Author Archives: opstinaadmin

Извршен ремонт и чистење на филтер станицата Ташли Баир

DSC_0271

„Од петок, 05.10.2018 година   низ цевките на регионалниот водовод  од кој со вода се снабдуваат  граѓаните на населените места Василево, Ангелци, Градошорц, Едрениково и објектите во индустриската зона ќе потече чиста, здрава и филтрирана  вода за пиење“, информираше градоначалниот на општина Василево, Марјан Јанев по неговата посета на резервоарот за вода и филтер станицата на Ташли Баир, каде деновиве  ЈПКД „Турија“ во соработка со општина Василево изврши активности на ремонт, чистење и полнење на филтрите со активен јаглен.  Во моментот со вода од овој систем се снабдуваат 1309 домаќинства и 76 правни лица.

Според информациите од в.д директорот на ЈПКД „Турија“, Зоран Ѓеоргиев активноста опфаќа неколку фази и тоа: ремонт и чистење на филтрите од остатоците на песок,  нивно полнење со активен јаглен со кој водата се филтрира, целосно чистење на резервоарите од сите наталожени елементи и комплетно перење на водоводната мрежа.

„Морам да напоменам дека претходната локална власт оваа активност требало да ја изврши уште во 2010 година до кога филтрите имале капацитет да ја прочистуваат водата.  Но и покрај сите контроли и незадоволителни резултати од испитувањето на водата што ги прави  Центарот за јавно здравје, нашите претходници не презеле ништо и дозволја граѓаните да користат неисправна вода за пиење“, потенцираше градоначалникот Јанев најавувајќи и следните чекори  на планот на водоснабдувањето.

Јавното комунално претпријатие во наредните денови ќе ја спроведе истата активност и на филтер станицата во с. Доброшинци и со тоа граѓаните на Нова Маала, Доброшинци и Чанаклија ќе имаат здрава и чиста вода за пиење.  Инвестицијата на оваа активност за двете филтер станици изнесува околу 700 000 денари и ова е спроведено најдомаќински, максимално квалитетно и со минимум буџет, изјави Јанев.

S5001432

5

DSC_0271

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Викендов се асфалтираше во Василево

naslov

Општина Василево викендов асфалтираше во Василево. Една од најфреквентните улици, улицата од поштата до повеќенаменското игралиште  во Василево доби современо и квалитетно решение.  Поставен е нов асфалтен слој во должина од околу 300 метри, ширината  на коловозната лента  е проширена и изнесува 5,5 метри, изградени се тротоари од двете страни на улицата како пешачки патеки за граѓаните, а осветлувањето  е решено  со канделабри.
Заради  прибирање на атмосферските води,  под улицата   изградена е атмосферска канализација.

Средствата за оваа инвестиција се грант обезбеден од ИПА  предпристапните фондови преку Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП ).

Изведувач на работите на терен е градежната компанија „Жикол“ од Струмица.

DSC_0535_1024x681

DSC_0540_1024x681

DSC_0561_1024x681

DSC_0566_1024x681

DSC_0569_1024x681

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ја одржа 13-та седница , Христина Гошева – нов член во Советот на општина Василево

DSC_0480_1024x681

 Денес,  Советот на општина Василево ја одржа редовната 13-та седница на која беа усвоени сите предлози од дневниот ред, кој по дополнувањето направено на самата седница, имаше вкупно десет точки. Седницата започна со Заклучок за престанок на мандатот  на членот на Советот и верификација на мандатот  на друг член.   Од денес нов член во Советот на општина Василево е Христина Гошева од СДСМ која доаѓа на местото на Наташа Велкова од истата советничка група.

DSC_0506_1024x681

Во фокусот на вниманието на советниците беа Програмите за работа на детската градинка „Прва радост“ од Василево и двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ од Василево и „Атанас Нивичански“ од Нова Маала за учебната 2018/2019 година како и извештаите за работата на овие институции за 2017/2018. На прашањата поврзани главно со подготвеноста на институциите да одговорат на потребите за успешен старт и нормално одвивање на сите активности во текот на учебната година одговараа првите луѓе на овие институции кои беа присутни на седницата: Митко Јанев, в.д директор на ЈОУДГ „Прва радост“ од  Василево, Стојан Тимов – директор на ООУ „Гоце Делчев“, Василево и Соња Ничева – директорка на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала.

DSC_0512_1024x681

DSC_0526_1024x681

DSC_0521_1024x681

Советниците ја усвоија и предлог – одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2018 година. Одлуката се однесува на промена на распоредот на средствата внатре во програмата на Основното образование  при што  средства од едни  ставки се трансферираат во други ставки.

На седницата беше усвоена и  Предлог- спогодба за начинот и  условите за заедничко организирање на извршувањето на линискиот превоз на патници  за општините Струмица, Босилово, Василево и Ново Село согласно која ќе се надмине повеќегодишниот проблем  што го имаа превознците со лиценци за вршење линиски превоз. Согласно Спогодбата,   наместо како досега да бидат ограничени во давањето на услуги само на тероторијата на сопствената општина на која се регистрирани, превозниците ќе можат без страв од казни патниците да ги транспортираат до Струмица каде ќе имаат одредени стојалишта односно паркинг простор. Спогодбата досега е усвоена од Советите на општините Струмица, Ново село и Босилово. Следен  чекор ќе биде утврдување на  возен ред и јавен конкурс за распределба на линии за превоз на кој ќе можат да се јават сите превозниците од соодветната општина кои ги исполнуваат законските услови.

На оваа седница советниците донесоа и Одлука за определување на надоместок за членовите на Советот на општина Василево, матичарот и општинската администрација за учество при склучување на бракови.

DSC_0478_1024x681

DSC_0500_1024x681

DSC_0513_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Населеното место Нова Маала набрзо ќе добие спортска сала

6_1024x768

Деновиве, општина Василево започна со втората фаза од реконструкција на постојниот Дом на културата во населеното место Нова Маала и негова адаптација во спортска сала.
Со завршувањето на сите планирани активности од оваа втора фаза, која е финална, досегашниот Дом на култура ќе добие сосема нова функција; ќе биде адаптиран во современа спортска сала за потребите на ООУ „Атанас Нивичански“ и жителите на Нова Маала другите населени места од овој крај.
Согласно планот на активности во оваа фаза ќе се изврши внатрешно и надворешно малтерисување, изработка на надворешна фасада, комплетна водоводна и електрична канализација, ќе биде поставена нова алуминиумска столарија,  ќе бидат завршени и опремени соблекувалните и тоалетите а ќе се постават и кошеви согласно ФИБА стандардите.
„Овој стар, руиниран објект го враќаме во живот, им го враќаме на граѓаните со една сосема нова но многу корисна функција. После завршувањето на оваа фаза од реконструкцијата, која е последна, Основното општинско училиште „ Атанас Нивичански“ во кое настава од пето до девето одделение посетуваат  учениците од Висока Маала, Чанаклија,  Добрашинци и секако Нова Маала, ќе добие сопствен, функционално уреден спортски простор во кој ќе ги одржува редовните часови по спорт и физичо образование, простор во кој учениците ќе можат да ги развиваат своите спортски таленти, простор во кој ќе рекреираат и на здрав начин ќе го поминуваат своето слободно време“, изјави градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев при неговата денешна посета на објектот.
Износот на инвестицијата во оваа фаза изнесува околу 2 000 000 денари од кои 1 800 000 се обезбедени од Бирото за регинален развој, преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година, а остатокот од околу 200 000 денари се општински средства.
Инаку целосната реконструкција и адаптација се одвива во две фази. Во првата фаза која општина Василево ја реализираше мината година, опфатено е расчистување на теренот, отстранување и демонтажа на кровот и столаријата, внатрешно преградување на просториите наменети за соблекувална и тоалети, нов кров, нова подна плоча и скали. За овие активности општина Василево досега има вложено околу 2,5 милиони денари – сопствени средства.
Градоначалникот Јанев очекува работите да се одвиваат согласно предвидената динамика и ообјектот целосно да биде завршен и ставен во функција за околу два месеци.
Изведувач на работите во оваа втора фаза е фирмата „Техника“ од Радовиш.
Градоначалникот Јанев информираше дека во функција на подобрување на условите за спортување на жителите од ова населено место, во тек е и изградба на повеќенаменско игралиште.  „Сакам да напомена дека во ова населено место се гради и повеќенеманенско игралиште. На овој начин на младите ќе им овозможиме да спортуваа и да рекреираат“- изјави Јанев.

12_1024x768

13_1024x768

15_1024x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 13-та седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

На 21.09.2018 година (петок) со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи тринаесеттата седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за воспитната 2017/2018 год.
  2. Предлог-годишна програма за работа на ООУ„Гоце Делчев“ Василево за учебната 2018/2019 година.
  3. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2018 година.
  4. Предлог-програма за работа на ЈОУДГ„Прва радост“, Василево за воспитната 2018/2019 година.
  5. Предлог-спогодба за начинот и условите за заедничко организирање на извршувањето на линискиот превоз на патници за општините Струмица, Босилово, Василево и Ново Село.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Викендов општина Василево асфалтираше во Пиперево

naslov (1)

„Во изминатиот период интензивно  и напорно работиме на подобрување на локалната патна инфраструктура. Со денешното асфалтирање на улицата, на граѓаните им нудиме квалитетно и  трајно решение и подобрување на  условите за живот“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, викендов,  во Пиперево каде што присуствуваше на асфалтирање на улицата на која претходно, во текот на минатиот месец, беше извршено проширување на фекалната канализациона мрежа со поставување на нов канализационен крак.  Должината на оваа улица е околу 300 метри, а средствата за нејзина реализација во висина од околу 1 050 000 денари се обезбедени од општинскиот буџет. Изведувач на градежните активности е градежната компанија Пешо инженеринг.

„Се што работиме е произлезено од потребите и барањата на граѓаните. Како градоначалник секојдневно сум на терен, ги знам проблемите, ги знам потребите, а и како граѓанин на нашата општина во којашто живеам добро знам што недостасува, што е неопходно а што е приоритет.  И понатаму продолжувам заедно со општинската администрација да работам на подобрување на состојбата во сите сфери кои се во надлежност на локалната самоуправа“, нагчаси градоначалникот Јанев притоа информирајќи и за она што се гради тековнот или е  изградено во претходните денови.

Претходните денови асфалтирана е улица во населеното место Нова Маала, во должина од 300 метри, асфалтирана е и улица во населеното место Седларци, и  улица во Василево во должина од околу стотина метри,  додека во завршна фаза е изградбата на улица  во населеното место Градашорци, на влезот од десната страна во должина од 200 метри и улицата во Василево од пошта до повеќенаменско игралиште.

7

9

5

6

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Продолжува градежната офанзива во општина Василево

за сајт, реализирани

Општина Василево заврши  со асфалтирањето на улицата во Василево која беше  една од  трите  улици за чија изведба беше ангажирана градежната компанија „Бони Интерградба“ од Штип.  Должината на оваа улица изнесува околу 100 метри а ширината 4 метри. Средствата за нејзина изградба изнесуваат околу 500 000 денари и истите се обезбедени од општинскиот Буџет.

„Ова е последната од трите улици за кои согласно Постапката за јавна набавка, општината имаше потпишано Договор за нивна изградба со штипската фирма „Бони Интерградба“.  Во претходните неколку денови како дел од овој Договор беа асфалтирани улицата во с.Седларци и улицата во Нова маала. Вкупниот буџет за овие три улици, за кои средства успеавме да обезбедиме од сопствени приходи изнесува околу 2 000 000 денари.“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев кој денес беше на терен и присуствуваше на асфалтирањето на улицата во Василево.

„Граѓаните заслужуваат подобри услови во своите населени места, а ние сме овде за да ги реализираме нивните барања и потреби. Во текот на мојот  мандат максимално ќе се ангажирам во изнаоѓање средства за реализација на проекти кои практично ќе значат подобрување на целокупниот амбиент  во кој граѓаните егзистираат“, нагласи Јанев додавајќи дека  општина Василево со исто темпо продолжува и во наредниот период.

5_576x768

1

6_576x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево асфалтираше улица во Нова Маала

naslov

Населеното место Нова Маала од денес е побогато со уште една асфалтирана улица.  Градежната компанија „Бони Интерградба“ од Штип, ангажирана од општина Василево, заврши со асфалтирањето на улицата во т.н  Горна маала, која води кон селската продавница. Улицата е долга околу 300 метри  а широка  околу 4 метри, колку што и дозволуваат условите на теренот. За реализација на оваа улица средствата се обезбедени од општинскиот Буџет и изнесуваат околу 1 100 000 денари.

„ Активностите што општината ги презема на терен одат во прилог на она што повеќепати го потенцирам, а тоа е дека локалната патна инфраструктура е еден од приоритети на општина Василево. Добрата патна инфрастриктура е еден од битните услови  граѓаните на нашите населени места да имаат подобри услови во кои ќе живеат, ќе работат, ќе го минуваат и организираат своето секојдневие. Колку и да е тешко, за асфалтирање на нови патишта и за реконструкција на постојните мора да се најдат средства. Асфалтирањето на улицата во Нова Маала е само потврда дека потребите на граѓаните и  нивните барања, за нас како локална самоуправа,  секогаш се на прво место“,  дециден е градоначалникот на општина Василево Марјан  Јанев.

Во прилог на ова е и фактот дека деновиве беше асфалтирана и улицата во населеното место Седларци, во дожина од 65 метри.  Изведувач на градежните активности и на оваа улица беше компанијата „Бони Интерградба“ од Штип, со која неодамна општина Василево, по завршувањето на јавната набавка  потпиша договорот, согласно кој освен овие две улици, ќе биде асфалтирана и една улица во населеното место Василево во должина од 100 метри.

Градоначалникот Јанев очекува успешна градежна сезона во која ќе бидат реализирани сите планирани активности . „Очекувам оваа градежна сезона добрите временски услови да потраат па се што имаме планирано да го реализираме“,  изјави градоначалникот Јанев.

10_1024x768

14_1024x768

15_1024x768

naslov

19_1024x768

17_1024x768

16_1024x768

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Успешен старт на новата учебна година во општина Василево

DSC_0459_1024x681

Околу 120 првачиња, денес  седнаа во училишните клупи на  двете основни општински училишта и десетте подрачни на територијата на општина Василево.

Осумдесетина  од нив се во ООУ„Гоце Делчев “ , Василево и подрачните во негов состав во населените места Радичево, Дукатино, Сушево, Владевци, Седларци, Едрениково и Ангелци, а четириесетина се ученици во ООУ„Атанас Нивичански“ заедно со  подрачните во негов состав  во населените места Висока Маала, Чанаклија и Доброшинци.

Добредојде на првачињата им посакаа директорите на училиштата, Стојан Тимов  и Соња Ничева и градоначалникот на општина Василево,  Марјан Јанев.

„ Бидете секогаш среќни, весели, насмеани.  Бидете умни, учете вредно, внимавајте на часовите, слушајте ги наставниците и родителите, почитувајте ги возрасните.  Знаењето што овде ќе го стекнете ќе Ви отвори многу врати. А ние возрасните секогаш ќе сме овде за вас,  да ви помогнеме, да ве посоветуваме, да ве насочиме. Вие со вашиот труд, ние со нашето искуство и можности, ќе градиме поубава сегашност и иднина за сите“, им порача градоначачникот Јанев на првачињата на нивниот прв училишен ден.

Дополнително, денешниот ден на првачињата им беше разубавен   и со подарокот – школски прибор, што го обезбеди општината.

Според информациите од првите луѓе  на училиштата, бројот на запишани ученици не е конечен, и истиот според искуствата од претходните години ќе се комплетира во текот на овој месец.  Што се однесува до техничката и кадровската подготвеност, учичиштата се целосно подготвени за успешен старт на новата учебна година, информираа директорите на училиштата – Стојан Тимов  и Соња Ничева.

Подготвени за стартот на новата воспитна година се и од градинката „Прва радост“ од Василево и клонот во Моноспитово – „Малото славејче“ . Како што информираше в.д директорот Митко Јанев,  летниот период кога заинтересираноста за посетеност на градинките е помала направени се сите неопходни интервенции, така што од денес градинките подготвено ги прифатија сите заинтересирани дечиња.  Во градинката во Василево денес беа згрижени педесетина дечиња а во клонот во Моноспитово четириесетина. Вратите на градинките се отворени за нови дечиња се до целосно пополнување на капацитетот.

posledna

DSC_0423_1024x681

DSC_0432_1024x681

DSC_0447_1024x681

DSC_0453_1024x681

DSC_0458_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево потпиша договор за асфалтирање на уште три улици

DSC_0397_1024x681

Нова Маала, Седларци и Василево, се трите населени места во кои  општина Василево набрзо ќе асфалтира по една улица. Согласно  Договорот  потпишан со изведувачот, градежната којпанија „Бони Интерградба“ од Штип, градежните активности ќе започнат во средината на наредниот месец.

Улицата во Василево е во должина од околу 100 метри, во Седларци седумдесетина метри и истата води кон селската црква, а во населеното место Нова Маала, должината на улицата е околу 300 метри и води кон селската продавница во т.н Горна Маала.  Ширината на сите улици е по околу 4 метри а заедничко е и тоа што ќе бидат изградени со асфалт.

Вкупниот вредност на оваа инвестиција,  изнесува околу 1 100 000 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Василево.

„Со оваа јавна набавка освен асфалтирањето на овие три улици планирано е и крпење на ударните дупки на околните улици со претходно засечување на ивиците, премачкување со битуменска емулзија и рачно асфалтирање со асфалт“, информираше градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, кој уште еднаш потсети дека и покрај тешката финансиска состојба на општината,  инфраструктурните  проекти остануваат на врвот на приоритетната  листа.

„Она што е започнато во текот на оваа градежна сезона, односно  улицата во Василево од пошта до повеќенаменското игралиште ,  улиците во Сушево, Градошорци и Пиперево, како и овие три, чија изградба ќе започне околу средината на наредниот месец , во текот на оваа градежна сезона ќе бидат комплетно завршени. За други улици, како на пример за често споменуваната улицата во Нова Маала  до џамијата, во тек е подготовка на техничка документација, за некои  сме во фаза на аплицирање и чекаме позитивни одговори за средства за реализација, но она што е најбитно  е дека не отстапуваме од намерата  целосно да ја подобриме инфраструктурата во сите населени места на општина Василево, бидејќи наша единствена цел  е подобрување на условите за живот на сите наши сограѓани“, дециден е градоначалникот  Јанев.

FVG_3927_1_1024x683

DSC_0395_1024x681

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail