Author Archives: opstinaadmin

Училиштето во с. Седларци се реновира

DSC_0316

Деновиве интензивно се одвиваат градежни активности на ПУ „Гоце Делчев“ во с. Седларци, каде со средства обезбедени од ЕУ фондовите преку Интеррег  ИПА Програмата за Прекугранична соработка меѓу Р.Бугарија и Р. Македонија се врши целосна реконструкција на училишната зграда, во која настава посетуваат учениците од 1-5 одделение од ова населено место.

Денес увид во текот на градежните активности изврши градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, придружуван од дитекторката на ООУ„Гоце Делчев“, г-ѓа Емилија Котева.

„Се работи за целосна реконструкција на училиштето со што истото ќе стане енергетски ефикасно. Училиштето ќе добие термо фасада, нова енергетски ефикасна столарија односно прозорци и врати, фотофолтаични панели за производство на електрична енергија за потребите на училиштето и на повеќенеменското игралиште како и топловодно греење на пелети“, изјави градоначалникот Стојанов, кој притоа нагласи дека со реконструкцијата на ова училиште општината ги подигна на едно повисоко ниво, условите во кои се одвива основното образование, бидејќи сите училишта независно дали се подрачни или централни се реновирани и реконструирани.

Вкупната инвестиција е околу 2 600 000 денари за градежните активности, и според проценките на градоначалникот истите комплетно треба да завршат за десетина дена.

Изведувач на градежните работи е компанијата АНОЛ-ИМПЕКС од Скопје.

Директорката на училиштето г-ѓа Емилија Котева е категорична дека и покрај тековните градежни активности, во понеделник и во ова училиште како и во сите останати ќе започне новата учебна година и  наставата ќе тече нормално бидејќи преостанатите градежни активности ќе се одвиваат во попладневните часови кога нема настава и во викендите.

Благодарност до градоначалник Стојанов и за се она што општина Василево го има инвестирано и изградено во село Седларци изрази Тони Лазаров жител на ова населено место. „ Имаме одлична соработка со градоначалникот Стојанов и со општината. Благодарни сме дека за еден релативно краток период во нашето населено место изграден е патот, една селска улица, повеќенаменското игралиште и сега се реконструира училиштето.“ изјави Лазаров.

DSC_0311

DSC_0316

DSC_0318

DSC_0322

DSC_0329

DSC_0335

DSC_0340

DSC_0343

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Честитка по повод Курбан Бајрам од градоначалникот на општина Василево

DSC_0301

Почитувани сограѓани припадници на Муслиманската вероисповед!

Со желба за духовен мир и меѓусебна хармонија, искрено и од срце, од мое лично име и од име на локалната самоуправа Ви го честитам празникот Курбан Бајрам и Ви посакувам многу здравје, љубов и радост.

Среќа, бериќет и благосостојба да ги исполни Вашите и домовите на Вашите најблиски.

Во овие празнични денови кога богатиот го дарува сиромашниот, кога секој секому подава рака и со чиста душа и отворено срце упатува желби за добро здравје, среќа и бериќет, во секој дом нека се всели хармонија, мир и спокој;  да завладее љубов меѓу ближните и соседите, да ги надминат недоразбирањата раскараните.

На темелот на меѓусебна верба и разбирање да продолжиме да го негуваме пријателството, да си помагаме едни на други и заедно да чекориме напред градејќи подобро утре за сите нас.

Почитувани сограѓани, Муслимани!

Искрено и од се срце Ви посакувам  милоста божја да ги исполни Вашите срца и души, домовите да Ви бидат храмови на милоста, добрината, солидарноста и соживотот, а празничната светлина да Ве осветлува во овие и во сите останати денови од годината.

Нека Ви е среќен празникот Курбан Бајрам

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општинскиот Совет ја одржа 57-та седница

DSC_0296

Денес,  Советот на општина Василево ја одржа редовната 57-ма седница на чиј дневен ред по дополнувањето беа вкупно четири предлози и истите без дискусии и расправа беа усвоени.

Едногласно беше усвоена предлог – одлуката за утврдување на места на кои е дозволено да се истакнат изборни плакати за изборите во 2017 година со обезбедени еднакви услови на сите организатори на изборната кампања во општина Василево. Едногласни беа и во усвојувањето на предлогот за именување на Наташа Велкова за член на УО на ЈПКД „Прва радост“, Василево која доаѓа на местото на Лела Митев, и за предлогот за одобрување финансиски средства во износ од 10 000 денари на ЛД „Фазан“ од Василево за организирање на Меѓународниот турнир во стрелање глинени мети, што ова ловно друштво го организира по повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Р.Македонија.

На оваа седница беше усвоен и Предлог- годишниот извештај за работата на ЈОУДГ„Прва радост“ Василево за  2016/2017 година.

DSC_0286

DSC_0287

DSC_0290

DSC_0291

DSC_0293

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Објавен тендер за Изградба на Канализациона мрежа и пречистителна станица за с. Едрениково

sl1

Во рамките на проектот „Управување со сливот на река Струмица” кој Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) го имплементира во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, општините од сливот и други институции на локално, регионално и национално ниво на 28.08.2017 година објавен е огласот бр. 30/2017 за доделување на договор за јавна набавка:

Изградба на Канализациона мрежа и пречистителна станица за отпадни води во с. Едрениково, општина Василево.

Објавениот оглас, предмер пресметката и други документи се достапни на следниве линкови:

http://procurement-notices.undp.org/view_notice.cfm?notice_id=40440,  http://rdc.mk/southeastregion/index.php/mk/novosti/686-29-8-2017.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 57-ма седница

DSCN5467

На 30.08.2017 година (вторник) со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 57-мата Седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог – Одлука за утврдување на места на кои е дозволено да се истакнат изборни плакати за изборите во 2017 година со обезбедени еднакви услови на сите организатори на изборната кампања во општина Василево.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Отчет на градоначалникот Стојанов за четиригодишната работа

DSC_0227

Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, преку медиумите, се обрати пред своите сограѓани и даде отчет за сработеното во изминатите четири години.

Почитувани сограѓани!

Реализацијата на секоја идеја, секој проект, секое ново дело е камче во мозаикот наречен Општина Василево – мозаик кој е резултат на максимални залагања, ангажирање на сите потенцијали, многу креативност и целосна посветеност во исполнување на целите и поставените задачи.

Конкретни дела е максимата од која нема отстапки, максима која гарантира успешна реализација на започнатите активности, која гарантира видливи резултати од кои бенефит имат сите граѓани во заедницата.

Реализираните проекти во изминатите 4 години реконструкци, изградби, асфалтирања, урбанизаци, во организација или подршка на одредени настани или манифестации се произлезени од предлозите и идеите на сите граѓани на Општина Василево, проекти во функција на подобрување на секојдневието на целокупното население.

Како резултат на сите тие идеи и приоритети беше пуштен во употреба системот за водоснабдување во населено место Чанаклија. За снабдување со здрава и чиста вода за 160 домаќинства за ова населено место.

Во оброзаванието кое има клучна улога во развојот и формирањето на младите личности вложени се вкупно 39 600 000 денари за: изградба на ново училиште во село Едрениково, целосно е реконструирано училиштето во населено место Чанаклија, реконструирано е училиштето во населено место Радичево, поставено е парно грење во училиштата во Добрашинци, Нова Малаа, Чанаклија и Сушево, целосно се реконструирани тоалетите во училиштето Гоце Делчев во Василево.

Спортот и рекреацијата беа постојано во фокусот на активностите на Општина Василево.
Изградено е повеќенеменско игралиште во Седларци, повеќенаменско игралиште во Дукатино, повеќенаменско игралиште во Ангелци двојно тениско игралиште во Ангелци а во тек е изградбата на такво игралиште во Добрашинци. Како резултат на ваквите залагања Општина Василево вложи околу 10.000.000 денари а ако кон тоа ги додадеме проектите за изградба на спортска сала и големо фудбалско игралиште финансирани од владата на ВМРО – ДПМНЕ ќе се види дека имаме доволно вложено во спортот и спортската инфраструктура.

Изградбата на детската градинка Прва Радост во Василево преставуваше и прва радост за најмалите од нашата Општина. Беа финансирани 180.000 евра обезбедени од ИПА програмата за преку гранична соработка со Р. Бугарија. Дополнително на тоа беше финансирана и пристапната патека и паркингот до самата градинка.

Изградбата односно повразувањето на населените места со Општинскиот центар со асфалтирани патишта на сите населени места е веќе завршена.
Асфалтиран е патот од Радичево до Дукатино, патот Добрашинци – Висока Малаа а во тек повразувањето на населено место Чанаклија со Нова Малаа.
Асфалтирани се улици во Ангелци, Висока Малаа, Сушево, Владевци, Добрашинци, Седларци, Нова Малаа, Радичево, Дукатино за пристап до манастирски комплекс, Пиперево и повеќе улици во индустриската зона или вкупно изградени се патишта и улици со вкупна должина од 17.000 метри во износ од 155.000.000 денари.

Одведувањето на отпадните води е еден од проблемите кои ќе остане приоритет и во наредниот период.
Изграден е поројот во населено место Сушево во должина од 1200 метри и решен е долгогодишен проблем. Изграден е главниот колектор од Ангелци до главниот реципиент и два крака во Ангелци, главниот колектор во Пиперево и еден крак од канализационата мрежа или вкупно канализација во должина 23км и 400метри во вредност од 52.200.000 денари.

Индустријата и развојот на економијата ќе останат и понатаму врвен приоритет за привлекување на инвеститори во Општина Василево. Со поволностите кои се дават на сите оние кои ќе инвестират во општина Василево и понатаму ќе продолжиме да бидеме магнет за сите оние кои сакат да градат свои капацитети.

Општина Василево има свои 4 индустриски зони на поврашина од 140 хектари и за краток период ќе бидат изградени уште многу капацитети во овие индустриски зони. Дополнително на тоа во моментот е во финална фаза донесувањето на урбанистички план за нова индустриска зона и проширени урбанистички планови за населените места Владевци, Градашорци, Ангелци, Василево и Пиперево.

Магистралниот пат покрај индустриската зона е целосно осветлен и овозможени се сите содветни услови за привлекување на инвеститори.

Контиунитетот за развојот на Општина Василево треба да продолжи и во иднина а единица мерка за успех како и до сега да биде квалитетот на животот на сите граѓани на општина Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево вклучена во проект на Институтот за истражување – Импакт

DSC_0215

Претставници од Институтот за истражување – Импакт,  денес,  во општина Василево, во рамки на проект за спроведување на процесот на надворешни консултации при донесувањето на одлуки од важност за граѓаните формираа фокус група  заради истражување и анализирање на процесите и начините на надворешни консултации на единиците на локална самоуправа. Фокус групата составена од градоначалникот на општината, членови на општинскиот Советот и вработени во админастрацијата ги споделија своите искуства од соработката и консултациите што ги имаат со граѓаните, со бизнис заедницата, со невладиниот сектор и со сите останати фактори од заедницата  при носењето на одлуките и креирањето на локаните политики. Посебен акцент беше ставен на позитивните искуства и на воочените проблеми при што беа дадени и препораки и сугестии за надминување на истите.

Како што информираа претсавничките од Институтот за истражување – Инпакт, Верче Миткова и Елена Ставревска во овој проект опфатени се сите десет општини од Југоисточниот плански регион, а крајниот продукт во вид на студија на политики односно насоки и препораки за подобрување на процесот на надворешни консултации односно вклученост на граѓаните во донесувањето на одлуките, ќе биде презентиран на заедничка конференција за десетте општини која ќе се организира во првите месеци од наредната година.

Овој проект, чија цел е да се утврди како најефикасно да се спроведе процесот на надворешна консултаја при донесување на одлуки од важност за граѓаните, Институтот за истражување – Импакт го спроведува во соработка со Европскиот институт за политики а во контекст на регионалниот прооект WeBER  за мониторинг на реформите во јавната администрација на Западен Балкан.

DSC_0213

DSC_0216

DSC_0217

DSC_0212

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Авионско прскање против комарци

komarci

Почитувани сограѓани,

Ве информираме дека на ден 22.08. 2017 година (вторник) во раните утрински часови ќе се изврши авионско прскање против комарци.

Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе наредниот ден односно на  23.08.2017 година во истиот временски период.

Ги известуваме сопствениците на пчелни семејства, во најавениот временски период, да преземаат соодветни мерки за заштита.

Со почит,
Општина Василево

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево ќе соработува со три општини од ЕУ за користење на ЕУ фондовите

image-0-02-04-d7434e9ff780f43b143547e8fedc6d70c9803238cf498b1adca8006cfb0ea870-V

Општина Василево ќе добива директна помош од фондовите на  ЕУ откако градоначалникот на општината г-дин Ванчо Стојанов потпиша меморандум за соработка со општините  Корено Аусонио (Италија),  Струмјани (Бугарија)  и општина  Нехсар од Малта. Првите луѓе на овие општини учествуваа на форумот ,,Европа за општините“ организиран од претседателот на  европскиот парламент Антонио Тајани кој подвлече дека  руралните општини мора да бидат подржани со цел да им се помогне на граѓаните

,, Општините не може да се справат со промените па затоа тука е ЕУ да им помогне а преку нив и на самите граѓани. Овие четири општини  ќе бидат приоритет да им се помогне од фондовите кои ќе бидат отворени од ЕУ. Руралните општини  немаат доволно ниту пероснален ниту финансиски капацитет  да се справат со сите проблеми  па затоа ЕУ мора да води сметка тоа да се поправи во функција на стопирање на миграцијата која во моментов е најголем проблем на Европа“ истакнал Тајани.

На Форумот било истакнато дека  ваквиот пример на здружување треба да биде пример и за другите општини и на тој начин ќе се воспостават добри релации не само меѓу локалните самоуправи туку и на самите држави за да се потикне глобалниот економски развој

,,Општините се најблиска алка со граѓаните и само преку локалните самоуправи  може да им се помогне. Тие се само еден мал прозор на отвореност кон ЕУ и со ваквото збратимување и соработка полесно може да се користат средствата  на ЕУ фондовите за да се помогне и на Р. Македонија и на  општина Василево и да се види  рамноправноста на сите граѓани на ЕУ“ , истакнал градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов на форумот „Европа за општините“.

Стојанов  имаше средба и со македoнскиот амбасадор во Италија  Оливер Шамбевски.

image-0-02-04-da30e331a6a75513d2cbb69265f307946faff50f5d37d0ce92ba6a99b7bccf58-V

image-0-02-05-8197519c94871b95d5e0ede777ae506af26bb15422f1d55b71f4a6ad04beb7de-V

image-0-02-05-6485532184a78e50c4de351f52b1c9f1d877fee73ff8bd0058e023637fc0bdde-V

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започна изградбата на локалниот пат Чанаклија – Нова Маала

DSC_0180

„Денес започнаа градежните активности за реализација на уште еден проект од општина Василево, проект кој беше ветен за граѓаните на општина Василево, односно за граѓаните на населено место Чанаклија“ изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов на денешниот официјален старт на градежните активности на локалниот пат Чанаклија – Нова Маала.

Во оваа фаза ќе биде асфалтиран дел од патот во должина од еден километар и тоа почнувајќи од населеното место Чанаклија така што ова воедно ќе претставува и улица за жителите кои живеат во овој дел од селото.  Ширината на овој пат ќе биде 5 метри плус банкини со ширина од по половина метар од двете страни на патот.

Вкупниот буџет за оваа инвестиција изнесува 6,5 милиони денари од кои околу 5,2 милиони денари се од Бирото за регионален развој обезбедени преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и околу 1,3 милиони денари од општинскиот буџет.

Градоначалнокот е оптимист дека во скоро време односно до крајот на оваа градежна сезона, на задоволство на сите негови корисници,  комплетно ќе бидат завршени градежните активности на овој пат.

Вкупната должина на локалниот  пат Чанаклија – Нова Маала  е околу 4 км. од кои досега се асфалтирани 1,3 км. од правецот на Нова Маала  кон Чанаклија.

DSC_0173

DSC_0178

DSC_0181

DSC_0187

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail