Новости

Привршува изградбата на улиците во Владевци и Василево

DSC_0385

До крајот на месец април општина Василево комплетно ќе ја заврши изградбата  на улиците во с.Владевци и с.Василево за кои средствата во висина од 11 305 114 ден. се грант средства обезбедени од Европската унија преку ИПА претпристапните фондови а се администрирани според правилата на Светска банка. Улицата во с. Владевци чија должина изнесува околу…

Continue reading

Општина Василево распиша тендери за проекти вредни 10 500 000 денари

DSC_0335

Општина Василево деновиве распиша неколку тендери за проекти вредни 10 500 000 денари.  Со средства обезбедени од општинскиот буџет ќе се реализираат следниве проекти: реконструкција на поранешниот Дом на културата во Нова Маала и негова адаптација во спортска сала, асфалтирање на две улици во населеното место Висока Маала како и рамнење и подготовка на терен…

Continue reading

Претставници од МЦМС и Сокотаб во посета на училиштето во Василево

DSC_0311

Со донација од Сокотаб и во партнерство со МЦМС, општина Василево го реконструираше санитарниот јазол во ООУ „Гоце Делчев“ во Василево. По тој повод, денес, главниот менаџер на Сокотаб Битола, г-дин Џовано Бети и г-дин Димче Митрески од МЦМС беа во посета на училиштето за на лице место да ги видат резултатите од заеднички реализираниот проект.…

Continue reading

Прес на градоначалникот на општина Василево

DSC_0300

Денес, градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, одржа прес конференција на која информираше за реализираното во 2016 година и за плановите за тековната 2017 година. Стојанов потенцира дека за разлика од 2016 година кога најголемите инвестиции биле во патната инфраструктура, во тековната 2017 –та фокусот ќе биде ставен на изградбата на системот за фекални…

Continue reading

Одржана 51-та Седница на Советот на општина Василево

DSC_0282

Одлуката за комунален ред и мерките за нејзино спроведување беше една од точките на дневен ред на денешната 51-ва седница на Советот на општина Василево која беше едногласно донесена. Со истото мнозинство и без забелешки и дискусии беа усвоени и  Извештајот за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и…

Continue reading

Дневен ред за 51-та седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

Во среда, 15.02.2017 година со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 51-седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред: Предлог-одлука за комунален ред и мерки за нејзино спроведување. Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Василево за…

Continue reading

Едрениково ќе добие систем за фекална канализација

gradonacalnik

„Населеното место Едрениково, до крајот на годината ќе добие систем за фекална канализација“ , информираше градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов по вчерашната работна средба на надлежните од општина Василево и претставниците на проектниот тим задолжен за изработка на техничката документација за прочистителната станица и канализационата мрежа. По средбата во општината на која се…

Continue reading

Општина Василево – дел од манифестацијата „Македонија во ритамот на Европа“

DSC_0232

Денес, градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов и г-дин Игор Карадајевиќ од Друштвото за уметничка продукција Еуропијан Капитал Адвајзорс менаџмент ДООЕЛ, Скоје, потпишаа договор со кој се регулираат меѓусебните права и обврски при реализација на активностите за манифестацијата „Македонија во ритамот на Европа“ – манифестација во која учество ќе земат и деца од општина…

Continue reading

Одржана 50-та седница на Советот на општина Василево

DSC_0149

На денес одржаната 50-та редовна Седница на Советот на општина Василево усвоени беа сите осум предлози од дневниот ред. Предлог-одлуката за долгорочно домашно задолжување на општина Василево во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP), која беше донесена во претходната година, но поради одржувањето на парлементарните избори не беше склучен договорот за задолжување,…

Continue reading

Влечење трупци со коњи

DSCN9779

На 19.01.2017 година, во организација на Панче Наков од Василево и под покровителство на локалната самоуправа, по седми пат ќе се одржи натпревар во влечење на трупци со коњи. Коњите ќе се натпреваруваат во влечење на дрвен трупец со тежина од околу 500 килограми, во времетраење од 3 минути.  Победник е коњот кој за определеното…

Continue reading