Author Archives: opstinaadmin

Божиќна честитка од градоначалникот на општина Василево

van4o-stojanov1

Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, на своите сограѓани – припадници на православната вероисповед, по повод големиот Христијански празник Рождество Христово – Божиќ им упати честитка со желби за добро здравје, среќа, спокојство и духовен мир.

Почитувани сограѓани, припадници на Православната вероисповед! Во деновите кога го славиме еден од најголемите Христијански празници, кога го одбележуваме раѓањето на нашиот спасител и син божји Исус Христос, искрено, од се срце, со чиста душа и отворен ум да се свртиме кон своите ближни, и во светлината на големиот празник да подариме топлина, љубов и разбирање. Одбележувањето на Христовото раѓање нека биде само поттик и причина повеќе, во духот на Христијанството, со верба во Бога, почитувајќи се едни со други да ја споделиме радоста на животот, и заедно со нашите најблиски, со семејството, пријателите, соседите да си посакаме мирно и спокојно секојдневие. Почитувани сограѓани! Добро здравје, духовен мир и меѓусебно разбирање нека царува во Вашите домови и срца. Христос се роди! Честит Божиќ!

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Новогодишна честитка на градоначалникот Ване Стојанов

IMG_4899

IMG_4899
Почитувани сограѓани!

Крајот на календарската година е вообичаеното време кога ставаме црта под изминатите 365 денови, кога полека, студиозно, аналитички и сериозно се свртуваме кон секој изминат ден посебно и кога со должно внимание правиме рекапитулар на сите активности и содржини и на сите моменти кои оставија белег и по кои ќе ја паметиме годината што си оди.

Зад нас се 365 денови на максимални залагања, активности и вложувања, 365 денови планирања поврзани и насочени единствено кон Вас, граѓаните на нашата општина, Вие кои сте столбот и вистинскиот креатор на целокупниот развој на општина Василево.

Почитувајќи ги Вашите потреби, Вашите идеи, Вашите насоки и барања,
го трасиравме и се движевме по патот за кој сметавме дека е најисправен и во полза на сите Вас, граѓаните на оваа општина.

Некогаш повеќе, некогаш помалку, но секогаш давајќи го максимумот се вложивме во сите активности. Дел од нив, кои беа почнати од порано, успешно ги завршивме оваа година, некои ги започнавме и ќе бидат наша обврска за во иднина, а дел целосно ги реализиравме. Впрочем така е со големите, капитални работи, оние чиј бенефит е за многу години и за многу гернерации. А работите на локалната самоуправа неретко го имаат токму предзнакот капитални. Кога сме кај капиталните проекти ќе споменам само два кои ја одбележаа годината што измина: канализацијата кон која веќе се приклучуваат првите домаќинства и „Прва радост“ – првата детска градинка во Василево.

Тука се и бројните навидум помали активности и проекти кои ги подобрија условите и животот во сите населени места и на сите категории граѓани.

Она што сакам посебно да го нагласам во ова мое обраќање е фактот дека вашето мислење, вашите идеи, вашите барања и забелешки беа клучни при креирањето и реализирањето на општинските политики. Резултатите покажаа дека тоа е единствениот исправен начин кој гарантирано води до успех. Секогаш заедно, како досега така и во иднина. Тоа е максимата и праксата кон која ќе се придржуваме и во иднина.

Затоа со меѓусебно разбирање, доверба и толеранција, со широки погледи кон иднината, реални очекувања и максимални вложувања ја испраќаме старата и влегуваме во Новата 2015 година.
Да бидеме сите здрави и живи, весели и благословени.
Искрено и од се срце, Ви посакувам среќна и бериќетна Нова 2015 година.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот Стојанов ги израдува првачињата

podaroci (3)

Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, денес,30.12.2014 год. во пресрет на Новогодишно – Божиќните празници, ги посети  училиштата во општината и на сите првачиња,  им подари новогодишни пакетчиња.  Со желби за многу здравје, безгрижно детство и успех и знаење им ја честита Нoвата 2015 година, а тие  на свој начин со насмевка и песнички му заблагодарија за подароците и се му посакаа среќна и успешна 2015 година.

podaroci (4)

Градоначалникот Стојанов, традиционално, секоја година на најмалите ученици – првачињата,  на овој начин со новогодишни пакетчиња им ги честита празниците и им ја разубавува годината што иде.

podaroci (1)

podaroci (2)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Министерот Јолевски ја посети поранешната касарна во општина Василево

joleski-500

joleski-500

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, денеска оствари средба со градоначалникот на општина Василево, Ванчо Стојанов, по што заедно ја обиколија и старата касарна во месноста Владевци.

-Целта на мојата посета е да дадам поддршка во претворањето на овој поранешен воен комплекс во комплекс кој ќе обезбеди економски развој, истакна министерот по посетата на поранешната касарна.

Министерот за одбрана воедно потенцираше дека дава огромно значење не само на стандардот на припадниците на Армијата, туку и на квалитетот на живот на граѓаните на Република Македонија.

kasarna-joleski3-500

Градоначалникот на општина Василево, Ванчо Стојанов порача дека по предавањето на комплексот од страна на Министерството за одбрана, општината има изработено урбанистички план согласно кој се планира изградба на хотелски комплекс, објекти од здравствената дејност или пензионерски домови.

– Станува збор за три хектари на една парцела со чиј развој ќе се придонесе и кон развој на туризмот во општината, информираше Стојанов.

Воениот комплекс во Владевци е предаден на локалната самоуправа како дел од проектот “Старите касарни за нов развој”.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Италијанска компанија сака да инвестира во општина Василево

vasilevo-investitor1

Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов во петокот, 21.11. во неговиот кабинет оствари средба со г-дин Aлфонсо Пишители, од компанијата Натуралиа сри. (Naturalia sri), Натуралиа сри. е  компанија која се занимава со откуп и пакување на земјоделски производи.

Господинот Пишители е бизнисмен и потенцијален инвеститор, заинтересиран за проширување на својот бизнис односно инвестирање во Р.Македонија.

На средбата градоначалникот Стојанов му ги претстави можностите, поволнистите и условите за инвестирање шти ги нуди индустриската зона во Василево.

По разговорот во кабинетот италјанскиот бизнисмен, во придружба на градоначалникот Стојанов ја посети индустриската зона на лице место запознавајќи се со локацијата, степенот на изграденост и нејзината инфраструктурна уреденост.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Турнирот во Василево со награден фонд од 200 000 денари

turnir-vasilevo.png1_

По повод новогодишните и божикните празници под покровителство на Градоначалникот на Општина Василево, а во организација на Фудбалскиот клуб на Василево, по петти пат во Општина Василево се организира традиционален турнир во мал фудбал. Наградниот фонд на турнирот изнесува 200 000 денари.

Турнирот ке започне на 16 -ти декември,  натпреварите ке се играат во спортската сала на ООУ ,,Гоце Делчев” во Василево.Заинтересираните за учество на турнирот може да се пријават во спортската сала во Василево, заклучно до понеделник, 15.12. до 18 часот, по што по пат на ждребување ке бидат одредени паровите за игра.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во Василево пуштена во употреба градинката „Прва радост“

gradinka31

Во општина Василево денес беше отворена првата градинка „Прва Радост“. Во градинката ќе може да учат 70 дечиња.

Средствата за изградба на градинката се обезбедени преку проектот за прекугранична соработка со Р. Бугарија. Ентериерот комплетно е уреден со средства на Министерството за труд и социјална политика.

Со отварањето на градинката ќе се им се олесни на родителите од општина Василево, кои досега мораа своите деца да ги запишуваат во струмичките градинки, или да ангажираат лица да им ги чуваат децата.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Стојанов оствари средба со претставници од ТИКА

vasilevo-tika

stojanov-tika-1

На средбата во кабинетот, разговарано е за досегашната соработка на ТИКА со општина Василево и за можностите истата успешно да продолжи и во иднина. Претставниците од ТИКА во придружба на градоначалникот Стојанов и членот во советот на општина Василево, г-дин Билент Исинов ги посетија Турските гробишта во с. Градошорци, кои пред извесно време благодарение токму на донацијата од ТИКА и соработката со општина Василево добија ограда. Притоа се сретнаа со жителите од ова населено место кои го изразија своето задоволство од реализираното и се заблагодарија за донацијата и успешната соработка. На агендата на гостите од ТИКА беше и населеното место Висока Маала кое е населено исклучиво со Турско население.

stojanov-tika-3

stojanov-tika-4

 

На лице место и во непосреден разговор со жителите од ова населено место претставниците од ТИКА се запознаа со условите во кои живеат, се информираа за нивните потреби и ги слушнаа нивните барања. „Дојдовме со добра мисла, видовме се и си одиме со добра волја“, им порача г-динот Теоман Тирјаки на жителите на Висока Маала.
Асфалтирање на патот што води низ селото и изградба на игралиште беа главните барања на овие жители.
Соработката на општина Василево и ТИКА продолжува и во иднина а прашањето во врска со тоа кои и какви заеднички проекти ќе се реализираат во иднина ќе продолжат на наредната средба, која како што се договорија со градоначалникот Стојанов ќе биде во Скопје, во седиштето на ТИКА.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail