Author Archives: opstinaadmin

Повик за прибирање понуди за градежни работи

DSC_0918_1280x851

Повик за поднесување на понуди

Република Македонија

Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП

                                                                           MSIP-NCB-094-19

1.Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN DevelopmentBusiness со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010 година.

2.Република Македонија доби кредит од Меѓународната Банка за Обнова и Развој (IBRD), за спроведување на Проект за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: Изградба на улица во с.”Нова Маала“ до резевроар.

3.Општина Василево ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат: Изградба на улица во с.”Нова Маала“ до резевроар во Општина Василево.

4.Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.

5.Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:00 до 16:00:

Адреса: Василево бб

Село : Василево

Поштенски број: 2411

Држава: Република Северна Македонија

Телефон: 034 /354 -444

Факс: /034/353-007

Електронска адреса: opstina_vasilevo@yahoo.co.uk

 

  1. a) За плаќање во денари:

Комплетна Тендерска документација  на македонски јазик  може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу и по плаќањето на неповратна такса од 1,000.00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка:

 

Банка: Народна банка на Република Македонија

Број на сметка: 100000000063095

Буџетска корисничка сметка: 709014080063014

Приходно конто: 724125 00

 

 

Тендерската документација ќе биде доставена по електронска пошта или може да се добие директно од Општина Василево

 

6.Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 12:00ч, 07.08.2019, Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:00ч, 07.08.2019

 

  1. Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од 30,000.00 МКД.
  2. Адреса: Василево бб

Село :Василево

Поштенски број: 2411

До Архива

Држава: Република Северна  Македонија

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 22-та седница на Советот на општина Василево

sala sovet

Во среда на 03.07.2019  година, со почеток во 09,00 часот  Советот на општина Василево ќе ја одржи 22-та Седница.

За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

1.Давање согласност на Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ„ Прва радост“- Василево бр.01-232/1 од 17.06.2019 г.

2.Давање согласност на Правилникот за внатрешна организација на ЈОУДГ „Прва радост“- Василево бр.01-233/1 од 17.06.2019 г.

3.Давање на согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈОУДГ „Прва радост“- Василево за утврдување вредност на бод за пресметување на плата на давателите на јавни услуги и на директорот вработени во ЈОУДГ „Прва радост“ -Василево бр.02-238/1 од 21.06.2019г.

4.Предлог-Програма за енергетска ефикасност на Општина Василево за 2019 година.

5.Предлог-Одлука за прифаќање на физибилити студијата за улично осветлување во Општина Василево за 2019 година

6.Предлог-Одлука за создавање на јавно приватно партнерство за енергетски услуги и изведба за јавно осветлување на површини од јавен интерес во општина Василево.

7.Предлог-Одлука за утврадување на приоритет на проект за набавка на Специјално возило за собирање и транспорт на смет / Специјално комунално возило за собирање смет со капацитет 5.5 м3 .

8.Предлог-Одлука за земање на кредит за набавка на Специјално возило за собирање и транспорт на смет / Специјално комунално возило за собирање смет со капацитет 5.5 м3

9.Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Катерина Јовановска од с.Градошорци.

10.Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од здружението ЗЗП „Агросојуз“-Василево.

11.Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од здружението „Басмак Василево“ од Василево.

12.Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Ловечко Друштво ‘’ Фазан “ од Василево.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во Василево измени во составот на Комисијата за процена на штети

sala sovet

Синоќа на Вонредна седница, Советот на општина Василево донесе Одлука за  измена на Комисијата за процена на штети од елементарни непогоди формирана на седницата што се одржа пред три дена односно на 25.06.2019 година. Согласно денес донесената Одлука од Комисијата разрешени се членовите Ѓорѓи Вучковски и Стојан Тонев а на нивно место именувани се Марјанчо Трајков и Миле Петров.

По направените измени Комисијата е во следниот состав: Павле Горгиев –  претседател и челнови: Љубинка Делева, Никола Цонев, Марјанчо Трајков и Миле Петров. Според информацијата од претседателот на Советот на општина  Василево  Крсте Панев до измена во составот на Комисијата дошло поради тоа што двајцата членови, Ѓорѓи Вучковски и Стојан Тонев,  предложени од страна на ВМРО ДПМНЕ самоволно се откажале од учество во работата на Комисијата.  „Заради итноста на активностите кои оваа Комисија треба да ги преземе неопходно беше веднаш да закажеме и одржиме вонредна седница, бидејќи е неопходно во најбрзо време да се започне  со увид на терен и процена на состојбата“, изјави претседателот на Советот на општина Василево, Крсте Панев, кој исто така информираше дека Комисијата во новиот состав  уште синоќа се состанала и веќе од денес ќе започне со посета на терен и процена на штетите.

Резултатаите од увидот и проценката во форма на Извештај Комисијата ќе ги достави до Градоначалникот и Советот на општина Василево.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во среда во Василево ќе се одржи крводарителска акција

krvodaritelska,1

Во среда, (03.07.2019 година)  во просториите на општинската зграда во Василево , во организација на општинската организација на Црвен крст од Струмица и Службата за трансфузиона медицина, во соработка и со поддршка  општина Василево ќе се спроведе граѓанска акција на доброволно дарување крв. Акцијата ќе се спроведе во периодот од 09,00 до 14,00 часот.

Организаторите упатуваат отворена покана до сите граѓани, да се приклучат на акцијата, да ја покажат својата хуманост на дело и  дарувајќи крв да се вклучат во спасувањето на нечиј човечки живот.

Ги информираме сите потенцијални крводарители дека дарувањето  крв е доброволно, анонимно и бесплатно. Крводарител може да биде секоја здрава личност на возраст од 18 до 65 години. Пред секое дарување на крв се врши лекарски преглед на потенцијалниот крводарител заради  утврдување на неговата здравствената состојба и можноста за дарување на крв.   Со 10 дарувања, секој крводарител е ослободен од плаќање на сите видови болничка партиципација.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево одржа Вонредна седница за последиците од невремето од 24.06.2019 година

DSCN5467

Советот на општина Василево на Вонредна седница расправаше за невремето од пороен дожд и град кое на  24.06.2019 година  ги погоди населените места Добрашинци, Нова Маала и Висока Маала и предизвика големи штети на земјоделските култури.  Заради  утврдувањето  и проценката на настанатата штета со Одлука на Советот формирана е Комисија  за процена на штета од елементарни непогоди во општина Василево која во наредните денови ќе излезе на терен и на лице место ќе врши процена на настанатата штета.

Заради целосно и навремено завршување на постапката за утврдување и процена на штетата, граѓаните кои претрпеле штети во невремето неопходно е до Комисијата да поднесат Барање за процена на штета  (готовиот образец се подига во  просториите на општината) дополнето со следниве документи: фотокопија од лична карта, фотокопија од имотен лист или договор за закуп заверен на нотар пред 24.06.2019 година и фотокопија од трансакциска сметка.

Барањата се поднесуваат во просториите на општина Василево во деновите среда, четврток и петок односно 26,27 и 28. 06. 2019 година од 08,00 до 16,00 часот.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Авионско прскање против комарци

komarci

Почитувани сограѓани,

Ве информираме дека првото авионско прскање против комарци на територијата на општина Василево, ќе се изврши  на 28.06.2019 година (петок) во периодот од 04,30 до 09,30 часот.

Доколку временските услови не се поволни за спроведување на прскањето во планираниот термин, истото ќе се спроведе следниот ден односно на  29.06.2019 година во истиот термин.

Упатуваме посебен апел до сопствениците на пчелни семејства, во наведениот период  да    преземат соодветни мерки за заштита на своите пчели.

Предвидени се две прскања. За терминот за второто  прскање дополнително ќе информираме.

Авионското прскање против комарци се реализира во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ги усвои извештаите за извршување на општинскиот Буџет за првиот квартал

naslov

Денес, Советот на општина Василево ја одржа редовната 21-ва седница, на која беа усвоени финасиските извештаи за извршувањето на Буџетот на општина Василево за првиот квартал од годината односно за периодот 01.01.2019 до 31.03.2019 година. Согласно доставените материјали реализацијата кај основниот Буџет на општина Василево изнесува 44,72 % односно од планирани 93 566 350 денари реализирани се 41 837 493 ден. додека кај консолидираниот Буџет ( Буџетот на општина Василево заедно со Буџетите на единките корисници, односно Буџетите на двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ и „Атанас Нивичански“ и детската градинка „Прва радост“ од Василево)  изнесува 35,90% или изразено во номинална вредност, од планираните 172 300 150 денари реализирани се 61 840 260 денари. Реализацијата кај блок дотациите е 23,45%, кај самофинансирачките 10,53% а кај донациите 69,12%. Согласно доставениот извештај за доспеани а ненамирине обврски, на крајот од овој пресметковен период општинскиот долг изнесува 34 115 656 денари а кредите за изградба на водоводната мрежа во с. Чанаклија, за изградбата на улицата во с. Нова Маала и реконструкцијата на улицата во с. Пиперево  се исплаќаат со предвидената динамика.

Усвоени беа и Годишниот извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Извештајот од спроведената самоевалуација на ООУ„Атанас Нивичански“ , Нова Маала за период 2016-2018 година и Финансискиот извештај на ЈП „Турија“ за првото тромесечие од 2019 година.

Од  УО на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево разрешена беше Верче Миткова а на нејзино место именувана Павлинка Николова.

Советниците ги усвоија и предложените промени во Статутот на општина Василево, а истите се поврзани со неодамнешната промена на името на државата Република Македонија со Република Северна Македонија.

Усвоени беа и предложените промени на Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици во 2019 година, во делот на изградбата на улици во населените места. Имено со денешниот предлог наместо улица од 200 метри во населеното место Нова Маала, улица со исто толкава должина ќе се гради во населеното место Доброшинци.

Останатите осум точки од  дневниот ред на денешната седница беа барања за финансиска помош поднесени од правни и физички лица. За сите нив Советот позитивно се изјасни  и одобри исплата на одреден  финансиски износ од општинската каса.

1

2

4

6

9

10

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за дваесет и првата седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

На ден 13.06.2019 година (четврток), со почеток во 12,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи  21-та редовна седница.

За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Годишен извештај за работата на Цантарот за развој на Југоисточниот плански регион;
  2. Извештај од спроведена самоевалуација на ООУ„Атанас Нивичански“ , Нова Маала за период 2016-2018 година;
  3. Финансиски извештај на ЈП „Турија“ за првото тромесечие за 2019 година од 01.01.2019 до 31.03.2019 година.
  4. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2019 година за периодот од 01.01.2019 до 31.03.2019 година (К-1);
  5. Квартален извештај за доспеани а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2019 до 31.03.2019 година (К-2);
  6. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2019 до 31.03.2019 година (К-3);
  7. Предлог-решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево;
  8. Предлог-одлука за пристапување кон измена на Статутот на општина Василево;
  9. Нацрт-статутарна одлука за измена на Статутот на општина Василево;
  10. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти – викенд-куќа на к.п бр. 1596 и 1709 во КО Градашорци вон г.р
  11. Донесување на оддлука по барање за финансиски средства поднесено од Жаклина Џорлева од Струмица;
  12. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од ЛД „Фазан“ од Василево;
  13. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Македонска православна црква – Охридска архиепископија, храм Св. Наум Охридски, Чанаклија;
  14. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Џамиски одбор с. Градашорци;
  15. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Црковниот одбор при храмот „Св. Ѓорѓи“ од с. Пиперево;
  16. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Ванчо Карчев од с. Пиперево.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево потпиша Договор за добивање на универзален ровокопач

5

Денес во Битола, на свечена церемонија градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, заедно со градоначалници од неколку општини на Република Северна Македонија,    потпиша Договор со кој општина Василево во партнерство со општините Босилово и Ново Село доби  ново специјално возило – универзален ровокопач (скип) набавено во рамки на ИПА Програмата на Проектот за подобрување на општинските услуги при Министерството за финансии.

Од страна на Министерството за финансии договорот беше потпишан од министерот  Драган Тевдовски.

Со Договорот  ровокопачот и се дава на трајно коритење на општина Василево која согласно потпишаниот Меморандум за соработка истиот заеднички,  рамноправно ќе го користи со општините Босилово и Ново Село.

„Фактот дека одржувањето на патиштата, посебно на полските и чистењето на каналите се редовно на агендите на секоја од трите  општини – партнери,  ровокопачот  ќе биде максимално искористен и ангажиран, за што трите општини  веќе имааат план на активности како користењето би било рамноправно од страна на сите партнери и би се постигнала оптимална искористеност на машината и  секако максимални ефекти и резултати на терен“ е ставот на градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

Ровокопачот во Василево ќе биде донесен во текот на наредната недела по што и  практично ќе биде ставен во функција.

Инаку вкупниот износ на Програмата изнесува 20,667 милионо евра од кои 15,5 милиони се обезбедени од ЕУ.

4 6 7

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дечињата од градинката „Прва радост“ на гости кај градоначалникот

5

Денес, дечиња од големата група од  градинката „Прва радост“ во Василево заедно со своите воспитувачки ја посетија општина Василево каде што се стекнаа со основни информации за работата на  оваа институција.

Градоначалникот на општината Марјан Јанев чии гости беа, дополнително им го разубави престојот  со подароците што  секое од нив ги доби а за возврат тие му се заблагодарија со песнички и многу  искрени насмевки.

6

5

4

3

DSC_0869_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail