Author Archives: opstinaadmin

Sala na Sovet

Дневен ред за 45-та седница на Советот на општина Василево

На 31.05.2021 година  (понеделник), со почеток во 12,00 часот,  Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 45-та Седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Стручно мислење за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и сузбивање на вектор преносливите заболувања на територијата на општина Василево;
  2. Предлог-акционен план за ставање под контрола на вектор преносливите заболувања со примена на краткорочни и долгорочни мерки во општина Василево;
  3. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од ЛД „Фазан“, Василево;
  4. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Горан Коцев од с. Едрениково.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Неколку улици во општина Василево се подготвуваат за асфалтирање

naslov

Општина Василево деновиве работи на подготовка на теренот за асфалтирање на неколку улици. Како што информираше градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, преку својот ФБ профил  (https://www.facebook.com/profile.php?id=100063647856196) и  ФБ профилот на општина Василево, https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan, се работи за подготовка на вкупно пет улици од кои четири во населеното место Василево и една во населеното место Сушево. Во Василево ќе бидат асфалтирани вкупно 420 метри, односно една улица од 160 м, една од 104 м, една од 85 и една од 70 метри, за што од општинскиот Буџет се обезбедени околу 1 200 000 денари.

Во населеното место Сушево за асфалт се подготвува улицата што води кон црквата чија должина изнесува 112 метри. Буџетот за изградба и на оваа улица е обезбеден од општинската каса и изнесува околу 320 000 денари.

Според информацијата од градоначалникот, следни за асфалтирање се планираните улици во населените места Пиперево, Ангелци, Нова Маала, Доброшинци, Чанаклија, Седларци и Едрениково.  Сите овие улици се од Програмата за изградба на улици и патишта на општина Василево за 2020 година и за сите нив средствата се обезбедени од општинскиот Буџет.

Изведувач на градежните работи на терен е градежната компанија Пешо инженеринг.

1 4 11

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Крводарителска акција во среда

rsz_dsc_0482

На 26.05.2021 година (среда), во периодот од 09,00 до 14,00 часот, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево ќе се одржи  акција на доброволно дарување крв.

Организаторите на акцијата: ОО на Црвен Крст Струмица, Заводот за трансфузиона медицина Струмица и општина Василево ги покануваат граѓаните на општина Василево да се вклучат во акцијата, да даруваат крв и на тој начин да помогнат во   спасувањето на нечиј живот.

Акцијата ќе се одржи согласно важечките протоколи за заштита од Коронавирусот COVID-19.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

ЈПКД „Турија“ Василево го чисти поројот во с. Сушево

15_720x960

ЈПКД „Турија“, Василево во соработка со општина Василево деновиве го чисти речното корито во населеното место Сушево односно поројот кој минува низ самото населено место и го дели на два дела. Се отстранува наталожениот материјал и  диво израснатата  вегетација.

Според информацијата од директорот на ЈПКД „Турија“, Зоран Ѓорѓиев,  ќе биде исчистено целото корито, почнувајќи од влезот на населеното место, па до крајот кој изнесува околу 1200 метри. „Чистењето се врши со механизацијата на ЈПКД „Турија“, се отстранува наносниот материјал, како песок, чакал и  вегетацијата, главно трева и грмушки израснати во самото корито. Со тоа ќе се обезбеди нормална апсорпција и непречено течење на водата во секави временски услови со што би било спречено излевање и предизвикување штети дури и во услови на обилни и поројни врнежи“, информираше директорот Ѓорѓиев.

Временски, според информациите од директорт , планирано е оваа активност да заврши до крајот на оваа седмица, по што, комуналното претпријатие ќе продолжи со чистење на каналите и во другите населени места во општината.

Во изминатиот период маханизацијата на  „ЈПКД Турија“, била ангажирана на чистење на пороите во населените места Пиперево, Василево и Градашорци.

7_720x960

1

13_1280x960

2

22_1280x720

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започна уредувањето на просторот околу црквата во Ново Владевци

naslov

Градежната компанија ангажирана од општина Василево ги започна активностите на терен за уредување на просторот околу црквата во населеното место Ново Владевци. „Согласно проектот ова ќе биде корисно,  фуннционално и убаво осмислено катче во кое жителите од населеното место Владевци  ќе поминуваат убави моменти. Проектирано како детски забавен парк, ќе биде место не само за најмладите, туку и за останатата популација која во убав амбиент ќе може да го поминува своето слободно време и да се дружи“, изјави градоначалкникот на општина Василево Марјан Јанев по повод почетокот на градежните активности. Уредувањето опфаќа озеленување на просторот, изградба на бекатонски патеки, поставување на урбана опрема односно клупи, и канти за отпадоци, како и негово целосно оградување.

Средствата во висина од околу 1 000 000 денари се обезбедени од Буџетот на општина Василево. Работите на терен ги изведува градежната компанија Портланд.

Градоначалникот Јанев најави дека во најбрзо време, општината,  ќе започне со реконстрикција и ревитализација на локалниот пат Ново Владевци- Старо Владевци, капитален проект за кој буџетот во износ од околу 20 000 000 денари е обезбеден преку Министерството за транспорт и врски на РСМакедонија.

2

4

9

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Горан Андонов – службеник за млади во општина Василево

Горан

Општина Василево го назначи Горан Андовов, вработен во општинската администрација,  за службеник за млади, односно лице одговорно за работењето на Канцеларијата за млади, чија задача е  координирање, спроведување и следење на прашања од интерес на младите во делокругот на надлежноста на локалната самоуправа.

Согласно Законот за младинско учество и младински политики, основните задачи и обврски на службеникот за млади  главно се однесуваат на развивање, планирање и следење на активностите поврзани со младите и младинските политики. Целта е преку одржување на комуникација и соработка со младинските форми на здружување како и преку консултации со младите  во континуитет да се следат потребите на младите, заради нивна активна вклученост во креирање на  општинските политики и поддршката на работата на општината.

Службеникот за млади согласно законските обврски, а заради постигањето на целите ќе води и база на податоци за младинските активности, формите на младински здружување и неформалните младински групи, ќе комуницира со Агенцијата за млади и спорт и ќе биде контакт за сите прашања од значење и интерес на младите во општина Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

ООУ ” Атанас Нивичански” го одбележа патрониот празник

naslov

Со полагање свежо цвеќе пред бистата на Атанас Нивичански , денес основното општинско училиште од Нова Маала кое го носи името на овој локален војвода го одбележа својот патрон празник.

Пред бистата се поклонија делегации од училиштето и локалната самоуправа Василево под чии ингеренции е ова училиште.

Поради актуелната состојба со пандемијата предизвикана од Корона вирусот, COVID-19, и  оваа година изостана традиционалното свечено одбележување со  учество на учениците и Програма специјално подготвена за настанот.

Основното општинско училиште „Атанас Нивичански“ е основано во 2012 година,а во негов состав се и подрачните училишта во населените места Добрашинци, Чанаклија и Висока Маала.

1

4

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Второ прскање против комарци

komarec

Се известуваат граѓаните на десетте општини во Југоисточниот плански регион дека второто ларвицидно прскање ќе се изврши во период од 17 до 19 мај 2021 година, со следниот распоред:

На 17.05.2021 година (понеделник), во период од 09 до 16 часот во општините Валандово, Дојран, Гевгелија и Богданци.

На 18.05.2021 година (вторник), во период од 09 до 16 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.

На 19.05.2021 година (среда), во период од 09 до 16 часот во општините Радовиш и Конче.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот врши активности на третирање против ларвицидна и возрасна форма на комарци по земјен пат. Планирани се вкупно две третирања за ларвициди и три третирања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Радичево и Дукатино се вклучуваат во организираното собирање на отпад

kontenjeri

Населените места Радичево и Дукатино, со одлука на УО на ЈПКД „Турија“ и Одлука на Советот на општина Василево, од месец јуни,  се вклучуваат во задолжителното организирано собирање на отпад од домаќинствата. Отпадот ќе се собира од страна на комуналното претпријатие „Турија“,  Василево, кое поседува дозвола за собирање и транспортиње на отпад.

Отпадот ќе се подига секоја среда а домаќинствата имаат обврска  истиот да го собираат во сопствени садови (буре, канта…) и во среда да го остават на места достапни за подигање односно на своите порти.

Цената за оваа услуга изнесува 150 денари и истата ќе почне да се фактурира од месец јуни. Во текот на месец мај собирањето на отпадот од домаќинствата ќе биде бесплатно со цел во тој период да се направат неопходните подготвки за успешно спроведување на Одлуката, односно  сите граѓаните да бидат информирани и запознаени, а  ЈПКД „Турија“,  да може во својата база на податоци книговодствено да ги внесе домаќинствата од овие две населени места.

Задолжителното вклучување во организираното собирање на смет е за доброто на целата заедница бидејќи  ќе резултира со заштита на животната средина и намалување на дивите депонии.

До сега, во задолжителното, организирано собирање на отпадот, целосно се вклучени домаќинствата од населените места Василево, Ангелци, Градашорци, Пиперево, Владевци и Сушево.

Во наредниот период целосно ќе бидат вклучени и останатите населени места од општина Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail