слајдер

Средба на проектните тимови на општините Василево и Струмјани

4

Проектните тимови на општините Василево и  Струмјани (Р.Бугарија) одржаа работна средба за проектот „Инсталирање на обновливи енергетски извори и подобрување на енергетската ефикасност“, што заеднички го имплементираат во рамки на ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за Прекугранична соработка меѓу Р.Бугарија и Р. Македонија, 2014-2020. Според информацијата од проектните тимови тема на состанокот биле активностите кои во мометот се одвиваат…

Continue reading

Новогодишна честитка од градоначалникот на општина Василево

O.Vasilevo

Градоначалникот  на општина Василево Марјан Јанев по повод Новогодишно – Божиќните празници од свое име и од име на општина Василево им се обрати на своите сограѓани честитајќи им ги престојните празници и посакувајќи им здравје,  среќа  и успех во Новата 2018 година. „Во деновите кога ја испраќаме Старата и се подготвуваме за предизвиците што…

Continue reading

Донесен Буџетот на општина Василево за 2018 година

DSC_0125 (Medium)

Буџетот на општина Василево за наредната 2018 година, тежок вкупно 194 880 000 денари, беше донесен на денешната редовна седница на Советот на општина Василево. Образложение даде предлагачот, градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев. „Буџетот за оваа година е проектиран на околу 194 000 000 денари што е за околу 30 000 000 денари помалку…

Continue reading

Првачињата добија новогодишни пакетчиња

DSC_0098 (Medium)

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, заедно со претседателот на општинскиот Совет,  Крста Панев, денес на првачињата од општина Василево им посакаа среќна Нова година подарувајќи им Новогодишни пакетчиња. „Бидете здрави, среќни и весели во Новата 2018 година. Учете вредно, почитувајте ги родителите и наставниците, дружете се и уживајте во детските игри“ им посака градоначалникот…

Continue reading

Дневен ред за четвртата седница на Советот на О.Василево

DSCN5467

На 28.12.2017 година (четврток) со почеток во 12,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи четвртата седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред: Информација за функционирањето на Системот за управување со кризи (СЦУК), Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК)– Струмица. Предлог-одлука за ажурирање…

Continue reading

Посета на градоначалник од Р.Турција на општина Василево

3

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, вчера во својот кабинет  оствари пријателска средба со својот турски колега, Недрет Ѓулен (Nedret Gülen), градоначалник на  општина Јалови од Република Турција.  Според информацијата од кабинетот на градоначалникот Јанев, на средата биле презентирани карактерестиките на секоја од општините, достигнувањата и условите за развој во одредени области.   Исто така се…

Continue reading

Реконструкција на одводен канал во с. Сушево

naslov

Општина Василево во соработка со ЈПКД„Турија“, Василево изврши санација и реконструкција на одводниот канал за атмосферски води во с. Сушево. Во должина од 40 метри поставени се пластични цеви во кои ќе се слеваат атмосферските води од планината и истите ќе се влеваат во неодамна изградениот канал на Сушевкиот порој кој се протега по должината…

Continue reading

Започна Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал 2017/2018

14

Со натпревар меѓу екипите на Градошорци од Градошорци и Концепт од Струмица, синоќа во спортската сала во Василево започна Новогодишно-Божиќниот турнир Василево 2017/2018 година, кој традиционално, години наназад се одржува по повод Новогодишно-Божиќните празници. Главен покровител на турнирот е општина Василево. Турнирот за отворен официјално го прогласи градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев кој на…

Continue reading

Општина Василево го одбележа својот празник

DSC_0060

Со свечена седница на Советот, општина Василево го одбележа 16-ти Декември – денот на своето основање и 21 година постоење и развој. Свои обраќања имаа претседателот на општинскиот Совет, Крсте Панев и градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев. „Советот заедно со Градоначалникот на општината се органите кои се одговорни за нејзиниот развој. Во изминатите 21…

Continue reading

Свечена седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

По повод одбележувањето на 21 година од постоењето на општина Василево, во петок, 15.12.2017 година Советот на општина Василево ќе одржи Свечена седница. Свои обраќања ќе имаат претседателот на советот, Крсте Панев и градоначалникот на општината,  Марјан Јанев. Свечената седница ќе се одржи во малата сала на хотелот Мис Стон со почеток во 13,00 часот.