката на урбанистичките планови за населените места  Владевци, Ангелци и Градашорци  кои се во завршна фаза, а ќе придонесат за решавање на проблемите во сферата на планското градење и домување.

Изградбата на систем за фекална канализација за населеното место Василево е активност од врвен приоритет која како мое предизборно ветување ќа ја реализирам во текот на мојот мандат.

Во најбрзо време ќе биде распишан јавен повик за субвенционирање на инвертер клими за граѓаните, проект кој исто така беше ветен за време на мојата изборна кампања.

Следниот месец ќе започнеме со изградба на водовод за населеното место Дукатино, како трајно решение за еден децениски проблем за жителите од ова населено место.

Во делот на локалната патна инфраструктура во план е реализација на повеќе проекти меѓу кои:

Асфалтирање  на патот  во с. Радичево до црквата; Асфалтирање на пат од влезот до центарот на с. Добрашинци;  асфалтирање на пат во с. Градашорци од домот на култура до индустриска зона,  Асфалтирање на патот во Дукатино до манастирот Св.Ѓорѓија, Доасфалтирање на патот од Добрашинци до Нова Маала; во Пиперево ќе се асфалтираат две улици, две улици, но со бехатон,  ќе бидат изградени и во Василево, по една улица ќе асфалтираме во населените места Седлрци и Сушево, партерно ќе го уредиме и оплемениме и просторот околу домот на културата во Нова Маала. Во населените места Чанаклија Василево и Висока Маала ќе изградиме повеќенаменски игралишта кои со сигурност ќе влијаат врз квалитетот на животот, посебно на помладите генерации.

Загарантирана поддршка имаат сите традиционални манифастации и настани кои се одржуваат низ населените места на општина Василево, а нема да изостане и поддршката што ја имаат и  двата наши спортски клубови: ФК Василево од Василево и ОК СУшево од Сушево, нашите промотори надвор од општинските граници. Клубови на чии резултати и успеси  сите ќе се радуваме.

Почитувани!

Иднината што ја нудиме е сигурна,  втемелена на доброто планирање и во рамки на реалните можности на општина Василево.

Осмислено, плански продолжуваме понатаму. Секој нов ден, секој нов проблем за мене е предизвик чие решавање ќе значи нова подобра иднина за сите.

4_1024x683

7_1024x683

3_1024x683

9_512x768

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започна изградбата на улицата во Градшорци од Домот на културата до индиустриската зона

DSC_0372_1024x681

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов направи увид во стартот на градежните работи на улицата во Градашорци која води од Домот на културата кон индустриската зона.

Улицата се гради во  рамки на Проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка

Должината на оваа улица изнесува 432 метри а вкупната ширина е 5 метри од кои 3,5 асфалтен коловоз и по 0,75 м. банкини од двете страни на улицата.  Вкупниот Буџет за нејзина реализација изнесува 2 493 495 денари. Изведувач на градежните работи на терен е градежната компанија Ескаватори МК дооел.

DSC_0369_1024x681

DSC_0372_1024x681

DSC_0380_1024x681

DSC_0383_1024x681

DSC_0381_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за шестата седница на Советот на општина Василево

Sala na Sovet

На ден 28.02.2022 година (понеделник), со почеток во 13,00 часот, во просториите на спортската сала при ООУ „Гоце Делчев“, Василево,  Советот на општина Василево, ќе ја одржи редовната шеста седница.

За работа на Советот предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево за 2022 година
  2. Предлог-одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Василево за 2022 година
  3. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2022 година
  4. Предлог-завршна сметка на Буџетот на општина Василево за 2021 година
  5. Годишен извештај на општина Василево за 2021 година
  6. Предлог-програма за животна средина на општина Василево за 2022 година
  7. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за спорт, рекреација и манифистации на подрачјето на општина Василево за 2022 година
  8. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови за 2022 година
  9. Предлог-одлука за утврдување на потребата од вклопување на бесправните објекти – Магацин на к.п бр 190/1 и 194/3 КО Радичево
  10. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Марија Георгиева од с. Нова Маала
  11. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Јусуф Дестанов од с. Висока Маала
  12. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Стефан Таушанов од Струмица
  13. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Танева Снежана од Пиперево
  14. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Ловечкото друштво „Фазан“, Василево за одржување на ловечка вечер
  15. Давање согласност на Финансискиот извештај за четвртото тромесечие за 2021 година од 01.01.2021 до 31.12.2021 усвоен од Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“, Василево, бр. 02-50/1 од 24.01.2022 година
  16. Давање согласност на Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“, Василево за утврдување на тарифата за водата за пиење или водоснабдување на правните лица бр.02-52/1 од 24.01.2022 година
  17. Давање согласност на Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“, Василево за утврдување на тарифата за водата за пиење или водоснабдување на физичките лица бр.02-51/1 од 24.01.2022 година
  18. Давање согласност на Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“, Василево за утврдување на тарифата за водата за собирање и одведување на урбани отпадни води на правните лица  бр.02-54/1 од 24.01.2022 година
  19. Давање согласност на Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“, Василево за утврдување на тарифата за водата за собирање и одведување на урбани отпадни води на физички лица  бр.02-53/1 од 24.01.2022 година
  20. Предлог-решение за именување на член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Прва радост“ Василево, по предлог на Министерството за труд и социјална политика.
  21. Предлог-решение за именување на член на Управниот одбор во ЈОУДГ „Прва радост“, Василево по предлог на Советот на родители при ЈОУДГ „Прва радост“, Василево.
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот Андонов на одбележување на годишнината од Europe House, Струмица

наслов

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, вчера присуствуваше на свечениот настан по повод одбележувањето на една година од отварањето на Open House,Струмица, на кој присуствуваа Делегација од Европската Унија  во РСМакедонија предводена од амбасадорот Дејвид Гир,  амбасадорката на Германија, Анке Холштајн, амбасадорката на Хрватска Нивес Тигањ, Амбасадорот на Словенија Милан Предан и заменик амбасадорот на Бугарија, Димитар Карастојанов како и градоначалниците од Југоисточниот плански регион.

Како што информира градоначалникот Андонов, со амбасадорот Гир разговарале за предизвиците со кои се соочува општина Василево.

„Со амбасадорот Гир разговаравме за предизвиците со кои се соочува општина Василево“, напиша меѓу другото на својот ФБ профил, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по средбата со амбасадорот Гир остварена на одбележувањето на годишнината од отварањето на Europe House во Струмица.

Europe House, Струмица е основана  од Делегацијата на Европската унија во РСМакедонија  со цел да се привлече младинскиот сектор,  да се стимулираат иновации  и да служи како собиралиште каде младите креативци ќе промовираат европски вредности.

2

3

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail