Author Archives: opstinaadmin

Средба со граѓаните на населеното место Едрениково

naslov

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, заедно со претседателот на општинскиот Совет, Крсте Панев, директорот на ЈПКД „Турија“ Зоранчо Ѓеоргиев и членот во општинскиот Совет Атанас Ристов, остварија средба со граѓаните на васеленото место Едрениково на која било разговарано  за приоритетите на населеното место за наредната буџетска година. Според информацијата од градоначалникот Јанев,

после реализацијата на фекалната канализациона мрежа, тампонирање на сите улици во селото, чистење на речното корито кое минува низ населеното место и изградба на прочистителна станица која е во завршна фаза и ќе биде завршена до крајот на годината, општина Василево и во наредната година ќе продолжи со реализација на проекти, кои како приоритетни се произлезени  од средбата, а со кои ќе се подобрат условите за живот во ова населено место.

6

7

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Средби со граѓаните на Висока Маала и Добрашинци

naslov

Вчера, градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, согласно планираната динамика одржа средби со граѓаните на  населените места Висока Маала и Доброшинци. Според информацијата од градоначалникот,  разговарано било за  проблемите и потребите со кои се соочуваат граѓаните, со посебен акцент на потребата од изнаоѓање на трајно решение за надминување на проблемот цо водоснабдување.

На средбата присуствуваа и директорот на ЈПКД „Турија“, Василево, Зоранчо Георгиев, пратеникот  Сашко Атанасов, претседателот на општинскиот Совет, Крсте Панев и членовите во општинскиот Совет, Неџат Меминов и Илми Мустафов.

1

2

7

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Продолжуваат средбите со граѓаните на градоначалникот Марјан Јанев

22

Чанаклија и Нова Маала беа населените места кои, градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев ги посети синоќа, во рамки на планираните средби со граѓани, по повод планирањето на Буџетот за наредната 2020 година.

„Заинтересираноста на граѓаните е добар показател за потребата и оправданаста токму од ваков пристап во  креирањето на Програмите и планирањето на Буџетот за наредната година.  Генерално и во двете населени места дискусијата главно се водеше околу состојбата и проблемите кои ги имаат со водоснабдувањето“ информираше градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев по синоќешните средби со жителите на Чанаклија и Нова Маала.

На средбите присуствуваа  и директорот на ЈПКД „Турија“, Василево Зоранчо Георгиев, директорот на ПЕ на МЗШВ Васил Коцев, претседателот на Советот на општина Василево,  Крсте Панев и советникот од овој крај Тони Малчев.

Средбите продолжуваат и во наредните денови. За денес планирани се средби во населените места Добрашинци со почеток во 19,00 часот и во Висока Маала  со почеток во 20,30 часот.  Местото  на одржување на средбите е  во просториите на училишните згради.

1

3

19

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започна изградба на улица во Нова Маала кон резервоарот

naslov

Денес, во населеното место Нова Маала, започна изградбата на улицата која води кон резервоарот.  Вкупната должина на улицата изнесува 181 метри, со широчина на асфалтниот коловоз од 3,5 метри и  армирано бетонски канал  од десната страна на улицата за  прифаќање на атмосферските води.

„Постоечката улица е со земјан коловоз и при дождови се раскалува и е тешкопроодна. Со изградбата ќе решиме еден огромен проблем пред се на оние граѓани кои се нејзини најдиректни корисници но и на сите жители на населеното место Нова Маала“ изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев кој денес беше на терен и присуствуваше на официјалниот старт на градежните активности на оваа улица.

Вкупниот буџет за изградба на  улицата изнесува околу  1 980 000   денари од кои  1 000 000  се обезбедени како грант од Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD) во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), а остатокот во износ од  околу 980 000 ден.  се средства од  општинската каса.

Изведувач на работите на терен е градежната компанија Дикор. Согласно Договорот   улицата треба да биде изградена до крајот на оваа година.

1

8_1280x960

12_1280x960

15_1280x960

16_1280x960

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот ги започна средбите со граѓани за планирање на Буџетот за 2020 година

naslov

Синоќа,  со средба со граѓаните во населеното место Дукатино, градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев ги  започна разговорите околу подготовката на Буџетот за наредната 2020 година. „Целта на  овие средби е најнепосредно, во самото населено место, со сите граѓани кои се заинтересирани, да оствариме комуникација при што

најтранспарентно, директно, самите граѓани ќе се произнесат во врска со своите потреби и ќе ги одредат приоритетите  кои би ги реализирале во наредната година“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, кој  според календарот на  планираните активности  првата  средба  ја  одржа со жителите на Дукатино, а веднаш по тоа и со жителите на населеното место Радичево.

Заедничко  за двете средби е тоа што како приорети   за наредната 2020 година  граѓаните

од овие две населени места издвојуваат проекти од сферата на локалната патна инфраструктура,  со барања за асфалтирање на конкретни улици. Во населеното место Дукатино на средбата е разговарано и за состојбата со водоснабдувањето.

На средбите присуствуваа и пратеникот во Собранието на РСМакедонија, Сашко Атанасов, директорот на ООУ „Гоце Делчев“, Василево –  Стојан Тимов, директорот на ПЕ на МЗШВ Васил Коцев, и директорот на ЈПКД „Турија“, Зоранчо Георгиев и претседателот на Советот на општина Василево,  Крсте Панев.

Средбите продолжуваат и во наредните денови.

Денес ќе се одржат средби со граѓаните на Чанаклија со почеток во 19,00 часот и со граѓаните на Нова Маала со почеток во 20,30 часот. И двете средби ќе се одржат во просториите на училишните згради.

4_1280x960

6_1280x960

8_1280x960

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево асфалтираше улица во Седларци

naslov

Општина Василево денес асфалтираше улица во населеното место Седларци. Улицата е во должина од 150 и ширина од околу 3,5 со банкини од по половина метар и истата води кон селската црква.

„Ова е една од 15-те улици, планирани за асфалтирање низ повеќе населени места на општината за оваа година, кои на терен  ги гради  градежната компанија Портланд  како најповолен понудувач.  Досега во рамки на оваа набавка изградени се две улици  во  Градашорци од 180 и 120 метри и една улица во населеното место Ангелци во должина од 150 метри. За изградба остануваат уште десетина улици и тоа три во Василево, четири во Висока Маала, три во Пиперево и една во Сушево. Се надеваме  дека временските услови ќе бидат поволни како би можела нивната изградба да заврши до крајот на годината“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев кој денес беше на терен и го следеше асфалтирањето на улицата во Седларци.

Буџетот за изградба на оваа улица изнесува околу 700 000 денари, средства обезбедени од општинската каса.

1

DSC_0862_1280x851

2

3

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Спортската сала во Нова Маала е готова

naslov

Населеното место Нова Маала доби своја спортска сала. Општина Василево деновиве заврши со реконструкцијата  и адаптацијата  на Домот на културата  во Нова Маала во спортска сала. Постојниот,  руиниран објект на поранешниот   Дом на културата е адаптиран во спортска сала за потребита на учениците од ООУ „Атанас Нивичански“ како и за сите вљубеници во спортот од Нова Маала и соседните населени места.    Реализацијата на проектот се одвиваше во две фази. Во првата завршени се градежните активности  како што се рушење на распаднатите и нефункционални  делови од објектот, отстранување на столаријата, подовите , кровот како и изведување на бетонски и ѕидарски работи и поставување на кровна конструкција. Средствата за оваа фаза во износ од околу 2,5 милиони денари  се обезбедени од Буџетот на општина Василево. За втората фаза во која комплетно се завршени сите активности во делот на адаптација и внатрешно уредување и опремување на објектот, средствата во износ од околу 1 700 000 денари, општина Василево ги обезбеди од БРР,  Програма за рамномерен регионален развој за 2018 година,  Проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби.

„Временски  реализацијата на овој проект траеше повеќе од две години токму поради висината на Буџетот и изворите и начините на неговото обезбедување. Но крајниот резултат е она најбитното. Целта беше учениците од ООУ „Атанас Нивичански“  да добијат своја спортска сала во која ќе може да ги изведуваат часовите по спорт и физичко образование, а истовремено и жителите од Нова Маала и околните населени места да добијат простор но кој ќе може да спортуваат“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев по повод завршувањето на реконструкцијата  и адаптацијата  на Домот на културата  во Нова Маала во спортска сала.

Објектот е  лоцирана во дворот на ООУ „Атанас Нивичански“.

1

2

3

4

DSC_0843

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

На средби со граѓаните, градоначалникот ќе го планира Буџетот за 2020 година

1

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев од понеделник, 11.11.2019 година започнува со посета на населените места и  средби со граѓаните, заради планирање на Буџетот за наредната 2020 година.

„Непосредните средби со граѓаните во нивните места се најдобар начин да се слушнат нивните предлози,  барања и потреби, бидејќи тие самите најдобро знаат што им е најнепходно и приоритетно во дадениот момент.  Сметам дека ова е најтранспарентен начин и воедно можност да ги слушнеме нивните барања и предлози како би можеле истите да ги преточиме во Програми  кои како составен дел на Буџетот за наредната 2020 година ќе му ги предложиме на Советот“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, најавувајќи го планирањето на општинскиот  Буџет  за наредната година.

Првата средба е планирана за во понеделник, 11.11.2019 со почеток во 19.00 часот во населеното место Дукатино. Во истиот ден, со почеток во 20.30 ќе се одржи средбата во населеното место Радичево.

Во вторник на 12.11.2019 ќе се одржат средби во Чанаклија со почеток во 19.00 часот и во Нова Маала, со почеток во 20.30 часот. Наредниот ден, среда, 13.11.2019 со почеток во 19.00 часот ќе биде средбата со жителите од населеното место Добрашинци а во 20,30 часот во Висока Маала. На 14.11.2019 (четврток) ќе се одржат средби  во населените места Едрениково, во 19,00 часот и Седларци во 20,30 часот. Во петок, 15.11.2019 година градоначалникот ќе ги посети населените места Владевци и Сушево.  Во Владевци средбата ќе започне  во 19,00 часот а во Сушево во 20,30 часот.  Средбите со граѓаните во населените места Ангелци и Градашорци се планирани за во сабота, 16.11.2019 година и тоа за Ангелци со почеток во 19,00 часот а за Градшорци во 20,30 часот.

Според календарот на активности, средбите со граѓаните планирано е да завршат во понеделник, 18.11.2019 година. Со почеток во 19,30 градоначалникот ќе одржи средба со ѓителите на Пиперево а со почеток во 20,30 со жителите на Василево.

Сите средби ќе се одржуваат во просториите на училиштата.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во Градашорци по 12-ти пат се одржа Празијадата

vaslov

Денес населеното место Градашорци беше домаќин на Манифестација Ден на празот, која во организација на општина Василево дванаесет години по ред успешно ја пренесува пораката за највкусниот, најровкиот и воопшто најдобриопт праз во државата и пошироко. Многубројните гости меѓу кои и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  во Владата на РСМакедонија,Трајан Димковски, ги поздрави домаќинот на манифестацијата, градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

„Преку денешната Манифестација, како локална самоуправа која се грижи за своите граѓани,  праќаме порака до целокупната јавност дека сме подрачје во кое се произведува  вкусна, квалитетна и пред се здрава храна. Но денес сме овде заради празот, градашорскиот, несомнено најдобриот не само во државата туку и пошироко“, им порача градоначалникот Јанев на многубројните посетители.

Свое обраќање имаше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, кој меѓу другото рече дека оваа манифестација е една од 57-те манифестации  кои се одржуваат во државата кои добиваат и во иднина ќе добиваат финансиска  поддршка од Министерство со цел  да се даде значење не само на производот туку и зради нивното социјални значење кон земјоделците и кон останатите учесници кои преку својата вклученост ги одржуваат нашите традиции.

Големата трпеза од стотина специјалитетите од праз, подготвени од локалните домаќинки, традиционално,  привлече огромно внимание и интерес кај присутните кои имаа можност да дегустираат но истовремено и да донираат средства. Втора година по ред манифестацијата има хуманитарен карактер. Од страна на организаторот на повеќе места беа поставени кутии за донации. Собраните средства ќе бидат донирани на лице на кое му е неопходна финансиска помош.

Со свои изработки кои исто така беа наменети за продажба а средствата наменети за хуманитарни цели се претставија и основците од општината.

Бројните посетители  уживаа во Програмата подготвена од  учениците од општинските основни училишта, изведбите на културно уметничките друштва „Сушевски Бисери“ од Сушево и  „Тримери“ од  Струмица, како и забавниот дел за кој беа задолжени музичарите од Стакато бенд.

DSC_0593_1280x851

DSC_0504_1280x851

DSC_0564_1280x851

DSC_0627_1280x851

DSC_0632_1280x851

DSC_0704_1280x851

DSC_0732_1280x851

DSC_0734_1280x851

DSC_0740_1280x851

DSC_0765_1280x851

DSC_0776_1280x851

DSC_0800_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во Василево започна реконструкцијата на улицата од пошта до црква

naslov

Во населеното место Василево, локалната самоуправа  започна  реконструкцијата на улицата од поштата до црквата во должина од 216 метри, ширина на коловозната лента од 6,7 метри, со атмосферска канализација, тротоар и ново улично осветлување.

„После повеќекратни делумни интервенции правени во претходните години и  и интервентно крпење на дупките, општина Василево успеа да обезбеди средства за целосна реконструкција на оваа улица, и со тоа на граѓаните кои ја користат, да им овозможи современ и квалитетен пат  кој несомнено ќе го подобри нивното секојдневно живеење.“ изјави градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев кој беше присутен на стартот на градежните активности.

„На планот на изградба на локалната патна мрежа, се следи предвидената динамика и градежните компании  кои на тендер се избрани како најповолни понудувачи, согласно потпишаните Договири,  на терен ги реализираат активностите поврзани со реконстрикција на постојните и изградба и асфалтирање на неасфалтираните улици.  Како градоначалник не отстапувам од целта  „асфалт до секој дом“, туку напротив вложувам огромна енергија и секојдневни напори  за нејзино реализирање. Во таа насока само ќе  потсетам дека во Василево следува асфалтирање на  уште три улици и тоа во должина од 100, 120 и 150 метри, за кои веќе имаме избрано градежна компанија и потпишано Договор за реализација“ изјави  Јанев.

Инаку, вкупниот Буџет за реконструкција на улицата од пошта до црква изнесува околу 4,5 милиони денари од кои 3 800 000 денари општината ги обезбеди од Агенција за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, а останатите се сопствени средства.

Изведувач на работите е градежната компанија Универзал градба која согласно Договорот комплетната реконструкција треба да ја заврши во рок од три месеци.

1

15_1280x960

17_1280x960

19_1280x960

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail