Author Archives: opstinaadmin

Дневен ред за 41-ва седница на Советот на општина Василево

Sala na Sovet

На 29.01.2021 година (петок) со почеток во 12,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 41-ва седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2020 година за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година (К-1);
  2. Квартален извештај за доспеаните а наизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година (К-2);
  3. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година (К-3);
  4. Предлог-програма за работа на Советот на општина Василево за 2021 година;
  5. Предлог-одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Василево за 2021 година;
  6. Извештај за реализацијата на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Василево за 2020 година;
  7. Донесување на Одлука по Барањето за финасиски средства поднесено од Црковниот одбор   Св. Петка од с. Требичино.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Апел за одговорно одбележувње на престојните настани

LOGO-Opstina-Vasilevo-horz

Општина Василево апелира до своите сограѓани за целосно почитување на сите мерки и препораки кои се однесуваат на спречување на ширење на Ковид пандемијата. Да бидеме одговорни, да го заштитиме сопственото и здравјето на нашите најблиски.

Ова, согласно укажувањата од Министерството за внатрешни работи посебно се однесува на забраната за собири и палење на огнови по повод верскиот празник Василица и масовното одбележување на празникот Богојавление –Водици.

Секое непочитување на препораките ќе биде соодветно санкционирано.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека кршењето на препораките за собирање може да го пријават на бесплатниот телефонски број 0800-00-201 и на меил адресата mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk.

Да бидеме одговорни, да ги почитуваме мерките и препораките кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести односно Одлуките кои ги носи Владата на Република Северна Македонија и на тој начин  да го заштитиме сопственото и здравјето на нашите најблиски.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Известување од ЈПКД „Турија“ за водокрисниците од Василево, Ангелци, Градашорци и Едрениково

111

ЈПКД „Турија“ ги информира жителите од населените места Василево, Ангелци, Градашорци и Едрениково, кои со вода за пиење се снабдуваат преку филтер станицата на Ташли баир,  дека  поројните дождови од последните неколку денови предизвикаа разматување на водата во регионалниот систем за водоснабдување , поради што истата не е за употреба.

Тековно, нашите екипи работат на санирање на состојбата, која  очекуваме во текот на деновите од викендот да биде нормализирана и водата повторно да биде исправна за користење.

Ги молиме граѓаните да имаат разбирање за настаната состојба.

 

Со почит,
ЈПКД „Турија“,
Василево

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Божиќна честитка од градоначалникот на општина Василево

FVG_3932_1_1280x853

Почитувани верници од Православна вероисповед,

Од мое лично име и од име на општина Василево  Ви го честитам  големиот Христијански празник, Рождение Христово – Божиќ.

Деновите кога го славиме   раѓањето Христово,   посакувам позитивната мисла,  искрената намера и надежта за општото  добро да бидат ваши сопатници.

Многу здравје  на сите Вас и вашите најблиски.  Да сте ми  сите живи и здрави и да му се радуваме на животот.

Честит Божиќ,

Општина Василево,
Градоначалник
Марјан Јанев
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Да празнуваме одговорно

LOGO-Opstina-Vasilevo-horz

Почитувани сограѓани,

Месец јануари, традиционално е месец исполнет со  многу дружење, месец на многу  празници,  поминати со пријателите и роднините, месец на училишен распуст и повеќе време исполнето со заеднички средби и активности со поширок круг на луѓе.

Но овој јануари е поинаков од сите досегашни поради што и нашето однесување мора да биде поразлично. Во интерес на нашето и здравјето на нашите најблиски, во интерес на јавното здравје и успешната борба на здравствените работници во справувањето со коронавирусот, неопходно е почитување на сите здравствени протоколи.

Недозволиво  е  групно  прославување,  журки  и забави,  славење по дома,  во викендички или изнајмен простор. Сето тоа мора да го одложиме за некое идно, побезбедно време, кое само од нас и од нашето одговорно однесување зависи колку брзо ќе дојде. Затоа,  во овој период неопходно е да празнуваме одговорно.

Во насока на доследно и целосно почитување на уредбите на Владата на Република Северна Македонија, односно мерките и активностите за справување со пандемијата со коронавирус, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е ставен во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201  и меил адресата  mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk, на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано прославување во текот на претстојните празници.

Полицијата ќе постапи по пријавите и ќе преземе мерки во координација со јавното обвинителство за санкционирање на непочитувањето на мерките и препораките кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести односно Одлуките кои ги носи Владата на Република Северна Македонија.

Со почит,
општина Василево
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Новогодишна честитка од градоначалникот на општина Василево

FVG_3932_1_1280x853

Почитувани сограѓани

Во моментите кога ја испраќаме Старата 2020 година,  чест и задоволство ми е да Ви се обратам и да Ви ги упатам моите искрени желби за добро здравје, среќа и благосостојба  во годината што доаѓа и да изразам  надеж дека во секој поглед, на секое поле, 2021-та  подобра ќе биде.

Зад нас е година која во колективната меморија ќе биде запаметена по пандемијата предизвикана од Коронавирусот, Covid-19,  и нејзините последици врз се и секого. Година во која човештвото ја води најголемата и најзначајната битка во поновата историја; епска битка со сеуште до крај непознат непријател, битка за секој човечки живот. Ова е година во која наши херои се здравствените работници, а секој спасен човечки живот е неспоредливо поголем успех и од најголемите реализирани проекти.

И токму затоа мојата најголема желба за годината што доаѓа е добро здравје за сите; да бидеме сите здрави и живи, да ни се врати нормалното секојдневие  исполнето со мноштво предизвици кои го прават животот динамичен и исполнет со креативен неспокој.

Здравјето е двигателот на се останато. Оној импулс кој го раздвижува секојдневието, ги прави сите промени возможни, сите идеи реални, кој гради и ствара нови вредности за нашата благосостојба.

Токму затоа посакувам се што беше, грдо, лошо и  секоја лоша мисла да ги оставиме зад нас и со позитивна мисла, надеж  и верба дека  можеме да им се спротивставиме на лошите работи, како победници да зачекориме во Новата 2021 година.

Драги сограѓани, почитувани пријатели, од мое име и од име на општина Василево, Ви упатувам желби за здравје, бериќет и спокој во вашите  домови.

Среќна Нова 2021 година

Со почит,
Ваш градоначалник
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот го донесе Буџетот за 2021 година

naslov

На последниот ден од годината што изминува, Советот на општина Василево го донесе Буџетот за наредната 2021, тежок 162 882  000 денари. Ова е вкупниот Буџет во кој се вкалкулирани и Буџетите на единките корисници односно Буџетите на двете основни општински училишта: ООУ „Гоце Делчев“, Василево и ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала и  детската градинка „Прва радост“, Василево. Основниот Буџет на општинат изнесува 83 420 000 денари.

Советниците од Советничката група на ВМРО ДПМНЕ  се изјаснија дека предложениот Буџет е  нереален и неостварилив  поради што ќе гласаат против. Буџетот беше донесен со 8 гласа „за“ и 4  „против“.  Во врска со Буџетот Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев рече дека Буџетот за 2021 година е реален и остварлив, направен врз основа на потребите на граѓаните.

На денешната последна во оваа календарска година, седница,  донесена беше и Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Василево за 2021 година како и Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на административните службеници за 2021 година, а позитивен одговор доби и Барањето за финансиска помош поднесено од Црковниот одбор  на црквата „Успение на пресвета Богородица“ од с. Нова Маала.

 1 2 3 4 5 6

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево асфалтираше улица во индустриската зона

naslov

На самиот крај од годината, на 28 и 29 12.20202 година општина Василево изгради уште една улица – асфалтираше улица во индустриската зона.

Улицата е долга 150 метри, широка 5 и истата е лоцирана покрај поранешниот објект на компанијата Саваот.

„Со изградба на овaa улица ја подобруваме локалната патна инфраструктура во општината,  им го подобруваме  пристапот на стопанствениците до индустриски капацитети и придонесуваме за јакнење  на локалниот економски развој“, информираше градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев кој присуствуваше на асфалтирањето и   изврши увид во текот на работите.

Средствата за оваа улица во висина од околу 830 000 денари општината го обезбеди од сопствениот Буџет.

Работите на терен ги изведуваше компанијата Интер метал мет, со која како најповолен понудувач по спроведената јавна набавка, општина Василево има потпишано договор.

 2_1280x907

3_1280x960

1_1280x960

4_1280x960

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Новогодишни пакетчиња за првачињата

DSC_0407_1280x851

Општина Василево, по повод Новогодишно-Божиќните празници, за првачињата обезбеди Новогодишни пакетчиња. Градоначалникот, Марјан Јанев  ја продолжи традицијата на дарување на најмалите, упатувајќи им желби за добро здравје, многу среќа, успех во учењето, многу нови знаења и повеќе другарување и играње во наредната 2021 година.

„Драги дечиња, првачиња

Подарокот ви е заслужен. Иако најмали, вие  секој ден,  редовно посетувавте настава.  Бевте одговорни, учевте, се дружевте и секако внимававте на вашето здравје.

Во Новата 2021 година, Ви посакувам многу здравје, знаење и  петки а најмногу од се вистинска дружба и нормални услови за  игри без ограничување. Бидете ми сите здрави, живи, весели и среќни.

Нека Ви е среќна Новата 2021 година.

DSC_0407_1280x851

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 40-та седница на Советот на општина Василево

sala-na-Sovet-676x300

На последниот ден од 2020 година, Советот на општина Василево ќе го носи Буџетот за наредната 2021 година.

Последната седница за оваа година е закажана за 31.12.2020 година (четврток), со почеток во 11,00 часот. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-Буџет на општина Василево за 2021 година;
  2. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Василево за 2021 година;
  3. Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на административните службеници за 2021 година;
  4. Донесување на Одлука по Барањето поднесено од Црковниот одбор при црквата „Успение на Пресвета Богородица“ од с. Нова Маала.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail