Author Archives: opstinaadmin

Во Василево започна реконструкцијата на улицата од пошта до црква

naslov

Во населеното место Василево, локалната самоуправа  започна  реконструкцијата на улицата од поштата до црквата во должина од 216 метри, ширина на коловозната лента од 6,7 метри, со атмосферска канализација, тротоар и ново улично осветлување.

„После повеќекратни делумни интервенции правени во претходните години и  и интервентно крпење на дупките, општина Василево успеа да обезбеди средства за целосна реконструкција на оваа улица, и со тоа на граѓаните кои ја користат, да им овозможи современ и квалитетен пат  кој несомнено ќе го подобри нивното секојдневно живеење.“ изјави градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев кој беше присутен на стартот на градежните активности.

„На планот на изградба на локалната патна мрежа, се следи предвидената динамика и градежните компании  кои на тендер се избрани како најповолни понудувачи, согласно потпишаните Договири,  на терен ги реализираат активностите поврзани со реконстрикција на постојните и изградба и асфалтирање на неасфалтираните улици.  Како градоначалник не отстапувам од целта  „асфалт до секој дом“, туку напротив вложувам огромна енергија и секојдневни напори  за нејзино реализирање. Во таа насока само ќе  потсетам дека во Василево следува асфалтирање на  уште три улици и тоа во должина од 100, 120 и 150 метри, за кои веќе имаме избрано градежна компанија и потпишано Договор за реализација“ изјави  Јанев.

Инаку, вкупниот Буџет за реконструкција на улицата од пошта до црква изнесува околу 4,5 милиони денари од кои 3 800 000 денари општината ги обезбеди од Агенција за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, а останатите се сопствени средства.

Изведувач на работите е градежната компанија Универзал градба која согласно Договорот комплетната реконструкција треба да ја заврши во рок од три месеци.

1

15_1280x960

17_1280x960

19_1280x960

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

ОГЛАС ЗА ЈАВНА НАБАВКА Постапка за воспоставување на јавно приватно партнерство

LOGO, Opstina Vasilevo-horz

Општина Василево, на страната на Бирото за јавни набавки,  објави Оглас за јавна набавка за воспоставување на јавно приватно партнерство за реконструкција и одржување на јавното осветлување во општина Василево преку воведување мерки за енергетска ефикасност според ЕСКО Модел.

Краен  рок за доставување на понудите е 06.12.2019 година во 12,00 часот

Краен рок за одговор на прашања е 30.11.2019 година во 15:30 часот

Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите: 06.12.2019 година во 12:00 часот,  место: општинска администрација

Комплетниот оглас е достапен на следниот линк:

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/0a2fdcd2-9349-4376-9caf-e7bbc1a4d14b/1

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево се подготвува за манифестацијата Ден на празот

наслов

Во недела, на 03.11.2019 година, во организација на општина Василево, во населеното место Градашорци по 12-ти пат ќе се одржи манифеставијата Ден на празот.

Во тек се подготовките за Манифестацијата која години наназад, на единствен начин,  преку дегустација на храна подготвена од праз, го  промовира празот како земјоделска култура со сите негови посебности   и населеното место Градашорци како поднебје во државата каде се произведува најквалитетниот праз во државата.

Организаторот упатува отворена покана до сите добраномерници, во недела на  03.11.2019 година, да го посетат населеното место Градашорци,  да уживаат во  вкусот на празот и програмата специјално подготвена по повод Манифестацијата.

И оваа година Манифестацијата  има хуманитерен карактер. Средствата собрани од продажбата на специјалитетите од праз се намнети за хуманитарни цели и истите ќе бидат донирани.

1

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Со Марш до Варварица одбележана годишнината од формирањето на Првиот НОО за Струмица и струмичко

naslov

Во организација на општина  Василево и Општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОБ за Струмица,  во Варварица беше одбележана 75 годишнината од  формирањето на Првиот Народноослободителен одбор за Струмица и Струмичко и Првиот Околиски комитет на народноослободителниот младински сојуз на Македонија, настан познат како Марш до Варварица. Обраќање за случувањата  од 1944 година имаше градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев кој ги потсети присутните за историските настани од тоа време кои се случиле токму во населеното место Варварица, каде тогашните членови на младинската организација на СКОЈ го формирале Првиот Околиски комитет на народноослободителниот младински сојуз на Македонија и СКОЈ за струмичката околија и Првиот околиски народноослободителен одбор.

Делегации од општина Василево и Општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОБ за Струмица се поклонија пред спомен плочата која го чува споменот за минатото и положија цвежо цвеќе.

Настанот го збогатија КУД Сушевски бисери од с. Сушево  и Тримери од Струмица, кои изведоа сплет од македонски игри и ора.

 1

2

12

3

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ја одржа 27-та седница

DSC_0421_1280x851

Денес, Советот на општина Василево ја одржа 27-та седница на која беа разгледани и усвоени Измената и дополнување на Буџетот на општина Василево за 2019 година, Извештајот за проценана штета настаната од елементарна непогода „Дожд и град“ што на 24.06.2019 година ги зафати населените места  Добрашинци, Нова Маала и Висока Маала, и неколку одлуки од делокругот на работа на ЈПКД„Турија“, Василево.Според образложението дадено од градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, измените и дополнувањата на Буџетот на општина Василево за 2019 година се резултат на очекуваниот прилив на средства од  Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, Бирото за регионален развој и Светска банка, кои би требало да бидат трансферирани кон крајот на календарската  година а истите се однесуваат за реализација на на неколку капитални проекти. „Измените и дополнувањата се однесуваат за реконструкција и ревитализација на локални патишта и улици бидејќи успавме да обезбедиме средства за нивна реализација од одредени институции, па мораме да направиме проширување на Буџетот за да може да се изврши исплатата на компаниите кои ќе ги реализираат проектите. Станува збор за реконструкција на локален пат Ново Владевци – Сушево, Реконструкција на улица во с. Василево од пошта до црква, Изградба на дел од локален пат Чанаклија – Нова Маала, улица во с. Добрашинци и изградба на улица во с, Нова Маала до резервоар“образложи градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев. Вкупното проширување на Буџетот изнесува  33 571 560 ден.

Советниците го усвоија и Извештајот за процена на штетата од невремето што на 24.06.2019 година ги зафати населените места Добрашинци, Нова Маала и Висока Маала, според кој  до Комисијата за процена на штета биле поднесени  134 барања, по кои било постапено и по извршената проценка  утврдена е вкупна штета во износ од  29 943 000 денари од кои 14 335 000 денари е штета проценета кај физички лица и 10 608 000 денари штета проценета кај деловни субјекти. Денес усвоениот Извештај од страна на општината ќе биде доставен до Републичката комисија за процена на штети од елементарни непогоди.

Усвоен беше и Финансискиот извештај на ЈПКД „Турија“, Василево за третото тромесечие за 2019 година како и неколку  Одлуки од делокругот на тековните активности на Претпријатието. Имено согласно решенијата од  страна на Регулаторната  комисија за енергетика на РСМ корекции претрпеа цената на водата за пиење и  цената на собирање  и одведување на урбани отпадни води за периодот 2019, 2020 и 2021 година. Корекциите се во насока на намалување на постојните цени. Исто така врз основа на Решение од Регулаторната комисија за енергетика, донесена е и Одлуки за утврдување на тарифата за вода за пиење или водоснабдување за правните лица за периодот 2019, 2020 и 2021 година. Посебен интерес и дискусија кај советниците предизвика предлог-одлуката за  задолжително вклучување во системот на организирано собирање смет на сите домаќинства од населените места Василево, Ангелци, Градашорци, Пиперево, Сушево и Владевци. Во образложението дадено од директорот на ЈПКД „Турија“, Василево, Зоран Ѓеоргиев потенцирана беше подготвеноста на комуналното претпријатие да ги вклучи во системот на организирано собирање на смет сите домаќинства од овие шест населени места, со цел подобрување на состојбата во оваа област, односно намалување на дивите депонии и заштита на зивотната средина. Оваа одлука го доби потребното мнозинство и истата ќе почне да се применува во пракса односно да се собира сметот од сите домаќинства во овие населени места од 01.12.2019 година. „Заложбите  на ЈПКД „Турија се зајакнување на капацитетот на претпријатието како со механизација односно возила за смет  така и со човечки ресурси  како би можело во иднина да се постигне вклучување на сите домаќинства од општината во организираното собирање на сметот, а со тоа и почиста општина и почиста животна средина“ образложи директорот на ЈПКД Турија на денешната седница.

За потребите за изготвувањето на УП за населено место Владевци,  советниците донесоа Одлука  за определување на крајбрежен појас на регулиран водотек на река Требичка низ населено место Владевци и истата ќе иснесува најмалку 3,0 метри. Усвоен беше и годишниот план за вработување на ООУ„Атанас Нивичански“, кој како дополнителна точка беше ставен на денешната седница.

Советниците позитивно одговорија и на едно од Барањата за финансиски средства поднесено до Советот на општина Василево.

DSC_0414_1280x851

DSC_0445_1280x851

DSC_0415_1280x851 DSC_0418_1280x851

DSC_0438_1280x851

DSC_0448_1280x851

DSC_0440_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Известување за жителите од населено место Нова Маала

3

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека во периодот од 28.10.2019 (понеделник) до 31.12.2019 година (крајот на оваа календарска година)  во Вашето населено место ќе се изведуваат градежни работи на улицата која води до резервоарот.

Работите ги изведува фирмата ДПТУГ ДИКОР, а инвеститор е општина Василево.

Ве известуваме дека во најголемиот дел од периодот додека се изведуваат градежните активности,  улицата ќе може да се користи без поголеми застои или проблеми. Во исклучителни ситуации, за чии термини дополнително ќе бидете информирани, ќе може да ја користите другата улица која исто така води до резервоарот.

Целта на реализацијата на овој проект е подобрување на квалитетот на животот на месното население.

Имајки го предвид крајниот  ефект и бенефитот од реализацијата на овој проект се надеваме на разбирање и фер однос и комуникација со сите засегнати жители.

За сите дополнителни информации, општина Василево Ви стои на располагање. За сите дилеми и прашања моше да се обратите на телефонскиот број 070 598 748 кај градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во недела ќе се одржи Маршот за Варварица

10

Во недела на 27 октомври 2019 год. во организација на општина Василево и Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Струмица ќе се одржи традиционалниот марш до с.Варварица.
Поаѓањето е во 08,00 часот од пред градскиот трговски центар „Глобал“ во Струмица и од пред општинската зграда во с. Василево во истото време.
Превозот е организиран со автобусите на Струмица Експрес и истиот е бесплатен.

Општина Василево ги поканува сите заинтересирани граѓани да се придружат.
Маршот се организира традиционално секоја година а повод е одбележување на годишнина од формирањето на Првиот Околиски народноослободителен одбор за Струмица и Струмичко.

maslov-1024x768

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 27-ма седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

Во петок, 25.10.2019 година, со почеток во 15,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 27-та седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-одлука за определување на крајбрежен појас на регулиран водотек река Требичка, општина Василево, опфатен со Урбанистички план за село Владевци, КО Владевци, општина Василево;
  2. Измена и дополнување на Буџетот на општина Василево за 2019 година;
  3. Извештај за проценка на штета настаната од елементарна непогода „Дожд и град“ во с. Добрашинци, с. Нова Маала и с. Висока Маала;
  4. Извештај за работата на Комисиите за процени на штети од елементарна непогода „Дожд и град“ што ја зафати општина Василево на 24.06.2019 година;
  5. Финансиски извештај на ЈПКД „Турија“ п.о Василево за третото тромесечие за 2019 година;
  6. Давање согласност на Измената и дополнувањето на Одлуката за утврдување на цената на водата за пиење или водоснабдување  бр.02-881/1 од 21.12.2018 година;
  7. Давање согласност на Измената и дополнувањето на Одлуката за утврдување на цената за собирање и одведување на урбани отпадни води бр.02-882/1 од 21.12.2018 година.
  8. Давање согласност на Одлуката за утврдување на цената на водата за пиење или водоснабдување  за правните лица за период 2019 – 2021 година;
  9. Давање согласност на Одлуката за задолжително вклучување на домаќинствата во организирано собирање на отпад во населените места Василево, Ангелци, Градашорци, Пиперево, Сушево и Владевци;
  10. Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Димитраќ Митев од с. Градашорци;
  11. Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Викторија Ѓоргиева од с. Василево;
  12. Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Круме Спасевски од Скопје;
  13. Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Ловно друштво „Гоце Делчев“, Босилово;
  14. Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Ловно друштво „Беласица“, Струмица;
  15. Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Костадин Ристов од. С. Нива Маала;
  16. Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Ванчо Георгиев од с. Василево.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот на терен во Добрашинци

naslov

Градоначалникот  на општина Василево, Марјан Јанев, денес беше во населеното место Добрашинци, каде изврши увид во градежните активности на улицата  која се гради. Станува збор за улица долга 420 метри која се протега од мостот на влезот во селото, преку опфатот на селото па се до постоечкиот земјен пат во самото село.  „ Денес се изведуваа  активности на ископ на трасата, насипување и порамнување, како една од фазите во изградбата на оваа улица која заради специфичниот терен ќе биде армирано бетонска“, информираше градоначалникот Јанев.

Вкупната инвестиција, согласно Договорот со изведувачот изнесува околу 5 300 000 денари, од кои 3 000 000 се обезбедени од БРР, а останатите се од општинскиот Буџет.

Изведувач на  активности на терен е градежната компанија „Жикол“.

3_1280x851

6_1280x851

8_1280x960

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започна реконструкцијата на патот кон Брана Турија

naslov

Општина Василево во соработка и партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион започна со  реконструкција на патот што води кон брана Турија. Реконструирани ќе бидат 800 метри почнувајќи од крстосницата  пред с. Добрашинци. Вкупната ширина ќе биде 5,5 метри.

На денешниот старт на активностите на терен присуствуваше и градоначалникот на општина Василево,  Марјан Јанев кој информираше дека  овој проект беше избран како приоритетен од страна на Советот за развој на Југоисточниот плански регион минатата година и за истиот  Центарот за развој на Југоисточниот плански регион поднесе Барање за користење на средства до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од мерка 323, Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните средини.

„Реализацијата на овој проект е собено важна бидејќи овој пат води кон браната Турија  од која со вода за пиење се снабдува дел од населението на општина Василево и градот Струмица а истовремено Брана Турија е и еден од најзначајните туристички локалитети на територија на нашата општина“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

Вкупниот буџет  на проектот е околу 190 000 евра или 11 664 618  денари од кои  9 885 270 денари  обезбедени од страна на Центарот за развој на ЈИПР преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и  1 779 348 денари од Буџетот на општина Василево.

Согласно планираната динамика и Договорот со изведувачот,  активностите на терен треба да завршат во првите месеци од наредната година.

Работите на терен ги изведува градежната компанија Пешо Инженеринг.

 DSC_0355_1280x851

DSC_0358_1280x851

DSC_0374_1280x851

DSC_0377_1280x851

DSC_0386_1280x851

DSC_0387_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail