Author Archives: opstinaadmin

Авионско прскање против комарци

komarci

Почитувани сограѓани,

Ве информираме дека на ден 22.08. 2017 година (вторник) во раните утрински часови ќе се изврши авионско прскање против комарци.

Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе наредниот ден односно на  23.08.2017 година во истиот временски период.

Ги известуваме сопствениците на пчелни семејства, во најавениот временски период, да преземаат соодветни мерки за заштита.

Со почит,
Општина Василево

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево ќе соработува со три општини од ЕУ за користење на ЕУ фондовите

image-0-02-04-d7434e9ff780f43b143547e8fedc6d70c9803238cf498b1adca8006cfb0ea870-V

Општина Василево ќе добива директна помош од фондовите на  ЕУ откако градоначалникот на општината г-дин Ванчо Стојанов потпиша меморандум за соработка со општините  Корено Аусонио (Италија),  Струмјани (Бугарија)  и општина  Нехсар од Малта. Првите луѓе на овие општини учествуваа на форумот ,,Европа за општините“ организиран од претседателот на  европскиот парламент Антонио Тајани кој подвлече дека  руралните општини мора да бидат подржани со цел да им се помогне на граѓаните

,, Општините не може да се справат со промените па затоа тука е ЕУ да им помогне а преку нив и на самите граѓани. Овие четири општини  ќе бидат приоритет да им се помогне од фондовите кои ќе бидат отворени од ЕУ. Руралните општини  немаат доволно ниту пероснален ниту финансиски капацитет  да се справат со сите проблеми  па затоа ЕУ мора да води сметка тоа да се поправи во функција на стопирање на миграцијата која во моментов е најголем проблем на Европа“ истакнал Тајани.

На Форумот било истакнато дека  ваквиот пример на здружување треба да биде пример и за другите општини и на тој начин ќе се воспостават добри релации не само меѓу локалните самоуправи туку и на самите држави за да се потикне глобалниот економски развој

,,Општините се најблиска алка со граѓаните и само преку локалните самоуправи  може да им се помогне. Тие се само еден мал прозор на отвореност кон ЕУ и со ваквото збратимување и соработка полесно може да се користат средствата  на ЕУ фондовите за да се помогне и на Р. Македонија и на  општина Василево и да се види  рамноправноста на сите граѓани на ЕУ“ , истакнал градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов на форумот „Европа за општините“.

Стојанов  имаше средба и со македoнскиот амбасадор во Италија  Оливер Шамбевски.

image-0-02-04-da30e331a6a75513d2cbb69265f307946faff50f5d37d0ce92ba6a99b7bccf58-V

image-0-02-05-8197519c94871b95d5e0ede777ae506af26bb15422f1d55b71f4a6ad04beb7de-V

image-0-02-05-6485532184a78e50c4de351f52b1c9f1d877fee73ff8bd0058e023637fc0bdde-V

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започна изградбата на локалниот пат Чанаклија – Нова Маала

DSC_0180

„Денес започнаа градежните активности за реализација на уште еден проект од општина Василево, проект кој беше ветен за граѓаните на општина Василево, односно за граѓаните на населено место Чанаклија“ изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов на денешниот официјален старт на градежните активности на локалниот пат Чанаклија – Нова Маала.

Во оваа фаза ќе биде асфалтиран дел од патот во должина од еден километар и тоа почнувајќи од населеното место Чанаклија така што ова воедно ќе претставува и улица за жителите кои живеат во овој дел од селото.  Ширината на овој пат ќе биде 5 метри плус банкини со ширина од по половина метар од двете страни на патот.

Вкупниот буџет за оваа инвестиција изнесува 6,5 милиони денари од кои околу 5,2 милиони денари се од Бирото за регионален развој обезбедени преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и околу 1,3 милиони денари од општинскиот буџет.

Градоначалнокот е оптимист дека во скоро време односно до крајот на оваа градежна сезона, на задоволство на сите негови корисници,  комплетно ќе бидат завршени градежните активности на овој пат.

Вкупната должина на локалниот  пат Чанаклија – Нова Маала  е околу 4 км. од кои досега се асфалтирани 1,3 км. од правецот на Нова Маала  кон Чанаклија.

DSC_0173

DSC_0178

DSC_0181

DSC_0187

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Потпишан договорот за реконструкција на училиштето во с. Седларци

DSC_0149
Денес, градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов и претставникот на градежната компанија АНОЛ – ИМПЕКС од Скопје потпишаа договор за реконструкција на училиштето во с.Седларци. Средствата за оваа реконструкција, чиј износ е 2 578 460 ден. општината ги обезбеди од Програмата  за прекугранична соработка INTERREG –IPA CBC Бугарија –Македонија 2014 – 2020.
„Ова е проект финансиран од Програмата за прекугранична соработка каде општина Василево е во партнерство со општина Струмјани, Р.Бугарија.
Во рамки на проектот училиштето ќе биде целосно реконструирано со што ќе стане  енергетски ефикасно и енергетски независно. Во рамки на проектот ќе бидат поставени соларни панели кои ќе произведуваат струја за потребите на училиштето и за повеќенаменското игралиште лоцирано веднаш до училиштето“, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.
Со рењконструкцијата опфатени се: замена на  прозорците и вратите со нови, промена  на кровот, поставување на термичка  фасада, фотоволтаични панели, централно  топловодно греење на пелети и соларен систем за санитарна топла вода.
„Реконструкцијата на училиштето треба да започне во наредните денови и до почетокот на новата учебна година, односно до 01 септември  сите активности кои треба да се одвиваат во внатрешноста на објектот треба да бидат завршени како би можело наставата да се одвива непречено“, рече градоначалникот Стојанов.
Зборувајќи за бенефитот од реконструцијата на оваа училишна зграда Стојанов укажа на фактот дека за реконструкција на училиштата и подобрување на условите во кои се одвива наставата, во изминатиот период, општината заедно со донаторите и Министерството за образование има  вложено околу 34 000 000 денари.

DSC_0166

DSC_0148

DSC_0151

DSC_0155

DSC_0157

DSC_0162

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот ја одржа 56-та седница

DSC_0144

На денешната редовна 56-та седница на Советот на општина Василево, советниците позитивно се изјаснија за сите предлози од дневниот ред. Едногласно беа усвоени Кварталните извештаи за: Извршување на Буџетот (К-1), за  доспеаните а неизмирени обврски на општина (К-2) и за промените на состојбата на задолжување на општина (К-3), сите за периодот 01.01.2017 до 30.06.2017. Во обрзложението што го даде градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, рече дека извршувањето на целокупниот Буџет на општина Василево  е околу 38%. Исто толкаво, односно околу 38% е и извршувањето кај основниот буџет. Кај блок-дотациите извршувањето е околу 50%,  кај самофинансирачките активности околу 41% и кај донациите околу 12% реализација. Стојанов изрази надеж дека до крајот на годината општина Василево ќе има целосна реализација на Буџетот.

Советниците ги усвоија и предложените промени и дополнувања во Програмата  за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето на општина Василево за 2017 година. Согласно усвоените измени се зголемуваат средствата што општината ги доделува за организирање на Курбан –Бајрамскиот турнир а се намалуваат за турнирот во с. Ангелци.

На седницата, едносгласно,  донесени се и неколку стратешки документи, односно Планот за управување со отпад наопштина Василево за периодот 2017 – 2022, Решение за одобрување на Регионалниот план за управување со отпад во Југоисточниот плански регион,  Мислење по финален извештај за стратегиска оцена на животната средина и Регионален план за управување со отпад во Југоисточниот плански регион. Образложение за овие стратешки документи даде г-дин Ристо Чивчиев од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. „Регионалниот план за управување со отпад  се однесува на целиот Југоисточен плански регион односно на десетте општини и е документ кој ги опфаќа сите елементи во делот на отпадот односно сите видови на отпад како комуналниот отпад од домаќинствата, од претпријатијата, градежниот отпад, медицинскиот отпад, индустрискиот отпад, градинарски отпад и  ги разработува и ги утврдува состојбите на теренот  во целиот ЈИПР“, рече  Чивчиев кој во продолжение даде детално облјаснување и за функционирањето на терен односно системот на управување со отпад на ниво на регион и задачите што секоја општина ќе треба да ги реализира во наредниот период. За сите десет општини од ЈИПР изработени се и општински планови за управување со отпад за периодот 2017-2022, чие практично спроведување е во корелација со спроведувањето на Регионалниот план.

До крајот на седницата Советниците го усвоија и Годишниот план за вработување на ЈОУГД „Прва радост“ Василево за 2018 година, како и некполкуте барања за финансиска помош од доставени до општинскиот Совет од правни и физички лица.

DSC_0117

DSC_0119

DSC_0123

DSC_0124

DSC_0129

DSC_0130

DSC_0137

DSC_0139

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Прскање против комарци

komarci

Почитувани сограѓани,

Ве информираме дека на ден 30.07. 2017 година (недела) во раните утрински часови, во периодот од 04,30 ч.  до 09,30 ч. ќе се изврши авио третирање против комарци.

Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 31.07.2017 година во истиот временски период.

Ги известуваме сопствениците на пчелни семејства, во најавениот временски период, да преземаат соодветни мерки за заштита.

Со почит,
Општина Василево

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 56-та седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

На 28.07.2017 година (петок) со почеток во 12,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи 56-та седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2017 година за периодот од 01.01.2017 до 30.06.2017 (К-1).
  2. Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2017 до 30.06.2017 (К-2).
  3. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжување на општина Василево за периодот од 01.01.2017 до 30.06.2017 (К-3).
  4. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето на општина Василево за 2017 година.
  5. Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево“ за 2018 година.
  6. План за управување со отпад на општина Василево.
  7. Решение за одобрување на Регионалниот план за управување со отпад во Југоисточниот плански регион.
  8. Мислење по финален извештај за стратегиска оцена на животната средина.
  9. Регионален план за управување со отпад во Југоисточниот плански регион.
  10. Стратегиска оцена на животната средина на Регионалниот план.
  11. Донесување на одлука по барање за финансиска помош поднесено од Жаклина Маврова од с. Добрејци.
  12. Донесување на одлука по барањето за спонзорство поднесено од ЛД„Фазан“ од Василево.
  13. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти – магацин на к.п бр. 1220/2 КО Владевци.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево асфалтира улица во Нова Маала

DSC_0088

Општина Василево денес асфалтираше улица во населеното место Нова Маала. Тоа е улицата која започнува од спојот со постојната, асфалтирана главна улица во селото. Средствата за оваа улица во висина од околу 5 200 000 денари се кредит обезбеден од Светска Банка преку Министерството за финасии од Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП).

„Денес на крај се градежните работи на улицата во Нова Маала. Тоа е една од улиците која беше ветена  пред граѓаните за оваа градежна сезона“ изјави градоначчалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов кој денес беше на терен и на лице место ги следеше активностите на  асфалтирање на оваа улица.

Должината на оваа улица изнесува 400 метри а ширината 4метри. Од страната изграден е канал во широчинана од еден метар за прибирање на атмосферските води како и пешачки патеки односно тротоари од двете страни на улицата во ширина од по половина до еден метар, зависно од условите на терен.

Изведувач на работите е градежната компанија Универзал градба.

Според информацијата од градоначалникот Стојанов, оваа улица како и улицата во населеното место Пиперево која исто така е во изградба целосно ќе бидат завршени до почетокот на идниот месец односно до 1-ви август.

DSC_0085

DSC_0086

DSC_0092

DSC_0104

DSC_0105

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево го одбележа 19-ти јули

DSC_0066

Општина Василево во соработка со општинските организации на Сојузот на борците од Струмица и Радовиш, го одбележа 19-ти јули – денот на средбата меѓу струмичката и радовишка младина, која се случила во далечната 1941-ва година и на која било договорено нивното идно заедничко револуционерно дејствување.

Пред спомен плочата која се наоѓа на влезот во селото Радичево, свежо цвеќе положија делегации од општина Василево, Сојузот на борците од Струмица и Сојузот на борците од Радовиш. Реферат за настанот прочита градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.

„19-ти јули 1941 година е денот кога на половина пат меѓу Струмица и Радовиш, во близина на с. Радичево се случила историската средба меѓу младите од Радовиш и Струмица, средба на која биле поставени основите на идното заедничко револуционерно дејствување.

По речиси 15 километарско пешачење, се сретнале групите од двата града, се споиле  во една при што  настанало меѓусебно запознавање и дружење кое  продолжило и во наредниот период. Настанот во вид на заеднички излет бил проследен со културно забавна програма при што биле рецитирани патриорски и хумористично – сатирични  творби преку  чија содржина се исмевале фашистичките окупаторски сили, рече меѓу гругото градоначалникот Стојанов и порача, оваа спомен плоча нека биде вечен потсетник на настанот од 19-ти јули 1941-ва година кога прогресивната младина од двата града се здружила за заедничка борба се до конечното ослобпдување на нашата земја“

DSC_0062

DSC_0064

DSC_0069

DSC_0070

DSC_0076

DSC_0078

DSC_0081

DSC_0083

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започна турнирот во мал фудбал Илинден 2017

105_3818
Синоќа со натпревар меѓу екипите на „Дукатин“ и „Пекара Био комерц“ започна ноќниот турнир во мал фудбал Илинден 2017, кој традиционално, низа години наназад се одржува под покровителство на општина Василево. Натпреварите се играат на училишното игралиште во с. Радичево.
Годинава ќе се натпреваруваат вкупно четиринаесет екипи, распоредени во пет групи. Натпреварите ќе почнуваат во 20,30 часот.
Во првата натпреваручка вечер силите ги одмерија:
Дукатин – Пекара Био комерц
Валавски – Панче пром
Банско – Три ден
Љубителите на фудбалот денес ќе можат да ги проследат натпреварите меѓу екипите на:
ДООЕЛ Бојчеви – Радовиш
Секирник – Грил Мелани
Силком Ви – Карамзов
Финалето ќе се одигра во четвррток на 31-ви август.
За најдобрите екипи и поединци опбезбедени се награди.
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail