Author Archives: opstinaadmin

Советот на општина Василево ја одржа осмата седница

DSC_0396 (Medium)

Денес, Советот на општина Василево ја одржа осмата седница и ги усвои сите предлозите од дневниот ред кој на самата седница беше дополнет со седум дополнителни точки. На забелешката од советниците од Советничката група од ВМРО ДПМНЕ дека дневниот ред се надополнува со голем број на дополнителни точки, итноста за истите ја образложи градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев. „Станува збор за точки на дневниот ред кои се врзани со рокови односно најдоцна до 31-ви март треба да добијат согласност од Советот, како што се годишните извештаи од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Годишниот план за вработување и  Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на ЈОУДГ „Прва радост“ Василево, како и  одлука и согласност за финасирање на приоритетен проект на општината кој ќе се финансира со средства од ЕУ“, рече во образложението за итноста градоначалникот Јанев.

Советниците ги усвоија и годишните планови за вработување на ООУ„Гоце Делчев“, Василево, на ЈОУДГ „Прва радост“,  и  на општина Василево како и  завршната сметка на ООУ„Гоце Делчев“, Василево.

На оваа седница беа разрешени и именувани членовите на Управниот и Надзорниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево. Образложение даде градоначалникот Јанев  кој меѓу другото рече дека  измените се неопходни поради тоа што  мандатите на досегашните членови на Управниот и Надзорниот одбор се веќе истечени. Нови членови на УО на ЈПКД „Турија“, Василево се: Марија Митрова, Ѓорѓи Костадинов, Павле Ѓоргиев  и Симона Стојанова и Ристо Лазаров – претседател, додека за  членови на Надзорниот одбор се именувани: Петре Партиков, Томчо Јанев, Александар Тимов и Тони Еркечев и  Ристо Велков како претседател.

На седницата беше усвоена и Предлог-програмата  за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2018 година. Советниците ги изгласаа и измени во Комисиите за финансирање, буџет и локален економски развој, во Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина и во  Комисијата за еднакви можности, од каде беше разрешена советничката Сандра Илиева од советничката група на Коалицијата на СДСМ а на нејзино место именуван советникот Атанас Ристов од истата советничка листа. На оваа седница советниците позитивно одговорија и на едно барање за финансиска помош поднесено од ЈЗУ општа болница Струмица.

DSC_0404 (Medium)

DSC_0416 (Medium)

DSC_0417 (Medium)

DSC_0419 (Medium)

DSC_0425 (Medium)

DSC_0402 (Medium)

DSC_0423 (Medium)

DSC_0434 (Medium)

DSC_0411 (Medium)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започна пријавувањето за Велигденскиот турнир во мал фудбал

SAM_2866

По повод Велигденските празници, Општина Василево го организира традиционалниот Велигденски турнир во мал фудбал кој  ќе започне во среда на 04 април 2018 година.

Пријавувањето за учество започнува од денес,  26 март (понеделник)  и ќе трае до 04.04 2018 год.  (среда), до 14 часот, по што  во просториите на општинската зграда,  во присуство на претставници на пријавените екипи ќе биде изврешено ждребањето.

Според правилата за учество, секоја екипа треба да брои 10 (десет) играчи.  Право на учество имаат само граѓани од населените места на општина Василево.  Котизацијата за учество изнесува 1000 денари.   Вкупниот награден фонд изнесува 25 000 денари.

Натпреварите ќе се играат на игралиштето на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево. Пријавување и подетални информации на телефонскиот број 077 531 592.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за осмата седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

На 30. 03. 2018 год. (петок) со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи осмата седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Завршна сметка на ООУ„Гоце Делчев“, Василево.
  2. Годишен план за вработување на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за 2019 год.
  3. Годишен план за вработување на општина Василево за 2019 година.
  4. Предлог-програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2018 година.
  5. Предлог-решение разрешување и именување на членови и претседател на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево.
  6. Предлог-решение разрешување и именување на членови и претседател на Надзорниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево.
  7. Измена и дополнување на Финансискиот извештај за надоместок на ОИК-Василево и ИО од општина Василево за локалните избори за 2017 година.
  8. Предлог-решение за разрешување и именување на претседател на Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој.
  9. Предлог-решение за разрешување и именување на член на Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина.
  10. Предлог-решение за разрешување и именување на член на Комисијата за еднакви можности.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Интервенции на дел од регионалниот пат во Владевци

naslov

На иницијатива на градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев и во соработка со Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта  Македонија пат и Јавното претпријатие за државни патишта, од денес започнаа градежни  активности за  уредување на дел од регионалниот пат во населеното место Владевци.  Конкретно се работи  на поставување на бетонска подлога како прва фаза од планираните активности чија цел е трајно и квалитетно решавање на ова прашање. Во текот на наредните денови активностите ќе финализираат со асфалтирање на овој дел од регионалниот пат. Како што информираше градоначалникот Јанев кој денес беше на лице место, во текот на претходните денови општина Василево извршила посипување со чакал и тампонирање на патот  кој бил во исклучително лоша состојба пред се поради локацијата односно слевањето на поројните води токму во тој дел,  но и перманентното неодржување во текот на минатите години. Лошата состојба на патот била и една од главните причини поради која жителите на Владевци и покрај потребите неретко се одлучувале наместо по овој да се движат по многу пофреквентниот магистрален пат А4 кој минува низ ова населено место. „Бенефит од оваа активност ќе имаат пред се жителите на населеното место Владевци но и сите останати учесници во сообраќајот, кои го користат овој пат или магистралниот А-4“, е ставот на градоначалникот Јанев.                                                                                                                              Должината на делот од патот што ќе се асфалтира е околу 100 метри.

naslov1

29472424_10215387916149455_5385785630796021760_o

29387154_10215387913589391_4349649213294903296_o

29388755_10215387931629842_9083372797543055360_o

29425689_10215387915509439_7710776523338285056_o

29432454_10215387934109904_4606903052652249088_o

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ја одржа седмата седница

DSC_0388 (Medium)

Советот на општина Василево ја одржа седмата седница на чиј дневен ред беа вкупно 18 предлози меѓу кои Завршните сметки на: општина Василево, на ЈПКД „Турија“,  Василево, на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала и на детската градинка „Прва радост“  Василево.  Истите беа донесени без дискусии и забелешки. Дискусија и напуштање на седницата од страна на советниците од ВМРО ДПМНЕ предизвикаа првите две точки од дневниот ред: Разгледување на Решение за запирање на објавување пропис бр.08-308/2 од 28.02.2018 година и донесување на соодветен заклучок за престанок и верификација на мандат на член на Советот на општина Василево и Разгледување на Решение за запирање на објавување пропис бр.08-309/2 од 28.02.2018 година и донесување на соодветен заклучок за прифаќање на дадената и потпишаната свечена изјава на член на Советот на општина Василево. Со образложение дека остануваат на ставот од претходните две седници во врска со верификацијата на мандатот на член на Советот, советниците од советничката група на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седницата, за потоа да се вратат и приклучат во работата по останатите точки од дневниот ред.

Во врска со спроведувањето на превентивната дезинсекција, градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев даде образложение дека постапката ќе се спроведува преку Југоисточниот плански регион, кој ќе ја води целата постапка. Градоначалникот даде образложение и за Предлог-одлуката за давање на согласност за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура за Југоисточниот плански регион, за која како што рече поради финансиската состојба на општините и средствата неопходни за основање на депонија кои изнесуваат  околу 18,5 милиони евра од кои општина Василево треба да одвои средства во висина од 480 000 евра, постапката за основање на депонија за Југоисточниот регион треба да и се довери на Владата на Р.Македонија. Депонијата по основањето би и била доделана на управување на општина Струмица.

Донесена беше и одлука за проширување на Буџетот на општина Василево, за износ од 1 700 000 денари, средства неопходни за исплата на рата од кредитот за улиците во Нова Маала и Пиперево. Советниците расправаа и по неколкуте барања за финансиска помош поднесени од правни и физички лица.

DSC_0349 (Medium)

DSC_0354 (Medium)

DSC_0356 (Medium)

DSC_0360 (Medium)

DSC_0367 (Medium)

DSC_0369 (Medium)

DSC_0375 (Medium)

DSC_0382 (Medium)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Повик за прибирање понуди за градежни работи

DSC_0343 (Medium)

Република Македонија

Проект за Подобрување на Општински Услугите – МСИП 

MSIP/IPA/NCB/010/18

1. Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. 767, од 31 jануари, 2010 година (печатено издание) и објавена електронски на 06 jануари, 2010 година.

2. Република Македонија доби грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за Реконструкција и ревитализација на дел од улица од пошта до повеќенаменско игралиште во Василево.

3. Општина Василево ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Реконструкција и ревитализација на дел од улица од пошта до повеќенаменско игралиште во Василево.

4. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, јануари 2011, и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.

5. Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:30 до 16:30 часот

Општина Василево
Адреса: Село Василево бб.
Поштенски фах: 2411
Тел:/факс 034 353 007
Електронска пошта: opstina_vasilevo@yahoo.co.uk
Република Македонија

6. Комплетна Тендерска документација на македонски јазик  може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмено апликација на адресата дадена подолу и по плаќањето на неповратна такса од  3.000,00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка:

a) За плаќање во денари:

Банка: Народна банка на Република Македонија
Број на сметка: 100000000063095
Буџетска корисничка сметка: 709014080063014
Приходно конто: 724125   00

Тендерската документација ќе биде доставена по електронска пошта или може да се добие директно од Општина Василево.

7.Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 19.04.2018 12:00 часот. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу на  19.04.2018 во 12:00 часот.

8. Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од 170,000.00 МКД

9. Адреса:

Општина Василево
Адреса: с.Василево бб
Поштенски фах: 2411
Република Македонија

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево гради атмосферска канализација во Градошорци

29242472_201781460417895_1164238327_o

Општина Василево започна со изградба на атмосферска канализација над с. Градошорци со која ќе се спречи поплавувањето на ова населено место. За решавањето на овој, како што рече градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, „децениски проблем“ , ангажирано е јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“ од Василево, а средствата се обезбедени од општинскиот Буџет.
„Години наназад при секоја појава на посериозни врнежи се поплавуваат големи површини на земјоделски површини и она што е уште посериозно се поплавуваат куќите, домовите на граѓаните во еден дел од населеното место. Досегашните интервенции кои главно се сведувале на копање на каналот за време на дождовите или после нив, откога веќе штетата е направена, се само обиди за санирање на последиците. Сериозните проблеми бараат сериозни решенија. А ова е токму такво: сериозно и долгорочно. Атмосферската канализација каква што сега ја градиме ќе значи спречување на последиците, заштита на земјоделските површини и домовите од поплави настанати од врнежи“, рече градоначалникот Јанев во изјава за медиумите.
Атмосферската канализација чија изградба е во тек и која на долг рок ќе го реши проблемот со поплавувањето на земјоделските површини и домовите во Градошорци е на потегот покрај објектите на АД „Струмичко поле“, Василево. Прифатените води ќе се влеваат во постојниот отворен канал кој поминува под магистракниот пат А4 и преку него во р. Струмица. Должината изнесува околу 200 метри, а средствата за негова изградба во висина од околу 1 200 000 денари се обезбедени од Буџетот на општина Василево.

29391754_201781473751227_1480973442_o

28944366_201781437084564_1397586693_o

atmosferska kanalizacija, Gradosorci

DSC_0341 (Medium)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за седмата седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

Советот на општина Ваилево ја закажа седмата седница за ден 20.03.2018 година (вторник) со почеток во 12,00 часот.

За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Разгледување на Решение за запирање на објавување пропис бр.08-308/2 од 28.02.2018 година и донесување на соодветен заклучок за престанок и верификација на мандат на член на Советот на општина Василево.
  2. Разгледување на Решение за запирање на објавување пропис бр.08-309/2 од 28.02.2018 година и донесување на соодветен заклучок за прифаќање на дадената и потпишаната свечена изјава на член на Советот на општина Василево.
  3. Стручно мислење за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и сузбивање на вектор преносливите заболувања на територијата на општина Василево.
  4. Предлог-одлука за давање на согласност за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура за Југоисточниот плански регион.
  5. Предлог-одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Василево за 2018 год.
  6. Предлог-завршна сметка на Буџетот на општина Василево за 2017 година.
  7. Годишен извештај на општина Василевоза 2017 година.
  8. Завршна сметка на ЈОУДГ„ Прва радост“ Василево за 2017 година.
  9. Давање согласност на Извештајот за работата и годишната сметка на ЈПКД „Турија“ Василево за 2017 година.
  10. Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“, Василево за распоредување на добивката остварена по годишната сметка и финансискиот извештај за 2017 година.
  11. Завршна сметка ма ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за 2017 година.
  12. Предлог-одлука за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар сопственост на општина Василево.
  13. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или сообраќајната инфраструктура воопшто нема да се предвиди и вклопување на бесправниот објект – индивидуална станбена куќа на к.п бр 2061 во КО Василево.
  14. Донесување на одлука по барањто за финансиски средства поднесено од Костаке Малинов од с. Нивичино.
  15. Донесување на одлука по барањто за финансиски средства поднесено од свештеникот и црковното настојателство при храмот Св. Теофил Струмички од с. Гечерлија.
  16. Донесување на одлука по барањто за финансиски средства поднесено од Диана Василево од с. Василево.
  17. Донесување на одлука по барањето за финансиски средства поднесено од Хуманитарното здружение ДОСТ ЕЛИ од с. Банско .
  18. Донесување на одлука по барањто за финансиски средства поднесено од ЛД „Беласица“ Струмица.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Интервју на градоначалникот Марјан Јанев за МИА

DSC_0770 (Medium)

Градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев даде интервју за Македонската информативна агенција (МИА) во кое  проговори за состојбата во која ја затекна општината, за проблемите со кои се соочи уште на самиот почеток но и за предизвиците, плановите и тековните активности со кои ќе се подобрат условите за живот на граѓаните  во општина Василево.

Интервјуто може да се прочита на следниот линк:

http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/279/134159591

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Поднесена апликација до БРР за реконструкција на Домот на културата во Нова Маала

DSC_0317 (Medium)

Општина Василево поднесе апликација до Министерството за локална самоуправа, Биро за регионален развој, за средства од Програмата за рамномерен регионален развој заради реконструкција на Домот на културата во Нова Маала и негова адаптација во спортска сала.  Одлука за ова донесе Советот на општина Василево на неговата последна седница. Првата фаза од реконструкцијата на овој објект во која беа завршени градежните активности и промената на кровот е завршена минатата година. Во текот на оваа година реконструкцијата ќе биде комплетно завршена. Овој проект е  планиран со Програмите на општина Василево за 2018 година.

Со неговата комплетна реализација основното училиште „Атанас Нивичански“ ќе добие модерна спортска сала изградена во согласност со новите прописи и стандарди овозможувајќи им на  учениците од основното образование оптимални услови за одржување на наставата по спорт и физичка култура.

„Целта на овој проект е подобрување на условите за работа во основното училиште,  овозможување на нормално одржување на наставата по спорт а истовремено и стварање услови за организирање и одржување на спортски настани и манифестации од помасовен карактер како одговор на потребите и на останатите категории на граѓани од овој крај“, изјави градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев.

Домот на културата во Нова Маала е веднаш до ООУ„Атанас Нивичански“ во кое  освен учениците од Нова Маала, настава посетуваат и учениците од соседните населени места Доброшинци, Чанаклија и Висока Маала.

Потребниот  Буџет за целосно завршување на сите планирани активности изнесува околу 2 900 000 денари.

 DSC_0318 (Medium)

DSC_0323

DSC_0325 (Medium)

DSC_0340

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail