Author Archives: opstinaadmin

Викендов се скратува забраната за движење

09.05. 2020

На последната седница Владата на РС Македонија   донесе одлука за скратување на забраната за движење за време на овој викенд.

Почнувајќи од утре, во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05 часот до 19 часот.

Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05 до 12 часот.

Почитувајќи ги препораките се грижиме за нашето и за здравјето на сите граѓани.

Движење, 09.05. 2020

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Одбележан патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“, Василево

DSC_0058_1280x851

Денес, по повод патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“ од Василево, делегации од училиштето и локалната самоуправа,  положија свежо цвеќе и се поклонија пред бистата на Гоце Делчев во училишниот двор.

Одбележувањето  на 117 годишнината од смртта на Делчев, беше согласно актуелната  остојба со Коронавирусот  (COVID-19), поради што изостана традиционалниот начин на чествување на ликот и делото на херојот и еден од најистакнатите борци за независна и слободна Македонија.

Неговата мисла „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, и денес ја има истата големина,  значење  и моќ, како и тогаш, пред повеќе од сто години притоа  обврзувајќи ги неговите потомци, сегашните генерации, на мудри одлуки и решенија.

Споменот за неговото дело останува вечен и затоа  вечна му слава на херојот Гоце Делчев.

DSC_0068_1280x851

DSC_0058_1280x851

DSC_0061_1280x851

DSC_0064_1280x851

DSC_0066_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Препораки од Народна банка во врска со исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита

NBRM-horz

По известувањето дека сите банки се подготвени да ја реализираат исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита, притоа водејќи грижа за заштита на јавното здравје, апелираме:

  • При посета на филијалите и експозитурите на банките, во текот на следната недела, корисниците на парична помош од социјална и детска заштита коишто досега не поседуваат дебитна картичка, да го поднесат барањето за изработка на картичка поврзана со нивната сметка. На тој начин, од следниот месец, паричната помош од социјална/детска заштита ќе им биде достапна без да треба да ги посетуваат филијалите и експозитурите на банките за да подигнат готовина
  • При посетата на филијала/експозитура да се реализираат и другите банкарски услуги за коишто корисникот на паричната помош смета дека во овој период е потребно физичко присуство, со цел да не мора неколкукратно да ја посетува банката во краток период.
  • Корисниците на парична помош од социјална и детска заштита, коишто поседуваат дебитна картичка и од понеделник ќе располагаат со средствата, заради заштита на јавното здравје да настојуваат секогаш кога имаат потреба од готовина, за таа цел да ги користат банкоматите. Со тоа ќе придонесат за помало физичко присуство во банките и ќе им дадат предност на корисниците коишто во моментот не поседуваат дебитна картичка. Во трговската мрежа, секогаш кога е можно, најсоодветно е плаќањата да се вршат безготовински – со употреба на картичката.
  • При посета на филијалите и експозитурите да се почитува обврската за задолжително носење лична заштитна опрема (респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, марама или шал, бандана и слично).
  • Да се почитуваат насоките за задолжителна дистанца од другите лица од 2 метри, пред и во објектите на банките.
  • Да се почитуваат насоките за задолжителна дезинфекција на рацете при влез во објектите на банките.

Потсетуваме дека според веќе објавениот распоред, исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита, за корисниците коишто не поседуваат дебитна картичка ќе се спроведе во четири групи, по азбучен ред, според првата буква од презимето:

  • во понеделник, 4 мај – А, Б, В, Г, Д;
  • во вторник, 5 мај – Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л;
  • во среда, 6 мај – Љ, М, Н, Њ, О, П; Р;
  • во четврток, 7 мај – С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Апелираме за придржување до распоредот, со што ќе се овозможи бројноста на лица пред филијалите и експозитурите на банките да биде помала, во корист на здравјето.

Во текот на претстојните денови, Народната банка ќе биде во интензивна комуникација со банките, заеднички настојувајќи сите активности поврзани со исплатата да се остварат на начин којшто е најсоодветен за да се заштити јавното здравје. Веруваме дека како и при готовинските исплати по групи во изминатите неколку недели, системскиот пристап, и при оваа исплата ќе ги даде очекуваните резултати.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Апел до граѓаните на општина Василево

LOGO, Opstina Vasilevo

Кризниот штаб при Општина Василево апелира до граѓаните на Општина Василево , а особено до граѓаните на населените места Едрениково и Пиперево, да се воздржат од славење на верскиот празникот „Ѓурговден“ како селска и домашна слава со што ќе го избегнат групирањето на лица (повеќе од две) а со тоа ќе се однесуваат одговорно и ќе ги почитуваат сите донесени мерки и препораки на Владата на РСМ и Министерството за здравство во поглед на спречување на ширењето на вирусот COVID-19 и за заштита на јавното здравје.

Ви благодарме на разбирањето!

Здравјето пред сè!

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Известување за земјоделците

Движење за први мај

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство ги известува земјоделците, кои не се евидентирани во ЕРЗС, за правилата на движење поврзани со потребите за извршување на земјоделски активности надвор од атарот на своето населено место, за време на викендот во периодот додека трае забраната за движење и тоа:

петок 01 мај од 14:00 часот до 05:00 часот наредниот ден,

сабота 02 мај од 14:00 часот до 05:00 часот наредниот ден,

недела 03 мај од 14:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

Оваа категорија граѓани (земјоделците кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства- ЕРЗС),  исклучиво за извршување на земјоделски активности надвор од атарот на своите населени места, потребно е телефонски да ги известат Општинските кризни штабови во местото на живеење каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.

Потребата за движење за време на викендот, неевидентираните земјоделци треба да ја најават во Кризните штабови, еден ден однапред најдоцна до 20 часот . При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности.

Напоменуваме дека Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, Станица, ОВР, СВР).

-Митко Јанев. 071/874-769
-Верче Миткова. 071/631-048
-Павлинка Николова. 077/543-814
-Наско Глигоров. 078/810-312
-Бранко Андонов 071/205/117
-Симона Стојанова. 077/931/587
-Горан Андонов. 071/239/344

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот Марјан Јанев за април и мај ќе земе минималец

gradonacalnik

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев,  изјави дека  за месеците април и мај, ќе земе минимална плата а остатокот ќе го уплати во Државниот фоннд за помош.

„ЈАС СУМ ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА УСТАВЕН, ЌЕ ЗЕМАМ МИНИМАЛЕЦ А РАЗЛИКАТА ЌЕ ЈА УПЛАТАМ ВО ДРЖАВНИОТ ФОНД ЗА ПОМОШ

Како градоначалник на општина Василево,  Марјан Јанев,  не се согласувам со донесената одлука на Уставен да се укине владината уредба – функционерите, пратениците, обвинителите, судиите за април и мај да земаат плата од 14 500 денари. Во време кога цел свет се бори со пандемијата предизвикана од КОВИД -19 и сите повикуваме на солидарност и помош, одлуката на Уставен ја сметам за ПРИСТРАСНА, НЕЧОВЕЧКА, НЕСОЛИДАРНА. Затоа сакам да ја информирам јавноста дека поради лична желба, лична одговорност и солидарност во овие моменти, за месеците април и мај ќе земам плата од 14 500 денари додека остатокот односно останатите средства до целиот износ на мојата нето плата ќе ги уплатам во Државниот фонд за помагање на граѓаните и фирмите со цел заеднички да ја пребродиме ова криза. Сметам дека сите треба да покажеме солидарност во овие мигови и да ги оставиме личните интереси бидејки станува збор за два месеци . Затоа упатувам апел до сите носители на јавни функции да бидат солидарни и индивидуално да дадеме придонес против ова ситуација и што побрзо да излеземе од кризата….

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево гради четири улици во Висока Маала

3

Во населеното место Висока Маала општина Василево, денес, на терен ги започнаа подготвителните активности за изградба на четири улици.  Две од улиците се во т.н горен дел,  а две во долниот дел на селото. Се  работи за помали улици,  со различни должини и ширина од околу 3,5 метри,  за кои  средствата се обезбедени од Буџетот на општина Василево, во рамки на Програмата за изградба на локални патишта и улици за 2019 година.

Според информацијата од градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев,  приоритет за изградба токму на овие улици дале  жителите на Висока Маала, на средбите кои градоначалникот редовно ги реализира со жителите и на кои се одредуваат приоритетите во населените места.

Асфалтирањето на  овие улици значи   подобрување и осовременување на   локалната патна инфраструктура, која позитивно ќе се одрази на целокупните услови за живот во ова населено место, а во крајна линија и континуитет во заложбите на општина Василево за асфалт до секој дом, изјави градоначалникот Јанев.

Изведувач на работите на терен е градежната компанија Портланд.

4

2

6

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градежни активности на локалниот пат Чанаклија – Нова Маала

наслов

Општина Василево деновиве изведува градежни активности на локалниот пат Чанаклија – Нова Маала, поточно на последниот неасфалтиран дел од овој локален патен кој ги поврзува  овие две  населени места.

Должината на делницата на која се работи изнесува 1 700 метри  и како што информираше градоначалникот на општина Василево,  Марјан Јанев, со ова  комплетно ќе заврши асфалтирањето на овој четири километарски локален пат а со тоа и поврзувањето со асфалт на жителите од Чанаклија и Нова Маала. „Изградбата на патот беше пролонгирана заради избор на нов изведувач односно градежна компанија“,  појасни градоначалникот Јанев во врска со причината поради која оваа активност, за која средствата беа обезбедени и чија реализација беше планирана за минатата година, се реализира годинава.

Вкупниот буџет  изнесува околу 15 000 000 денари и истите се обезбедени од АФПЗРР.

прва

втора

трета

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Владина Одлука за движењето за Првомајските празници

Движење за први мај

На денешната седница на Влада донесена е одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници.

На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот наутро следниот ден.

За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот.

Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.

Остануваат на сила сите други мерки за заштита од Ковид-19 донесени од Владата на Република Северна Македонија.

Движење, Првомајски празници

 

 

 

На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот наутро следниот ден.

За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот.

Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.

Остануваат на сила сите други мерки за заштита од Ковид-19 донесени од Владата на Република Северна Македонија

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Маркети и продавници кои ќе работат за време на продолжениот полициски час

Zabraneto dvizenje na cela teritorija11

Почитувани сограѓани!

Општина Василево и Општинскиот кризен  штаб како надлежни субјекти  Ве информираат кои стопански субјекти, односно продавници и  маркети   ќе работат односно ќе бидат достапни за време на продолжениот полициски час за време на викендот.

По принципот на порачки по телефон и достава до домашна адреса  ќе работат следниве трговски  субјекти:

Космос Енерџи, Василево, – телефон  за контакт и порачки: 077 790 858 и 075 493 512

Игор АЦ увоз извоз ДООЕЛ Василево, – телефон  за контакт и порачки: 070 484 713

Виоли Промет , Василево, телефон  за контакт и порачки: 071 271 312

ТП Јулијана Васе Митева, Василево, телефон  за контакт и порачки: 075 410 544

Вишна Елена, Градашорци, – телефон  за контакт и порачки: 078 265 421

Стојан – Јанче КОМ ДООЕЛ,Градашорци – телефон  за контакт и порачки: 072 684 147

Литсев Промет ДООЕЛ, Градашорци, телефон  за контакт и порачки 076 691 658

Кика Аце НИС ДООЕЛ,  Ангелци- телефон  за контакт и порачки:078 719 784

ТП Атанасова Н.Силвана, Ангелци- телефон  за контакт и порачки:078 302 110

Еуроспирит, Пиперево – телефон  за контакт и порачки:070 787 083

ТП Вики, Пиперево, телефон  за контакт и порачки, 070 256 774

Хридам Мид ДООЕЛ, Добрашинци, телефон  за контакт и порачки: 070 374 127

Викасара, Нова Маала – телефон  за контакт и порачки: 071 243 480

Панче комерц ДООЕЛ, Нова Маала – телефон  з, а контакт и порачки: 070 374 287

Бона Комерц ЈТД, Нова Маала- телефон  за контакт и порачки: 070 310 183

Катерина,  Владевци, телефон  за контакт и порачки: 078 223 844

Радичево пром ДООЕЛ, Радичево –  телефон  за контакт и порачки: 075 685 308

Вила Маркет ЈАП, Дукатино- телефон  за контакт и порачки:071 368 528

Ив-ве Компани,  Едрениково- телефон  за контакт и порачки: 070 348 194

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail