Author Archives: opstinaadmin

Општина Василево започна со изградба на повеќенаменско игралиште во с.Чанаклија

naslov

Денес, локалната самоуправа Василево започна со изградба на повеќенаменско игралиште во населеното место Чанаклија. Со механизација се вршеше  машински ископ  на земја и порамнување на трасата, каде ќе биде изградено новото игралиште. На лице место, заедно со дел од соработниците беше и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

Согласно проектната документација, игралиштето ќе биде со асфалтна подлога на површина од  990 м2 .  Поставени ќе бидат по  две стативи и кошеви со што ќе се овозможи играње на фудбал, кошарка, ракомет, односно ќе одговара на различните потреби на граѓаните кои овде ќе спортуваат. Игралиштето ќе биде осветлено со лед рефлектори со што ќе биде можно спортување и во вечерните часови.

Изградбната на ова игралиште е планирана со Програмата за уредување на просторот на градежното земјиште во руралните подрачја во Општина Василево за 2023 година.  Средствата за негова реализација изнесуваат 3 538 045 денари и истите се обезбедени од Буџетот на општина Василево.

IMG_20231205_133000_555_1024x768 IMG_20231205_133021_052_1024x768 IMG_20231205_133030_747_1024x768 IMG_20231205_133034_633_1024x768 IMG_20231205_133040_115_1024x768 IMG_20231205_133138_032_1024x768 IMG_20231205_133143_711_1024x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Сушево доби уредено катче во центарот на населеното место

4_1024x768

„Уште едно ветување стана реалност! Општина Василево се менува, ветувањата кон граѓаните се реализираат“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24,  по неговата денешна посета на населеното место  Сушево во чиј центар општина Василево изгради ново урбано катче за жителите.

Како што информира градоначалникот Андонов, со овој проект кој е всушност и барање на жителите од Сушево, центарот на населеното место добива нови содржини односно  поплочување со бекатон плочки и бетонски ивичњаци, поставување на урбана опрема, ново осветлување,  клупи и корпи за отпадоци, поставување на фонтана, хортикултурно уредување со високо и ниско зеленило како и со сезонско цвеќе со што  запуштениот и руиниран центар во Сушево станува  минато  а граѓаните на Сушево добија соодветен простор за одмор и дружење.

Вкупната инвестиција изнесува 395 300 денари, средства обезбедени од општинската каса.

1_1024x768

2_576x768

3_1024x768

5_1024x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Населените места Василево, Градашорци, Ангелци и Едрениково ќе добијат чиста и здрава вода за пиење

1_768x768

„За неколку месеци, населените места Василево, Градашорци, Ангелци и Едрениково конечно ќе имаат чиста и здрава вода за пиење. Обезбедивме средства за последната фаза од реконструкција на филтер станицата „Ташли баир”, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24,  градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по потпишувањето на Договорот за партнерство со ЦРЈИПР во реализација на проектот „Преземи чекор-заштити ја животната средина“.  Во рамките на овој проект  општина Василево обезбедува средства за набавка на опрема за реконструкција и сервисирање на опрема за филтер станицата „Ташли Баир“ односно за регионалниот водовод од кој со вода за пиење се снабдуваат населените места  Василево, Ангелци, Градашорци и Едрениково.

Средствата во износ од 1 395 940 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој согласно Одлуката за доделување на средства за финансирање на проекти за развој напланските региони за 2023 година. Општина Василево ќе учествува и со сопствени средства во износ од 104 695 денари.

„Моето ветување го исполнувам. Постепено но сигурно работиме населените места во општина Василево да добијат чиста вода за пиење. Конечно ќе заврши целосното и темелно решавање на проблемот со вода за пиење за жителите на Василево, Градошорци, Ангелци и Едрениково. Навистина сум среќен, што решаваме децениски проблем.Правото на пристап до чиста вода е основно човеково право.Ветувањата кон граѓаните се реализираат“, стои во ФБ објават на градоначалникот Андонов.

2_768x768

3_1024x683

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Асфалтирана улицата во Добрашинци

IMG_20231127_110727_140_576x768

Локалната патна инфраструктура во населеното место Добрашинци од денес е побогата со уште една асфалтирана улица. Имено, улицата која во петокот се тампонираше и подготвуваше за сафалтирање, веќе  е целосно готова.

Оваа улица, општина Василево ја реализираше во рамки на Програмата за изградба на локални патишта и улици за 2023 година и истата е изградени со средства обезбедени од општинската каса. Вкупниот Буџет изнесува 397 025 денари, должината е 130 метри а ширината околу 3 метри односно онолку колу што дозволуваат условите на терен.

И денес, на лице место во финалната изградба од улицата беше градоначалникот на општина Василво, Славе Андонов.

IMG_20231127_110740_320_576x768 IMG_20231127_110747_438_576x768 IMG-5f6176262e5513244a7a3057e4ab0712-V_576x768 IMG-30add3c08107a0275b645051a0a5759d-V_576x768 IMG-68913ecae5586cca056bbf0ae3c4d5fb-V_576x768 IMG-aae9d18993c69bba4e6f028f559edd7a-V_576x768

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот Андонов во Сушево по повод новиот објект на МЗ

15_576x768

„Денес, на денот кога се празнува Свети Јован Златоуст, присуствував на осветување на новиот објект на месната заедница во населеното место Сушево“, напиша ан својот ФБ профил градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24, к ој на покана од жителите од ц. Сушево беше дел од црковниот обред на осветување на објектот.

„Денес е посебен ден за Сушево бидејќи добиваат објект кој долго време го очекуваа.Честитки за жителите и за нивната организираност и посветеност во развојот на нивното населено место.Овој објект ќе биде користен и од страна на месната заедница но и од нашата гордост КУД ,,Сушевски Бисери”. Благословено нека е“, стпои во објавата на градоначалникот Андонов.

1_950x768 3_950x7688_950x76811_1024x7685_950x76812_576x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Подготовка за асфалтирање на улица во с. Добрашинци

DSC_0201_1024x681

Денес, во населеното место Добрашинци Општина  Василево, спроведува градежни активности на подготовка  на една од улиците за асфалтирање. Конкретно се работи на тампонирање на улицата по што ќе следува  и нејзино асфалтирање.

На лице место беше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов заедно со дел од своите соработнмици, при што се информираше за текот и динамиката со која ќе се реализира наредната финална фаза.

Должината на оваа улица изнесува 130 метри, а ширината е околу 3 метри, односно онолку колу што дозволуваат фактичките услови на терен. Вкупниот Буџет за нејзина реализација изнесува 397 025 денари, обезбедени од сопствените извори на приходи.

Улицата се реализира во рамки на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици во општина Василево за 2023 година.

DSC_0205_1024x681 DSC_0210_1024x681 DSC_0213_1024x681 DSC_0215_1024x681

DSC_0203_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Заменик министер за труд и социјална политика, Енвер Хусејин во посета на општина Василево

DSC_0122_1024x681

Денес, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, беше домаќин на заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусијен, кој беше во работна посета на општината.

На состанокот  во кабинетот на Градоначалникот главно се разговараше за тековните состојби и проблемите во работењето со кои се соочува детската градинка „Прва радост“ во Василево.  Средбата беше во насока на изнаоѓање на решенија со што би се оптимизирало тековното работење на оваа установа, која подолг период има проблеми во делот на вработувањето на персонал неопходен за нормално одвивање на секојдневниот воспитно-едукативен и згрижувачки процес.

На состанокот се разговараше и за  состојба на новата детска градинка во с. Ангелци, која сеуште не е ставена во функција.

По состанокот во кабинетот на градоначалникот на кој присуствуваше и директорот на ЈОУДГ „Прва радост, Василево, Игор Илиев, заменик министерот беше во посета и на градинката „Прва радост“ во Василево, каде на лице место се запозна со поединостите и карактеристиките, условите во кои функционира, како и потребите неопходни за нормалното функционирање  на оваа установа во иднина.

На средбата присуствуваше и Билент Исинов, членот во Советот на општина Василево од Демократската партија на Турците на Македонија.DSC_0109_1024x681 DSC_0116_1024x681 DSC_0140_1024x681 DSC_0157_1024x681 DSC_0166_1024x681

 

DSC_0126_1024x681 DSC_0150_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот на општина Василево со обраќање на Универзитетот Аристотел во Солун на завршната конференција на проектот „Деловен екосистем како интегриран систем – Be In“

1

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, како претседател на Центарот за развој на Југоисточнмиот плански регион,  денес во Солун, Р.Грција   учествуваше на Завршната конференција  на проектот Деловен екосистем како интегриран систем-Be In“, проект кој се имплементира во рамки на  Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Република С. Македонија 2024-2020.  Во своето обраќање пред присутните  Андонов нагласи дека претприемништвото е еден од најважните сегменти на секое општество а патот кон успешно претприемништво е тежок и токму затоа   истрајноста е важна, што значи дека треба да се работи на нивно  решавање и надминување. „Претприемништвото бара целосна трансформација во вредностите, ставот и начинот на размислување. Токму вакви проекти се потребнни со цел претприемачите да се здобијат со нови знаења и вештини за да се издигнат на патот кон успехот“, потенцира градоначалникот Андонов, кој јавно изразува надеж дека во иднина партнерите ќе реализираат и други проекти  од областа на претприемништвото со кои  ќе им се олесни патот на сите претприемачи од прекуграничниот регион,  ќе им се овозможи да стекнат компетенции за отвореност кон нови идеи и препознавање на нови можности,  да се стекнат со знаење за креирање на успешни бизнис идеи кои ќе придонесат кон економски развој и зајакнување на комплетниот деловен  еко систем во регионот.

Заблагодарувајќи се на поканата и можноста јавно да ги изнесе своите ставови и пораки, градоначалнијот Андонов упати благодарност до  инволвираните страни за успешната имплементација и постигнатите резултати.

Завршната конференција во Р.Грција беше одржана во Универзитетот Аристотел во Солун.

1 IMG-49858d2621704e0b5cae1e0b7709b0be-V_576x768

hhh_1024x576

20231122_123139_1024x576 IMG-dd7f5b45a9efd536c4df424ebc8c4e91-V_1024x723

BE IN Final Conference Invitation Thessaloniki 22_11_2023 (1)_419x768

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Обезбедени средства за изработка на техничка документација за уредување на дворот на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала

naslov

„Потпишав договорот за проектот ”Изработка на техничка документација со ревизија за уредување на училишниот двор во ООУ ,, Атанас Нивичански” Нова Маала“, напиша на својот ФБ профил https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по вчерашното потпишување на Договорот со кој општина Василево обезбеди средства за изработка на техничка документација за Уредување на дворот на ООУ „Атанас Нивичанки“, Нова Маала. Средствата во висина од околу 90 000 денари се обезбедени  во рамки на Проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, како активност на Фондот за техничка документација спроведена од  УНДП со финансиска поддршка од Шведска и Бирото за регионален развој.

Како што  информира градоначалникот Андонов, на настанот на потпишување на договорот присутни биле и постојан претставник на УНДП, Армен Григорјан, директорот  на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи и раководителот на развој на соработка на Шведска, Микаел Атерхог.

„Покрај главната цел на настанот, во оваа прилика се дискутираше и за планираните идни активности во рамките на Фондот за техничка документација. Посебен осврт се даде на плановите за негово институционализирање како постојан механизам за финансиска и техничка поддршка на локалните самоуправи во подготовката на висококвалитетна техничка документација и целокупното управување со градежни проекти во општински контекст“, напиша градоначалникот Андонов.

2_1024x768 4_1024x768 6_1024x768

5_576x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Завршна конференција на проектот „Деловен екосистем како интегриран систем – Be In“, обраќање на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов

Untitled,1

 

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, како  претседател на Советот за развој на Југоисточен плански регион,  со свое обрќање на Завршната конференција на Проектот Деловен екосистем како интегриран систем– Be In“, имплементиран во рамки на  Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Република С. Македонија и финансиран од Националните фондови на земјите учеснички и Европска унија. Главната цел на проектот е да им се помогне на поединците да ги развијат своите вештини, а на деловните субјекти да го зголемат својот капацитет преку создавање на кохерентен, интегриран и иновативен деловен екосистем кој овозможува вмрежување и зајакнување на идеите со цел да се намали јазот помеѓу понудата и побарувачката на пазарот во  прекуграничниот регион.

„Претприемништвото е еден од најважните сегменти на секое општество. Патот кон успешно претприемништво е тежок и токму затоа   истрајноста е важна. Но истрајноста не значи дека треба да се прелета преку проблемите. Истрајноста значи нивно решавање и надминување на различни предизвици кон остварување на целта. Претприемништвото бара целосна трансформација во вредностите, ставот и начинот на размислување. Многумина не знаат како да го сторат тоа или не се подготвени да излезат од комфорната зона на која се навикнати. Токму вакви проекти се потребнни со цел претприемачите да се здобијат со нови знаења и вештини за да се издигнат на патот кон успехот. Тргнувајќи од фактот дека столбот на нашата локална економија лежи во успехот на малите и средни претпријатија проектот понуди опиплива поддршка. Токму претприемачите имаа можност да се запознаат со алатки, стратегии за дигитален маркетинг и силен систем за поддршка не само за да се движат низ предизвиците на денешницата туку и да ги предвидиме и подготвиме за трендовите на утрешницата. Се надевам дека во иднина ќе имаме уште многу проекти од областа на претприемништвото со кој ќе им го олесниме патот на сите претприемачи од ЈИПР; ќе им овозможиме да стекнат компетенции за отвореност кон нови идеи и препознавање на можностите; да се стекнат со знаење за креирање на успешни бизнис идеи кои ќе придонесат кон економски развој и зајакнување на деловниот еко систем во Југоисточниот регион.“, рече во своето обраќање Андонов, кој  патем упати и благодарност до ЦРЈИПР и инволвираните страни за за вложениот труд за имплементација на Проектот.

Завршната конференција се одржа на  17.11.2023 година.

На Конференцијата присуствува и државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Кирил Парталов, Раководителот на Генералниот директорат за внатрешна организација и операции – Регион Централна Македонија во Грција, Костас Михалидис и  директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев.

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail