Author Archives: opstinaadmin

Општина Василево гради две улици во Градошорци

2_1024x768

Две нови улици се во фаза на изградба  во насленото место Градошорци. Едната во должина од 200 метри и другата малку пократка во должина од 150 метри. Просечната ширина на улиците изнесува по околу 3,5 метри или изразено во метри квадратни површината на двете улици е 1 300 м2.  Што се однесува до локацијата едната е во т.н Чифлик Маало, а другата на влезот во селото од десната страна. И двете улици ќе се градат со бехатонски елементи. Изведувач на работите е  градежната компанија Пешо Инженеринг.

Вкупниот износ на инвестицијата за двете улици, изнесува  околу 1 500 000 денари, средства кои општината ги обезбеди од сопствениот Буџет.

„Деновиве работиме на изградба на две улици во населеното место Градошорци, од кои едната е во завршна фаза. Изградбата на овие две улици е само продолжение на ваквите активности кои започнаа во населеното место Сушево каде веќе изградивме две улици во должина од 220 метри“, информираше градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, при неговата денешна посета на терен.

„Имајќи ја во предвид моменталната состојба на локалните улици и патишта низ населените места, локалната патна инфраструктура уште долго време ќе биде на агендата односно на приоритетната листа на  општина Василево. И покрај  лошата финансиска состојба во која се наоѓа општина Василево, ние како локална самоуправа мораме да балансираме; ем да ги враќаме долговите по основа на кредити и долгови кон приватните фирми кои биле изведувачи на одредени активности низ населените места, ем да сработиме нешто во корист на своите граѓани“, изјави градоначалникот Јанев.

Градежната сезона во општина Василево е во полн ек. Во прилог на ова е и информацијата дека во завршна фаза е и улицата што се гради во населеното мести Василево,  од поштата до повеќенаменско игралиште во должина од 290 метри, која е со атмосферска канализација, пешачки патеки од двете страни и ново улично осветлување со канделабри.

Во наредните денови, во континуитет, компанијата Пешо Инженеринг ќе продолжи со изградба на уште една улица во населеното место Пиперево во должина од 300 метри каде претходно општината во соработка со ЈПКД „Турија“,  Василево изврши проширување на кракот на фекалната канализациона мрежа.

„Максимално ќе го искористиме периодот што следува за реализација на се она што го имаме планирано во сферата на изградбата на локалната патна инфраструктура, бидејќи таа е еден од битните предуслови за подобрување на животот на нашите граѓани“, истакна градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев.

1_1024x768

2_1024x768

3_1024x768

5_1024x768

6_1024x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Заврши изградбата на две улици во с. Сушево

1

Во населеното место Сушево деновиве заврши изградбата на две улици –  Улица 1 во должина од 140 метри и Улица 2 во должина од 75 метри. Ширината на улиците е по 3,5 метри односно онолку колку што дозволуваат условите на терен.  И двете улици се изградени со бехатонски елементи. Вредноста на оваа инвестиција изнесува околу 800 000 денари од кои околу  580 000 денари  за Улица 1 и околу 220 000 денари за Улица 2. Вкупните средства се обезбедени од сопствени извори.

„Изградбата на овие улици значи подобрување на пристапот на жителите од ова населено место кон своите домови и генерално подобрување на уличната мрежа во селото“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, кој исто така информираше дека во рамки на истата набавка, од страна на истата градежна фирма ќе бидат изградени и две улици во населеното место Градошорци каде што градежните работи се веќе отпочнати и три во Пиперево, каде исто така активностите се веќе почнати.

Работите на терен ги изведува градежната фирма Пешо Инженеринг.

1

2

3

39441360_1920269944700257_2385203340439977984_n

5

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Со средства од АФПЗРР до подобра патна инфраструктура

naslov

Советот на општина Василево на својата последна 12-та седница, едногласно ги поддржа  приоритетните проекти со кои општината ќе аплицира за средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година.

Станува збор за три проекти од областа на патната инфраструктура и тоа: Реконструкција и ревитализација на локален пат Ново Владевци – Сушево, Изградба на дел од локален пат Чанаклија  – Нова Маала и Реконструкција и ревитализација на улица во Василево од пошта до црква.

„Предлог-одлуките се однесуваат за три проекти кои имаме можност да ги аплицираме во мерките 321, 322 и 323 на Јавниот повик објавен од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој за 2018 година.

Во мерката 321 која се однесува на инвестиции во локална патна инфраструктура за поврзување на две или повеќе населени места во должина до 5 км.  ќе го аплицираме проектот  Реконструкција и ревитализација на локален пат Ново Владевци – Сушево во должина од 1880 метри, ширина од 4 метри и банкини од двете страни на улицата. Вкупната вредност на овој проект изнесува 15 600 000 денари со вклучен ДДВ.

Во мерката 322 која се однесува на инвестиции за изградба или реконструкции на улици во населените места ќе го аплицираме проектот Реконструкција и ревитализација на улица во Василево од пошта до црква.  Улицата е во должина од 216 метри, со атмосферска канализациона мрежа, пешачки патеки од двете страни на улицата и ново улично осветлување со канделабри. Вредноста е 5 000 000 денари со вклучен ДДВ.

Во меркара 323 која се однесува на инвестиции во локална патна инфраструктура за поврзување на населени места ќе го аплицираме патот Чанаклија  – Нова Маала во должина од 1100  метри. Вредноста на овој проект е  10 000 000 денари“, рече градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев во образложението дадено на Седницата.

Јанев исто така информираше, дека општина Василево, преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион,  во АФПЗРР  ќе аплицира со уште еден проект. „Успеавме да се избориме, преку Југоисточниот плански регион да аплицираме за изградба на дел од локален пат Добрашинци – Брана Турија во должина од 1000 метри,  со вредност од 12 000 000 денари“, информираше Јанев изразувајќи надеж дека Агенцијата ќе даде согласност за сите проекти со чија реализација ќе се олесни пристапот на граѓаните до населените места и нивните домови и ќе се подобрат условите за живеење во општината.

DSC_0393_1024x681

DSC_0384_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Бурни дискусии на 12-та седница на Советот на општина Василево

naslov

Денешната, 12-та седница на Советот на општина Василево на која меѓу другото беа Кварталните извештаи за извршувањето на Буџетот на општина Василево за  периодот од 01.01.2018 година до 30.06.2018 година, помина во занкот на бурни дискусии, пред се околу реализацијата на Буџетот во споменатиот период.

Образложение за реализацијата на Буџетот даде градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев: „Кај консолидираниот Буџет (Буџетот на општина Василево заедно со Буџетите на единките корисници – ООУ „Гоце Делчев“ Василево, ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала и ЈОУДГ„Прва радост“, Василево) од 196 580 000 денари имаме реализација од 65 000 000 денари или во проценти   33,5%. Кај основниот Буџет од 112 000 000 денари имаме реализација од  22 800 000 денари или во проценти околу 20 %. Ова  е последица на тоа што периодот од 01.01. до 30.06 е на некој начин т.н „мртов период“, во кој локалната самоуправа распишува тендери за изработка на проектни документации, тендери за изведбени активности, избори на изведувачи, потпишување на договори и други подготвителни активности за кои се потребни неколку месеци. Исто така ова е и последица на враќањето на долговите направени во поранешниот период како и враќање на кредитите. Во февруари по основ на кредити вративме 2 800 000 денари.  Како општина мораме да балансираме меѓу тековните активности и враќањето на долговите што ги наследивме“, рече меѓу другото градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, во образложението дадено за досегашната реализација на општинскиот Буџет.

На ова реагираше советничката од Советничката група на ВМРО ДПМНЕ Сања Христова, која за реализацијата кај основниот буџет  рече дека е ниска, слаба и катастрофална, притоа како позитивна односно како што таа рече „прекрасна“ ја издвои реализацијата кај Блок дотациите, која изнесува 48,77 %, притоа потенцирајќи дека кај Блок дотациите средствата доаѓаат од Министерствата. Анализирајќи ја реализацијата на Буџетот во делот  К-2  (Доспеани ненамирени обврски), Советничката Христова, го запраша градоначалникот  и за средствата во износ од 1 212 000 денари,  кои се однесуваат за изведба на одводен канал во с. Градошорци, за што точно се потрошени, дали материјалите за каналот се веќе обезбедени и  дали е избран изведувачот.

Одговор доби од градоначалникот Јанев: „Како советник од опозициската партија најверојано не сте излегле на терен да видите дека атмосферскиот канал, во местото од каде што потекнувате, е веќе реализиран и тоа уште пролетта. Со средствата од 1 200 000 денари ги покриваме и материјалите за изградба и работната рака, ангажирајќи го Комуналното претпријатие „Турија“. На тој начин ги избегнавме набилданите цени на фирмите и работите ги сработивме навреме наспроти праксата на претходната власт секогаш да се интервенира отпосле, по поплавите откога штетата ќе биде направена.  „Претходните години се што е сработено е сработено без да се плати. Тоа е резултат на недомаќинско работење на претходната локална власт. И се би било прекрасно доколку трите  милиони денари што во месец февруари ги вративме по основ на кредит земен од претходниот градоначалник, би ги вложил во тековни проекти“, реплицираше градоначалникот Јанев.

На денешната седница советниците беа едногласни во врска со утврдувањето на приоритетни проекти  за чија реализациоја општината ќе бара средства од  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, преку  мерките од Програмата за рурален развој. Станува збор за три проекти од патната инфрастриктура и тоа реконструкција  на улица во Василево од поштата до црквата, реконструкција на локален пат од Ново Владевци до Сушево и за изградба на дел од локален пат Чанаклија –Нова Маала.  Градоначалникот Јанев информираше и дека дополнително преку Југоисточниот плански регион ќе се аплицира  и за изградба на дел од патот Добрашинци – Брана Турија во должина од 1000 метри.

На седницата беше разгледан и усвоен Финансиски извештај на ЈПКД „Турија“, Василоево  за периодот од 01.01.2018 година до 30.06.2018 година.

Донесени беа и неколку одлуки за доделување на финансиска помош на физички лица.

DSC_0352_1024x681

DSC_0353_1024x681

DSC_0355_1024x681

DSC_0357_1024x681

DSC_0361_1024x681

DSC_0364_1024x681

DSC_0366_1024x681

DSC_0372_1024x681

DSC_0379_1024x681

DSC_0381_1024x681

DSC_0387_1024x681

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во Василево се спроведе крводарителска акција

DSC_0338_1024x681

Денес, во Василево во организација на Црвен крст Струмица и Службата за трансфузиона медицина и во соработка и поддршка на општина Василево се  спроведе акција на доброволно дарување крв.

Организаторите задоволни од одзивот, кој и покрај  специфичниот период, време на годишни одмори и високи надворешни температури, беше  на високо ниво.

Вработените во општинските институции  но и останатаите граѓани од населените места на општина Василево уште еднаш  ја покажаа својата хуманост на дело, вклучувајќи се во денешната акција на доброволно дарување на крв.

Акцијата се спроведе во просториите на локалната самоуправа во Василево.

DSC_0327_1024x681

DSC_0332_1024x681

DSC_0338_1024x681

DSC_0342_1024x681

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Крводарителска акција во Василево

DSC_0322_1024x681

Во среда, 15.08.2018 година, во периодот од 09,00 до 14,00 часот, Општинската организација на Црвен крст, Струмица заедно со Службата за трансфузиона медицина Струмица, во соработка и поддршка на општина Василево ќе спроведе акција на доброволно дарување крв. Акцијата ќе се спроведе во просториите на општинската зграда во Василево.

Организаторите ги покануваат граѓаните да се вклучат во оваа хумана акција и  со својата крв да помогнат во спасувањето на нечиј живот.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 12-та седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

Советот на општина Василево ја закажа 12-та седница за 16.08.2018 година, (четврток) со почеток во 12,00 часот. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на проект за изградба на локален пат од Ново Владевци до Сушево.
  2. Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на проект за реконструкција на улица во Василево од пошта до црква.
  3. Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на проект за изградба на локален пат Чанаклија -Нова Маала.
  4. Предлог-Одлука за давање согласност за намена на инвестиција и за обезбедени средства за реализација на проектот за изградба на локален пат од Ново Владевци до Сушево.
  5. Предлог-Одлука за давање согласност за намена на инвестиција и за обезбедени средства за реализација на проектот за реконструкција на улица во Василево од пошта до црква.
  6. Предлог-Одлука за давање согласност за намена на инвестиција и за обезбедени средства за реализација на проектот за локален пат Чанаклија -Нова Маала.
  7. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2018 година за период од 01.01.2018 година до 30.06.2018 година К1.
  8. Квартален извештај за доспеаните а ненамирени обврски на општина Василево за период од 01.01.2018 година до 30.06.2018 година К2.
  9. Квартален извештај за промените на состојбата задолжување на општина Василево за период од 01.01.2018 година до 30.06.2018 година К3.
  10. Финансиски извештај на ЈПКД „Турија“ за Прво Полугодие за 2018 година од 01.01.2018 година до 30.06.2018 година.
  11. Донесување на одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Лазаров Горги од с.Сушево.
  12. Донесување на одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Оливер Христов од с.Василево.
  13. Донесување на одлука по Барање за одобрување на просторија на користење во Културен дом во с.Василево поднесено од ЛД „Фазан“ Василево.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево гради нов крак од фекалната канализација во Пиперево

6

Деновиве, општина Василево работи на проширување на мрежата на фекалната канализација во населеното место  Пиперево.  Новиот канализационен крак ќе биде во должина од околу 380 метри со што ќе се створат услови за приклучок на околу  педесетина домаќинства, кои гравитираат кон овој крак, а  кои досега немаа можност  да користат вакви услуги.  Вкупниот буџет за оваа активност изнесува околу  350 000 денари, средства кои општината ги обезбеди од сопствениот Буџет. Работите на терен ги изведува Јавното комунално претпријатие „Турија“ од Василево.

„По комплетното завршување сите активности  околу изградбата на овој крак од фекалната канализација, општината ќе започне со асфалтирање на  улицата, со што  ќе добиеме, целосно инфраструктурно уредување на овој дел  притоа обезбедувајќи им на  граѓаните квалитетно сообраќајно решение  и  здрава животна средина“, изјави градоначалкникот на општина Василево по неговата посета на терен, каде се информираше за текот на активностите.

„За изведба на работите на терен, како и досега за слични активности, го ангажиравме ЈПКД „Турија“ од Василево, кое има капацитет за вакви активности.  На тој начин  уште еднаш на дело го покажуваме нашиот домаќински однос во извршувањето на јавните работи, потенцира градоначалникот Јанев.

Во изминатите десетина месеци,  под раководство на градоначалникот Марјан Јанев, општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“  реализираше неколку проекти во делот на канализационата инфраструктура. Изградена е атмосферска канализација во одредени,  најкритични  делови во населените места : Градошорци, Владевци, Нова Маала, Висока Маала и Турското маало во с. Василево. Вакви и слични активности кои значат подобри услови за живот на сите жителите и понатаму остануваат на агендата на општина Василево, изјави градоначалникот  Јанев.

3

4

6

 

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во Василево се реконструира улицата од поштата до повеќенаменското игралиште

naslov

Во населеното место Васлево во тек е реконструкција  на улицата од поштата до повеќенаменското игралиште. Проектот опфаќа реконструкцијата и ревитализација односно асфалтирање на коловозната лента која ќе биде проширена и ќе изнесува 5,5 метри, изведба на тротоари односно пешачка патека, атмосферска канализација и осветлување со канделабри.

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев е задоволен од динамиката со која се одвиваат планираните активности. Неговиот став е дека на терен континуирано се работи. Досега се поставени подземните инсталации односно атмосферската канализација и електро инсталацијата неопходна за уличното осветлување,  а деновиве се поставуваат бетонските рабници, по што ќе следува изведбата на тротоарите и  асфалтирањето на  коловозна лента чија состојба во моментот е  катастрофална. Уличното осветлување  на оваа улица ќе биде решено со канделабри.  Со комплетното реализирање на сите планирани активности граѓаните на населеното место Василево ќе добијат не само квалитетно туки у убаво, современо, урбано решение во централниот дел од населеното место, смета градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

Вкупната должина на улицата изнесува 290 метри, ширината е 5,5 метри со тротоари од по 1,5 метри од двете страни, атмосферска канализација за прифаќање на  атмосферските води и улично осветлување.

Вкупната вредност на проектот е 63 663 евра од кои 47 747 евра се финансирани од ЕУ како грант  од ИПА предпристапните фондови преку Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП).

Согласно договорот со изведувачот, ДГТ „Жикол“ Струмица, улицата комплетно треба да биде готова до ноември 2018 година.

Паралелно со оваа тече и изградбата на улица во с. Сушево каде годинава  ќе бидат изградени вкупно две улици. Во текот на оваа градежна сезона планирана е изградба  на уште неколку улици во другите населени места за кои општина Василево обезбеди средства од сопствениот Буџет.

 1

2

3

4

6

7

8

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Известување за второ авионско прскање против комарци

prskanje

Ги известуваме граѓаните на населените места на општина Василево дека второто авионско прскање против комарци планирано е да се изврши во недела на 29.07. 2018 година во раните утрински часови, во периодот од 04,30 до 09,30 часот.

Доколку временските услови се неповолни,  прскањето ќе се изврши наредниот ден, односно во понеделникот на 30.07.2018 година во истиот временски период.

Ги известуваме сопствениците на пчелни семејства навреме да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат пчелите во најавениот временски период.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail