Утре, 18.03.2020 година, (среда) со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе одржи Вонредна седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред: Предлог-завршна сметка на Буџетот на општина Василево за 2019 година. Годишен извештај на општина Василево за 2019 година. Завршна сметка на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за 2019 година. Седницата…
слајдер
С О О П Ш Т Е Н И Е Од ЈПКД Турија п.о. Василево
Поради новонастанатата состојба со корона вирусот, а со цел да се намали движењето на населението, заради примена на мерките за зачувувањето на нивното здравје, им се соопштува на корисниците на услугите на ЈПКД Турија п.о. Василево, дека ќе биде ограничен влезот на странки во канцелариите на претпријатието, па поради тоа доколку имаат проблем со дефекти…
Општина Василево формираше мобилни тимови за помош
Општина Василево формираше мобилни тимови за помош на сите стари и изнемоштени и лицата со попреченост од општината. Сите граѓани од наведената категорија кои имаат потреба од набавка на потребните лекарства, прехрамбени продукти и средства за хигиена, со цел да не излегуваат надвор и да не остваруваат непосреден контакт со други лица, при што би…
Советнички прашања на 32-та Седница на Советот на општина Василево
Советот на општина Василево ја одржа 32-та седница, на која единствена точка на дневен ред беше Советнички прашања. Интересот на Советниците од советничката група на ВМРО ДПМНЕ очекувано голем со оглед на тоа што истата беше закажана токму на нивно барање. Најголем број од прашањата беа упатени до градоначалникот на општината Марјан Јанев, и беа…
СООПШТЕНИЕ за јавна презентација и јавна анкета за УП за с. Пиперево
Општина Василево организира јавна презентација и јавна анкета за Урбанистички план за село Пиперево изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија ИН-ПУМА ДОО Скопје. Јавната анкета ќе трае до 23.03.2020 година. Целото соопштение може да го видите на линкот во продолжение: Соопштение за јавна презентација и јавна анкета за УП за с. Пиперево
Дневен ред за 32-ра седница на Советот на општина Василево
Во четврток, 12.03.2020 година, со почеток во 16,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 32-ра седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред: Советнички прашања Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.
Во Добрашинци, започна да се гради улица во Турското маало
Денес, во населеното место Добрашинци започнаа градежните активности за изградба на улица во т.н Турско маало. Според податоците од техничката спецификација, улицата е долга 240 метри и широка околу 4 метри односно со вкупна асфалтна површина од 900 м2. Заради специфичните услови на теренот и заштита на улицата и околниот простор од атмосферските води, ќе…
Општина Василево доби 671 000 евра за локалната патна инфраструктура
На свечена церемонија во Владата на Република Северна Македонија, сите општини од државата меѓу кои и општина Василево со Министерството за транспорт и врски потпишаа Меморандум за разбирање во процесот на имплементација на Проектот за поврзување на локалните патишта. Преку овој Проект општина Василево доби 671 000 евра кои ќе бидат инвестирани во подобрување на…
Советот на општина Василево ја одржа 31-та седница
Седница со „Советнички прашања“ како единствена точка на дневен ред, да се одржи на 12 март 2020 година – таква одлука донесоа членовите на Советот на општина Василево, на денешната редовна 31-ва седница. На таа седницата би требало да присуствуваат градоначалникот на општината Марјан Јанев и раководните луѓе од институциите на локално ниво. Овој предлог,…
Соопштение за јавна презентација и јавна анкета за УП за селата Владевци, Ангелци и Градашорци
Општина Василево организира јавна презентација и јавна анкета за Урбанистички планови за селата Владевци, Ангелци и Градашорци и изработен од ДП ВИЗУРА ДООЕЛ од Струмица. Интегралниот текст на Соопштенијата за секое село посебно е на линковите во продолжение: Соопштение за јавна презентација и јавна анкета за УП за с. Владевци Соопштение за јавна презентација и…