слајдер

Општина Василево ќе соработува со три општини од ЕУ за користење на ЕУ фондовите

image-0-02-04-d7434e9ff780f43b143547e8fedc6d70c9803238cf498b1adca8006cfb0ea870-V

Општина Василево ќе добива директна помош од фондовите на  ЕУ откако градоначалникот на општината г-дин Ванчо Стојанов потпиша меморандум за соработка со општините  Корено Аусонио (Италија),  Струмјани (Бугарија)  и општина  Нехсар од Малта. Првите луѓе на овие општини учествуваа на форумот ,,Европа за општините“ организиран од претседателот на  европскиот парламент Антонио Тајани кој подвлече дека …

Continue reading

Започна изградбата на локалниот пат Чанаклија – Нова Маала

DSC_0180

„Денес започнаа градежните активности за реализација на уште еден проект од општина Василево, проект кој беше ветен за граѓаните на општина Василево, односно за граѓаните на населено место Чанаклија“ изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов на денешниот официјален старт на градежните активности на локалниот пат Чанаклија – Нова Маала. Во оваа фаза ќе…

Continue reading

Потпишан договорот за реконструкција на училиштето во с. Седларци

DSC_0149

Денес, градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов и претставникот на градежната компанија АНОЛ – ИМПЕКС од Скопје потпишаа договор за реконструкција на училиштето во с.Седларци. Средствата за оваа реконструкција, чиј износ е 2 578 460 ден. општината ги обезбеди од Програмата  за прекугранична соработка INTERREG –IPA CBC Бугарија –Македонија 2014 – 2020. „Ова е…

Continue reading

Советот ја одржа 56-та седница

DSC_0144

На денешната редовна 56-та седница на Советот на општина Василево, советниците позитивно се изјаснија за сите предлози од дневниот ред. Едногласно беа усвоени Кварталните извештаи за: Извршување на Буџетот (К-1), за  доспеаните а неизмирени обврски на општина (К-2) и за промените на состојбата на задолжување на општина (К-3), сите за периодот 01.01.2017 до 30.06.2017. Во…

Continue reading

Прскање против комарци

komarci

Почитувани сограѓани, Ве информираме дека на ден 30.07. 2017 година (недела) во раните утрински часови, во периодот од 04,30 ч.  до 09,30 ч. ќе се изврши авио третирање против комарци. Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 31.07.2017 година во истиот временски период. Ги известуваме сопствениците на пчелни…

Continue reading

Дневен ред за 56-та седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

На 28.07.2017 година (петок) со почеток во 12,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи 56-та седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред: Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2017 година за периодот од 01.01.2017 до 30.06.2017 (К-1). Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот…

Continue reading

Општина Василево асфалтира улица во Нова Маала

DSC_0088

Општина Василево денес асфалтираше улица во населеното место Нова Маала. Тоа е улицата која започнува од спојот со постојната, асфалтирана главна улица во селото. Средствата за оваа улица во висина од околу 5 200 000 денари се кредит обезбеден од Светска Банка преку Министерството за финасии од Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП). „Денес…

Continue reading

Општина Василево го одбележа 19-ти јули

DSC_0066

Општина Василево во соработка со општинските организации на Сојузот на борците од Струмица и Радовиш, го одбележа 19-ти јули – денот на средбата меѓу струмичката и радовишка младина, која се случила во далечната 1941-ва година и на која било договорено нивното идно заедничко револуционерно дејствување. Пред спомен плочата која се наоѓа на влезот во селото…

Continue reading

Започна турнирот во мал фудбал Илинден 2017

105_3818

Синоќа со натпревар меѓу екипите на „Дукатин“ и „Пекара Био комерц“ започна ноќниот турнир во мал фудбал Илинден 2017, кој традиционално, низа години наназад се одржува под покровителство на општина Василево. Натпреварите се играат на училишното игралиште во с. Радичево. Годинава ќе се натпреваруваат вкупно четиринаесет екипи, распоредени во пет групи. Натпреварите ќе почнуваат во…

Continue reading

Владо Мисајловски во посета на општина Василево

20031581_1693005941006435_4316640307604462065_n

Поранешниот министер за транспорт и врски г-дин Владо Мисајловски денес беше во посета на општина Василево каде заедно со градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов ги посетија населените места Нова Маала и Пиперево каде општината тековно изведува градежни работи на две селски улици. „Денес сме во посета на градежни активности во општина Василево. Кај…

Continue reading