Author Archives: opstinaadmin

Во среда прво прскање против возрасни комарци по земјен пат

komarec

Се известуваат граѓаните на општина Василево дека на ден 24.06.2020 година (среда), во период од 18.00 до 02.00 ќе биде извршено првото прскање против возрасни комарци по земјен пат.  Во истиот период ќе биде извршено прскање и во општините Конче, Радовиш, Ново Село, Босилово и Струмица, додека на 25.06.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот  ќе се прска во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.

Упатуваме апел до  сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, прскањето го организира  Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот.

Според набавката  предвидени се вкупно две прскања за ларвициди и три прскања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначачалникот Јанев делеше заштитни маски

naslov

Денес, градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев во соработка со Црвен крст Струмица и Секторот за превенција при СВР Струмица, спроведоа  акција на делење на заштитни маски  на жителите на населеното место Василево. Целта на акцијата е подигање на јавната свест за задолжителното носење на заштитни маски  и почитување на сите мерки пропишани од надлежните институции  за заштита и спречување на ширењето на Covid-19.

„Денес во соработка со Црвен крст Струмица и Секторот за превенција при СВР Струмица направивме акција, делење заштитни маски за повеќекратна употреба на случајните минувачи на општина Василево,  со апел да ги  почитуваат мерките за заштита од Ковид 19 пропишани од надлежните институции, односно носење заштитни маски во сите затворени институции: маркети, продавници, банки, здравствени установи и сите државни институции; на отворените пазари  и на сите места каде не може да се одржи минималната дистанца односно растојание од два метри“, изјави градоначалникот Јанев за медиумите.

„Почитувањето на мерките е битно за да го спречиме ширењето на вирусот, а со тоа да се заштитиме самите себе  и оние околу нас. Да бидеме одговорни и совесни и заедно да го спречиме ширењето на вирусот“ апелираше градоначалникот  Јанев.

1

3

5

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ја одржа 34-та седница

DSC_0131_1280x851

Денес, Советот на општина Василево ја одржа редовната 34-та седница на чиј дневен ред беа три точки и истите беа усвоени. Првите две беа од областа на урбанистичкото планирање и се однесуваа на Програмата за урбанистички планови во општина Василево за 2020 година која на оваа седница со Одлука на Советот претрпе измени и дополнување во делот на изработката на локална урбанистичко – планска документација и тоа за КП бр. 1692/2, дел од КП бр.1691 и дел од КП бр. 1709/2 , сите во КО Градашорци вон г.р за намена Г2- лесна и незагадувачка индустрија.

Повеќе дискусија предизвика третата точка, која како дополнителна стана составен дел од дневниот ред за денешната седница: Барање позитивно мислење  за Договор за воспоставување на јавното приватно партнерство за давање на енергетски услуги на јавното осветлување. Во образложението дадено  од соодветните  службеници  од општинската администрација, Проектот за воспоставување на ЈПП со ЕСКО компанија за давање на енергетски услуги во делот на јавното осветлување, што општина Василево го спроведува во соработка со повеќе релевантни субјекти, е во фаза на потпишување на Договор со ЕСКО компанијата, во случајот,  Македонски Телеком, АД за електронски комуникации, Скопје, чија понуда по објавениот јавен повик, од страна на Комисијата за јавни набавки е избрана како најповолна.  Предмет на Договорот е модернизација на јавното осветлување во општина Василево. ЕСКО компанијата со сопствени средства, некаде до крајот на 2020 година ќе изврши модернизацијата на мрежата за улично осветлување, преку замена на постојните со еколошки, штедливи светилки и во наредните 5,5 години преку заштеда на електрична енергија ќе си ја врати инвестицијата. Согласно предвидувањата во тој период општина Василево, врз основа на заштеда на електрична екергија би требало да инкасира околу 600 000 денари. Во наредните 6 години, до истекот на Договорот,  по основ на заштеди од јавното осветлување, општината би требало да инкасира 17 000 000 денари, средства кои би можела да ги инвестира согласно потребите.

Вкупното времетраење на овој Договор, кој денес беше усвоен со 9 гласови „за“ е 144 месеци. По истекот, целокупната опрема вложена од страна на ЕСКО компанијата останува во сопственост на општина Василево.

Целиот овој процес е раководен од Европската банка за обнова и развој во соработка со Секретаријатот за енергетската заедница со кој Република Северна Македонија има потпишано Договор за соработка, а општина Василево е една од првите општини во РСМакедонија во која истиот се имплементира.

 DSC_0144_1280x851

DSC_0136_1280x851

DSC_0142_1280x851

DSC_0149_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево набави нов камион за собирање отпад

2

Денес, пристигна новиот камион за собирање на смет што општина Василево го набави за потребите на Јавното комунално претпријатие „Турија“, од Василево.

„Како локална самоуправа цврсто стоиме на определбата за подобри  услови за граѓаните во сите области, а еколошки здравото и чисто опкружување е предуслов за подобрување на квалитетот на животот и економскиот развој на општината. Токму поради тоа општината вложува во зајакнување на капацитетот на јавното комунално претпријатие, во чија сопственост ќе биде овој камион“, изјави градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев по денешното примопредавање на  новиот камион за собирање комунален отпад што општина Василево го набави за потребите на ЈПКД „Турија“, Василево

„Камионот е со капацитет од 5,5 м3 и заедно со постојните две возила со иста намена,  ќе го зголеми капацитетот на нашето комунално претпријатие. Со неговото ставање  во употреба ќе обезбедиме поквалитетно и поефикасно извршување на услугата собирање отпад;  ќе го  зголемиме опфатот, количеството и редовноста во собирањето отпад со што  ќе се намали бројот на диви депонии и загадувањето на животната средина“, информираше градоначалникот Јанев.

Во моментот со собирањето на смет целосно се опфатени населените места: Василево, Ангелци, Градашорци, Сушево, Владевци и Пиперево а  делумно Радичево и Дукатино како и правните лица од Нова Маала и Добрашинци, или во бројки околу 1680 домаќинства и околу 130 правни лица.

Според информациите од в.д директорот на ЈПКД „Турија“, Василево, Зоранчо Ѓеорѓиев, со ставањето во употреба на новиот камион, во  најскоро време  услугата „собирање смет“  ќе биде проширена и во населените места кои досега не беа опфатени во системот на организирано собирање, а таму каде што опфатеноста беше делумна, услугата ќе биде проширена на сите домаќинства.

Средствата за набавка на возилото во износ од 4 370 000 ден. општина Василево ги обезбеди преку кредит, во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги  финасиран со заем од Светска Банка. Отплатата на истиот треба да заврши во 2022 година.

3

DSC_0129_1280x851

DSC_0122_1280x851 DSC_0125_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Министерот Димковски се сретна со производителите на вишни од Василево

DSC_0111_1280x851

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, денес во улога на домаќин оствари средба со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на РСМакедонија, Трајан Димковски,  дел од откупувачите и преработувачи на вишни и со претставници на Здружението на производители на вишни од Василево.

„Бербата на вишни е во полн ек. И во оваа гранка е важно да има соработка и договор помеѓу земјоделците,  производителите на вишни и откупувачите.

Ги слушнавме и предлозите на земјоделците производители на вишни за начинот на годинешниот откуп на вишни и за откупната цена. Со цел да има непречен откуп на вишни, како ресорно министерство ќе организираме и заедничка средба со земјоделците и откупувачите.  Земјоделците и откупувачите, мора да градат партнерски однос, што е важно за стабилен пласман на земјоделските производи. #МЗШВ и во следниот период ќе креира мерки за поддршка на примарното производство и на преработувачката индустрија, како две клучни алки за одржливо земјоделско производство“, напиша меѓу другото на  својот ФБ профил министерот Димковски во врска со денешната средба и разговорите со производителите на вишни од општина Василево“

На средбата присуствуваше и раководителот на ПЕ на МЗШВ-Струмица, Василе Коцев.

DSC_0093_1280x851

DSC_0085_1280x851

DSC_0088_1280x851

DSC_0091_1280x851

DSC_0107_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 34-та Седница на Советот на Општина Василево

DSCN5467

На ден 17.06.2020 година (среда) со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 34-та седница.  За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Донесување на Одлука по барање поднесено од Саво Василев од с. Ангелци;
  2. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за урбанистички планови во општина Василево за 2020 година.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево ќе го уредува поројот во Градашорци – тендерот е објавен

reka, poroj Gradasorci_1266x960

На страната на Бирото за јавни набавки, општина Василево објави Оглас за јавна набавка, Изведување на градежни работи за регулација на река во населеното место Градошорци општина Василево во должина од 680 метри. Средствата во висина од  околу 6 500 000 или 75 % од вкупната вредност на проектот, општината ги  обезбеди од Министерство за животна средина и просторно планирање од Програмата за управување со водите за 2020 година, врз основа на Конкурс, на кој општината аплицираше.

Според податоците од проектната документација,  активностите опфаќаат уредување  на речното корито (поројот) во делот кој минува низ  опфатот на селото во должина од 680 метри. Коритото ќе се обложува со камен во цементен малтер, а за премостување прердвидена е изведба на армирани  плочасти пропусти.

Со реализацијата на овој проект ќе се реши проблемот со поплавување на домаќинствата и  објектите, како и  оштетувањата на постојниот асфалт покрај речното корито, кои при обилни врнежи најчесто страдаат поради излевањето  на водата од коритото.

Проценетата вредост на проектот изнесува околу 8 670 000 денари.

Заинтересираните економски оператоти целокупната тендерска документација можат да ја најдат на веб страната на Бирото за јавни набавки на следниот линк:

https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/72db035f-7ad0-4a5a-91a6-b2c9d0e10c2d/14

Краен  рок за доставување на документите: 23.06.2020, 12,00 часот

reka, poroj Gradasorci_1266x960

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

ОДЛОЖЕНО првото прскање против возрасни комарци во Југоисточниот плански регион

komarec

Се известуваат сите граѓани на 10-те општини во Југоисточниот плански регион дека СЕ ОДЛОЖУВА првото прскање против возрасни комарци кое беше предвидено да се изврши на 10 и 11 Јуни 2020 година (среда и четврток) на територијата на сите општини во регионот.

За новите термини, граѓаните ќе бидат дополнително информирани.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Објавен тендерот за изградба на атмосферска канализација во Василево

113

На официјалната старна на Бирото за јавни набавки, општина Василево  објави  Оглас за јавна набавка: Изградба на атмосферска канализација од повеќенаменско игралиште  во Василево до 11-Септември.

„Реализацијата на овој проект во пракса ќе значи целосно и трајно решавање на проблемот со атмосферските води во овој дел од населеното место Василево, бидејќи оваа атмосферска канализација ќе се поврзе со постојната која беше изградена заедно со улицата од поштата до  повеќенаненско игралиште.  Реципиент на атмосферските води ќе биде реката Водочница, со што ќе го решиме проблемот што сега ни се јавува при обилни врнежи кога доаѓа до излевање на јамата во која завршува постојната атмосферска канализација“, информираше градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев.

Согласно техничката спецификација должината изнесува 956 метри, а проценетата вредност е 4 000 000 денари и истите се  обезбедени од општинскиот Буџет.

Крајниот рок за доставување на понудите е  18.06.2020 година. Заинтересираните економски оператори Огласот за јавната набавка можат да го најдат на следниот линк:

https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/d937e36d-d8b1-473b-82f9-84dbca27c70f/14

 113

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Известување од МЗШВ за земјоделците

Забрана за движење, духовден

Известување од МЗШВ за правила за движење на неевидентираните земјоделци во ЕРЗС за време на полицискиот час во деновите петок, сабота и недела односно 05, 06 и 07 јуни 2020 година

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности надвор од атарот на своите населени места, телефонски да ги известат Општинските кризни штабови во местото на живеење каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.

Потребата за движење за време на продолжениот викенд, неевидентираните земјоделци треба да ја најават во Кризните штабови, во текот на денот најкасно до 15 часот . При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности.

Напоменуваме дека Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, Станица, ОВР, СВР).

-Митко Јанев. 071/874-769
-Верче Миткова. 071/631-048
-Павлинка Николова. 077/543-814
-Наско Глигоров. 078/810-312
-Бранко Андонов 071/205/117
-Симона Стојанова. 077/931/587
-Горан Андонов. 071/239/344

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail