Новости

Спроведени активности на расчистување на локалниот пат Едрениково-Требичино по повод Петковден

za naslov

Општина Василево во соработка со ЈПКД  „Турија“, по повод утрешниот празник Петковден, спроведе активности на расчистување и уредување на  просторот покрај локаниот пат што води кон населеното место Требичино  и манастирот Св. Петка. Со механизација отстранети се земјените наноси, грмушките и вегетацијата со што се подобрени условите на овој локален пат кој ќе биде особено…

Continue reading

С О О П Ш Т Е Н И Е за Маршот за Варварица

наслов

Во недела на 29-ти октомври 2023 год. во организација на општина Василево и Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Струмица ќе се одржи традиционалниот марш до с.Варварица. Поаѓањето е во 08.00 часот од пред градскиот трговски центар „Глобал“ во Струмица и од пред општинската зграда во с. Василево во истото време. Превозот е организиран…

Continue reading

Градоначалникот Андонов и Андријана Јаневска упатуваат покана за Манифестацијата Ден на празот

Адријана Јаневска,2

„Задоволство е заедно со Андријана Јаневска да Ве поканиме на манифестацијата ,,Ден на Празот” на ден 05.11.2023 (недела) 12 часот во Градашорции, заедно да уживаме во изведба на наши македонски песни и секако во специјалитетите од праз подготвени од рацете на нашите вредни домаќинки. Се гледаме во недела, 05.11.2023 во 12 часот“, напиша на својот…

Continue reading

ОК Сушево првенството го стартуваше на домашен терен

11

ОК Сушево од Сушево првенствот го стартуваше на домашен терен  а за противници ги имаше одбојкарите на Шкендија од Тетово. Среќа им поска градоначалникот на општина Василево Славе Андонов кој присуствуваше на првиот натпревар, кој се одигра во спортската сала во Василево. „ОК Сушево од Сушево и оваа година во Првата одбојкарска лига, во друштво…

Continue reading

Градоначалникот на општина Василево на одбележување на Денот на градежниците

наслов

Вчера,  градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, присуствуваше на  средбата на градежниците во манастирот Св. Богородица Елеуса во Вељуса. Градоначалникот им го честиташе празникот со желби за успех во нивната работа , притоа упатувајќи им порака „да ни ја направат убава општината и Република Македонија“. Свети Апостол Тома е  заштитникот на градежните работници и по…

Continue reading

Седларци доби уредено катче во центарот на населеното место

DSC_0495_1024x681

Насленото место Седларцо доби инфраструктурно и хортикултурно уредено катче лоцирано во центарот на населеното место помеѓу училишната зграда и повеќенаменското игралиште. На лице место беше градоначалникот на општна Василево, Славе Андонов, кој изрази задоволство од финалниот изглед  на просторот кој ќе биде новото урбано уредено и хортикултурно оплеменето катче за одмор, релаксација и дружење на…

Continue reading

Општина Василево и Мен енд Маунтен, се договорија за „Генералка викенд“ 2024

DSC_0481_1024x681

Денес, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во својот кабинет оствари работна средба со претставниците на Мен енд Маунтен, со кои разговараше за вклученост  на општина Василево на четвртото издание на Генералка викенд- 2024 година. Двете страни и писмено се обврзаа на зедничка активност која ќе се реализира во мај наредната 2024 година. Главното поле…

Continue reading

Пуштено во употреба Платото пред Домот на културата во Нова Маала

thumbnail_1024x683

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов и претседателот на општинскиот Совет, Ристе Делијанов, на свечен начин, со сечење лента, го пуштија во употреба новоизграденото плато пред Домот на културата во Нова Маала. Со ова архитектонско – урбано  решение, просторот од 1582 м2  во центарот на населеното место Нова Маала добива целосно нов визуелен изглед и…

Continue reading

Повик за учество на граѓаните во планирањето на Буџетот за 2024 година

Doc2-1

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов,  упатува отворена покана до сите свои сограѓани за активно учество во планирањето и креирањето на Буџетот за наредната 2024  година За таа цел, општината преку својата официјална веб страна, на граѓаните им става на располагање и посебна алатка во  електронска форма,  http://opstinavasilevo.gov.mk/?page_id=12151 , преку која најдиректно, од удобноста на својот дом,…

Continue reading

Првачињата од ООУ „Гоце Делчев“, станаа членови на Детската организација

наслов

Денес за  првачињата од ООУ „Гоце Делчев“, Василево, беше одржан свечен настан за прием во Детската организација. Вкупно 65   првачиња  кои настава посетуваат во централното училиште во Василево и подрачните низ населените места Ангелци, Владевци, Сушево, Седлараци, Едрениково, Радичево и Дукатино, сложно во еден глас дадоа ветување дека ќе бидат умни, вредни, посветени на училишните…

Continue reading