Author Archives: opstinaadmin

Дневен ред за 34-та седница на Советот на општина Василево

sala na Sovet

На 31.07.2020 година (петок) Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 34-та седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-одлука за пристапување кон изготвување на пречистен текст на Статутот на општина Василево
  2. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2020 година за периодот од 01.01.2020 до 31.03.2020 (К-1)
  3. Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од  01.01.2020 до 31.03.2020 (К-2)
  4. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2020 до 31.03.2020 (К-3)
  5. Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2019 година
  6. Предлог-одлука за прифаќање на иницијатива за воспоставување меѓуопштинска соработка за решавање на проблемот со бездомните животни
  7. Предлог- одлука за лица за именување на двајца членови во заедничка комисија
  8. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2020 година за периодот од 01.01.2020 до 31.06.2020 (К-1)
  9. Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од  01.01.2020 до 31.06.2020 (К-2)
  10. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2020 до 31.06.2020 (К-3)
  11. Годишен план за вработување на општина Василево за 2021 година
  12. Годишен план за вработување на ЈПКД „Турија“, Василево за 2021 година
  13. Годишен план за вработување на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала за 2021 година
  14. Завршна сметка за 2019 година на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала
  15. Давање согласност на Извештајот за работата и годишната сметка на ЈПКД „Турија“, Василево за 2019 година
  16. Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“, Василево за распоредување на добвивката остварена по годишната сметка и финансискиот извештај за 2019 година
  17. Донесување на Одлука по Барањето за финасиски средства поднесено од Хуманитарното здружение за деца без родители „Хуманост“ од Струмица
  18. Донесување на Одлука по Барањето за финасиски средства поднесено од Јашар Демов од с. Градашорци
  19. Донесување на Одлука по Барањето за финасиски средства поднесено од Костаќе Малинов од с. Нивичино
  20. Донесување на Одлука по Барањето за финасиски средства поднесено од Регионалната телевизија ВИС од Струмица
  21. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект – индивидуална станбена зграда на к.п бр. 555 во КО Нова Маала
  22. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект – индивидуална станбена зграда на к.п бр. 555 во КО Нова Маала
  23. Предлог-одлука за давање во сопственост на возило за собирање на цврст отпад – специјално комунално возило за собирање на смет на ЈПКД „Турија“, Василево.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево и Сојузот на борците одбележаа историски настан

naslov

Денес во организација на општина Василево, беше одбележана 79 годишнината од средбата на Струмичката и Радовишката младина, која под превезот на  заедничко организирано дружење што се случилона средината меѓу двата града, во близина на населеното место Радичево,  ги удриле темелите на идното заедничко револуцерно дејствување.

Пред спомен плочата која го чува сеќавањето за настанот од далечната 1941-ва година беше прочитан реферат, по што  делегациите  од   Општинските организации на Сојузот на борците од Струмица и Радовиш, како и  делегација од општина Василево  положија свежо цвеќе и им оддадоа почит на учесниците во настанот од 1941 година.

DSC_0189_1280x851

DSC_0191_1280x851

DSC_0194_1280x851

DSC_0198_1280x851

DSC_0200_1280x851

DSC_0205_1280x851

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Второ прскање против возрасни комарци по земјен пат

komarec

Се известуваат граѓаните на општина Василево дека на ден 22.07.2020 година (среда), во период од 19.00 до 02.00 ќе биде извршено второто прскање против возрасни комарци по земјен пат.  Во истиот период ќе биде извршено прскање и во општините Конче, Радовиш, и Струмица, додека на 23.06.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот  ќе се прска во општините  Ново Село, Босилово, Валандово, Богданци и Дојран.

За прскањето во општина Гевгелија, граѓаните на општина Гевгелија ќе бидат дополнително известени.

Упатуваме апел до  сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, прскањето го организира  Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Асфалтирање на улици во населеното место Висока Маала

naslov

Во населеното место Висока Маала општина Василево, односно градежната копмпанија ангажирана од општината започна со асфалтирање на улиците чија изградба започна неодамна.  Две од улиците се во т.н горен дел,  а две во долниот дел на селото. Се  работи за помали улици,  со различни должини и ширина од околу 3,5 метри,  за кои  средствата се обезбедени од Буџетот на општина Василево, во рамки на Програмата за изградба на локални патишта и улици за 2019 година.

Како што неодамна информираше градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев,  приоритет за изградба токму на овие улици дале  жителите на Висока Маала, на средбите кои градоначалникот редовно ги реализира со жителите и на кои се одредуваат приоритетите во населените места.

Асфалтирањето на  овие улици значи   подобрување и осовременување на   локалната патна инфраструктура, која позитивно ќе се одрази на целокупните услови за живот во ова населено место, а во крајна линија и континуитет во заложбите на општина Василево за асфалт до секој дом, изјави градоначалникот Јанев.

Изведувач на работите на терен е градежната компанија Портланд.

1

2

4

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започна изградбата на каналот во Градашорци

naslov

Од денес, со воведување во работа на градежната компанија „Жикол“, општина Василево започна со  реализација на уште еден капитален проект од областа на комуналната инфраструктур, односно регулација на поројот во с. Градашорци кој минува низ  центарот на ова населено место.

Планираните активности опфаќаат уредување  на поројот (речното корито) во делот кој минува низ  опфатот на селото во должина од 680 метри. Коритото ќе биде  обложено со камен а за премостување прердвидена е изведба на армирани  плочасти пропусти.

Со реализацијата на овој проект ќе се реши проблемот со поплавување на домаќинствата и  објектите, како и  оштетувањата на постојниот асфалт покрај речното корито, кои при обилни врнежи најчесто страдаат поради излевањето  на водата од коритото.

Вкупниот буџет за реализација на овој проект, согласно Договорот со фирмата изведувач изнесува околу 7 800 000 денари. Дел од нив односно околу 6 500 000 денари  општината ги обезбеди од Министерство за животна средина и просторно планирање од Програмата за управување со водите за 2020 година а остатокот се средства од општинскиот Буџет.

Согласно предвидената динамика  поројот комплетно треба да биде завршен до во период од четири месеци.

1_1280x960

6_1280x960

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Денес асфалтирана улица во Василево во т.н Стаматска маала

naslov (1)

Денес, градежната компанија Бони Интерградба од Штип, ангажирана од општина Василево ја асфалтираше улицата во т.н Стаматска маала во с. Василево.  Вкупната должина на улицата е 255 метри но  заради специфичниот карактер на теренот еден дел,   односно 196 метри се асфалтирани додека помал дел чија  должина изнесува 59 метри е изграден со армиран бетон.

Оваа улица е планирана со Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2020 година. Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Василево и според  Договорот со градежната компанија која ги изведуваше работите на терен изнесува околу 1 200 000 денари.

1

3

realizirani 2

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Акција на делење заштитни маски за таксистите

naslov

Денес, во општина Василево, ОО Црвен крст од Струмица во соработка со СВР Струмица и општина Василево спроведоа акција на делење заштитни маски на таксистите од општина Василево, регистрирани за вршење такси превоз.

Претставникот од Црвен Крст, Љупчо Јанков им укажа на таксистите на неопходноста од задолжително  носење на заштитни маски и почитување на сите препораки во вршењето на нивните секојдневни активности кои се особено специфични и со висок степен на ризик  како резултат на  циркулацијата на голем број различни луѓе во текот на секој ден.

„Чувајте се и бидете заштитени постојано, целосно почитувајте ги  сите мерки и препораки, бидејќи ова е единствениот начин да се спречи заразата“,  им порача Јанков на таксистите.

Според информација од организторите, денес,  вакви акции ќе бидат спроведени и во останатите струмички општини.

DSC_0166_1280x851

DSC_0168_1280x851

DSC_0171_1280x851

DSC_0177_1280x851

DSC_0180_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Се реализираше првото прскање против возрасни комарци

naslov

Синоќа, низ населените места на општина Василево,  беше извршено прскање против возрасни комарци. Ова е првото од трите планирани прскања и e реализирано  по земјен пат. Во наредниот период ќе се реализираат уште две прскања за кои граѓаните навреме ќе бидат имформирани за да можат да ги заштитат пчелните семејства со преземање на соодветни мерки.

Прскањето е организирано во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, кој согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, оваа активност ја организира и реализира во сите десете општини во Југоисточниот регион, односно на површина од  5376 ха.

2 6

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево започна со изградба на детска градинка во с.Ангелци

DGA2

Општина Василево,  со воведување во работа на фирмата изведувач, го официјализираше стартот на изградбата на детската градинка во с. Ангелци. Проектираниот капацитет на градинката е 55 деца, и истата комплетно треба да биде готова за 16 месеци.  Градоначалникот на општина Василево во изјавата дадена по тој повод вели:

„Во општина Василево, во населеното место Ангелци  започнавме уште еден капитален проект. Овојпат од областа на детската заштита. Се работи за изградба на детска градинка со средства обезбедени  преку Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Северна Македонија, со цел  зголемување на опфатот на децата во детските градинки. Наша стратешка определба е подобри услови за живот на сите категотии граѓани во сите населени места. Со изградбата на оваа детска градинка ќе им овозможиме  на родителите од ова и соседните населени места сигурно катче за згрижување, престој, едукација, воспитување и социјализација на нивните деца  од најмала возраст и можност растеретени од грижата  за згрижување на своите деца, да се посветат на своите работни обврски, стварајќи подобра иднина за себе и семејствата. Градинката е наменета за згрижување на дечињата од населените места Ангелци, Градашорци, Седларци,  Едрениково и населеното место Вељуса кое иако не е под општина Василево е блиску до Ангелци и  има одлична патна порзаност. Средствата за изградба на детската градинка и комплетно внатрешно уредување  изнесуваат околу 14,5 милиони денари  односно 230 000 евра.“

Градоначалникот најави и партерно уредување на просторот околу повеќенаменското игралиште во ова населено место за што општината има обезбедено средства во висина од 4 700 000 од Бирото за регионален развој и од сопствени извори на приходи.

„Со овие активности  општина Василево покажува дека продолжува да се движи  по единствениот прав пат – патот на развојот и стварањето подобри услови   за своите граѓани“ нагласи градоначалникот Јанев.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започна изградба на улица во Василево во т.н Стаматска маала

naslov

Денес, општина Василево започна со градежни активности за изградба на улица во Василево во т.н Стаматска маала.

Улицата е со должина од 255 метри и ширина од 3 метри и како што информираше градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев дел од улицата односно 196 метри ќе бидат со асфалт а остатокот односно 59 метри од армиран бетон.

„Честопати кога објавувавме информации за нашите активности од областа на инфраструктурата, особено бројни беа коментарите и прашањата за изградба токму на оваа улица. Но кај нас зборот е збор, ние секогаш го реализираме планираното и ветеното“, изјави градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев кој оптимистички најавува дека улицата комплетно ќе биде завршена до крајот на оваа недела.

Вкупниот Буџет, согласно Договорот со градежната компанија која ги изведува работите на терен   изнесува околу 1 200 000 денари и истите се обезбедени од општинскиот Буџет.

Изведувач на градежните активности на терен е компанијата Бони интерградба, Штип.

5

7

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail