Author Archives: opstinaadmin

Василево доби детско забавно катче-донација од општина Умраније, Р.Турција

DSC_0059_1024x681

Детски реквизити – лулашки,  клацкалки и  лизгалка,  донација од пријателска општина Умраније, Р.Турција, се поставени во Меморијалниот детски забавен парк Методи Митев, лоциран пред  Домот на културата во населеното место Василево.

Денес, паркот го посети градоначалникот на општина Василево Славе Андонов со дел од општинската адмиистрација, каде заедно посведочија на радоста на дечињата кои уживаа  во играта и забавата во новиот, за нив уреден простор.

Оваа донација, како што потсети градоначалникот на општина Василево Славе Андонов била ветена од страна на градоначалникот на општина Умраније, Р.Турција, при неговата посета на оваа општина од крајот од минатата година. http://opstinavasilevo.gov.mk/?p=12567.

Според информацијата од Градоначалникот во општина Умраније, живеат многу наши иселеници, што е и една од  причините за соработка меѓу двете општини.

slika_576x768

DSC_0071_1024x681

DSC_0088_1024x681

DSC_0098_1024x681

DSC_0099_1024x681

DSC_0044_1024x681

DSC_0052_1024x681

DSC_0076_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Соопштение за организирање на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на верски објекти – џамија на дел од КП бр.960 КП Доброшинци вонград со тех.бр 2394/22 од април 2022 година

LOGO-Opstina-Vasilevo-horz

Општина Василево организира јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на верски објекти – џамија на дел од КП бр.960 КП Доброшинци вонград со тех.бр 2394/22 од април 2022 година. Јавниот увид ќе трае 15 дена, започнувајќи од 16.11.2023г.  до 30. 11.2023 г.

Анкетен лист

Соопштение бр.10-870-5

Урбанистичко решение

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ги донесе Програмите за 2024 година

naslov

Советот на општина Василево, вчера ја одржа редовната 32 Седница, на чиј дневен ред беа вкупно 39 предлози од кои 7 како дополнителни кои беа предложени и прифатени на самата Седница.
Најголемиот број од предлозите, всушност беа Програмите за работа на општина Василево за наредната 2024 година, чија реализација ќе биде вклучена во Буџетот за наредната година.
Програмите беа усвоени главно без дискусија и  без забелешки, со 8 гласови „за“.
Составен дел на обемниот дневен ред беа и Кварталните извештаи за работата на општина Василево за третото тромесечие од годината, односно  Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2023 (К1), Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево (К2) и Квартален извештај за промените на состојбата задолжување на општина Василево (К3), сите за периодот од 01.01.2023 до 30.09.2023 година. Исто како и Програмите беа донесени со 8 гласови „за“,без дискусии и забелешки.Според податоците од работниот материјал доставен до советниците реализацијата кај консолидираниот Буџет во кој се вклучени и Буџетите на единките корисници односно двете основни општински училишта и детската градинка, е 62,24% или од планираните 194 398 000 денари, реализирани се 62,24%, додека кај основниот Буџет реализацијата е 56,7% или од планирани 88 800 000 денари реализирани се 50 374 058 денари. Кај блок дотациите реализацијата е 72,8% односно од планирани 94 268 999 ден. реализрани се 68 616 997 ден. кј самофинансирачките активности од планирани 11 330 000 ден. реализрани се 2 001 159 денари или изразено во проценти,реазлизирани се 17,7%. Што се однесува до доспеаните а неизмирени обврски, односно К2 Извештајот, согласно доставената спецификација во работните материјали, долгот на општината на крајот од пресметковниот период изнесува 92 278 754 денари.  Во делот на задолжувањето на општината и јавните претпријатија основани од општината, состојба прикажана во К3 Извештајот, општината во пресметковниот период има обврски во износ од 3 309 345 денари и 49 573 денари по основ на камати и истите се однесуваат за кредитите за изградба на водоводот во с. Чанаклија, улиците во Пиперево и Нова Маала, како и за набавката на возилото за смет.
Со истото мнозинство од 8 гласови „за“ беше усвоена и Измената и дополнување на Буџетот на општина Василево за 2023 година, односно ребаланс предизвикан поради намалувањето на ДДВ-то за 2023 година за 1 800 000 како и зголемувањето на износот наменет за К-15 и плати во Буџетите на единките корисници (двете основни општински училишта и детската градинка) за 5.385.707 денари.
Со истото мнозинство усвоен беше и  Финансискиот извештај на ЈПКД „Турија“ за третотот тромесечие за 2023 година од 01.01.2023 до 30.09.2023 година и Годишниот  извештај за работата на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за учебната 2022/2023 година.
На Седницата беше формирана и Комисија за изработка на Предлог-програмата за работа на Советот на општина Василево за 2024 година, како и Комисијата за унапредување на правата на пациентите во состав: Ивана Коцева, Сња Христова, Боби Величковски Антоника Иванов, Андријана Иванов, Ристо Велков, Драгица Глигорова, Александар Митрев и Билент Исинов. Советниците ги усвоија и Измените и дополнувањето на Годишниот план за вработување на општина Василево за 2023 година, како и трите предлози доставени од ОУ на ЈОУДГ „Прва радост“, од Василево, односно Извештајот од спроведената функционална анализа,  Правилникот за внатрешна организација на работните места и Правилникот  за систематизација на работните места,  оваа детска градинка.
Составен дел на денешниот дневен ред беа и неколку Барања за финансиска помош поднсени од правни и физички лица. Со исклучок на Барањето поднесено од здружението Али Бег од Градашорци, за сите останати од страна на Советниците се донесени позитивни одлуки со одреден износ на финансиска поддршка.

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започна оградувањето на паркот на влезот во Василево

DSC_0023_1024x681

Денес, општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“ и МПЦ ОА,  Православна црква Успение на Пресвета Богородица од с. Василево започнаа  активност за оградување на паркот лоциран на влезот во населеното место Василево.

На лице место беше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој заедно со претставниците од црквата и ЈПКД „Турија“, ги усогласуваа планираните активности кои треба да финализираат со изграден ограден ѕид од камен со ограда од ковано железо.

Оваа активност се реализира на иницијатива на Црковниот одбор на црквата Успение на Пресвета Богородица од с. Василево и  со  помош и поддршка од општина Василево и ЈПКД „Турија“,  Василево.

Во паркот, со средства обезбедени преку донации од граѓани на општина Василево, во периодот 2015-2016 година, изграден е параклис посветен на Св. Јован Крстител, http://opstinavasilevo.gov.mk/?p=225.

DSC_0011_1024x681

DSC_0008_1024x681

DSC_0013_1024x681 DSC_0028_1024x681 DSC_0039_1024x681

DSC_0019_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, избран за претседател на Советот на ЈИПР

Untitled.1

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, на последната седница на Советот за развој на ЈИПР, избран е за нов Претседател на Советот на ЈИПР.

Во изјавата дадена по тој повод за медиумите, Андонов потенцира, дека во неговиот мандат фокус ќе биде ставен на искористување на повеќе средства од домашни и странски фондови за реализација на проекти во Југоистокот.

„Упатувам благодарност до моите колеги кои ми ја дадоа довербата и поддршката во наредните година дена време да бидам Претседател на Советот на градоначалници на Југоисточниот плански регион. Секако дека ова ќе биде предизвик за мене но верувам и убеден сум дека со заедничка соработка со сите колеги но и со вработените од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе одговориме на сите предизвици но и да ставиме акцент на регионалните проекти кои ќе не поврзуваат или се барања на нашите граѓани. Во услови на лимитирани средства на сите локални самоуправи, фокус ќе ми биде секако можноста за искористување на повеќе средства од домашни и странски фондови за реализациија на проекти во Југоистокот, решавање на проблеми кои се во интерес на регионот, поголема соработка на општините со оглед дека не мачат прибилижно исти проблеми“, стои во изјавата на Андонов.

Претседателот на Советот на ЈИПР е со мандат од една година.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 32-та седница на Советот на општина Василево

Sala na Sovet

На 13.11.2023 година (понеделник) со почеток во 17.30 часот, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 32-ра седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2023 година за периодот од 01.01.2023 до 30.09.2023 година (К1);
  2. Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2023 до 30.09.2023 година (К2);
  3. Квартален извештај за промените на состојбата задолжување на општина Василево за периодот од 01.01.2023 до 30.09.2023 година (К3);
  4. Измена и дополнување на Буџетот на општина Василево за 2023 година;
  5. Предлог-програма за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2024 година;
  6. Предлог-програма за уредување на градежно земјиште во општина Василево за 2024 година;
  7. Предлог-програма за уредување на градежно земјиште во индустриска зона во  општина Василево за 2024 година;
  8. Предлог-програма за уредување на просторот на градежното земјиште во руралните подрачја во  општина Василево за 2024 година;
  9. Предлог-програма за локален економски развој на подрачјето на  општина Василево за 2024 година;
  10. Предлог-програма за активностите на општина Василево во областа на социјалната заштита за 2024 година;
  11. Предлог-програма за изградба и реконструкција на Детски градинки за 2024 година;
  12. Предлог-програма за изградба и реконструкција на водоводната мрежа во општина Василево за 2024 година;
  13. Предлог-програма за заедничка потрошувачка во општина Василево за 2024 година;
  14. Предлог-програма за комунални дејности на подрачјето на општина Василево за 2024 година;
  15. Предлог-програма за одржување и проширување на уличното осветлување во општина Василево за 2024 година;
  16. Предлог-програма за одржување на локални патишта и улици во општина Василево за 2023/2024 година во зимски услови;
  17. Предлог-програма за поставување на вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација на локалните патишта и улици по населени места во општина Василево за 2024 година;
  18. Предлог-решение за формирање на привремена Комисија за изработка на Предлог-програмата за работа на Советот на општина Василево за 2024 година;
  19. Предлог-програма за животна средина на општина Василево за 2024 година;
  20. Предлог-програма за активностите на општина Василево во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справување со кризи во 2024 година;
  21. Предлог-програма за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето на  општина Василево за 2024 година;
  22. Предлог-решение за избор на членови на Комисијата за унапредување на правата на пациентите;
  23. Финансиски извештај на ЈПКД „Турија“ за третотот тромесечие за 2023 година од 01.01.2023 до 30.09.2023 година;
  24. Годишен извештај за работата на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за учебната 2022/2023 година;
  25. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Сузана Петрова од Василево;
  26. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Валентина Коцева од Василево;
  27. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од здружението Али Бег од Градашорци;
  28. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Стефчо Костадинов од Василево;
  29. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено Трајчо Секулов од Вељуса;
  30. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Вејсел Дураков од Висока Маала;
  31. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Емил Крстев од Василево;
  32. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од ОК Сушево од Сушево.

32-ра седница, 13.11.2023

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот на општина Василево на Митровден со сограѓаните низ населените места на општина Василево

DSC_0896_1024x681

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов  почитувач на верата, традицијата и обичаите, денес, на големиот православен празник Св. Димитрие, меѓу народот познат како Митровден, беше со своите сограѓани во црквите во наслените места Василево, Сушево, Добрашинци и Ангелци  каде жителите го подготвуваа  Митровденскиот ручек.

Поклонувајќи се во црковните храмови, а во чест и слава на денешниот светец, градоначалникот на присутните им посака здравје и духовен мир.

На Митровден, традиционално во најголемиот број цркви се подготвува ручек за целото население, познат како курбан. Ручекот, како и целата организација околу неговата подготовка  и поделбата на храната на  сите домаќинства е во организација на црковните одбори и луѓето од самото населено место кои доброволно се вклучуваат во оваа активност.

DSC_0861_1024x681 DSC_0864_1024x681 DSC_0869_1024x681 DSC_0880_1024x681 DSC_0889_1024x681 DSC_0894_1024x681 DSC_0904_1024x681 DSC_0909_1024x681

DSC_0896_1024x681 DSC_0904_1024x681 DSC_0909_1024x681

DSC_0923_1024x681 DSC_0924_1024x681 DSC_0931_1024x681 DSC_0935_1024x681 DSC_0938_1024x681 DSC_0945_1024x681 DSC_0946_1024x681 DSC_0950_1024x681 DSC_0958_1024x681

DSC_0969_1024x681 DSC_0982_1024x681

DSC_0002_1024x681 DSC_0984_1024x681 DSC_0987_1024x681 DSC_0991_1024x681

DSC_0983_1024x681

DSC_0005_1024x681

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Исплатени средствата за еднократна парична помош за првачињата

Naslov

Општина Василево, на сметките на родителите/старателите на првачињата запишани во основните училиште во Василево ги уплати средствата кои како еднократна парична помош ги обезбеди од сопствениот Буџет. Станува збор за средства во висина од по 2 500 денари за секое прваче од општина Василево кое е запишано во учебната 2023/2024 во општинските училишта, за што општината на почетокот на месец септември распиша Јавен повик, http://opstinavasilevo.gov.mk/?p=14410.

Вкупно,  до општината, беа доставени 61 барање и исто толку одобрени и исплатени.

Веста за целосната исплата на средстввата, преку својата ФБ страна, https://www.facebook.com/vasilevo24,  ја сподели градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов. „На сметките на родителите/старателите на првачињата запишани во основните училишта во општина Василево целосно е исплатена еднократната парична поддршка . По прибирањето на податоците од сите училишта заврши административната проверка и обработка со што сите средствата се на располагање на нивните трансакциски сметки.  Продолжуваме посветено! Инвестирањето во децата е инвестирање во нашата иднина“, напиша градоначалникот Андонов.

398857522_357615719993146_1919838991768921537_n_576x768 398964442_357615606659824_3648933611608128358_n_1024x683

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во Градашорци се одржа Манифестацијата Ден на празот

398751983_10229496350131826_8796252981931059621_n_1024x684

Дворот на црквата Св. Никола во Градашарци беше претесен за да ги собере присутните посетители на вчерашната Мнифестација Ден на празот, која се одржа во организација на општина Василево и покровителство на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.

Од 2008година, па до сега, Манифестацијата успешно прави спој на промоција на празот, земјоделска култура која традиционално се одгледува во населеното место Градашорци, промоција на општината и поднебјето како земјоделски крај со забава и разонода за сите генерации притоа имајќи влијание и во развојот на руралниот туризам кој особено последните неколку години е во експанзија.

Присутните посетители не само што имаа можност да си купат праз од локалните производители, туку и на лице место да дегустираат храна со праз,  специјално подготвена за манифестацијата од домаќинките од Градашорци и околните населени места.

Свое обраќање на Манифестацијата имаше Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој поздравувајќи ги присутните им се заблагодари дека токму овој ден одлучиле да го поминат во Градашорци и притоа им порача со себе да си понесат од најквалитетниот, надалеку познат по својот квалитет праз, Грдашорскиот, но и секако да ја пренесат пораката за неговиот квалитет и Манифестацијата која во негова чест секоја година  се одржува првата недела од месец ноември во период кога кога е во ек собирањето на празот од нивите и неговиот пласман.

Манифестацијата која одамна е бренд за општина Василево имаше и богат културно забавен дел во кој со свои музички и литературни изведби  учествуваа учениците од двете основни општиснки училишта Гоце Делчев и Атанас Нивичански, КУД „Сушевски бисери“ од Сушево со сплет од ора од својот репертоар  и естрадните уметници Благица Калева и Андријана Јаневска.

Меѓу бројните домашни и странски гости беа и градоначалникчката на збратимената општина Понтенуре, Р.Италија, претставници од општина кресна, Р.Бугарија, амбасадорите на Р.Италија и Р.Австрија во Р.Македонија, претставници од верските заедници, градоначалници, пратеници, претставници од политичките партии како и бројни соработници и партнери на општина Василево.

398745315_10229496347971772_3982667234352506206_n_1024x684 398751983_10229496350131826_8796252981931059621_n_1024x684 398852800_10229496346651739_2623459937984572194_n_1024x768 398856849_10229496350771842_3512273914632658582_n (1)_1024x684
398871837_10229496350891845_5549177509464239218_n_513x768 398886417_10229496351251854_5569984431922580781_n_1024x684 398895620_10229496354091925_348400376887767894_n_1024x684 398901393_10229496352611888_8489503706394941392_n_1024x684 398909422_10229496353451909_6088329103656973274_n_512x768 398913725_10229496348371782_8102091138323240204_n_513x768 398939078_10229496344531686_3217820297256253133_n_513x768 398944528_10229496347811768_2334920877455379911_n_1024x684 398951941_10229496354411933_7730692108748794943_n_1024x684 398954307_10229496349891820_5816569503004568718_n_1024x684 398962555_10229496342931646_3049044435978892281_n_1024x684 398964337_10229496346211728_2621548062955413634_n_513x768 398965169_10229496353011898_7367348503983384464_n_1024x682 398969431_10229496347251754_464882635255707234_n_1024x684 398971471_10229496351571862_3258957946137902965_n_1024x684 398978467_10229496351011848_7560479795240790949_n_1024x684 398996216_10229496352531886_68366268127457420_n_1024x684 399026325_10229496354771942_6270875708545704118_n_1024x684 399153611_10229496351491860_4729914907825765131_n_1024x684 399263443_10229496352891895_7182863564743128435_n_1024x682 399509895_10229496350571837_6650914553389099123_n_1024x684

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во недела на 05.11.2023, „Празијада“ во Градашорци

праз

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, со видео објавено на неговата ФБ страна, https://www.facebook.com/vasilevo24, ги поканува граѓаните на РМакедонија и пошироко, во недела, на 05 Ноември да дојдат во Градашорци, во дворот на црквата Св. Никола и да присуствуваат на Манифестацијата „Ден на празот“,  една од најстарите Манифестации од ваков тип во државата, каде на најубав можен начин преку колаж од содржини се промовира една култура но и едно поднебје со сите негови специфики.

„Подготовките се во тек и ние имаме интенција, секоја наредна Манифестација да биде подобра од претходната. Во таа насока очекуваме оваа година да го срушиме рекордот од минатата како во организациски така и во поглед на посетеноста“.

Што се однесува до целта Градоначалникот го нагласува огромното значење за општина Василево, бидејќи преку Манифестацијата општината ги  промовира  карактеристиките и својствата на празот како здрав зеленчук, го доближува до граѓаните истовремено промовирајќи го се она што е карактериктиристика на општина Василево. „Покрај промоцијата на празот, оваа Манифестација овозможува на едно место да се најдат и производителите и преработувачите но и сите трговци, заедно да разговараат и да споделат искуства и секако да најдат нови пазари за пласман на празот. Оваа Манифестација не случајно се одржува во Градашорци. Градашорци е село кое е најголем производител на праз во Р.Македонија. Покрај промотивниот дел на Празијадата имаме и културно уметничка програма каде што ќе се претстават учениците од двете централни училишта и нашата гордост, КУД „Сушевски бисери“ од Сушево. Посебен гостин на Празијадата ќе биде и нашата пејачка Андријана Јаневска. Но што би била Празијадата ако не ги спомнеме и вредните домаќинки кои на оваа манифестација подготвуваат бројни специјалитети со кои ќе се претстават пред сите посетители. Имаме најава за огромен број на гости како од земјава, така и од Р.Бугарија а оваа година за прв пат ќе присуствува и градоначалничката на збратимената општина Понтенуре, Р.Италија“, информира градоначалникот Андонов.

До сите граѓани покана и потсетување:  на 05 ноември повелете во Градашорци,  на

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail