Author Archives: opstinaadmin

Советот на општина Василево одржа вонредна седница

DSC_0670_1280x851

На денешната вонредна седница Советот на општина Василево ги усвои двете предложени одлуки: Одлука за сопствено  учество на Општина Василево за реализација на проектот за улица во с.Добрашинци и Одлука за одобрување за користење на средства за финансирање на доспеаните а неплатени обврски на Општина Василево. Според образложението дадено од градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев причина за вонредниот карактер на седницата е рокот за доставување на документите  за реализација на проектот за улица во с. Добрачинци, а Одлуката за сопствено улество на општината донесена од Советот е еден од задолжителните документи.

Согласно Одлуката учеството на општина Василево изнесува 2 223 699 денари а од Бирото за регионален развој се побаруваат 3 000 000 денари.

Донесена беше и одлука за одобрување за користење на средства за финасирање на доспеани а неплатените обврски на општна Василево,  која всушност се однесува на средствата одобрени од Владата за подмирување на долговите на општините и единките корисници. Конкретно, единките корисници  ООУ„Атанаса Нивичански“, Нова Маала и ЈОУДГ„Прва радост“, Василево, средствата одобрени за подмирување на нивните долгови, ги отстапуваат  на општина Василево.   Причината е поради тоа што ниту еден од доверителите, не се пријавил  за спогодбено утврдување на износот, во рокот определен со Јавниот  повик  (http://opstinavasilevo.gov.mk/wp-content/uploads/2018/12/Javen-povik.pdf) на Општина Василево со кој се повикуваа доверителите кои имаат доспеани а ненаплатени обврски евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденцијата на обврските  заклучно со месец септември 2018 година. ЈОУДГ„Прва радост“, Василево отстапи 85 691 ден. а ООУ„Атанаса Нивичански“, Нова Маала 342 391 денари.

DSC_0677_1280x851

DSC_0681_1280x851

DSC_0684_1280x851

DSC_0688_1280x851

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Вонредна седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

На 15.02.2019 година (петок),  со почеток во 10,00 часот, Советот на општина Василево ќе одржи вонредна седница.

На дневен ред на седницата се две предлог-одлуки.

  1. Предлог-Одлука за сопствено учество на Општина Василево за реализација на проектот за улица во с.Добрашинци , Општина Василево и
  2. Предлог-Одлука за одобрување за користење на средства за финансирање на доспеаните а неплатени обврски на Општина Василево.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево .

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Успешно спроведена крводарителска акција во Василево

наслов

Денес, во просториите на локалната самоуправа Василево, во организација на ОО Црвен крст од Струмица и Службата за трансфузиона медицина,  во соработка и поддршка од  општина Василево, успешно беше реализирана акција на доброволно дарување на крв – прва во оваа календарска година  со која се најави продолжувањето на успешната повеќегодишна пракса на доброволно дарување на крв.

Традиционално во акцијата се вклучија вработените од локалната самоуправа, ЈПКД „Турија“, Василево и детската градинка „Прва радост“, како и  граѓани од општина Василево кои ја искористија денешната можност,  ја покажаа својата хуманост на дело и се вклучија во спасувањето на нечиј човечки живот.

Собрани беа дваесетина крвни единици, а акцијата се спроведе во периодот од 08,30 до 14,00 часот.

DSC_0632_1280x851

DSC_0643_1280x851

DSC_0654_1280x851

DSC_0656_1280x851

DSC_0659_1280x851

наслов

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Крводарителска акција во Василево

DSC_0626_1280x851

Во среда, 06.02.2019 година,  во просториите на општинската зграда во Василево , во организација на општинската организација на Црвен крст од Струмица и Службата за трансфузиона медицина, во соработка со општина Василево ќе се спроведе граѓанска акција на доброволно дарување крв. Акцијата ќе се спроведе во периодот од 08,30 до 14,00 часот.

Организаторите упатуваат отворена покана до сите граѓани, да се приклучат на акцијата, да ја покажат својата хуманост на дело , да даруваат крв и да учествуваат во спасувањето на нечиј човечки живот.

Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно. Крводарител може да биде секоја здрава личност на возраст од 18 до 65 години. Пред секое дарување на крв се врши лекарски преглед.  Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослободен од плаќање на сите видови болничка партиципација.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ја одржа 18-та седница

naslov

Кварталните извештаи за работата на општина Василево, К1, К2 и К3 , за периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година беа усвоени на денешната 18-та седница, која воедно е и прва седница во оваа календарска година. Согласно извештаите,  од планираните 201 003 693 денари кај Буџетот на општина Василево , вклучувајќи го и Буџетот на единките корисници ООУ „Гоце Делчев“, Василево, ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала, и ЈОУДГ„Прва радост“, Василево  на крајот од пресметковниот период реализирани се вкупно 121 836 234 денари или во проценти 60,62%.  Реализацијата кај основниот буџет изнесува околу 39% односно од планирани 112 000 000 денари реализирани се 43 212 446 денари.

Кај блок дотациите реализацијата е 96,68 %, кај самофинансирачките  активности 60,04 %, кај донациите 47,18% и кај кредитите 99,11 %.

Во образложението градоначалникот на општината, Марјан Јанев, кој нагласи дека одредени работи во реализацијата на Буџетот не зависат само од општината туку и од други институции.

„Во делот на реализација на основниот Буџет за улици, патишта, канализации… што беа планирани да се изградат со средства од локалната самоуправа, беа реализирани во целост. Меѓутоа средствата што ни беа предвидени од одредени министерства, агенции и Влада не се реализирани од причина што тие покасно ги  објавија јавните повици, на кои ние доставивме апликации  и кај околу 90 % имаме позитивен одговор, но истите ќе бидат реализирани во текот на оваа година“ образложи градоначалникот Јанев.

„Како друга причина за ваквата реализација е тоа што во минатогодишниот Буџет имавме предвидено капитални приходи од продажба на државно градежно земјиште во износ од околу 42 000 000 денари“.  Причината за  нереализираноста на овие средства, градоначалникот Јанев ја лоцираше во неможноста општина Василево сама да располага со државното градежно земјиште, поради тоа што сеуште  од страна на Министерството за транспорт и врски на  општината  не и е префрлена надлежноста за  располагање и продажба на државно градежно земјиште.

На седницата усвоена беше и предлог-одлуката за  проширување на Буџетот на општина Василево за 2019 година, во Програмата Основно образование, како и одлука која се однесува на утврдување на бодот за платите на државните службеници.

Советниците дадоа позитивно светло и на  одлуката за вршење отпис на застарени даночни обврски по основ на комунална такса на обврзници на подрачјето на општина Василево а се однесува на обврзници кои извршиле ликвидација или за кои веќе е завршена стечајната постапка.

Усвоени беа и неколку предлог –одлуки за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација  и тоа за помошен објект на к.п бр 2274 во КО Сушево, станбена зграда и помошен објект на к.п. бр. 1909/1 во КО Пиперево, индивидуална станбена зграда за к.п бр. 1909/1 во КО Пиперево и викендица на к.п. бр 1572 во КО Сушево.

Усвоен беше и финансискиот извештај на јавното комунално претпријатие „Турија“, Василево за периодот од  01.01.2018 до 31.12.2018 година.  Според извештајот  ЈПКД„Турија“ покажува позитивен финансиски резултат односно добивка во износ од 202 157 денари.

Советниците ги донесоа и Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Р.Македонија, на подрачјето на општина Василево за 2019 година, Програмата за работа на Советот на општина Василево за 2019 година и Извештајот за реалиазција на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Василево за 2018 година.

На дневен ред на денешната седница позитивно беше одговорено и на неколкуте барања за финансиска помош поднесени од физички и правни лица.

prva

vtora

treta

DSC_0565_1280x851

DSC_0567_1280x851

DSC_0570_1280x851

DSC_0572_1280x851

DSC_0584_1280x851

DSC_0592_1280x851

DSC_0613_1280x851

DSC_0617_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дивите депонии на удар на ЈПКД „Турија“ Василево

6

ЈПКД „Турија“ од Василево во соработка со општина Василево годинава ја започна со интензивни активности  во справувањето со дивите депонии.

„Во деновите кога дозволуваат  временските услови механизацијата е на терен и работи на расчистување на   дивите депонии кои главно се наоѓаат покрај патиштата –  на влезовите и излезите од населените места“, информираше . в.д директорот на ЈПКД „Турија“  Зоранчо Ѓеоргиев, кој прецизираше дека  во текот на вчерашниот ден се чистело ѓубрето  покрај локалниот патен правец Василево – Пиперево  од каде се собрани околу 160  м 3 отпад и истиот е депониран на соодветна локација.

Од почетокот на календарската година до сега исчистени се неколку диви депонии во повеќе наслени места и тоа: во Пиперево  – дивата депонија кај мостот, како и диви депонии во населените места Василево, Добрашинци и Дукатино. На секоја исчистена дива депонија ЈПКД  „Турија“ поставува информативна табла со натпис „забрането фрлање отпад“ како информација и  последна опомена до граѓаните  да не го фрлаат отпадот на јавните површини.

„Општината заедно со ЈПКД  „Турија“ оваа година  битката со справувањето со дивите депонии ќе ја води многу поенергично.  Комуналните редари во партнерство со колегите од  комуналното претпријатие ќе бидат постојано на терен и  секое евидентирано фрлање  па ѓубре од страна на граѓаните на  јавна површина ќе биде санкционирано“ изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, најавувајќи казни за  граѓаните кои ќе бидат фатени како фрлаат ѓубре на недозволени места.

Општината и ЈПКД „Турија“ се единствени во ставот дека оваа активност ќе се одвива и во наредниот период, во континуитет, во сите населени места со единствена цел  трајно решавање на прашањето со дивите депонии и неконтролираното фрлање отпад на јавни површини .

Од општината и јавното претпријатие упатуваат апел до граѓаните отпадот да не го фрлаат на јавните површини туку да го депонираат на местата одредени за таа цел.

4

6

7

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 18-та седница за Советот на општина Василево

DSCN5467

Советот на општина Василево  ја закажа 18-та седница за ден 30.01.2019 година (среда), со почеток во 12,00 часот.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2018 година за период 01.01.2018 година до 31.12.2018 година К1.
  2. Квартален извештај за доспеани а ненамирени обврски на општина Василево за период 01.01.2018 година до 31.12.2018 година К2.
  3. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжување на општина Василево  за период 01.01.2018 година до 31.12.2018 година К3.
  4. Предлог-одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Василево за 2019 година.
  5. Предлог-одлука за вршење отпис на застарени даночни обврски по основ на комунална такса на обврзници на подрачјето на општина Василево.
  6. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктира или сообраќајната инфраструктута воопшто нема да се предвиди и вклопување на бесправниот објект –помошен објект на к.п бр. 2274 во КО Сушево.
  7. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за  проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект  – индивидуална станбена зграда  и помошен објект  на к.п бр.1909/1 во КО Пиперево.
  8. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за  проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект  – индивидуална станбена зграда  на к.п бр.1909/1 во КО Пиперево.
  9. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект – викендица на К.П. бр. 1572  во КО Сушево.
  10. Финансиски извештај на ЈПКД „Турија“ за четвртото полугодие  за 2018 година  од 01.01.2018 година до 31.12.2018 година.
  11. Давање согласност на Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“ Василево за утврдување на висината на паричниот надоместок за промена на оштетен водомер.
  12. Донесување на Одлука по барање за финансиска помош поднесено од Мицева Милка од с. Василево бр.80.
  13. Донесување на Одлука по барање за финансиски средства за доградба на џамија во с. Пиперево поднесено од Алиманов Џенгис од с. Пиперево бр.105.
  14. Донесување на Одлука по барање за финансиски средства за реконструкција на објект за трпезарија во црква Св. Петка во с. Требичино поднесено од Црковен одбор од с. Требичино.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево со почеток во 12,00 часот.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Одлуки за избор и унапредување на државни службеници по Интерен оглас 1/2018

Одлука за избор и унапредување бр. 04-17 – 06 од 21.01.2019
Одлука за избор и унапредување бр. 04-17- 8 oд 21.01.2019
Одлука за избор и унапредување бр. 04-17-7 од 21.01.2019
Одлука за избор и унапредување бр. 04-17-9 од 21.01.2019
Одлука за избор и унапредување бр. 04-17-10 од 21.01.2019

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail