Author Archives: opstinaadmin

Формиран Кризен штаб на општина Василево

DSC_0009_1280x851

Денес,  Советот на општина Василево на Вонредна седница донесе Одлука за именување на членови на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Општина Василево, односно Кризен штаб за општина Василево и Одлука за формирање на сили за заштита и спасување во општина Василево односно Универзална единица за заштита и спасување во јачина на вод.

Командант на Кризниот штаб е градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев,  а  началник Митко Јанев. Кризниот штаб е составен од вкупно 11 лица, со поделени одговорности.

Единицата за заштита и спасување составена е од вкупно 42 лица, распоредени во три одделенија: Одделение за ПМП, Одделение за ППЗ и Одделение за Поплави. Командир на водот е Сашко Атанасов а негов заменик Блаже Коцев.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

ИЗВЕСТУВАЊЕ за промена на работното време на општина Василево

LOGO, Opstina Vasilevo

Општина Василево,  ги известува граѓаните дека,  поради новонастанатата состојба со корона вирусот (Ковид-19), почнувајќи од 19.03.2020 година(четврток), општинската администрација ќе работи со изменето работно време односно од  09,00 часот до 14,00 часот.

За сите евентуални  промени кои би се однесувале  на работењето на општинската администрација, граѓаните ќе бидат навреме информирани.

Со почит,
Општина Василево
Градоначалник
Марјан Јанев
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево одржа Вонредна седнца

naslov

Денес, Советот на општина Василево одржа Вонредна седница, на која беа   донесени Завршните сметки  на општина Василево и детската градинка „Прва радост“,  Василево.

Во образложението за итноста дадено од претседателот на Советот, Крсте Панев, речено беше, дека Седницата е свикана како Вонредна поради состојбата со корона вирусот (Kovid -19) во државата и неможноста да се предвидат следните чекори и начини на кои ќе функционираат институциите, а крајниот рок за донесување на завршната сметка е 31-ви март.

По образложението дадено од државниот службеник во одделението за финасии Соња Иванова, советниците ја усвоија Завршната сметка на општина Василево за 2019 година  и Годишниот извештај на општината за 2019 година. Како што беше образложено извршувањето кај Основниот Буџет на општина Василево е 65% или од планирани 167 043 045 денари реализирани се 119 489 114 денари.

Усвоена беше и Завршната сметка на ЈОУДГ„Прва радост“, од Василево.

 DSC_0020_1280x851

DSC_0009_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дезинфекција на јавните површини во општина Василево

5_1024x576

Денес, општина Василево изврши дезинфекција на јавните површини и на улиците каде што има најфреквентен сообраќај.  Извршена беше и дезинфекција  на просториите на локалната самоуправа, институција која најчесто ја посетуваат граѓаните. Наредните денови истата активност ќе продолжи и во основните општински училишта во секое населено место и во детската градинка во општина Василево. Целта е  превентивна заштита од корона вирусот.

5_1024x576

3_1024x768

4_1024x768

6_1024x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Утре, вонредна седница на Советот на општина Василево

sala na Sovet

Утре, 18.03.2020 година, (среда) со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе одржи Вонредна седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-завршна сметка на Буџетот на општина Василево за 2019 година.
  2. Годишен извештај на општина Василево за 2019 година.
  3. Завршна сметка на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за 2019 година.

Седницата ќе се одржи во просториите на општина Василево.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

С О О П Ш Т Е Н И Е Од ЈПКД Турија п.о. Василево

JPKD Turija

Поради новонастанатата состојба со корона вирусот, а со цел да се намали движењето на населението, заради примена на мерките за зачувувањето на нивното здравје, им се соопштува на корисниците на услугите на ЈПКД Турија п.о. Василево, дека ќе биде ограничен влезот на странки во канцелариите на претпријатието, па поради тоа доколку имаат проблем со дефекти на водоводната инсталација или некој друг проблем, пријавувањето да го направат електронски на мејлот jpturija@yahoo.com или телефонски на 034/345-901, 075/229-541, во период од 08:00 до 16:00 часот.

 Исто така, ги известуваме корисниците дека наплаќањето на сметките ќе се врши шалтерски преку наш вработен, а доколку се во можност, плаќањето да се врши непосредно преку банка или пошта.

 ЈПКД „Турија“п.о. Василево
 ВД Директор,
 Зоранчо Ѓорѓиев
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево формираше мобилни тимови за помош

LOGO, Opstina Vasilevo

Општина Василево формираше мобилни тимови за помош на сите стари и изнемоштени и лицата со попреченост од општината.

Сите граѓани од наведената категорија кои имаат потреба од набавка на потребните лекарства, прехрамбени продукти и средства за хигиена, со цел да не излегуваат надвор и да не остваруваат непосреден контакт со други лица, при што би се изложиле на опасност за заразување со Ковид-19 (корона вирус), ќе можат да ги контактираат мобилните тимови во секое време од денот во текот на цела недела, за да ги направат потребните набавки за нив.

Телефони за контакт: 070/598 748 и 071/631 048

Нема да дозволиме оваа вонредна околност да ги погоди најранливите. Јавното здравје е заедничка одговорност!

#останидома
#спасиживот

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советнички прашања на 32-та Седница на Советот на општина Василево

naslov

Советот на општина Василево ја одржа 32-та седница, на која единствена точка на дневен ред беше Советнички прашања. Интересот на Советниците од советничката група на ВМРО ДПМНЕ  очекувано голем со оглед на тоа што истата беше закажана токму на нивно барање. Најголем број од прашањата беа упатени до градоначалникот на општината Марјан Јанев, и беа своевидно барање отчет за сработеното и реализираното во однос на ветувањата, во најголем дел дадени за време предизборната кампања   за градоначалник во 2017 година. Што е со ветената канализација во Градашорци, кога ќе има реконструкција на Домот на културата во Василево, кога ќе се проширува канализационаат мрежа во Пиперево, прашања за изградба на улици и игралиште во Висока Маала,   прашање за реконструкција на повеќенаменското игралиште во Пиперево, беа дел од прашањата на кои одговараше градоначалникот Јанев. На седницата беа присутни и директорот на ЈПКД „Турија“, Василево Зоранчо Ѓеоргиев, директорот на ООУ „Гоце Делчев“, Стојан Тимов како и раководителот на одделението за Комунални дејности, уредување на градежни работи и ЛЕР,  Бранко Андонов, кои одговараа на прашањата од нивните надлежности и  делокруг на работа.

Заедничка беше констатацијата дека бенефитот од ваквите седници е голем, поради што во иднина вакви седници, на кои Советничките прашања би биле единствена точка би требало почесто да се одржуваат.

20_1280x960

21_1280x960

18_1280x960

16_1280x960

10_1280x960

2_1280x960

6_1280x960

11_1280x960

14_1280x960

7_1280x960

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

ИЗВЕСТУВАЊЕ

LOGO, Opstina Vasilevo

Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија, а по предлог од Министерството за здравство,  кои се однесуваат за превентива и заштита од вирусот Ковид 19 (Корона вирус) објавени на ден 12.03.2020 година,  работата со граѓаните  кои имаат потреба од документи, достава на барања, решенија за платен данок и други списи кои ги издава администрацијата на општина Василево да

БИДЕ СВЕДЕНА НА МИНИМАЛНО НИВО И ДА СЕ РЕШАВААТ САМО ИТНИТЕ И НЕОДЛОЖНИ БАРАЊА.

Им се препорачува на граѓаните, за секој проблем што  го имаат, а за кој е надлежна општина Василево, да ги користат контактите по електронски пат и тоа преку веб страницата на општина Василево www.opstinavasilevo.gov.mk

На истата веб страна се истакнати телефонските броеви, како и електронската пошта, со цел побрза комуникација, а во исто време почитување на препораките   од страна на Владата на Република Северна Македонија кои се во насока на спречување на ширење на вирусот Ковид 19.

Со почит
Општина Василево
Градоначалник
Марјан Јанев
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

СООПШТЕНИЕ за јавна презентација и јавна анкета за УП за с. Пиперево

LOGO, Opstina Vasilevo-horz

Општина Василево организира јавна презентација и јавна анкета за  Урбанистички план за  село Пиперево изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија ИН-ПУМА ДОО Скопје.

Јавната анкета ќе трае до 23.03.2020 година.

Целото соопштение може да го видите на линкот во продолжение: Соопштение за јавна презентација и јавна анкета за УП за с. Пиперево

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail