Author Archives: opstinaadmin

Се асфалтира локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци

naslov

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес присуствуваше на асфалтирањето на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци, како последна и завршна фаза од планираните градежни активности за негова целосна реконструкција и ревитализација. Должината на овој локален пат изнесува околу 2 км,  ширината е 4,5 метри и истиот е со подземна атмосферска канализација како квалитетно решение за прибирање и канализирање на атмосферските води.

„После подолг временски период се изведуваат финалните работи односно асфалтирањето на овој локален пат, кој е особено значаен за жителите од Владевци затоа што ги поврзува  двата дела од ова населено место кои се меѓусебно оддалечени“, изјави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој притоа им се заблагодари на жителите на Владевци за трпеливоста и разбирањето што го имаа  во периодот додека се одвиваа градежните активности.

Средствата за реализација на овој капитален проект изнесуваат околу 20 000 000 денари и истите  се обезбедени од Светска Банка, преку Владата на РСМакедонија и Министерството за транспорт и врски, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта.

Изведувач на градежните работи на терен е ЕСКАВАТОРИ МК Дооел Скопје и Битем Дооел,Скопје.

DSC_0310_1024x681 DSC_0346_1024x681 DSC_0354_1024x681 DSC_0360_1024x681 DSC_0365_1024x681 DSC_0369_1024x681 DSC_0372_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Детски реквизити поставени во училишниот двор во Владевци

DSC_0275_1024x681

Денес, во дворот на училиштето во с. Владевци, на радост и задоволство на дечињата поставени се детски резивити, донација од СЕКЕ ДООЕЛ, Прилеп,  друштво што се занимава со трговија и производство на тутун и има свои откупни пунктови на територијата на општина Василево. Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов во придружба на  директорот на ООУ „Гоце Делчев“, Василево, Дејан Стојанов  и Ристо Делијанов- претставник од донаторот, го посетија училиштето и присуствуваа на поставувањето на реквизитите.

„Секоја донација е добредојдена, а убавината на оваа е што е токму за дечињата кои секогаш знаат искрено и од срце да се израдуваат и да се заблагодарат изјави градоначалникот на општина Василево, кој при денешната посета на училиштето во Владевци, на учениците им посака успех во учењето но и убави и забавни моменти во училишниот двор со новите реквизити.

DSC_0261_1024x681 DSC_0285_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Средба на градоначалникот Андонов со директорот на НФФ

DSC_0243_1024x681

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, вчера,  во својот кабинет оствари средба со извршниот директор на Националната федерација на фармери, Стеван Орозовиќ. На средбата е разговарано за резултатите од досегашната соработка и можностите за нејзино продолжување.

Во рамки на потпишаниот Меморандум за соработка, општина Василево, мината година од Здружението за земјоделски развој, Национална федерација на фармери, доби донација,   инклузивно детско игралиште со реквизити и опрема, лоцирано во непосредна близина на општинската зграда. Донацијата е во рамки на проектот за социо-економско зајакнување на лица со попреченост од руралните средини „From disability to FoodAbility“, финансиски подржан од шведската организација We Effect и Radiohjalpen, чија цел е унапредување на положбата и правата на лицата со попреченост во руралните средини и развој на инклузивна култура.

DSC_0246_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала го одбележа патрониот празник

DSC_0161_1024x681

Со полагање свежо цвеќе и свечена програма во изведба на учениците, денес ООУ „Атанас Нивичански“ од Нова Маала го одбележа својот патрон празник и 10 годишнината од своето постоење.

Како што кажа директорката на училиштето Соња Ничева, горди на успесите на учениците кои учат во ова училиште и генерациите пред нив кои овде го завршиле своето основно образование, сите тие заедно ја одбележуваат десетгодишнината од оснивањето на ова основно општинско училиште, притоа заеднички трудејќи се да  постигнат поголеми успеси и резултати со кои го промовираат училиштето и општината.

Свое обраќање имаше и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

„Сите Вие, вработените и учениците, како и генерациите кои поминаа низ образовниот систем токму преку ова училиште ја имате обврската но и честа  преку вашата посветена работа, со постигнување на резултати во котинуитет да го чествувате името на Вашиот патрон – војводата од нашиот крај,  кој со својата револуционерна активност оставил траги во нашата историја“, истакна Андонов кој како прв човек на општината  им вети поддршка во нивните активности и проекти: „Свесни дека вложувањето во образованието е вложување во нашата и во иднината на тие што ќе дојдат по нас, Општина Василево и јас како градоначалник ќе вложуваме во подобрување на условите во кои се одвива наставата и ќе ги поддржуваме вашите активности и проекти со цел  постигнување на подобри резултати и успеси“.

По богатата програма преку која учениците ги покажаа своите знаења и вештини, најдобрите од нив добија блгодарници за постигнатите резултати.

Благодарници за успешната соработка со училиштето им беа доделени и на Градоначалникот на општина Василево, директорот на ООУ „Гоце Делчев“, Василево  и на ЈПКД „Турија“, Василево.

DSC_0138_1024x681 DSC_0140_1024x681 DSC_0153_1024x681 DSC_0160_1024x681 DSC_0173_1024x681 DSC_0190_1024x681 DSC_0207_1024x681 DSC_0232_1024x681

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот Андонов оствари средба со жителите на с. Нова Маала

IMG-891455d24254e10d856b1dab77052c0e-V

Синоќа, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов оствари средба со жителите на населеното место Нова Маала, на која како што информираше биле презентирани планираните проекти и активности кои ќе бидат реализирани во ова населено место. „Ги информирав граѓаните дека општината поднесе апликации до соодветните институции за повеќе проекти, а конкретно за ова населено место ги издвојувам Проектот за изградба на локалниот пат Нова Маала – Добрашинци и Проект за уредување на центарот на Нова Маала.“, информираше градоначалникот Андонов. Исто така тој нагласи дека од граѓаните побарал редовно и навремено да си ги подмируваат обврските кон општината и комуналното претпријатие, како што се данокот на имот и таксата за јавна чистота, бидејќи тоа се изворни приходи на општината односно средства кои општината во вид на проекти  повторно ќе ги врати кај граѓаните во нивните населени места.

На средбата од страна на граѓаните било побарано општината и ЈПКД „Турија“ да постават канти за собирање на смет на повеќе локации низ населеното место, со што би се створиле услови за подобрување на состојбата во сферата на комуналната хигиена.

На средбата биле присутни и  советникот во Советот на општина Василево Блажо Донев и директорката на ЈПКД „Турија“, Славица Василевска.

 IMG-12aa3e007977e80ffc5bfdef7138b3d4-V IMG-7592951b57b8c3bdd1dba11f3718bfcc-V IMG-d50cdeb0d595c31af4841ad0cac01523-V

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот Андонов доби плакета за соработката со Црвениот крст

Plaketa

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, на свеченоста по повод 8-ми Мај, Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, од страна на  ОО Црвен крст  Струмица,  во знак на благодарност за успешната соработка и поддршка доби плакета.

„Успешната соработка со ОО Црвен крст Струмица ќе продолжи и во иднина. Општина Василево како институција во служба на граѓаните,  секогаш кога од страна на Црвениот крст биле организирани активности за помош и поддршка на граѓаните, во рамките на своите можности, се вклучувала со свои ресурси и несебечно помагала. Плакетата е признание за досегашните резултати но и мотив повеќе како општина да продолжиме да ја негуваме и унапредуваме меѓусебната соработка, и заеднички да помагаме онаму кадфе што е најпотребно“, изјави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по повод доделувањето на плакетата од страна на ОО Црвен крст Струмица.

Под мотото „Биди човечен“, свечениот настан е одржан синоќа, во Центарот за култура во Струмица, во организација на ОО Црвен крст Струмица.

 IMG-eee00b8c6c47a75c1c79bd20db6ea948-V

IMG-abc712673f5f2f7e6d010ab273dde5ab-V

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Тампонирање на улици низ наслените места на општина Василево

DSC_0134_1024x681

Општина Василево деновиве  врши порамнување, посипување и тампонирање на улици низ населените места на општината.

„Активностите се изведуваат со единствена цел за подобрување на секојдневното живеење на граѓаните и се директен одговор на нивните барања  и потреби“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на општина Василево Славе Андонов во врска со оваа тековна активност во општина Василево која на терен ја реализира градежната компанија Пешо инженеринг која на неодамна завршениот јавен повик достави најповолна понуда.

Денес, механизацијата е ангажирана во населеното место Василево, а во текот на претхподната седмица беа порамнети и тампонирамни две улици во населеното место Пиперево.

Според информацијата од градоначалникот Андонов, во Василево ќе бидат тампонирани вкупно три улици, по што ќе се работи и на улица во населеното место Ангелци, додека  вкупниот обем на активности  зависи од потребите на граѓаните и планираните расположивио средства кои општина Василево, согласно јавната набавка ги има планирано за таа намена, а тие изнесуваат 600 000 денари.

DSC_0126_1024x681 DSC_0129_1024x681 DSC_0133_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Асфалтирана улица во населеното место Пиперево

33

Викендов, во населеното место Пиперево се асфалтираше улицата која води кон гробиштата  во должина од 290 метри  и ширина од околу 5 метри, која варира во зависност од состојбата и условите на лице место.

„Жителите на Пиперево добиваат подобра инфраструктура со која значително се подобруваат условите за живот“, информираше преку  својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24/, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов кој за време на изградбата на улицата, беше на терен и изврши увид во одвивањето на тековните активности.

Вкупниот буџет за изградба на оваа улица изнесува 1 512 866 денари. Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Василево.

Улицата е од Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улица во општина Василево  за 2021 година.

Изведувач на градежните активности е компанијата Бони интерградба од Штип.

1 2 3

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во Василево се реализираше крводарителска акција

DSC_0110_1024x681

Денес во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево, ОО на Црвениот крст од Струмица и Центарот за трансфузиона медицина во соработка и поддршка на општина Василево спроведоа хуманитарна акција на доброволно дарување на крв.  Вработените во локалната самоуправа и останатите граѓани на општината  и овој пат  ја покажаа својата хуманост на дело. Резултат на успешниот одзив на денешната акција се 25-те крвни единици кои несомнено ќе помогнат во спасувањето на нечии животи.

Акцијата се реализираше во периодот од 09,00 до 14,00 часот.

DSC_0028_1024x681 DSC_0022_1024x681

DSC_0027_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

ООУ „Гоце Делчев“, Василево го одбележа патрониот празник

DSC_0047_1024x681

Со полагање свежо цвеќе и пригодна свечена програма, ООУ „Гоце Делчев“, Василево го одбележа својот празник.

Пред бистата се поклонија делегации од училиштето и општината, а свои обраќања за имаа директорот на училиштето Дејан Стојанов  и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.

„Секој народ во својата историја има некој великан. Нашиот е токму Гоце Делчев, нашиот патрон на кој токму денес му оддаваме почит“, нагласи директорот Стојанов на денешното чествување на ликот и делото на Делчев.

На присутните им се обрати и градоначалникот Андонов: „Овде сме да  му оддадеме почит на еден од најголемите синови на Македонија –  на визионерот, организатор и предводник на македонското национално движење; да му оддадеме почит на херојот  кој загина  на 04 мај во далечната 1903 година.  Да се поклониме пред споменикот на великанот Гоце Делчев – патронот на  ова наше училиште“, рече Андонов и притоа упати порака да се следи неговиот пат: „Да го продолжиме неговото дело, така како што тој ги поставил основите, како дијалог и натпревар на мисли и идеи кои водат кон развој и  подобро утре. Ова е единствениот исправен начин да се одржи чекор со времето, а притоа да не се загрозат цивилизациските придобивки на сопствената земја и на светот воопшто“.

Програмата беше збогатена со музички и литературни точки во изведба на улениците од  ова училиште.

DSC_0042_1024x681 DSC_0050_1024x681 DSC_0054_1024x681 DSC_0056_1024x681 DSC_0057_1024x681 DSC_0061_1024x681 DSC_0066_1024x681 DSC_0068_1024x681 DSC_0106_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail