Author Archives: opstinaadmin

Второ авионско прскање против комарци

komarci

Почитувани сограѓани,

Ве информираме дека второто авионско прскање против комарци на територијата на општина Василево, ќе се изврши  на 24.07.2019 година  година (среда) во периодот од 04,30 до 09,30 часот.

Доколку временските услови не се поволни за спроведување на прскањето во планираниот термин, истото ќе се спроведе следниот ден односно на  25.07.2019 година во истиот термин.

Упатуваме посебен апел до сопствениците на пчелни семејства, во наведениот период  да    преземат соодветни мерки за заштита на своите пчели.

Предвидени се две прскања. За терминот за второто  прскање дополнително ќе информираме.

Авионското прскање против комарци се реализира во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 23-та седница на Советот на општина Василево

sala na Sovet

Во петок на 19.07.2019 година, со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи дваесет и третата седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-Статут за измена на Статутот на општина Василево.
  2. Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за набавка на Специјално возило за собирање и транспорт на смет / Специјално комунално возило за собирање смет со капацитет 5,5 м3.
  3. Предлог-Одлука за долгорочно домашно задолжување на општина Василево во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP).
  4. Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Женски фудбалски клуб „Тиверија“, Струмица.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот на пријателска Ташкупри од Р.Турција во посета на општина Василево

1

Денес, градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев во својот кабинет оствари средба со својот колега Недрет Ѓулен (Nedret Gülen),   од општина Ташкупри, Р.Турција.  Според информацијата од градоначалникот Јанев на средбата се разговарало за продолжување на соработката меѓу овие две пријателски општини , која во иднина би требало  да резултира со конкретни проекти од кои бенефит ќе имаат граѓаните и на двете општини.

Првиот контакт меѓу двете општини е воспоставен пред околу година и половина, период во кој се остварени неколку средби на кои главно се разговара за  можностите  за заеднички проекти  кои би биле во функција на граѓаните од двете општини.

На денешната средба покрај градоначалниците присуствуваа и раководителот на Подрачната единиц  при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  на Република Северна Македонија во Струмица,  Васил Коцев како и членот на Советот на општина Василево од Висока Маала,   Неџат Меминов.

 1

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започна пријавувањето за меморијалниот турнир во мал фудбал Ч`крче во Пиперево

11111111

Ги известуваме љубителите на мал  фудбал дека започна пријавувањето за турнирот во мал фудбал   Ч`крче што се одржува во населеното место Пиперево.  Покровител на турнирот на општина Василево.

Право на учество и пријавување на свои екипи имаат сите жители на Струмичкиот регион и пошироко.

Пријавувањето е до 11.07.2019 година (четврток). Ждребањето ќе се изврши во петок, 12. 07.2019 година.

Котизацијата за учество за сениори изнесува 2 500 денари а за кадети 1 000 денари.

Турнирот ќе започне во сабота на 13.07.2019 година.

За дополнителни информации заинтересираните може да се обратат кај организаторот на телефонските броеви: 071 933 848 и 070 645 102

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Со средства од БРР општина Василево ќе асфалтира улица во Добрашинци

Ulica Dobrasinci

Општина Василево од  Бирото за регионален развој обезбеди 3 000 000 денари  за асфалтирање на улица во населеното место Добрашинци.  Вкупниот Буџет за реализација на оваа улица изнесува околу  5 200 000 денари.  Средствата за комплетна реализација во износ од околу 2 200 000 денари се обезбедени од општинскиот Буџет. Како што информираше градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, Бирото за регионален развој ја објави листата на Проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби одобрени за финансирање, според која за општина Василево односно за улица во с. Добрашинци, одобрени се 3 000 000 денари. За остатокот од средствата во износ од околу 2 200 000 денари, Советот на општина Василево уште во февруари, во периодот на подготовка на апликацијата, има донесено Одлука за  за сопствено учество на општината во реализицијата на проектот.

Должината на улицата изнесува 420 метри и истата се протега од мостот на влезот во селото, преку опфатот на селото па се до постоечкиот земјен пат во самото село. На целата должина предвидена е изградба на два монтажни цевасти пропусти.

Во наредниот период ќе биде распишан тендер за избор на градежна компанија која ќе ги реализира активностите на терен.

BRR

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево обезбеди 600 000 евра за изградба и реконструкција на локалната патна инфраструктура

naslov (1)

Со околу 600 000 евра обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, општина Василево ќе ја подобрува локалната патна инфраструктура преку реконструкција на постојнте и асфалтирање на нови патишта. Ќе се асфалтира дел од локалниот пат Чанаклија – Нова Маала во должина од 1 700 метри, со што овој локален пат чија вкупна должина е околу 4 000 метри ќе биде комплетно завршен. Со реконструкција ќе бидат опфатени  локалниот пат  Владевци – Сушево чија должина изнесува околу 1 900 метри, како и улицата во Василево од поштата до црквата која освен нов асфалтен слој ќе  добие и атмосферска канализација, тротоари од двете страни и ново улично осветлување.

Според информацијата од градоначалникот на општина Василево Марјан Јавнев, договорите со АФПЗРР се потпишани и на ред е распишувањето на тендерите за избор на градежни компании кои ќе ги спроведат планираните активности.

„Општина Василево успеа да обезбеди средства за реализација на три проекти од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој во висина од околу 600 000 евра односно околу  40 000 000 денари. Станува збор за проекти со кои значително ќе се подобрат условите за живот во населените места од нашата општина. Како локална самоуправа аплициравме со проекти во повеќе подмерки, истите се добиени, Договорите со АФПЗРР се потпишани и во наредниот период ќе отпочне постапката за реализацијата на овие капитални проекти, од распишување на тендер, избор на изведувач до конечна реализација на терен“, информираше градоначалникот Јанев притоа прецизирајќи дека во мерката „Развој на јавната инфраструктура во  руралните средини“ општина Василево обезбеди 15 000 000 денари за Реконструкција и ревитализација на локалниот пат Ново Владевци – Сушево во должина од 1878 метри. Во мерката „Обнова и развој на селата“ обезбени се  средства во висина од 6 000 000 денари за реконструкција на улица во општинскиот центар на Василево –  улицата од пошта до црквата и  во мерката за „Зачувување на традиционалните вредности во руралните средини“ обезбедени се речиси 16 000 000 денари со кои е планирано  да се асфалтираат околу 1 700 метри од патот Чанаклија – Нова Маала.

„Договорите се потпишани и веќе пристапуваме кон постапката за реализација. Станува збор за проекти кое беа на барање на нашите граѓани за кои постоиме како општина. Со реализација на овие три проекти значително ќе ги подобриме условите за поврзување, безбедноста на учесниците во сообраќајот но и економскиот развој на нашите села што е главен приоритет за мене како градоначалник но и на општината“, нагласи градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

naslov

DSC_0569_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево ќе обезбеди енергетски ефикасно улично осветлување преку ЈПП со ЕСКО компании

5

Општина Василево преку  ЈПП  (Јавно приватно партнерство) со ЕСКО компаниja (Компанија за енергетски услуги)   ќе обезбеди енергетски ефикасно улично осветлување, за кое нема да потроши ниту денар од сопствениот буџет.  Изведбата и финансирањето ќе биде од приватни енергетски компании, т.н ЕСКО компании ( Energy Services Company), односно фирми кои ќе даваат услуги во енергетскиот сектор, а својата услуга ќе ја наплаќаат преку  направената заштеда на енергија. Спецификите и суштината на проектот ги презентираше раководителот на проектот

на Европската банка за обнова и развој Здравко Стефановски.

„Регионалната Програма за енергетска ефикасност која е финансирана од Европската унија, а раководена од Европската банка за обнова и развој во соработка со Секретаријатот за енергетската заедница,  има за цел да ги поддржи  проектите за енергетска ефикасност и тоа во секторот за улично осветлување и малите дистрибутивни системи за греење.  Истите се спроведууваат и финансиираат од приватни енергетски компании, т.н ЕСКО компании ( Energy Services Company), односно фирми кои ќе даваат услуги во енергетскиот сектор. Општина Василево е една од општините кои изразија интерес во првиот повик и е една од у првите седум општини во државата во кои се спроведува овој пилот проект. Целокупното финансирање го спроведува приватна ЕСКО компанија, односно фирма која врши услуги во енергетскиот сектор“ рече во својата презентација Стефановски притоа  објаснувајќи го детално начинот на кој општината преку месечните заштеди во енергија ќе го плаќа ануитетот кон ЕСКО компанијата која ќе биде избрана на тендер.

Бенефитот на општината е повеќекратен и долгорочен бидејќи се обезбедува квалитетно енергетски ефикасно улично осветлување кое континуирано ќе бележи заштеди односно пониски сметки за потрошена електрична енергија по основ на  улично осветлување, како и опрема која и по завршувањето на договорот останува во сопственост на јавниот партнер односно на општината.

Целиот овој процес е раководен од Европската банка за обнова и развој во соработка со Секретаријатот за енергетската заедница со кој Република Северна Македонија има потпишано Договор за соработка.

DSC_0959_1280x851

DSC_0943_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во Василево се реализираше крводарителска акција

naslov

Денес во просториите на општина Василево, ОО на Црвениот крст од Струмица и Центарот за трансфузиона медицина во соработка и поддршка на општина Василево спроведоа хуманитарна акција на доброволно дарување на крв.  Собрани се десетина крвни единици, бројка која со оглед на  временските услови односно високите температури  е во рамки на очекувањата.

Вообичаено за ваквите организирани акции и овојпат во акцијата се вклучија вработените во детската градинка, општина Василево  и ЈПКД „Турија“.

Акцијата се реализираше во периодот од 8,30 до 14,00 часот.

DSC_0963_1280x851 DSC_0964_1280x851 DSC_0969_1280x851 DSC_0977_1280x851 DSC_0979_1280x851 naslov

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ја одржа 22-та седница

DSC_0923_1280x851

Денес,  Советот на општина Василево ја одржа 22-та седница, на чиј дневен ред по измените и дополнувањата имаше вкупно 12 предлози и сите беа усвоени. На предлог на претседателот на Советот на општина Василево Крсте Панев,  изземени беа Предлог-Одлуката  за утврдување на приоритет на проект за набавка на Специјално комунално возило за собирање смет со капацитет 5.5 м3  и Предлог-Одлука за земање на кредит за набавка на Специјално комунално возило за собирање смет со капацитет 5.5 м3, за кои како што образложи претседателот на Советот, согласно насоките од Министерството за финансии  неопходни се дополнителни измени во предлог-одлуките, поради што истите ќе се најдат на дневниот ред на наредната седница. Дневниот ред беше дополнет со уште две точки за финансиска поддршка.

Советот даде согласност на актите предложени од Управниот одбор   на градинката „Прва радост“ и тоа  Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ„ Прва радост“- Василево и Правилникот за внатрешна организација на ЈОУДГ „Прва радост“, Василев како и согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за утврдување вредноста на бодот за пресметување на плата на давателите на јавни услуги и на директорот вработени во ЈОУДГ „Прва радост“, Василево . Како што образложи в.д директорот на градинката Бранко Андонов, станува збор за зголемување на платата  за 16%  за сите вработени во градинката што ќе започне со исплатата на јунската плата и истото е во согласност со препораките односно Одлуката за утврдување на  максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорите на јавните установи за деца за 2019 година, донесена   од Министерството за труд и социјална политика.

Мнозинство доби и  Предлог-Програмата за енергетска ефикасност на Општина Василево за 2019 година и во тој контекст Предлог-Одлуката за прифаќање на физибилити студијата за улично осветлување во Општина Василево за 2019 година како и Предлог-Одлуката за создавање на јавно приватно партнерство за енергетски услуги и изведба за јавно осветлување на површини од јавен интерес во општина Василево.

Физибилити студијата за улично осветлување во општина Василево како и суштината и спецификите на создавањето на Јавно приватно партнерство со ЕСКО компании за енергетски услуги и изведба на јавно осветлување на површини од јавен интерес ги презентираше Здравко Стефановски, раководител на проектот на Европската банка за обнова и развој.

На седницата беа одобрени и одредени износи на финансисли средства на барателите –правни и физички лица.

DSC_0926_1280x851

DSC_0929_1280x851

DSC_0931_1280x851

DSC_0932_1280x851

DSC_0943_1280x851

DSC_0956_1280x851

DSC_0959_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Повик за прибирање понуди за градежни работи

DSC_0918_1280x851

Повик за поднесување на понуди

Република Македонија

Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП

                                                                           MSIP-NCB-094-19

1.Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN DevelopmentBusiness со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010 година.

2.Република Македонија доби кредит од Меѓународната Банка за Обнова и Развој (IBRD), за спроведување на Проект за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: Изградба на улица во с.”Нова Маала“ до резевроар.

3.Општина Василево ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат: Изградба на улица во с.”Нова Маала“ до резевроар во Општина Василево.

4.Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.

5.Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:00 до 16:00:

Адреса: Василево бб

Село : Василево

Поштенски број: 2411

Држава: Република Северна Македонија

Телефон: 034 /354 -444

Факс: /034/353-007

Електронска адреса: opstina_vasilevo@yahoo.co.uk

 

  1. a) За плаќање во денари:

Комплетна Тендерска документација  на македонски јазик  може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу и по плаќањето на неповратна такса од 1,000.00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка:

 

Банка: Народна банка на Република Македонија

Број на сметка: 100000000063095

Буџетска корисничка сметка: 709014080063014

Приходно конто: 724125 00

 

 

Тендерската документација ќе биде доставена по електронска пошта или може да се добие директно од Општина Василево

 

6.Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 12:00ч, 07.08.2019, Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:00ч, 07.08.2019

 

  1. Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од 30,000.00 МКД.
  2. Адреса: Василево бб

Село :Василево

Поштенски број: 2411

До Архива

Држава: Република Северна  Македонија

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail