Author Archives: opstinaadmin

Турскиот амбасадор ја посети општина Василево

DSCN6118

Денес, Н.Е амбасадорот на Р.Турција во Р.Македонија г-дин Омур Шолендил, заедно со координаторот на ТИКА г-дин Теоман Тирјаки, и аташето за верски работи при амбасадата на Р.Турција, г-дин Сејфетин Ерсој, имаа средба со градоначалнбикот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов. Заедно го посетија населеното место Висока Маала, каде остварија средба со населените од ова населено место во кое живее исклучиво турско население.

DSCN6130
Во изјавата за медиумите, амбасадорот Шолендил изјави дека денешната посета на општина Василево и на населеното место Висока Маала е во рамки на посетата што ја имаат на повеќе општините од Источна Македонија, со цл да се сретнат со своите браќа во Македонија, при што ги нагласи пријателските односи на двете држави, Македонија и Турција кои сакаат да ги подигнат на повисоко ниво.
Изјава за медиумите даде и координаторот на ТИКА г-дин Теоман Тирјаки, кој ја нагласи традиционално добрата соработка што ја имаат ТИКА и општина Василево, која набргу ќе резултира со изградбата на нова училишна зграда за учениците од ова населено место.
Благодарност до Амбасадорот за укажаната чест и до ТИКА упати градоначалникот Стојанов, кој вети дека по изградбата на новата училишна зграда, просториите во кои се одвива наставата ќе ги реконструира и оспособи за други намени, со што жителите од Висока Маала ќе можат содржински да го збогатат своето секојдневие.
Жителите на Висока Маала кои присуствуваа на средбата ги запознаа високите гости со своето секојдневие, потребите и отворени прашања, како што е прашањето на подобрување на водоснабдувањето, изградба на игралиште, асфалтирање на селските улици, при што побараа помош за нивно решавање.

DSCN6112

DSCN6144

DSCN6141

DSCN6137

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Одбележан Светскиот ден на детското творештво

DSCN6086

Под мотото „Плати со детско творештво“, учениците од ООУ„Гоце Делчев“, Василево го одбележаа Светскиот ден на детската книжевност.
„Денес е втори април Светскиот ден на детската книжевност која со векови ги опседнува мислите на луѓето. За таа цел ние денес ќе се обидеме да направиме нешто поинакво од вообичаеното“ порачаа учениците од ООУ„Гоце Делчев“, Василево на денешното одбележување на Светскиот ден на детската книжевност.
Дваесет ученици, пред своите другарчиња и наставници ги прочитаа своите лични творби и со јазикот на поезијата, секој на свој начин, ги пренесе своите приказни, своите фантазии, своите доживувања за она што го исполнува нивниот детски свет.
Петте изработени книги –тетратки со детско творештво, како спој на поезијата и ликовната уметност, беа креативниот производ од оваа активност, кој децата го подарија или разменија на тој начин верификувајќи ја неговата вредност.
Градоначалникот на општина Василево ја имаше можноста да добие две од поетските тетратки, а за возврат им ја понуди својата поддршка во овој и во идните нивни проекти.
Воп врска со денешната активност, директорката на ООУ„Гоце Делчев“, Емилија Котеве, ја даде следнава изјава:
„Иницијативата на ученичкта заедница и нејзиниот координатор, Марија Вучкова-наставник по англиски јазик, за одбележување на светскиот ден на детската книжевност ја прифатив со задоволство. Во последно време се забележува дека учениците се повеќе се служат со литература од интернет. Тоа за мене беше дополнителен поттик да се афирмира детското книжевно творештво. Во рамките на одбележувањето на овој ден учениците од нашите училиште плаќаа со свои лични творби, а на општината, детската градинка комуналното претпријатие библиоктеката и амбулантата им беа подарени рачно изработени детски книги“.
DSCN6036

DSCN6024

DSCN6026

DSCN6057

DSCN6065

SAM_0130

SAM_0148

SAM_0216

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Заврши изградбата на мостот на Новомаалска река

DSCN5999

Општина Василево го асфалтирашеше мостот на Новомаалска река за пристап до црквата, со што целосно е завршена неговата изградба.
Целокупната активност опфаќаше и регулација на речното корито во должина од триесетина метри, како и изградба на каскада.
Средствата за изградба на овој мост општината ги обезбеди од од АФПЗРР (Агенција за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој) од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година Вкупниот буџет изнесува околу 1 900 000 денари од кои околу 1 600 000 денари се од Агенцијата а остатокот, односот износот на Данокот на додадена вредност во износ од околу 300 000 денари е обезбеден од Буџетот на О.Василево.
Со изградбата на овој мост се решава еден долгогодишен проблем што го имаат жителите од едниот дел од селото, во кој живее речиси половина од вкупното население на Нова Маала. Целосно е надминат проблемот кој беше особено изразен за време на обилни врнежи, кога преминувањето преку реката беше невозможно па за премин од едната на другата страна жителите мораа да користат заобиколен пат поминувајќи речиси половина село.
Изведувач на работите е градежната компанија Џови компани.

DSCN6004

DSCN5998

DSCN6008

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Средба на граѓаните со пратеникот Ромео Тренов

Romeo Trenov

Во петок, 03.04.2015 година, во периодот од 12,00 до 18,00 часот, во просториите на ЈПКД „Турија“ Василево, г-дин Ромео Тренов – пратеник во Парламентот на Р.Македонија, ќе оствари средба со граѓаните од општина Василево.
На средбата, граѓаните ќе може да разговараат за тековните потреби, за проблемите со кои се соочуваат, ќе имаат можност да дадат свои мислења и идеи, заеднички да побараат решенија и да покренат нови иницијативи.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започна со работа градинката „Прва радост“ Василево

DSCN4447

Од денес започна со работа првата детска градинка во Василево, „Прва радост“. Возбудени, насмеани, помалку уплашени и по некое расплакано детенце, заедно со своите родители, утрово ги исполнија просториите на градинката, каде воспитувачки и негувателките честејќи ги со чоколадциња им посакаа добредојде. Од денес, сите тие заедно, започнаа да испишуваат една нова страница, чија содржина несомнено ќе остави траги кај сите учесници.

DSCN4511DSCN4523DSCN4421
Денешниот ден е прв ден во градинка не само за дечињата, туку и за нивните воспитувачки и негувателки, кои заедно со децата ја делат возбудата и радоста заради овој но и сите наредни денови во кои ќе се дружат, воспитуваат и другаруваат.
Успешна работа, многу насмевки, игра, забава, учење, дружење, среќни деца и задоволни родители се желбите кои утринава им ги упати градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, при неговата посета на градинката.
Според информацијата од в.д директорката на градинката, г-ѓа Даниела Трајковска, во моментот се запишани педесетина дечиња кои утрово се згрижени во градинката.

DSCN4502DSCN4445
Капацитетот на градинката е 70 дечиња и запишувањето ќе трае се додека истиот не биде пополнет.
Градинката ќе работи од понеделник до петок од 06,00 до 17,00 часот.

DSCN4426DSCN4465DSCN4474DSCN4496DSCN4523DSCN4527DSCN4538DSCN4552DSCN4554DSCN4559

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дукатино доби асфалтирана улица

DSCN5978

Денес, локалната самоуправа од Василево асфалтираше улица во населеното место Дукатино. Новоасфалтираната улица води кон манастирскиот комплекс со што за верниците а и за останатите жители воопшто, створени се услови за подобар пристап кон верскиот објект и кон овој дел селото.
„Со асфалтирањето на оваа улица општината ствара услови и за изградба на куќи во овој дел од селото, кој токму поради лошата пристапност се избегнуваше поради што граѓаните градеа во подолниот дел од селото, кој пак последните години страда од зачестените обилни врнежи“, рече градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, кој денес присуствуваше на асфалтирањето на улицата во Дукатино.

DSCN5983DSCN5986
Вкупната должина на оваа улица која од едниот крај е поврзана со постојната асфалтирана која поминува низ селото, изнесува околу 500 метри.
Вкупниот буџет е околу 4 000 000 денари, од кои околу 3 400 000 денари се обезбедени Агенција за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, а остатокот од околу 600 000 денари се средства од општинскиот буџет. Изведувач на работите е градежната компанија „Џови компани“.

DSCN5979DSCN5984

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на О.Василево ја одржаа 25-та Седница

DSC_0104

Завршните сметки на двете основни општински училишта „Атанас Нивичански“ и „Гоце Делчев“, беа усвоени на вчерашната 25- та редовна седница на Советот на општина Василево, на која беа донесни вкупно десет одлуки.
Советниците беа усоглаени и со мнозинство од сите присуни ги донесоа одлуките за утврдување на приоритните проекти со кои општина Василево ќе аплицира за средства од ЕУ ИПА грантот за рурална инфраструктура на јавниот повик објавен од Министерството за финансии.

DSC_0093DSC_0103
Станува збор за вкупно три предлог-проекти, за кои образложение даде градоначалникот на општината, г-дин Ванчо Стојанов. „Изградба на улица во с. Василево од центарот до индустриската зона“, Изградба на колектор К1 со дел од припадни колектори во с. Ангелци“ и „Изградба на улица во с. Владиевци“, се предлог-проектите со кои општина Василево ќе конкурира за европски средства.
На седницата беа усвоени и два предлози кои се однесуваат на детската градинка „Прва радост“ Василево. Донесена е одлука за проширување на програмите за вршење на дејноста на ЈОУГД „Прва радост“ општина Василево, во објект во с. Моноспитово, општина Босилово, што значи дека во надлежност на „Прва радост“, Василево е организирањето на целокупната активност, во клон градинката во с.Моноспитово, чиј капацитет е 40 деца на возраст од 2 до 6 години, поделени во три групи со целодневен престој. Усвоена е и одлуката за износот на надоместокот на трошоците за престој во градинката, кој за целодневен престој изнесува 1490 денари.

DSC_0086DSC_0094DSC_0100
На седницата беа усвоени и предлозите доставени од УО на „ЈПКД“, Турија Василево за корекција на цените на одредени услуги кои оваа претпријатие им ги испорачува на граѓаните.
Корегирана е цената на техничката вода која од 6,5 денари за м3 зголемена е на 9,00 денари зголемено за 5%ДДВ.
Одобрено е зголемување на водата за пиење кај правните лице, која сега изнесува 45 ден. за м3 зголемено за 2% надоместок за фондот за води и 5%ДДВ.
Корекција односно зголемување на цената претрпе и услугата собирање, транспортирање и депонирање на комуналниот цврст отпад кај правните лица и тоа за правни лица со површини поголеми од 100 м2 оваа услуга сега ќе чини 1500 денари, а за сите останата правни лица и јавни установи цената е 500 денари.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градинката „Прва радост“ во Василево започнува со работа

DSC_0002

„Од први април, градинката „Прва радост“ во Василево и практично започнува со работа, односно ги отвара вратите за згрижување и престој на најмалите жители на нашата општина – дечињата до седумгодишна возраст односно до тргнување во прво одделение“, рече градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов на прес конференцијата на која беше најавен почетокот со работа на градинката во Василево.

DSC_0073
Посебно се осврна на, како што рече, два битни моменти и тоа одлуката донесена од Советот на општина Василево за ослободување од плаќање на престојот во градинката за деца без родители и родителска грижа со што на оваа особено ранлива категорија на деца, за која дополнително ќе бидат обезбедени податоци од Центарот за социјални грижи, ќе им се овозможи да ги уживаат благодетите што ги нуди престојот во градинката, а за нивните старатели тоа ќе биде значително финансиско олеснување.
Вториот битен момент што го потенцира градоначалникот Стојанов беше информацијата дека општините Василево и Босилово имаат потпишано Договор за меѓуопштинска соработка за основање клон на детската градинка „Прва радост“ Василево, согласно кој клон ќе биде градинката во с. Моноспитово. Тоа значи дека со стартувањето со работа на градинката во Василево се ствараат услови за згрижување и на дечињата во Моноспитово. На крајот градоначалникот Стојанов обракајќи им се на родителите кои имаат мали деца им порача дека одлуката да ги запишат дечињата во градинка ќе биде едно од најдобрите нешта што тие го направиле за своите деца.
Информации околу документите неопходни за упис, капацитетот, работното време и цената за престој во градинката даде в.д директорката Даниела Трајковска.
Документи потребни: извод од матичната книга на родените и потврда за редовно вакцинирање, градинката ќе работи од понеделник до петок од 06 ч. до 17 ч., капацитетот е за 70 дечиња, децата ќе бидат сместени во три воспитни групи, деца до 2 години, од 2 до 4 години и од 4 до 6 години.
Износот за еден месец, за целодневен престој изнесува 1490 денари.
На крајот од обраќањето директорката Трајковска им посака успех во работата на вработените а на дечињата пријатен престој.

DSC_0020DSC_0022DSC_0026DSC_0035DSC_0038DSC_0047DSC_0056DSC_0058

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 25-та Седница на Советот на О.Василево

DSCN5467

Во среда, 25.03.2015 година, со почеток во 15,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 25-та Седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
1. Завршна сметка на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за 2014 година.
2. Завршна сметка на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за 2014 година.
3. Предлог-одлука за утврдување на приоритет за реализација на Проектот „Изградба на улица во с. Василево од центар до индустриска зона“ – општина Василево.
4. Предлог-одлука за утврдување на приоритет за реализација на Проектот „Изградба на колектор К1 со дел од припадни колектори во с. Ангелци“ – општина Василево.
5. Предлог-одлука за утврдување на приоритет за реализација на Проектот„Изградба на улица во с. Владиевци“ – општина Василево.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Василево обезбеди средства за изградба на два парка

DSCN5960

Денес во просториите на локалната самоуправа, градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, одржа прес конференција на која ги информираше граѓаните дека се обезбедени средства за изградба на паркови во населените места.
„Денес сакам да ги информирам граѓаните дека општина Василево, преку Бирото за регионален развој, обезбеди средства за реализација на два проекти: Парк на влезот во Василево и Парк во с. Градошорци.
Паркот на влезот во Василево ќе биде лоциран на празниот простор на самиот влез во селото од кај магистралниот пат, а паркот во с.Градошорци е на просторот пред Домот на културата.
И двата проекти се планирани со Програма за уредување на просторот на градежното земјиште во руралните подрачја на општина Василево за 2015 година“, рече градоначалникот Стојанов.

DSCN5965

Планираниот буџет за изградба на Паркот на влезот во Василево е околу 1 430 000 денари, од кои 80% или 1 144 000 денари се обезбедени преку Бирото за регионален развој а 20% односно 286 000 денари се средства од општинскиот буџет.
Изградбата на паркот во с. Градошорци ќе чини околу 682 000 ден. од кои 303 000 денари се обезбедени од Бирото за регонален развој а остатокот од околу 380 000 денари се средства од општинскиот Буџет.
Што се однесува до содржинската уреденост на просторот, како што рече градоначалникот Стојанов, „таа е во сооднос со површината и локацијата“.

DSCN5698DSCN5710
Паркот во Василево ќе биде со површина од околу 1400 м2 , од кои дел ќе биде зелена површина испресечена со патеки од бехаонски плочи, а од урбана опрема ќе бидат поставени по седум клупи и канти за отпадоци, газебо од ковано железо и ротирачко рекламно пано со ознаки на О.Василево и Р.Македонија. Во вечерните часови паркот ќе биде осветлен за што ќе бидат поставени 25 канделабри.
Површината на Паркот во с. Градошорци е помала во однос на паркот во Василево и изнесува околу 340 м2. Содржински планирано е овде да биде изграден мини амфитеатар со површина од околу 100 м2 , пристапни патеки од бехатон плочи, зелена површина оградена со ѕид од камен и жива ограда, збогатена со жбунови. Од урбана опрема планирани се 5 клупи и 2 корпи за отпадоци.

DSCN5959DSCN5962
Според планирањето двата парка треба да бидат комплетно завршени до крајот на летото.
„Општина Василево во континуитет и плански работи на подобрување на условите во населените места, на хуманизирање на животната средина и реализација на содржини кои му даваат квалитет на секојдневието на нашите сограѓани. Со овие проекти општина Василево уште еднаш на дело покажува дека за нас нема мали и големи проекти, мали и големи потреби, битни и небитни сегменти од животот на зедницата, туку дека граѓанинот со сите негови потреби е секојдневно на нашата работна агенда“, рече на крајот од денешната прес конференција градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail