Се известуваат граѓаните на десетте општини во Југоисточниот плански регион дека второто ларвицидно прскање ќе се изврши во период од 17 до 19 мај 2021 година, со следниот распоред: На 17.05.2021 година (понеделник), во период од 09 до 16 часот во општините Валандово, Дојран, Гевгелија и Богданци. На 18.05.2021 година (вторник), во период од 09…
слајдер
Радичево и Дукатино се вклучуваат во организираното собирање на отпад
Населените места Радичево и Дукатино, со одлука на УО на ЈПКД „Турија“ и Одлука на Советот на општина Василево, од месец јуни, се вклучуваат во задолжителното организирано собирање на отпад од домаќинствата. Отпадот ќе се собира од страна на комуналното претпријатие „Турија“, Василево, кое поседува дозвола за собирање и транспортиње на отпад. Отпадот ќе се подига секоја…
Одбележан патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“, Василево
Денес, по повод патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“ од Василево, делегации од училиштето и локалната самоуправа, положија свежо цвеќе и се поклонија пред бистата на патронот, во училишниот двор. Одбележувањето на 118 годишнината од смртта на Делчев, беше согласно актуелната остојба со Коронавирусот (COVID-19), поради што изостана традиционалниот начин на чествување на ликот и делото…
Велигденска честитка
Почитувани сограѓани, припадници на христијанската вероисповед Од мое лично име и од име на општина Василево Ви го честитам најголемиот христијански празник, празникот на човековата верба во животот, празникот на новото раѓање, празникот на победата на животот над смртта, празникот на Христовото воскресение – Велигден. И оваа година, исто како и минатата, поради злото кое…
Советот на општина Василево ја одржа четириесет и четвртата седница
Денес, Советот на општина Василево ја одржа редовната 44-та седница, и ги усвои сите предлози од дневниот ред, кој по дополнувањето со четири нови предлози, имаше вкупно 18 точки. Без дискусии и забелешки усвоени беа Завршните сметки за 2020 година на двете основни општински училишта „Атанас Нивичански“, Нова Маала и „ Гоце Делчев“, Василево. Потребното…
Викендов се асфалтираше во с. Дукатино
Градежната компанија Пешо Инженеринг, ангажирана од локалната самоуправа Василево, викендов асфалтираше во населеното место Дукатино. Асфалтирани беа четирите улици планирани со Програмата за изградба на локални патишта и улици за 2020 година и тоа: улицата што води кон бунарот во должина од 80 м. улицата кон селските гробишта во должина од 90 м. улицата кон…
Дневен ред за четириесет и четвртата седница на Советот на општина Василево
На 29.04.2021 година, (четврток), со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 44-та седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред: Завршна сметка на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала за 2020 година; Завршна сметка на ООУ „ Гоце Делчев“, Василево за 2020 година; Донесување на Одлука по Барање…
Заврши ремонтот на филтер станицата Ташли Баир
ЈПКД„Турија“, Василево заврши со ремонтот на филтер станицата на Ташли Баир. Според информацијата од директорот на комуналното претпријатие Зоран Ѓоргиев, активностите се одвивале согласно планот и предвидената динамика. Активниот јаглен кој служи за филтрирање на водата бил заменет во сите пет филтри без притоа да биде нарушено редовното снабдување на граѓаните со чиста вода за…
Прво прскање против комарци
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот започнува со активности за третирање против ларвицидна и возрасна форма на комарци по земјен пат. Предвидени се две третирања за ларвициди и три третирања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха. Се известуваат сите…
ЈПКД „Турија“, Василево, врши ремонт на филтер станицата Ташли Баир
Од денес, па во текот на наредните денови ЈПКД „Турија“, Василево врши ремонт на филтер станицата на Ташли Баир, од која со вода за пиење се снабдуваат жителите на населените места Василево, Ангелци, Градашорци, Едрениково како и објектите од индустриската зона. Целта е подобрување на квалитетот на водата, а ремонтот се состои во замена на…